
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Доколку во супермакетот ги избегнувате презреаните банани со точки, тогаш грешите, бидејќи тие се извор на калиум, витамин А, витамин Б, витамин Ц, диетски влакна, протеини и железо. Содржат и природни шеќери кои го подигнуваат нивото на енергија, а имаат и антиоксиданси. Бананите се добар извор на влакнa, калиум и витамин Ц, одличен избор за оние со дијабетес. Тие го симнуваат крвниот притисок, го штитат срцето, го подобруваат варењето на ...
Откако научниците го забележале ова, раната се затворила и излекувала за еден месец. Тие сметаат дека ваквото однесување потекнува од заеднички предок на луѓето и големите мајмуни. „Тие се нашите најблиски роднини и ова покажува дека сме послични со нив одошто различни“, вели биологот Изабела Лаумер од германскиот институт „Макс Планк“, која го водеше истражувањето. Овој настан е снимен во националниот парк Гунунг Леусер. Истражувачите ...
Коралните гребени на Флорида доживуваат невидено високи температури и овие екосистеми на биолошка разновидност се намалија во текот на изминатите неколку децении. Членовите на организацијата за заштита на океаните се трудат да ги спасат од уништување. Известува Генија Дулот. Пренесува Гласот на Америка https://mk.voanews.com/a/eko-aktivisti-vo-bitka-da-gi-spasat-od-ischeznuvanje-koralite-ka%d1%98-florida/7587415.html гребен топ5 флорида ...
Вчера околу 18 часот на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице кое заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. Лицето е ...
За Гоце Делчев, како водач на македонското револуционерно движење, постои многубројна историска литература, која вели дека тој е главен инспектор на т.н. Четнички институт, творец на првите револуционерни организациски чети и воспитувач на првите револуционерни војводи, а многубројните сведоштва потврдуваат и дека Делчев имал најголем авторитет кај четите и војводите. Но Гоце е многу повеќе од творец на воената машинерија на Македонската ...
Договорот ќе и овозможи да ги реши тужбите преку трето барање за стечај на подружница. Ќе започне тримесечен период на гласање со надеж дека ќе се постигне консензус за решавање на сите сегашни и идни тврдења за рак на јајниците. Побарувањата за рак на јајниците сочинуваат 99 проценти од тужбите поврзани со талк поднесени против J&J, вклучително и околу 54.000 тужби кои се централизирани во федералната судска постапка во Њу Џерси. Судовите ...
Резултатите од анкетата февруари-март, која истражувачката група со седиште во Вашингтон ја спроведе во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, доаѓаат во време кога регионот се соочува со обновени етнички тензии во услови на забавување на проширувањето на ЕУ и пораст на проруски чувства. Анкетата покажа дека огромно мнозинство во Албанија и Косово сакаат нивните земји да следат недвосмислено проевропска унија и ...
Расположението во пропалестинските протести на десетици универзитети во САД продолжува да се вжештува: според извештаите на медиумите, повеќе од 2.000 луѓе се уапсени во изминатите неколку недели. Како што објави телевизијата Си-Ен-Ен од 18 април досега се регистрирани апсења на повеќе од 40 универзитети во најмалку 25 сојузни држави. Протести на кои студентите ги повикуваат универзитските раководства да престанат да соработуваат со Израел или ...
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Во улогата на Манрико ќе настапи ...
Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во скоро сите намирници, па затоа е важно да се внимава и чита нивниот состав при набавка. Нутриционистите предупредуваат да се внимава на знаците, коишто ги испраќа телото кога имаме зголемено внесување на шеќер, бидејќи истиот предизвикува зависност. Ова е затоа што ...
Иако протестите започнаа како движење за универзитетите да престанат да инвестираат во компании кои обезбедуваат оружје и опрема за израелската војска, „ континуираната поддршка на администрацијата на Бајден за Израел ја фокусираше критиката на младите кон американскиот претседател, а анкетите покажуваат дека кај младите Американци поддршката за Бајден е намалена во споредба со 2020 година „Со оглед на тоа што Бајден е тесно пред Трамп во само ...
Од 2017 година, продажбата на електрични автомобили расте три пати побрзо од бројот на станици за полнење, според ACEA. За да се израмни, ЕУ мора значително да го забрза темпото на инсталација до 2030 година, предупреди здружението. Компаниите инвестираа големи суми во производството на електрични возила, а ЕУ планира да ја забрани продажбата на нови возила напојувани со фосилни горива во следната деценија. „Постигнувањето на амбициозните цели ...
Водоснабдувањето и снабдувањето со гас беа национализирани, па повторно беа приватизирани. Како што јави Си-Ен-Ен, градските власти во очајнички обид да ги намалат трошоците ги затемниле и уличните светилки. Бирмингем, како втор по големина британски град, банкротираше во септември минатата година. Во неможност за балансирање на буџетот, донесена е одлука за прогласување стечај. За да бидат финансиски одржливи ќе се намалат јавните услуги и ќе ...
„Ние градиме нов проект за идните генерации, обезбедувајќи континуиран и стабилен развој за нашите деца и нивните деца за возврат“, напиша Шеик Мохамед во објавата на X. „Дубаи ќе биде светскиот аеродром, неговото пристаниште, неговиот урбан центар, и неговиот нов глобален центар“. За споредба, најпрометниот аеродром во светот во 2023 година, меѓународниот аеродром Хартфилд-Џексон Атланта, забележа 104,6 милиони патници таа година. Повеќето ...
поред АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. „Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување“, информира Агенцијата. Во дописот до медумите, АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата ...
За да го постави рекордот, Абубакар морал да го прегрне секое дрво со двете раце, но да не предизвика никаква штета. Не можел да прегрне ниту едно дрво повеќе од еднаш, па морал брзо да се движи, пренесува UPI.com. Тој постел за Рамазан додека се обидувал да го постави рекордот, што му ја отежнало ситуацијата. „Неможноста да се напие вода беше значаен предизвик. Но, и тоа на некој начин се покажа корисно, бидејќи немав потреба од паузи“, ...
Најчесто од обилно потење страдаме во текот на летото, што е сосема природно имајќи ги во предвид температурите. Тоа сепак може да се должи и на други фактори, како болест, појава на менопауза кај жените и др. Во сите случаи непријатноста е гарантирана, но и за тоа има решение. Салвијата, повеќе позната кај нас како мудрец, има својство да ја поправи потната секреција. Таа може да биде од голема корист на луѓето кои страдаат од вегетативна ...
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи ...
„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на политиката во Македонија. Предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна. Ние го покренуваме бранот на сите оние кои предолго беа игнорирани, кои премалку беа вклучени во процесите. Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи ...
„Имаме договор за постепено укинување на јагленот во првата половина на 2030-тите“, изјави Ендрју Боуви, британски министер задолжен за енергетска безбедност, за италијанската телевизија Клас ЦНБЦ, пренесува АлЏезира Балканс. Тој додаде дека ова е историски договор, кој не успеале да го постигнат на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени 2023 (COP28) во Дубаи. „Прилично е неверојатно што земјите од Г7 се собираат околу масата ...
Меѓународниот ден на џезот ја подигнува свеста во меѓународната заедница за доблестите на џезот како сила за мир, единство, дијалог и засилена соработка меѓу луѓето, како и едукативна алатка. Многу влади, граѓански организации, образовни институции и приватни граѓани кои моментално се ангажирани во промоцијата на џез музиката ја прифаќаат можноста да поттикнат поголема благодарност, не само за музиката, туку и за придонесот што може да го даде ...
Во својата книга „How To Prevent Dementia“ (Како да се спречи деменција) од 2023 година, неврологот и невропсихијатар д-р Ричард Рестак ја откри врската помеѓу алкохолот и шансите за добивање одредени болести. Тој изјави дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење алкохол во големи количини може да биде штетно за функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и другите органи. „Запрашајте се: ‘Зошто ...
динка од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле, по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман ја освои титулата за најубаво куче нас светот, а среќата по победата не можеше да ја сокрие сопственикот и одгледувач Рамон Подеста Валензуела. Инаку, Заида веќе има голем број успеси зад себе на слични изложби. Зад себе оставил бобтел и шкотски териер. За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски ...
Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром. „Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на ...
Гледано низ очите на шпедитер, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде. А тие дефинитивно не можат да се „товарат со лопата“ како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала гребнатинка или вдлабнатина на лимот. Ова значи дека на секој автомобил му требаат околу 10 квадратни метри простор дури и ...
Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација. На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена. Мерката ...
Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи. Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса. Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но десетици ...
Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридско Езеро и неговите жители. Своите согледувања и инспирации тие ги изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба – велат од „Перипетија продукција“. На изложбата може да ...
Некогашниот фронтмен на „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, кој често истакнува дека е среќно пензиониран, го најави својот нов соло албум, прв по девет години пауза. Насловен „Luck and Strange“, тој ќе биде достапен за слушање од 6 септември. Како најава на албумот, Гилмор вчера ја објави песната „The Piper’s Call“. Петтиот соло албум на Гилмор ќе содржи девет песни, од кои една ќе биде обработка. Гилмор го снимал албумот за период од пет месеци во ...
На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од целава земја, а стартната позиција беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој им посака успешно возење. Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 километри. Турата се вози групно со попатни паузи, кај местото наречено Борчиња, ...