На 19 декември од 20 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. 8 од Дмитри Шостакович. Табаков се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори, свири контрабас и има дипломирано ...

Најголемата санта мраз во светот, околу три пати поголема од Њујорк, повторно е во движење откако со децении беше заглавена да се врти во место, објави Британското антарктичко истражување (BAS). Огромната санта мраз по име А23а се ослободи од својата „стапица“ северно од Јужните Оркнејски Острови и сега лебди во Јужниот Поларен Океан, соопштија научниците. „Возбудливо е да се види како A23a повторно се движи после долгиот период кога беше ...

Британскиот стартап Real Ice тестира револуционерна технологија на Арктикот за повторно замрзнување на мразот преку испумпување морска вода на неговата површина. Со ова, се создаваат нови слоеви мраз и се зголемува дебелината на постојниот. Првите тестови спроведени во заливот Кембриџ, Канада, покажаа зголемување на дебелината на мразот за 50 сантиметри на површина од 4.100 квадратни метри, според Андреа Чеколини, коосновач на Real Ice. ...

Канада објави нови гранични правила за канадско-американската граница кои вклучуваат сеопфатни безбедносни мерки откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 25 отсто царини за сите канадски увозни производи веднаш штом стапи на должност следниот месец, доколку таа земја не се вклучи во запирање на шверцот на мигранти и дрога во САД. Канадската влада најави дека ќе го зајакне надзорот долж ...

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -4 степени, -3 било во Битола, -2 се измерени во Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Демир Капија, -1 во Велес, Прилеп, Струмица и Дебар, 0 во Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, 1 во Претор, 2 во Виница и Попова Шапка, 4 во Крушево, 6 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 34 сантиметри на Попова Шапка и 26 во Маврови Анови. ...

Гајдата не е само инструмент – таа носи дел од македонската душа. Овој македонскиот народен музички инструмент е шесто добро по ред од Македонија кое се најде на репрезентативната листа на УНЕСКО. Досега на оваа листа се „Чет’рсе“, „Копачката“, „Гласоечкото пеење“, „Х’дрлез“ и „Мартинките“. Од Управата за заштита на културно наследство посочуваат дека ова е голем успех на културната дипломатија на светско ниво и голема инспирација за ...

Германскиот Бундестаг ѝ изгласа недоверба на владата на канцеларот Олаф Шолц, со што се создаде законска можност земјата да оди на предвремени избори по распадот на владејачката коалиција. Губењето на гласањето беше пресметан потег од страна на Шолц, имајќи во предвид дека самиот тој побара гласање доверба на неговата влада, стравувајќи дека обидот да ја задржи до редовниот термин на есен следната година, ќе резултира со катастрофален пораз ...

асега, не е познато дали водата ќе секне на целата територија на Скопје, како што пишуваат дел од медиумите, или во одредени скопските општини, ниту колку долго ќе трае интервенцијата. Иако побаравме објаснување од ЈП Водовод и канализација за санацијата која е најавена за 21 декември, сепак од претпријатието не сакаа да споделат дополнителни детали за решавањето на овој проблем. Најавената санацијата следи 10 дена по големиот дефект, на ...

Македонската полиција синоќа продолжи со нова акција за апсење на сторители на кривични дела и по лица по кои се трага. Како што е познато, акција се одвивала во Скопје, поточно во Чаир и Арачиново, но и на други места во главниот град. Освен на овие локации, синоќешната акција на МВР била проширена и во други градови. Неофицијално, биле уапсени повеќе лица поврзани со криминални групи. Повеќе детали од полицијата најавија за денеска. Во ...

Папата Франциск побара мир за украинскиот и рускиот народ. – Тие се браќа и сродници. Нека се договорат! Војната е секогаш пораз. Мир за целиот свет, рекол папата на крајот од неделната молитва при посетата на Корзика. Папата повика на мир во Светата земја, односно на палестинските територии, Израел, како и во Либан, Сирија и на целиот Блиски Исток. Пред да отпатува за Корзика, тој испрати писмо до својот нунциј во Москва, каде го допре ...

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани еден час по полноќ. Според податоците од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија, првиот во 1часот и 12 минути бил најсилен. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Дојран, на длабочина од 11 километри. Една минута по првиот земјотрес на истото место следува афтершок со помал интензитет од 2.2 степени. Десетина минути ...

Во Музејот на македонската борба во Скопје денеска и утре ќе се одржува 6. Меѓународен фестивал по кларинет и саксофон „СаксКлар“. Фестивалот ќе почне вечер во 20:00 часот со гала концерт на кој ќе бидат изведени стилски разновидни, но и виртуозни композиции од светската литература за кларинет и саксофон, а ќе настапат најреномираните македонски кларинетисти и саксофонисти, меѓу кои Стојан Димов, Здравко Ангелов, Арбен Асланај, Анел Селим, ...

Утрото студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Информација од ова утро 15.12.2024 Минимална температура (во °C) -1 Попова Шапка, Крушево, Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Тетово, 2 Прилеп, Битола, Охрид, 3 Скопје-Зајчев ...

Составена од сцени на познати драми на Горан Стефановски „Замисли нов свет“ е новата претстава на режисерката Нела Витошевиќ, во драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска, што премиерно ќе се прикаже на 16 и 17 декември, од 20 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар. Станува збор за претстава, во продукција на „Сектор филм“ и МНТ, која е колаж од култните драми „Црна дупка“, „Лет во место“, „Чернодрински се враќа дома“, „Диво ...

Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година. Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое тутун консумира во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра). Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци. Во Босна и ...

Во текот на изминатите неколку недели, десетици дронови беа забележани низ Њу Џерси, вклучително и во близина на чувствителни воени локации и теренот за голф на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Бедминстер, објави Би би си Конгресменот Џеф Ван Дру тврди дека слушнал од „извори на високо ниво“ дека овие летечки објекти се поврзани со Иран. Во изјава за „Фокс њуз“, републиканскиот претставник од Њу Џерси рече дека ...

Ако временските услови дозволуваат, земјоделските производители треба да продолжат со заштита на посевите. Посебно е важно ѓубрењето, но се препорачува и примена на сите агротехнички мерки. Според агрометеоролозите од УХМР, поради најавите за засилен северен ветер во недела попладне и во понеделник, се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за ...

„Битола виа Дебар” е насловот на изложбата на стари фотографии на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар,1905 – Битола,1996) која ќе биде отворена на 12 декември, во 19 часот, во Завод и Музеј – Мала сала во Битола. Автор на изложбата, која посетителите ќе можат да ја погледнат до 31 декември, е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија. На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени ...

Патувањето на тој кит ги изненади научниците, бидејќи поминал огромно растојание меѓу два океани – од Тихиот океан кај Колумбија до Индискиот океан кај Занзибар, што е огромно растојание за видот, пишува “BBC”. Китот првпат беше забележан во Тихиот Океан во 2013 година, а подоцна беше виден во 2017 и 2022 година во Индискиот Океан, што значи дека поминал најмалку 13.046 километри. Овој пат е невообичаен бидејќи грбавите китови обично ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Берово – Виница, од 100 -150м. на патниот правец Прилеп – Битола и до 100м. на патниот правец Кичево – М. Брод. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска ...

Директорот на ФБИ Кристофер Вреј денеска им соопшти на вработените дека ќе поднесе оставка до крајот на мандатот на Бајден. Оставката на Реј го отвора патот новоизбраниот претседател Доналд Трамп да назначи нов директор задолжен за ФБИ. Трамп во ноември објави дека ќе го номинира Деј Кеш Пател за директор на ФБИ кога ќе ја преземе Белата куќа. Кристофер Реј дипломирал на Правниот факултет Јеил во 1989 година. Бил уредник на весникот „Џејло“. ...

Првиот земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтеровата скала се случил во 1 часот и 46 минути на 16 километри од Призрен, а на 74 километри западно од Скопје. Епицентарот бил на 16 километри југозападно од Призрен, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на тој земјотрес бил на длабочина од десет километри. Вториот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала се случил околу три часот наутро, а ...

Учениците во основните и средните училишта, како и децата во градинките, дишат загаден воздух додека посетуваат настава или се во дневниот престој во предучилишните установи затоа што воздухот во затворени простории има исти вредности во зимските месеци, а во топлите е уште позагаден отколку надворешниот. Ова се фрапантните податоци од студијата „Справување со загадувањето на воздухот“, која ја спроведе УНДП во партнерство со Министерството ...

Ќе се реставрира и става под заштита камената кула од втората половина на 17 век, најстарата сочувана градба во Кавадарци. Тогаш била најдоминантна во градот. Ова го потврди кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, одговарајќи на прашање од советникот во Советот на Општината, Горан Кузмановски. Натка Китева, кустос историчарка во Музеј галеријата во Кавадарци, појаснува дека станува збор за Маркова кула, што се наоѓа во најстарото градско ...

Како што се посочува во најновата анализа за влијанието на квалитетот на воздухот врз човеково здравје, врз основа на бројките за 2022 година, 70.000 смртни случаи се припишуваат на загадувањето со озон, а 48.000 на загадувањето со азот диоксид. Податоците потврдуваат дека жителите во Европа се изложение на поголеми концентрации на загадувачи на воздухот од препорачаните ниво според Светската здравствена организација (СЗО). „Иако беа ...

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка – 4 степени Целзиусови, најтопло со 7 степени е во Велес, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа до 07 часот во Маврови Анови и Претор со 2 литри на метар квадратен. Во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, Крушево и Претор, 1 Битола и Берово, 2 степени во Охрид, Крива Паланка и Струмица, 3 Куманово и Прилеп, 4 Тетово, Гевгелија, 5 степени во Виница и Дебар, 6 степени ...

Сè уште не е познато како настанал пожарот наречен Френклин. Противпожарната служба на округот Лос Анџелес процени дека пожарот зафатил најмалку 6,7 квадратни километри, а загрозени се куќи и згради. На шест илјади жители им е наредено да се евакуираат. Напојувањето е исклучено за да се намали влијанието на познатите калифорниски ветрови Санта Ана, сувите и топли налети на ветер што дуваат од внатрешноста на Јужна Калифорнија кон брегот. Овие ...

Екологијата на прво место. Така би можел да се нарече електричниот скутер „лајтфут“. Принципот на неговата работа е едноставен – класичен скутер напојуван од соларни панели монтирани на неговите страни. Благодарение на панелите, досегот е до 30 километри дневно, што е сосема доволно за возење низ град. Максималната брзина е 32 километри на час. Го измислил австралискиот инженер Сол Грифит, а го произведува стартапот „Одерлаб“. Производителот ...

На Оделот за славистика при Филозофскиот факултет во Љубљана се промовираше двојазичната илустрирана антологија „Ново раѓање на зборот = Novo rojevanje besede“ со поезија од млади македонски автори родени од 1991 година. Изданието, неодамна го објави Македонско културно друштво Македонија од Љубљана со финансиска поддршка на Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Словенечкото издание претставува дел од истоимената ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго, а на средбата присуствуваа и идниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц и милијардерот Илон Маск. „САД денес. Иднината започна! Попладне во Мар-а-Лаго со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Валц“, објави Орбан на платформата X, без да наведе повеќе детали. Орбан и Трамп се сретнаа ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
71%
996
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
74%
996
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
77%
995
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.93
92%
995
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
995
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
79%
995
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
997
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
47%
996
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
93%
993
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
992
Currency

61.635

Currency

51.9656

Currency

70.7151

Currency

36.6946

Currency

38.1799

Currency

67.6055

Currency

7.53094

Currency

0.6758

Currency

0.3395

Currency

0.52537

Currency

1.18811

Currency

0.57347

Иридиум

213919.04

Паладиум

53016.58

Рутениум

45750.51

Бакар

11.58

Калај

49.71

Родиум

345620.53

Цинк

3.40

Сребро

2496.83

Алуминиум

3.15

Кобалт

64.04

Злато

161144.69

Платина

66777.10