Кога се појавија вести дека следните два планирани филма на Мартин Скорсезе – биографскиот филм за Френк Синатра и религиозната драма „Животот на Исус“ – се одложуваат, почнаа да се вртат неосновани гласини дека големиот режисер се пензионира. На крајот на краиштата, Скорсезе има речиси 82 години и можеби е подготвен да забави откако ќе работи без престан повеќе од 50 години. Но, за време на појавувањето во Торино, Италија во понеделникот ...

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени По студеното утро, денеска нè очекува претежно сончево време со умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисток.Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 11 степени, а максималните од 19 до 27 степени. Сончево ќе биде и во Скопје. УХМР најавува умерена облачност во котлината и слаб ...

Бидејќи Кирк е посттропска бура, Националниот центар за урагани го заврши издавањето на совети за оваа бура. Се очекува Кирк да ослабне, но сепак ќе има влијанија врз делови од Европа. Силни, силни ветрови и обилни врнежи ќе бидат можни за делови од Велика Британија и северна Франција. Додека тропската активност во Атлантикот има тенденција да се намалува до октомври, влијателните системи можат и се случуваат во текот на последните два месеци од ...

Според Горан Трајковски, директор на ДПИ, пазарната инспекција во последниот период открила пелети кои се продавале како висококвалитетни словенечки производи, но во реалноста не потекнуваат од Словенија и не ги исполнуваат барањата за квалитет. Директорот Трајковски информираше дека инспекциските контроли откриле значителни злоупотреби на пазарот, каде пелети се декларираат како „А1 класа“, што е стандард за највисок квалитет на пелети за ...

Холивудскиот актер Ал Пачино во интервју за „Њујорк тајмс“ откри дека ја надминал тешката форма на коронавирус во 2020 година и дека еден ден се чувствувал „невообичаено лошо“. Тој развил висока температура и дехидрирал, па медицинска сестра дошла во неговиот дом да му даде течности. Меѓутоа, неговата состојба дополнително се влошила. – Седев во мојата куќа и само исчезнав. Така. Немав пулс. За неколку минути, брза помош пристигна надвор пред ...

Градот Тетово се снабдува со намалено количество на вода, а водата од јавната водоводна мрежа во Градот Гостивар не е безбедна за пиење, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово соопшти дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, састемот на филтер станицата засега е целосно затворен. Поради тоа, Градот Тетово се снабдува со намалено количество на вода, а екипите на ...

Во делови од Скопје денеска ќе има посебен сообраќаен режим, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје. Со посебниот сообраќаен режим ќе бидат опфатени улиците на поширокото централно подрачје на градот, а полициски екипи од Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го регулираат сообраќајот. СВР Скопје упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. Посебниот сообраќаен режим е ...

Ситуацијата во Јабланица е навистина трагична. Ново свлечиште дополнително ја комплицира потрагата по исчезнатите луѓе, а последиците од поплавите се огромни и многу луѓе останаа без свои домови. Спасувачките екипи работат неуморно, но во услови на ваква катастрофа, напорите се навистина предизвикувачки. Тридневната жалост е малку утешна во овие тешки времиња за семејствата на загинатите. Важно е да се продолжи со поддршка на заедницата и да се ...

– Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар, чија интерпретација ќе допринесе за создавање вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции. Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, кое ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика, Тоше Проески, ќе ги пееме песните на ...

Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по долгото ...

Силното заладување веќе го зафати поширокото подрачје на Алпите.Ќе врне пороен дожд, а во крајбрежните области се очекуваат силни грмежи. Во исто време снег веќе провејува на повисоките делови на Алпите, од француските Алпи на запад до словенечките Алпи на исток. На овие предели веќе провејува многу обилен снег, а снежната линија е сè пониска. Снег ќе провејува на овие предели во наредните два дена, особено денеска и утре. Се очекува да наврне ...

Секоја година од 4 до 10 октомври, луѓе од целиот свет се обединуваат за да ги прослават достигнувањата во истражувањето на вселената и да ги едуцираат и инспирираат младите, вели Марина Таневска, национален координатор на Светската недела на вселената во Македонија Овие датуми одбележуваат два историски настана: -4 октомври 1957 година: Лансирањето на првиот човечки направен сателит, Спутник 1, со што започна ерата на истражување на вселената. ...

Бејрут повторно беше цел на големи воздушни напади од страна на израелската војска. Од главниот град на Либан се јавува за силни експлозии. Непотврдени извештаи велат дека цел на нападот бил Хашим Сафи ал-Дин, шеф на Извршниот совет на милицијата Хезболах. Тој претходно се сметаше за најверојатен кандидат за наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, кој неодамна беше убиен од страна на Израел. Тројца израелски владини функционери за ...

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје. Настанот ќе се одржи на повеќе локации, а организаторите посочија дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. Во прилог погледнете ја целата програма: ЈУ Универзална сала Младински културен центар ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” НУ ...

Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми. Поради силниот дожд што го донесе циклонот кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на ...

Првите 100 дена на новата Влада, власта ги оценува како успешни. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од сработеното, и покрај како што вели лошата позиција наследена од претходната Влада на СДСМ. Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур. Во годината кога Советот на Европа ја одбележува 75-годишнината од своето основање, министерот Муцунски, на покана на претседателот на Парламентарното собрание, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред парламентарните ...

Гаснењето на пожарот се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. Легени, кофи, пластични чинии, чаши, играчки, саксии сè само дел од предметите кои се наоѓале во магацинот кој беше зафатен од пламените јазици. Запалената пластика предизвика многу високи температури кои сериозно ја оштетија бетонската конструкција на зградата, а тоа значи ...

Полицијата во Хамбург нареди итна евакуација на возот кој пристигна од Франкфурт поради сомнение дека две лица во возот се заразени со вирусот Марбург, објавија денеска германските медиуми. Патниците се загрижиле бидејќи студент и неговата девојка имале симптоми кои наликувале на тешка настинка, пренесуваат германските медиуми. Полицијата веднаш реагирала со евакуација на возот и затворање на две железнички пруги на станицата во Хамбург, а ...

Откако случајно ја пронашол сликата во подрумот на куќата во 1962 година, Луиџи Ло Росо го однел платното дома во Помпеја, каде што висело на ѕидот од дневната соба во следните неколку децении, иако неговата сопруга ја сметала сликата „страшна“, пишува Гардијан. Денес, се верува дека тоа е портрет на Дора Маар, француска фотографка и сликарка која била долгогодишна муза и љубовница на Пикасо. Во горниот лев агол на сликата е карактеристичниот ...

Ноам Шазир се вработил во „Гугл“ во 2000 година и поминал повеќе од две децении во компанијата. Дал отказ во 2021 година за да се впушти во сопствената стартап-авантура. Ја основал компанијата „Карактер АИ“, која овозможува интеракција со чет-ботови кои глумат замислени ликови или познати и јавни личности. Го напуштил „Гугл“ затоа што одбил јавно да го објави неговиот чет-бот за вештачка интелигенција наречен „Мина“, наведувајќи загриженост за ...

Денеска ќе имаме претежно стабилно и суво време, со многу сончеви периоди. Утрото ќе биде студено, додека преку ден температурите ќе бележат тенденција на не многу голем пораст. По студенoто утрo, во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе се искачи до 24-от степен. Во утре попладне претежно во западните подрачја ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт. Меѓу активностите што го одбележаа работењето на Владата, покрај транзициите на функционерските позиции и ребалансот на Буџетот, се и ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ известува дека ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – ...

Во вчерашниот ирански напад врз Израел, најголем досега, биле испукани околу 180 балистички проектили и најголем дел биле пресретнати. САД кажаа дека два брода на американската морнарица учествувале во одбраната на Израел, испукувајќи десетина пресретнувачки ракети. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека нападот бил одбранбен, а цели биле израелски воени објекти. Техеран кажа дека нападот бил одмазда за израелската агресија врз Либан ...

Наутро студено, а преку ден сончево со мала локална облачност – ова е временската прогноза за денешниот ден според Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе биде од нула до 10 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен ...

Токсини од бактеријата стафилокока причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. Ова го потврдија резултатите од земените примероци од храната која им била послужена на учениците од прво до трето одделение и кои пред четири дена се пожалија на силни стомачни болки. Од Институтот за јавно здравје прецизираат дека траги од опасната бактерија биле најдени во мусаката и колачот, односно бомбиците кои ги добиле дента како топол ...

„Израел би направил сѐ што е потребно за да го обезбеди враќањето на луѓето кои избегаа од ракетите на Хезболах во речиси една година прекугранично војување. Ќе ги употребиме сите средства, од воздух, копно и од море“, изјави претходно министерот за одбрана Јоав Галант, најавувајќи нова фаза од војната. ИДФ ноќеска потврди дека трупите ја преминале границата со тенкови и оклопни возила. Извор од либанските безбедносни служби кажа дека либанската ...

Во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок на 30 септември ќе биде отворено четвртото издание на Лешочкиот камерен музички фестивал, на кој во рамките на двете фестивалски вечери ќе се одржат по два концерта. На свеченото отворање на 30 септември, на првиот концерт во 18:00 часот ќе настапи дуетот гитари „Милонга“ во состав Дејан Лазаревски и Александра Кировска, а на вториот концерт од 19:00 часот ќе настапат Дајана Малорари ...

Бројот на загинати од ураганот Хелена, кој го погоди југоисточниот дел на САД, се искачи на 116, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата во погодените области. Официјалните лица набрзина доставуваат основни материјали за настраданото население, го обновуваат снабдувањето со електрична енергија и ги расчистуваат блокираните патишта, јавува CBS News. Ураганот Хелена предизвика големи разурнувања и прекин на електричната енергија кај ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.99
75%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
71%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
94%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
78%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
91%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
40%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
83%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
36%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
79%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
7.2
70%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
69%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74