Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Арсенал веќе го насочил вниманието кон нова трансфер цел, откако остана без можноста да го ангажира Винисиус Жуниор. Според англиските медиуми, на врвот на листата на желби на „топчиите“ сега се наоѓа сенегалскиот репрезентативец Илиман Ндиаје. Наводно, лондонскиот клуб веќе испратил официјално барање до Евертон и сега се очекува одговор од раководството на „карамелите“. Ндиаје во последните денови се поврзува со неколку клубови, но Арсенал е ...
Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) соопшти дека Комисијата за лиценцирање донела одлука да не им издаде лиценци за настап во Првата женска лига за сезоната 2026/27 на ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци. По спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, Комисијата утврдила дека двата клуба не ги исполниле условите предвидени со Системот за лиценцирање. Од Федерацијата информираат дека Кам Баскет и ...
Еден од најталентираните млади аргентински фудбалери, Франко Мастантуоно, следната сезона ќе настапува во Серија А како позајмен играч на Фиорентина од редовите на Реал Мадрид. Според шпанските и италијанските медиуми, челниците на „кралскиот клуб“ процениле дека 19-годишниот офанзивец ќе има најголема корист доколку добие редовна минутажа во силно европско првенство, а изборот паднал токму на клубот од Фиренца. Договорот предвидува ...
Дарко Димитријевиќ и во наредната сезона ќе остане на тренерската клупа на Бадел 1862, откако клубот официјално потврди дека е продолжена соработката меѓу двете страни. Од клубот изразија големо задоволство што ќе продолжат да работат со стратегот, кој зад себе има успешна сезона. И покрај бројните кадровски проблеми и ограничениот играчки ростер, Димитријевиќ успеа да изгради конкурентен тим кој се бореше до самиот крај и обезбеди пласман во ...
Манчестер Сити не е подготвен лесно да се откаже од Родри. Англискиот клуб ја одбил првата понуда на Барселона, вредна речиси 45 милиони евра, бидејќи смета дека сумата е далеку под вистинската вредност на шпанскиот репрезентативец. Според последните информации, „граѓаните“ ќе бараат најмалку 70 милиони евра за капитенот на шпанската репрезентација, кој наводно веќе ги договорил личните услови со каталонскиот гигант и сака нов предизвик во ...
Додека сè уште траат преговорите меѓу Барселона и Манчестер Сити за евентуалниот трансфер на Родри, раководството на англискиот шампион веќе прави планови за иднината без својот капитен и еден од најважните играчи. Според информациите, потенцијална замена за шпанскиот репрезентативец би можел да биде Енцо Фернандез од Челзи. Аргентинскиот фудбалер ова лето е високо на листата на желби и на Реал Мадрид, кој претходно беше заинтересиран и за ...
Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Алтај Бајандир, го напушта „Олд Трафорд“ и следната сезона ќе го носи дресот на Селта Виго. Турскиот чувар на мрежата во шпанскиот клуб ќе пристигне на позајмица, со опција за откуп на договорот вредна 3,5 милиони евра. Бајандир се пресели во Манчестер Јунајтед во 2023 година од Фенербахче, но не успеа да се избори за сериозна минутажа. За две сезони запиша само 17 настапи за англискиот гигант, ...
Наполи го идентификуваше напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, како потенцијално засилување за својот напад за претстојниот период. Бразилскиот репрезентативец е најновото име кое се поврзува со трансфер во редовите на актуелниот италијански клуб. Според информациите на „Калчомеркато“, новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, планира да го гради нападот околу Расмус Хојлунд. Сепак, поради неизвесната иднина на Ромелу Лукаку, клубот бара ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше голема победа над Португалија со 26:25 на Европското првенство, обезбедувајќи борба за 9. место на шампионатот. Во драматичен натпревар со финиш кој ги истестира нервите на фановите, решавачкиот момент се случи на само пет секунди пред крајот, кога Костов ја затресе мрежата на Португалците и донесе заслужен триумф за нашиот национален тим. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски имаа ...
Соведочењето на физиотерапевтот Николас Тафарел на судењето за смртта на Диего Марадона открива тешки детали за последните денови на аргентинската фудбалска легенда, кој почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст. Тафарел пред судот во Сан Исидро изјави дека Марадона бил прикован за кревет, отечен, одбивал храна и хигиена и изгледал резигниран, а на денот пред смртта само кратко му рекол: „Тоа е тоа“. Масерот истакна дека ...
Монако покажува сериозен интерес за напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, пренесува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Францускиот клуб го гледа искусниот белгиски голгетер како една од главните опции во нападот, особено во случај на заминување на Фоларин Балогун. Според информациите, трансфер во вредност од околу 10 милиони евра би можел да биде реална опција поради затегнатите односи меѓу Лукаку и раководството на Наполи. За услугите ...
Арсенал неочекувано се вклучи во трката за капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, пренесува „Атлетик“. Според информациите, „топчиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на аргентинскиот стопер за да се информираат за неговите услови и можен трансфер. Сепак, Тотенхем тешко дека ќе биде подготвен да го продаде својот капитен на најголемиот ривал од северен Лондон. Ромеро речиси сигурно ќе ги напушти „спарси“ ова лето, а најголем фаворит за ...
Поранешниот хрватски прволигашки судија и актуелен ВАР арбитар Тихомир Пејин во петокот рано наутро беше брутално нападнат во Осиек. Пејин, кој воедно е и директор на Аеродромот во Осиек, по нападот бил пренесен во Клиничкиот болнички центар во Осиек, каде му била укажана лекарска помош. Според информациите од полицијата, околу седум часот наутро во улицата „Вилсонова“ бил пронајден 43-годишен маж како лежи претепан на коловозот. По ...
Пелистер се пофали со уште едно ново име во своите редови за наредната сезона откако „зелено-белите“ потпишаа договор со Бојан Димитриев. Станува збор за уште еден младински репрезентативец на Македонија, по Ќириловски, кој ќе му биде на располагање на новиот тренер Спасев во сезоната што следи. „Уште еден младински репрезентатвец на Македонија следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Нашиот клуб постигна согласност со репрезентативецот ...
Рома успеа да доведе нов десен бек откако „волчицата“ ги финишираше преговорите со Атлетико Мадрид за Нахуел Молина, аргентинскиот репрезентативец кој стана светски вицепрвак со „гаучосите“ на последниот мундијал. Молина е добро познат во италијанската јавност по неколкуте одлични сезони во дресот на Удинезе, од каде во трансфер од 20 милиони евра беше продаден во Атлетико Мадрид. Аргентинецот не беше најстандарден кај Диего Симеоне, летово ...
Реал Мадрид во еден ден заврши две фантастични работи на пазарот, комплетирајќи го мегатрансферот на Диоманде од Лајпциг, а неколку часа подоцна и потпишувајќи нов договор со Винисиус. Жозе Мурињо сепак остана без една од најголемите желби, откако Родри јасно стави до знаење дека приоритет во овој преоден рок ќе даде на Барселона, откако МВП фудбалерот од последниот мундијал го избра каталонскиот гигант пред „кралевите“ за своја следна ...
Трансфер-плановите на Партизан се претворија во вистински кошмар за управата на „црно-белите3 откако овој тим остана без најмалку пет-шест врвни кошаркари што ги бараше, водеше интензивни преговори, но не успеа да ги убеди да се приклучат на тимот на Жоан Пењароја. Последен таков случај е српскиот репрезентативец Ален Смаилагиќ, поранешниот центар повеќе од еден месец преговараше за камбек во Партизан, за на крајот да се реши да потпише за ...
Интер долго време преговараше за ангажман на Ромеро од Тотенхем, личните услови се договорени одамна, беше направен напредок и во разговорите меѓу клубовите, но се е стопирано откако „нероаѕурите“ се соочија со неочекуван проблем. Имено, италијанскиот првак се надеваше дека ќе собере најмалку 30 милиони евра од продажбите на Фратези и на Павар, пари што потоа ќе беа инвестирани во одличниот аргентински дефанзивецот. Планот пропадна откако ...
Менаџерот на Хибернијан, Дејвид Греј, беше задоволен што неговиот тим најде начин со гол во самиот финиш да стигне до триумф од 2-1 над Шкендија, со што шкотскиот тим со предност ќе патува на реваншот во Скопје закажан за следниот четврток. Тој е задоволен од покажаниот карактер на својот тим, посочувајќи дека нереални биле одредени прогнози пред мечот дека Хибернијан лесно и убедливо ќе го совлада македонскиот вицешампион. „Не можам да ...
Македонија е горд домаќин на уште едно младинско кошаркарско првенство, овојпат за играчи до 16 години што се одржува во два града, Гевгелија и Скопје. Токму Гевгелија е градот во кој нашите млади кошаркари ги играат своите натпревари, бодрени од публиката во салата „26 април“ од чии трибини македонските кадети ја добија неопходната поддршка при вчерашниот триумф над Кипар. Првиот човек на мак-баскетот, Томица Главчев, успешен бизнисмен токму ...
Арсенал не успеа во главната мисија – да го убеди Винисиус да дојде меѓу „топчиите“, но лондонскиот клуб денеска ќе комплетира друг исклучително важен трансфер. Бруно Гимараеш ќе биде нов член на актуелниот англиски шампион откако бразилскиот играч за врска ги мина и лекарските прегледи и сега се чека само на официјалната промоција од страна на „топчиите“. Бруно беше желба на Микел Артета од самиот почеток на преодниот рок, преговорите беа ...
Артим Положани имаше причина да биде разочаран по завршувањето на дуелот во Единбург, каде Шкендија беше поразена со 2-1 од Хибернијан во првиот дуел од третото квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига. Тетовци имаат за што да жалат пред се поради фактот што вториот гол го примија во судиското продолжение, по една мешаница по корнерот што го изведе шкотскиот состав. „Вистинска штета, бидејќи бевме на чекор да се вратиме дома со добар ...
Лидс Јунајтед доцна синоќа го официјализираше својот најнов трансфер, плаќајќи богатство за потписот на Џејмс Трафорд. Поранешниот младински репрезентативец на Англија доаѓа од редовите на Манчестер Сити каде му беше резерва на Донарума, но потенцијалот на Англичанецот е причината поради која Лидс се согласи да плати богатство. Конкретно, тимот од „Иланд роуд“ ќе издвои загарантирани 40 милиони фунти за овој трансфер, можно е сумата да скокне ...
Веќе нема никакви дилеми, Родри ја избра Барселона пред Реал Мадрид откако состанокот на директорот Деко со шпанскиот ас се покажа како целосен успех. МВП фудбалерот од последниот мундијал долго беше поврзуван со Реал Мадрид и беше речиси сигурно дека „кралскиот клуб“ ќе му биде следна дестинација во кариерата, за на крај Барса за помалку од 48 часа да направи целосен пресврт. Понудата за плата од 15 милиони по сезона е прифатена заедно со ...
Шкендија со еден гол негатива се враќа од гостувањето во шкотски Единбург во првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. 2-1 на крајот славеше Хибернијан, и тоа со гол во последната минута од средбата. Тетовскиот тим имаше свои добри моменти во мечот, стигна и до израмнување, и кога се чинеше дека ќе избегне пораз, по едден изведен корнер топката среќно дојде до О’Хара кој донесе победа. Хибернијан беше подобар противник во ...
По убедливата победа од 82-63 над Кипар на стартот од Европското првенство од Дивизијата „Б“, селекторот на македонската кадетска репрезентација Дејан Стојановски изрази задоволство од изданието на своите кошаркари, но нагласи дека тимот има простор за напредок. Македонските кадети со сигурна игра го отворија шампионатот што се одржува во Гевгелија и Скопје, а Стојановски истакна дека најважно било натпреварувањето да започне со победа. ...
Во Единбург по првиот дел нема голови на дуелот помеѓу Хибернијан и Шкендија. Шкотскиот тим имаше иницијатива, имаше и шанси да дојде до гол. Кер имаше шанса со глава, само крај голот. Потоа прилика имаше и Елдинг кој шутираше крај голот. Шкендија, пак, ниту еднаш не се закани по противничкиот гол. Во финишот изведе два корнери, меѓутоа опасност по голот на домашниот тим немаше. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...
Европскиот шампион Пари Сен Жермен и официјално го комплетираше трансферот на францускиот репрезентативец Манес Акљуш од Монако. Офанзивниот играч за врска потпиша договор со „светците“ до летото 2031 година, а францускиот клуб за неговите услуги ќе плати 50 милиони евра. Акљуш е второто засилување за Пари Сен Жермен во летниот преоден рок, откако претходно во клубот пристигна голманот Алесандро Лонгони. Парижаните првично беа заинтересирани ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија до 16 години со убедлива победа го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски славеа над Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го започнаа шампионатот. Во второто полувреме Македонија целосно ја контролираше ситуацијата на паркетот и без поголеми проблеми ја зачува двоцифрената предност, која на ...
Поранешниот играч за врска на Челзи, Џон Оби Микел, е убеден дека бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор нема да се пресели во Арсенал, и покрај шпекулациите кои се појавија во изминатиот период. Во моментов Винисиус води преговори со Реал Мадрид за продолжување на договорот, а според Оби Микел, интересот од Арсенал само му служи како средство за да обезбеди подобри финансиски услови. „Тој нема да дојде! Заборавете на тоа. Само го користи Арсенал ...