
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска од Штип ја најави можноста за проширување на т.н. „црна листа“. Таа при посетата на касарната „Јане Сандански“ рече дека има повеќе имиња и случаи коишто се разгледуваат во моментот. „Црната листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере и да се достават на разгледување ...
Министерството за надворешни работи во првото полугодие на годинава издало повеќе од 80 илјади визи за лица кои сакаат да работат во Германија. Речиси половината од нив се стручна работна сила, како што дознава новинската агенција ДПА од извори во Министерството. За споредба, минатата година во истиот период биле издадени околу 37 илјади визи, а на ниво на цела година преку 157 илјади работни визи, од кои 79 илјади за стручна работна сила. ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека граѓаните кои имаат бугарски пасоши ќе ги искинат првиот ден откако земјата ќе стане дел од Европската Унија. Според него, бугарскиот пасош не се зема за некој да стане Бугар, туку тоа се прави од чисто економска причина, со цел полесно да се најде работа во земјите членки на ЕУ. Тој во понеделникот во Скопје (29.07) одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од македонските граѓани да се откажат од ...
Едно лице е уапсено за саботажа на брзата железница во Франција на денот на отворањето на Олимпијадата. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, изјави дека постои сомневање дека екстремни левичари стојат зад нападот на железничката инфраструктура. Дарманен на социјалната мрежа „Х“ напиша дека во неделата во Сен Маритим е уапсен ултралевичарски активист, под сомнение дека извршил саботажа на железницата. Уапсеното лице во ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се најде под лупа на охридската полиција која што поднесе кривична пријава против него за попречување на правдата. Според полициското соопштение, тој на 07.05.2024, од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот ...
Коалицијата „Вреди“ од албанскиот блок ја разбранува политичката сцена со идејата за формирање на паралелна Албанска академија на науките и уметностите, која што не наиде на поддршка кај останатите коалициони партнери и кај опозицијата. Тие речиси во еден глас деновиве порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизира, а МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Ова е ...
СДСМ критикува дека ВМРО-ДПМНЕ го вратила процесот на ЕУ- интеграции 10 години назад, ДУИ ја повторува неопходноста од уставни измени и евроинтеграција преку почитување на Преспанскиот, Охридскиот и договорот со Бугарија, а од Вреди се уверени дека во првите 6 месеци од новата Влада ќе се најдат модалитети за решавање на уставните измени. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ е дециден - не прифаќа рокови и ултиматуми. „Со рокови и ултиматуми не ...
Последниот концерт на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт во Германија го следеа речиси 73 илјади фанови - на Олимпискиот стадион во Минхен. Но, во него уживаа и илјадници фанови кои немаа билет. На оваа фотографија се прикажани дел од илјадниците фанови кои во музиката уживаа позиционирани на Олимпиското ритче во близина на стадионот. Според проценките, на ритчето и на околните ливади имало уште околу 40 илјади луѓе. Полицијата соопшти ...
Во „иницијативата за раст" германската влада предвидува новодоселените стручни работници да може даночно да бидат ослободени во првите три години - 30, 20 и 10 проценти од бруто платата. За таквото ослободување ќе биде дефинирана долна и горна граница на бруто плата. По пет години ќе биде анализирана придобивката од таквата мерка. Тоа предизвика голем отпор кај синдикатите, кои стравуваат од „две класи на даночење", додека приврзаниците на ...
Министерството за економија на Грција денеска (9.07) соопшти дека е постапено по „над илјада поплаки“ за плажите во земјата, меѓу другото на островот Крф, на полуостровот Халкидики и во регионот околу Атина. Затворени се три објекти. Со оглед на тоа што баровите на плажите, приватните плажи и таверните зафаќаат сѐ повеќе места за капење, властите со помош на дронови, сателитски снимки и новата апликација „MyCoast", во која секој може да пријави ...
Неодамнешните дождови предизвикаа најсувата пустина во светот да цвета со бујна раскош: пустината Атакама во северниот дел на Чиле наликува на распослан тепих со виолетови цвеќиња - невообичаено рано во годинава. Единаесет до дванаесет милиметри дожд што паднаа во април, во комбинација со ниски облаци, помогнаа „да се активираат овие растенија“, објасни Цезар Пизаро од чилеанската шумска управа за новинската агенција АФП. Расцветаната пустина ...
Температурите на северната хемисфера соборуваат рекорди секоја година. Во многу земји се забележуваат екстремни, смртоносни горештини. Според студијата објавена во мај 2023 година во списанието Nature Sustainability, доколку климата драстично се загрее, можно е сценарио според кое околу 3,3 милијарди луѓе би можеле да се соочат со екстремни температури до крајот на векот. Студијата, предводена од научниците од британскиот Универзитет во Ексетер ...
Одбројувањето започна: Остануваат само уште неколку дена пред светските сурферски ѕвезди да ги покажат своите вештини на легендарните бранови на брегот на Тахити и да се борат за медали на Олимписките игри. Олимписките натпреварите во сурфање во 2024 година ќе се одржат на островот кој е дел од француската прекуморска територија Француска Полинезија. Зошто беше изберна локацијата среде Јужниот Пацифик кога има неколку легендарни локации за ...
Во Париз владее треперлива напнатост. Безбедносната зона околу Сена е опкружена со високи метални огради. Само оние кои имаат специјално побаран QR код можат да поминат низ контролните пунктови обезбедени од жандарми. Две туристки од Украина се збунети. Како би требало да стигнат до нивниот хотел сега? Полицијците настапуваат пријателски, но немилосрдно. Има само една алтернатива, гласи пораката: да тргнат по заобиколен пат. А тој е долг. Сите – ...
Во 12:42 часот, во бараката за состаноци во главниот штаб Волфсшанце (Волчја дупка) во Источна Прусија детонира бомба. Таа треба да го убиеАдолф Хитлер. Ја поставил офицерот на Вермахтот, грофот Клаус Шенк фон Штауфенберг. На почеток загреаниот националсоцијалист веќе не гледа друг излез освен убиство на диктаторот. „Не преостанува ништо друго освен да го убиеме", им рекол неколку дена пред тоа на своите најблиски соработници. Штауфенберг не ...
На крајот, сè заврши со омекната и необврзувачка изјава. „Со целосно почитување на даночната автономија на поединечните земји, ќе се потрудиме многу богатите ефективно да се оданочат.“ Покрај тоа, иницијаторот и домаќин на состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20, бразилскиот министер за финансии Фернандо Хадад, го изрази своето задоволство од оваа необврзувачка заедничка изјава. „Борбата против гладот, сиромаштијата, нееднаквоста, ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден, зборувајќи за домашните медиуми, во март 2024 година го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не врши копнена офанзива во Рафах: „Не смее да има уште 30.000 мртви на палестинската страна. Тоа е црвената линија“. Во февруари 2023 година, Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, ѝ се закани на Кина: Ако Пекинг ја снабди Москва со оружје за руската агресорска ...
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп бил застрелан во уво со куршум за време на обидот за атентат врз него на 13 јули во Пенсилванија. ФБИ во соопштението наведува дека „она што го погодило поранешниот претседател Трамп во увото е куршум, цел или фрагментиран на помали парчиња, испукан од пушката на починатиот субјект“. Нејаснотии и расправија ...
Минатата сабота пишувавме за тоа како Германија и Полска преку историчарите почнаа да разговараат и објавуваат учебници за нивната меѓусебна долга, комплицирана и крвава историја. И како научниците успеаја да изградат мостови онаму каде што политичарите и војниците ги уриваа. И ја претставивме меѓусебната историја на двете држави и двата народи од 10. век до годините по Втората светска војна, која заврши со шест милиони жртви во Полска од ...
Во средината на Рурската област има четири големи високи печки во кругот на фабриката за челик ТисенКруп во Дуизбург. „Тие произведуваат околу десет милиони тони челик секоја година“, вели Матијас Вајнберг, шеф на металуршкиот центар во фирмата. „Во исто време, секоја година се создаваат околу 20 милиони тони јаглерод диоксид. Тоа сега треба да се промени. До 2045 година, ТисенКруп има намера своето производство на челик да го направи климатски ...
Во последните недели повторно сѐ почесто се разговара за можноста за завршување на руската инвазија врз Украина на преговарачка маса. Пример за тоа се таканаречената „мировна мисија“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која самоиницијативно ја покрена, како и изјавата на американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп дека „ќе ја заврши војната во рок од 24 часа“. Поранешниот британски премиер Борис Џонсон пак, го поврза ...
Последниот годишен извештај на Европската комисија за владеење на правото за првпат направи пресек и на состојбите во четирите земји кандидати од Западен Балкан – Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Овие земји влегоа во извештајот поради нивниот најнапреден статус во преговорите, со цел да се стават на исто рамниште со земјите-членки. Извештаите опфаќаат четири главни области: правосуден систем, антикорупциска рамка, медиумски ...
Американската политика секогаш била своевидно шоу, но тоа што случува во последниот месец и што допрва ќе се одвива во преостанатите денови до 5 ноември, има шанси да ја промени историјата на претседателските избори и на политиката како таква. Историјата се забрза во изминатиов месец и сигурен сум дека на изненадувањата не им е дојден крајот. Во еден месец, од 27 јуни и катастрофалниот настап на дебатата на Бајден, се случи атентатот врз Трамп, ...
Колку спортисти учествуваат на игрите? Околу 10.500 спортисти и спортистки од 206 нации ќе настапат на Олимписките игри. Во текот на 19 олимписки денови, од 26 јули до 11 август, тие ќе се борат за подиумот во една од 32 спортски дисциплини. Севкупно, ќе се поделат 329 златни медали. Меѓу најголемите ѕвзеди на Игрите е американската гимнастичарка Симон Бајлс. Четирикратната олимписка првенка на Олимпијадата во Токио пред четири години се бореше ...
Унгарскиот заем кој го најави премиерот Христијан Мицкоски и понатаму ја бранува јавноста. Откако Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви закон за заемот од половина милијарда од Унгарија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче побара тој што поскоро да биде доставен во Собрание. Тој на брифинг со новинарите, Филипче изрази загриженост дека се договара фирми од Унгарија да купуваат меѓу другото и медиуми во земјата. За лидерот на ...
По американскиот претседател Бајден, израелскиот премиер Нетанјаху се сретна со Камала Харис. Потпретседателката и можна претседателска кандидатка јасно стави до знаење дека е на страната на Израел, но изрече и критики за неговите постапки во Појасот Газа. Американска потпретседателка и можна демократска претседателска кандидатка, Камала Харис употреби јасни зборови за Израел по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како ...
Грција ја прославува 50-годишнината од обновувањето на нејзината демократија: со државни чинови, изложби, концерти и со ковање на јубилејна монета од две евра. Владее радост затоа што демократијата се покажа отпорна толку долго за првпат во модерната историја на земјата. Но, има и замисленост, затоа што нејзиното обновување во 1974 година се засноваше на трагедија која сè уште трае. Колапсот на воената хунта е тесно поврзан со поделбата на ...
Понизок раст, повисок дефицит, зголемено задолжување. Ова накусо се контурите на прекроената државна каса со која Владата планира да ги истурка преостанатите пет месеци од 2024 година. Еден месец откако стапи на функција, власта влегува во реализација на планот кој тврди дека е неминовен за да се спаси што може да се спаси од состојбата на клиничка смрт во која ја затекнала економијата. Се кратело и прераспределувало секаде каде што имало ...
Првото прашање до канцеларот Олаф Шолц (СПД) за време на неговата летна прес-конференција во Берлин беше поврзано со САД, но секако не на начин кој на Шолц би му одговарал : дали ќе го следи примерот на Џо Бајден и ќе се откаже од својата кандидатура за канцелар есента 2025, со оглед на тоа дека неговата влада стои многу лошо на анкетите? Шолц уморно се насмевна и рече: „Ви благодарам за убавото и исклучително пријателско прашање. Не, СПД е ...
Во основа, сѐ што опонентите на ДУИ имаат изјавено за мотивите во позадината на предлогот за реорганизација на државата е точно. Според истата основа, сите изнесени аргументи против предлогот на ДУИ се неточни, лажни или непринципиелни. Да почнеме по ред. Нема сомнеж дека мотивот во позадината на барањето на ДУИ е политички и рејтиншки тактички мотивиран. Но за разлика од претходните PseJo! и еколошки агенди, овојпат нивната иницијатива е и ...