Сонцето пече на стариот воен аеродром Ѓадер. Температурата е над 30 степени. На ридот во близина тлее шумски пожар, облаци од чад го заматуваат инаку синото небо. Градилиштето во италијанскиот камп за азиланти што се гради во албански Ѓадер е во мирување поради жештините, како што налага италијанскиот закон за работни односи. И тоа важи и овде, бидејќи Албанија ѝ ја даде воената област на Италија. За кампот со контејнери не е потребна дури ниту ...

Онаму каде што е политиката, тука е и храната, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, објаснувајќи дека негова авторка оди по стапките на политичарите и пробува јадења кои тие ги јаделе за време на нивните посети на одредени земји. Во најновиот текст од оваа серија авторката Фридерике фон Хаупт пишува за посетата на Скопје и баклавата која ја јадела во Старата чаршија, онаму каде пред нецели две години седеа германскиот ...

„Новак Ѓоковиќ е мајстор за совладување на противниците. Но, оваа недела во пет часот попладне дојде време кога и самиот српски тениски професионалец беше совладан - од силата на моментот“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Ѓоковиќ клечеше на теренот на комплексот Филип Шатрије, телото му се тресеше, очите му беа полни со солзи. Откако стана, прво грабна пешкир за да си го избрише лицето, а потоа го зеде државното знаме и му покажа на ...

Премиерот, Христијан Мицкоски смета дека Демократската унија за интеграција на Али Ахмети претставува закана за мирот и безбедноста на државата. Повикувајќи се на информации добиени од повеќе канали, тој на прес-конференција во Владата рече дека раководството на ДУИ, во обид да го заштити капиталот што го создавале во изминатите дваесетина години, ќе преземело чекори за дестабилизација на државата. „Ние како влада имаме право да го браниме ...

Премиерот на Косово, Албин Курти, придружуван од министри денеска доаѓа во официјална посета на Северна Македонија на средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. На дневен ред во разговорите ќе бидат билатералните односи на двете земји, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на двете држави. Оваа посета не е поврзана со минатонеделниот инцидент со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, бидејќи ...

Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сопре солзите кога падна на колена на црвената глина и потоа на трибината ја прегрна ќерка си Тара и останатите од неговата фамилија. Две децении Србинот се трудеше да дојде до титулата олимписки победник, единствениот успех кој му недостигаше во импресивниот животен пат. „Мојата сложувалка во кариерата сега е комплетна“, рече Ѓоковиќ по успехот во финалето. „Преблагодарен сум за благословот што го освоив ова ...

По некодневна битка со огнените стихии во околината на Охрид, пожарот кај Косел, Расино, Опеница и Вапила е ставен под контрола, но хеликоптери и понатаму ги облетуваат опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи го огнот којшто ја опустоши шумата. Градот со денови е обвиткан во облаци со прашина, а тешка миризба на чад се чувствува и во текот на денот и во вечерните часови. Пожарите се гаснат и на земја и од воздух ...

Со нивните најнови закани Израел и Иран шират страв дека на Блискиот Исток наскоро би можела да избие поголема војна со импликации кои го надминуваат регионот. Седумте големи западни индустриски нации Г7 бараат деескалација, но се чини дека ситуацијата меѓу раководствата во Техеран и Ерусалим е заострена. Со оглед на тоа дек Иран најави одмазднички напад, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се советуваше со воените лица и тајните служби. За ...

Прво тоа изгледаше како некое попатно споменување за можноста дополнително да се отвори телекомуникацискиот пазар во Македонија. Од некни се виде дека тоа е со месеци, ако не и година, разработуван проект. Министерот за транспорт, Александар Николоски, порано спомена дека ќе се разгледува можноста за трет телекомуникациски оператор. Можноста не треба да се разгледува, таа е веќе разгледана во времето кога владејачката партија беше опозиција со ...

Пред дваесет години, 1994, Владимир Глигоров (1945-2022), ја објави студијата, „Зошто се распаѓаат земјите - случајот Југославија“. Ја пишуваше во Упсала, каде во 1992 беше емигрирал од Белград. 1994 беше времето на двете големи војни, во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Владимир Глигоров, синот на претседателот Киро Глигоров, почина во октомври 2022 во Виена, каде што од 1994 работеше во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. По ...

По привременото затворање во неделата, работата на аеродромот во Катанија повторно се одвива, но можно е анулирање на летови или нивно доцнење, соопштија од управата на аеродромот Катанија-Фонтанароса. Италијанскиот национален институтот за геофизика и вулканологија извести за десет километри високи облаци од чад и силна вулканска активност на Етна со исфрлање лава во неделата утрото. Етна, со висина од 3324 метри, е најголемиот активен вулкан ...

Првата борба на алжирската боксерка Имане Келиф на Олимписките игри во Париз траеше само 46 секунди, а потоа стигна до четвртфиналето во категоријата до 66 килограми. Нејзината италијанска противничка Ангела Карини се откажа од борбата по два тешки удари во главата, а потоа во солзи одби да се ракува со боксерката од Алжир. „За мене ова не е пораз“, изјави Италијанката подоцна „Јас сум зрела жена. Рингот е мојот живот. Отсекогаш сум делувала ...

Работењето на високообразовните институции во наредниот период ќе биде ставено под лупа. Владата планира да стави крај на неправилностите во нивното работење, при што ќе се проверува дали се делат дипломи „преку ноќ“ и кој се учествува во тоа. На дел од универзитетите ќе им биде дадена втора шанса да се поправат, а на оние коишто нема да го сторат тоа им се заканува затворање и одземање на лиценците. За таа цел Владата формираше тело во ...

Марија Заднепријанец се вљубила во Германија уште од првиот ден. Русинката која развива софтвери пред десет години дошла во покраината Северна Рајна-Вестфалија на студии и била вчудовидена од слободата, јавните служби, едукативните можности. Сега, благодарение на четиригодишната борба со берлинската бирократија, се чувствува како „граѓанин од втор ред“. „Дојдов во Германија со многу наивна претстава за тоа што ќе значи да живеам овде. Мислев ...

Нема крај на дебатата за обезбедување на надворешните граници на Германија: За време на Европското фудбалско првенство за мажи, посебно беа обезбедени границите кон Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција. Надлежните министри за внатрешни работи во неколку сојузни покраини сега бараат овие селективни контроли да се прошират на сите германски граници. Тоа е образложено со целта да се намали нерегуларната миграција во Германија. Според ...

Повеќе од 24 лица се уапсени во Иран по смртоносниот напад врз политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, пренесува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца Иранци запознаени со истрагата. Меѓу уапсените, како што се вели, има високи по ранг разузнавачи, воени службеници и вработени во армиска гостинска куќа во Техеран, каде Ханија беше убиен во бомбашки напад во средата вечерта (31.07). Апсењата на високо ниво се одговор на големото и срамно ...

Најмалку 32 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад и напад на вооружени лица на популарна плажа во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти полицијата. 63 лица се повредени, од кои некои потешко, изјави денеска (3.08) портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан. Според полициските наводи, бомбаш самоубиец прво се разнел вчеравечер пред вооружени лица да упаднат на плажата Лидо. Сите пет напаѓачи, како што се вели, се убиени. Според ...

Американската демократка Камала Харис го обезбеди неопходното мнозинство делегатски гласови за претседателска кандидатура во нејзината партија. Врвот на Демократската партија соопшти дека на онлајн-гласањето Харис го надминала прагот за неопходни гласови за номинација. Тоа значи дека Харис во ноември на претседателските избори во САД ќе се соочи со републиканецот Доналд Трамп. Нејзината предизборна каса е полна „до пукање“: во јули таа прими ...

Бројот на странски работници кои доаѓаат на хрватскиот пазар на труд е во пораст веќе неколку години, медиумите објавуваат податоци за веќе пристигнати над 100.000 лица, а некои очекуваат двојно повеќе за оваа година. Јавноста е добро запознаена со исклучително тешките, експлоататорски услови во кои живеат и работат во Хрватска. Тие се оставени на милост - всушност повеќе на немилост - на посредничките агенции за вработување, како и на ...

Македонија го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани - Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Државниот врв повика на сплотеност, жртвување за иднината на младите, создавање на нова - четврта македонска република и европеизација на земјата преку почитување на правото и борба против корупцијата. Делегации положија цвеќе и одадоа почит на вечното почивалиште на ...

Руската Федерација, САД и некои сојузнички западни држави разменија затвореници. Руси кои беа осудени на различни затворски казни на Запад се префрлени во нивната матична земја. За возврат, руски државјани во политичко заробеништво и американски и германски државјани беа ослободени од руските затвори. За време на владеењето на Владимир Путин, доаѓаше до чести размени на затвореници, дури и ако некои од нив предизвикаа огорченост во јавноста. Еве ...

Посебно кога станува збор за Блискиот Исток, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, посочува дека по секоја цена треба да се спречи натамошна ескалација на конфликтот. „Таа мора да се спречи бидејќи никој не може да сака натамошна ескалација, ниту да замисли дека тоа ќе биде така“, изјави министерот за новинарите на ДВ. „Тоа не ни е потребно. Ние не го сакаме тоа. Мора да направиме сѐ за да го вратиме мирот во тој регион што е можно ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот српски колега Александар Вучиќ заедно го одбележаа 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде што во 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ. Сиљановска-Давкова положи цвеќе пред спомен плочата на АСНОМ во манастирот и заедно со Вучиќ запалија свеќи во црквата на манастирскиот комплекс. „Местото за нас има огромно историско ...

Тој беше првиот што излезе од авионот во Москва - а рускиот претседател Владимир Путин го прегрна: Вадим Красиков, кој во Германија стана познат како „убиецот од Тиергартен“. Тој беше на списокот на руски државјани осудени на различни затворски казни за злосторства на Запад, кои беа ослободени во последната размена на затвореници. Красиков ја отслужуваше казната во германски затвор - и тој е посебен случај. Затоа што шпиони, предавници, двојни ...

По упатеното барање за помош од Северна Македонија, Германија и Шведска мобилизираа по два авионa од флотата на ЕУ намената за справување со пожарите – РескЕУ, а оваа помош беше надополнета со хеликоптер од флотата стационирана во Чешка и со по еден хеликоптер од Словенија и Србија, соопшти Европската комисија. „Како дел од постојаната борба против шумските пожари, веднаш реагираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Благодарен сум на земјите ...

Премиерот Христијан Мицкоски во Крушево, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во „Свети Прохор Пчински“ а претседателот на Собранието, Африм Гаши во Скопје ќе ги предводат делегациите на одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката, кој годинава ќе се одбележува под слоганот „Борбата трае“. Со тој слоган, како што беше речено, Владата сака да ја пренесе пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на државата ...

Македонската полиција го истражува инцидентот на скопскиот аеродром поврзан со проверката на багажот на косовската претседателка Вјоса Османи, а опозициските партии од македонскиот и албанскиот блок бараат транспарентност и негово итно расветлување. СДСМ бара да се открие вистината што се крие зад инцидентот, откако во јавноста се појавија неколку верзии за случувањата, во коишто се наведува дека бил вклучен и полициски службеник од ...

Залудно се бранеле – мајки со мали деца, стари и болни луѓе... Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година масовно се убиени во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Само во текот на таа ноќ, есесовците убиле 4300 лица, што е страшна епизода на геноцидот на Синти и Роми во Европа. Нацистичка Германија уби околу 500 илјади припадници на најголемото европско малцинство - во логори и гета. Овие луѓе биле убивани со гас, стрелани, изгладнувани до смрт, ...

Залудно се бранеле – мајки со мали деца, стари и болни луѓе... Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година масовно се убиени во концентрациониот логор Аушвиц Биркенау. Само во текот на таа ноќ, есесовците убиле 4300 лица, што е страшна епизода на геноцидот на Синти и Роми во Европа. Нацистичка Германија уби околу 500 илјади припадници на најголемото европско малцинство - во логори и гета. Овие луѓе биле убивани со гас, стрелани, изгладнувани до смрт, ...

Два авионa со ослободени затвореници, според новинската агенција ДПА, слетале на аеродромот Келн/Бон во четвртокот (1 август, 2024) околу 23 часот. Таму ги пречека германскиот канцелар Олаф Шолц. „Сите пристигнаа тука во добра состојба“, изјави канцеларот, кој имал опсежен разговор со нив: „Беше многу трогателно. Многумина не го очекуваа тоа“. Шолц ја означи размената на затвореници со Русија како правилна одлука. „Иако постоеја сомнежи во ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1013
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1011
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
61%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
80%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
60%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
48%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52