Новите правила за електронска евиденција во земјите од Шенген-зоната сериозно ѝ штетат на домашната економија, драстично ја намалуваат работата на транспортерите и директно го погодуваат транспортниот сектор и челичната индустрија во Македонија. Ова се укажувањата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој деновиве се почесто предупредува дека последиците може да бидат драматични. Проблемот со транспортерите и новата ...

Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај вас, верувајќи како и многумина од вас, во сонот за посилен, попросперитетен, побезбеден, целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник. Ова е една од пораките на американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, пред нејзиното заминување од земјата, упатени преку „Отворено писмо до народот на Северна Македонија“. Агелер пред три години пристигна во Скопје како десетти ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот формално го лансираше новото меѓународно тело под име Одбор за мир, потпишувајќи ја неговата основачка повелба заедно со неочекувано разновидна група држави – потег што критичарите го гледаат како обид да се предизвика улогата на Обединетите нации. „Ќе имаме мир во светот“, изјави Трамп на сцената на Светскиот економски форум во Давос, веднаш по потпишувањето на документот. Тој додаде дека ...

Утврдениот камп во Манзе, мало село во централна Албанија во близина на главниот град Тирана, претставува дом за околу 3.000 членови на Народната муџахединска организација на Иран (ПМОИ), позната и како Муџахедин-е-Калк (МЕК). Тие се наоѓаат во Албанија од 2013 година, кога албанската влада се согласи да ги прими по барање на САД и Обединетите нации Станува збор за исламска политичка опозициска група со социјалистички идеи, основана во 1965 ...

По апсењето на осомничена руска шпионка со германско и украинско државјанство, германската влада го повикала на разговор рускиот амбасадор во Берлин. Министерството за надворешни работи во четврток објави дека амбасадорот бил информиран оти друг осомничен во случајот, кој „шпионирал во име на Русија“, е протеран. Според информациите добиени од „Дер Шпигел“, протераното лице е лицето кое соработувало со осомничената шпионка, заменик-воениот ...

Четири нови онлајн услуги од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од денеска се достапни на националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk. Три услуги се наменети за физички лица, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на ФЗО Сашо Клековски на прес-конференција во Владата. Новите онлајн услуги значително го поедноставуваат пристапот до клучни документи,го намалуваат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се откаже од воведување казнени царини за вкупно осум европски земји. На неговата платформа Трут соушл, Трамп пиша дека постигнал договор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со рамката за можен иден договор за Гренланд. Трамп буквално пиша дека „врз основа на многу продуктивна средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, создадовме рамка за иден договор во однос на ...

По серијата поплаки од граѓани за високи сметки за струја и се погласните реакции за паушални пресметки на потрошувачката, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува воведување паметни броила, со кои секој корисник ќе може преку мобилен телефон или онлајн платформа во реално време да ја следи својата потрошувачка. Дигиталните мерни системи треба да донесат поголема транспарентност и доверба во пресметките за струја, особено кога ...

Сеопфатна регионална проценка на хидроморфолошките услови на реките низ Балканот открива забрзано и сериозно влошување на состојбата на последните недопрени водни текови во Европа. Според анализата, процентот на речиси природни реки се намалил од 30 проценти во 2012 година на само 23 проценти во 2025 година – загуба од 2.450 речни километри. Реките во Албанија бележат најбрза деградација во регионот, пред сè поради интензивниот развој на ...

Германската Украинка Илона В. вчера беше уапсена во Берлин од страна на германската сојузна полиција (БКА). Сојузниот генерален обвинител смета дека има силна основа за обвинение за шпионажа во Германија во име на руската воена разузнавачка служба, ГРУ. Се наведува дека за таа цел Илона В. била во контакт со раководител акредитиран како воено аташе во руската амбасада во Берлин. Според сојузното обвинителство, таа конкретно се товари дека ...

Македонија сè уште ја очекува поканата од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во т.н. Одбор за мир – меѓународна иницијатива првично осмислена за ставање крај на војната во Газа, а подоцна проширена и на други глобални конфликти. Според првичните информации од американски извори, околу 50 земји досега добиле покани, но не сите позитивно се изјасниле за приклучување кон иницијативата.Дел од балканските држави веднаш ја прифатија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во завршниот говор на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека „нема да користи сила“ за да го преземе Гренланд, но дека бара „итни преговори“ за американска аквизиција на островот. Трамп истакна дека „многумина мислеле“ дека ќе прибегне кон сила, но дека тоа не е потребно. „Не сакам да користам сила. И нема да користам сила“, порача американскиот претседател пред светската јавност што го следеше ...

Иако посетата беше најавена уште есента минатата година, српската власт веќе со недели ја користи како повод за дополнително поттикнување на антиевропско расположение. Во прв момент се создаде впечаток дека посетата целосно ќе биде игнорирана, но сега е извесно дека делегацијата ќе ја пречекаат министрите Марко Ѓуриќ и Немања Старовиќ, како и раководителите на пратеничките групи на владејачката коалиција. Планирани се и средби со претставници ...

Со мандат од Обединетите нации, американскиот претседател Доналд Трамп требаше да ја предводи иницијативата за воспоставување мир на Блискиот Исток. Но, најновите документи укажуваат дека неговиот т.н. Одбор за мир („Board of Peace“ – BoP) би можел да се позиционира како паралелна структура која излегува надвор од рамките на мандатот на ОН. Одборот првично беше замислен како инструмент за надзор на мировниот процес и обновата на Појасот Газа. ...

Претставниците на Европската унија и европските држави на Светскиот економски форум во Давос порачаа дека Европа ќе се спротивстави на она што го оценија како „нов колонијализам“, по ескалацијата на спорот околу Гренланд, поттикнат од американскиот претседател Доналд Трамп. Иако Трамп своето обраќање на форумот треба да го одржи дури денеска, неговите барања за преземање на Гренланд доминираа уште од отворањето на форумот во вторникот. ...

Десетина дена пред најавениот старт на проектот „Безбеден град“, опозициската СДСМ е децидна дека нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци, кој е клучен за целосна имплементација на системот. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека партијата не е против зголемување на безбедноста во сообраќајот, но дека нема да даде поддршка за „парцијално и недоволно регулирано воведување на системот“. „Факт е дека токму СДСМ го започна проектот ...

„Денес ќе зборувам за прекинот во светскиот поредок, крајот на една убава приказна и почетокот на сурова реалност каде геополитиката меѓу големите сили не е предмет на никакви ограничувања. Но, исто така тврдам дека другите земји, особено средно-моќните како Канада, не се немоќни. Тие имаат капацитет да изградат нов поредок што ќе ги отелотвори нашите вредности, како почитување на човековите права, одржлив развој, солидарност, суверенитет и ...

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во Македонија. Управните одбори се сведуваат на најмногу три члена, а статусот в.д. станува исклучок, строго временски и правно ограничен, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев, презентирајќи го предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. На јавната дебата, Минчев нагласи дека со предложеното законско решение, за првпат се ...

Како ретко кој друг светски лидер, францускиот претседател Емануел Макрон во последниот период влезе во отворен конфронтациски однос со поранешниот и повторно актуелен американски претседател Доналд Трамп. Кризата околу Гренланд се претвори во клучен тест за француската надворешнополитичка стратегија, која истовремено се потпира на дијалог и принципиелна конфронтација. „Мој пријателе, целосно сме усогласени околу Сирија, можеме да постигнеме ...

Снегот што од ноќеска паѓа во Скопје предизвика сообраќаен хаос во главниот град. Граѓаните утринава, на пат кон работните места и училиштата, затекнаа неисчистени булевари и улици, со присуство на снег и мраз на поголемиот дел од сообраќајниците. На дел од патиштата каде што има поголема фреквенција на возила, снегот е делумно стопен, но движењето сè уште е отежнато. Орце Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен ...

Парите откриени сокриени во ѕид биле на неговите родители, а членовите од Кривичниот законик со кои се товари апелациониот судија Ѓоко Ристов не се однесуваат на суд, судии или обвинители, тврди одбраната на судијата, за случајот кој и натаму со несмален интензитет се коментира во јавноста. Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на судијата Ристов - кому вчера Судскиот совет му го одзеде имунитетот, по што судија на претходна постапка му одреди ...

Не знам дали постои кривично дело „предавство на професијата“ но сосем сигурно треба да се внесе во кривичниот закон затоа што делото за кое го товарат судијата Ристов покажа и дека овој делител на правда извршил флагрантно предавство на професијата која обезбедува кислород на правната држава. Знам, таквиот поглед на работите звучи наивно затоа што ниската доверба во судството е општа состојба, но додека не почне општеството така да ги ...

Претседателот Румен Радев отвори ново поглавје во бугарската политика. Неговото симнување од претседателската позиција на партискиот терен може да даде силен импулс на изборната активност и суштински да го преформатира следниот парламент, отворајќи простор за нова управувачка конфигурација што без него изгледаше многу помалку веројатна. Иако јавниот ефект е значаен, позиционирањето на партијата на Румен Радев на парламентарниот терен допрва ...

Во пресрет на предвремените парламентарни избори во Бугарија, претседателот Румен Радев објави дека поднесува оставка од функцијата, но тоа, според голем дел од бугарската јавност, не значи и повлекување од политичката сцена. Напротив, доминантното очекување е дека Радев го напушта претежно церемонијалниот претседателски мандат со цел да се вклучи поактивно во политичкиот живот на земјата. Според бугарските медиуми и политички аналитичари, ...

Неколку дена по објавата дека се пронајдени околу 350.000 евра скриени во специјално соѕидан ѕид во Неготино, се бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов и одземање на неговиот имунитет. Од Обвинителството потврдија дека судијата е на сослушување, каде му биле посочени доказите против него. „Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, доставен е предлог на осомничениот ...

Односите меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави влегоа во сериозна криза, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини доколку Европејците се спротивстават на неговите планови за Гренланд. Трамп најави дека царините би можеле да достигнат 10 отсто од февруари, а од јуни и до 25 проценти – мерки што се однесуваат на Германија и уште седум земји членки на ЕУ и НАТО кои испратија војници во извидувачка ...

По точно една година од почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, односите меѓу Германија и САД претрпеа драматични и длабоки промени. Ескалацијата околу Гренланд, која се заканува да го наруши суверенитетот на Данска, сè повеќе го загрозува и партнерството внатре во НАТО. Европски отпор и заострување на трговскиот конфликт Тензиите меѓу европските сојузници и САД секојдневно се продлабочуваат. Трамп неодамна ги ...

Од денеска до 31 јануари, секој ден од 8 до 20 часот ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на камерите поставени во рамки на проектот „Сејф сити“ (Безбеден град). Од Министерството за внатрешни работи (МВР) појаснуваат дека за време на тестирањето нема да се пропуштаат возила на локациите каде што се спроведуваат процедурите. Во првата недела активностите ќе се одвиваат исклучиво на локациите во Град Скопје каде се поставени ...

Осум европски земји — Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство — во неделата објавија заедничко соопштение во кое предупредија дека царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд можат да предизвикаат „опасна надолна спирала“ и сериозно да ги поткопаат трансатлантските односи. Сите земји-потписнички, членки на НАТО, ја повторија својата цврста поддршка за Данска ...

Ниту една земја од Европската унија нема построги правила за азил од Унгарија. Според европската статистика, во 2025 година само десет лица добиле статус на бегалец или заштита. Премиерот Виктор Орбан редовно тврди дека во земјата има „нула“ бегалци, термин што го користи и за оние кои бегаат од војна и прогон, опишувајќи ги како „нелегални мигранти“. Тоа го повтори и пред американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
3.6
75%
1010
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
61%
1013
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
2.47
82%
1016
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
78%
1010
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
63%
1008
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
70%
1009
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -5ᴼ
5.66
67%
1016
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
7.2
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.99

Калај

54.25

Родиум

363303.44

Рутениум

45750.51

Злато

156424.63

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Алуминиум

3.15

Сребро

3663.67

Паладиум

54624.12

Цинк

3.34

Иридиум

221848.72