
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Уставниот суд укина делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, за коишто сметаат дека не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок - владеењето на правото. „Означените делови од методологијата, не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок - владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната ...
Улогата на Германија во одбранбената стратегија на НАТО значително се промени од 90-тите години кога Западна Германија беше држава што директно се граничеше со Варшавскиот пакт. Во случај на напад од исток, Западна Германија ќе беше прва на удар. Германската војска (Бундесверот) и сојузниците би се обиделе трупите на Варшавскиот пакт да ги потиснат на територијата на Сојузната Република. Денес позицијата на Германија се разликува - на исток се ...
Граѓаните преку апликација ќе ги „ловат“ ниските цени во маркетите во Северна Македонија. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, на прес-конференција најави дека во следниот период, во соработка со Владата, ќе се изработи апликација којашто преку алгоритам ќе ги споредува цените и на граѓаните ќе им покажува кој продукт е најевтин во нивна близина. Ова следи откако претходно маркетите добија обврска, согласно Законот за заштита на ...
Одложување на работниот процес во критичните часови од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо, ослободување од работни обврски за бремени жени и лица над 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа - ова се само дел од препораките коишто се на сила поради топлотниот бран којшто ја зафати ...
Да се деблокира процесот на проширување на ЕУ, повика претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова во вчерашното обраќање на Самитот на НАТО во Хаг. Истакнувајќи дека речиси сите членки на ЕУ се и членки на НАТО, таа повика дека тие можат да го деблокираат процесот на проширување и да го завршат обединувањето на Европа, бидејќи европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан не е само политичко прашање, туку и ...
Од перспектива на европските членки на НАТО, сè се одвиваше според планот: куса декларација на една страничка со пет точки, убава групна фотографија, па дури и вечера со холандскиот крал и кралица. На самитот на НАТО во Хаг, американскиот претседател Доналд Трамп исто така беше во добро расположение. Кога се обрати на медиумите, Трамп си ја прикачи заслугата за ставање крај на војната во Иран и за тоа што сојузниците на НАТО ќе ги зголемат ...
Градот Димона се наоѓа во јужниот дел на Израел, во пустината Негев, и чува една јавна тајна. За да се разбере за што станува збор, доволен е само еден поглед на Гугл Мапс (Google Maps): на неколку километри оддалеченост се наоѓа место означено како „Центар за нуклеарни истражувања Негев“. А бидејќи Израел со поддршка од САД во последните денови ги нападна иранските нуклеарни постројки, Димона наводно беше една од целите на иранските ракети и ...
Многу врева се дигна околу усвојувањето на извештајот за Македонија во Eвропскиот парламент. Толку, што го подигнавме на ниво на една исконска, монументална борба за битието на нашиот идентитет. Не сум сигурен дека големите очекувања и надежи, кои ги „товариме“ на овој извештај, имаат објективна реална поткрепа. Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески им се закани на банките да ги намалат провизиите, или во спротивно тоа ќе го стори институцијата на чие чело е тој. Како прв чекор, Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но Славески очекува во најкус можен рок самите банки да ја ревидираат ...
Порастот на температурите, кој деновиве според најавите на синоптичарите во одредени делови на Северна Македонија ќе надмине 40 степени, ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство порачуваат дека е неопходно да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Храната соодветно да се чува За да се спречи евентуална појава на труење ...
Раскопани улици, срушени мостови, протекување на покриви во училишта и универзитети, доцнење или недоаѓање на возови, недостаток на брз интернет - ова е секојдневието во Германија. Но, тоа треба наскоро да се промени. „Сакаме багерите брзо да почнат да работат“, рече социјалдемократскиот министер за финансии Ларс Клингбајл додека ги презентираше своите буџетски планови во Берлин. Во вторник (24 јуни), владиниот кабинет го усвои нацрт-буџетот за ...
Обидот за создавање нова македонска модерна нација и нов македонски модерен (современ) јазик, потврдува дека не е проблем промената на Уставот, туку идентитетот и јазикот, оцени премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го вчерашното гласање во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент. Таму вчера не помина обидот на бугарски европратеници да внесат амандман со кој во Извештајот за напредокот на Македонија пред формулациите ...
Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за Северна Македонија во кој се повикуваат властите во Скопје да воведат уставни измени и да го зајакнат владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во извештајот усвоен во средата, со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, има пофалби за посветеноста на Северна Македонија кон европската интеграција, но и критики поради високото ниво на корупција и ниската доверба во ...
Значи, тој е тука - со недели се шпекулираше дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на самитот во Хаг. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, интензивно водеше кампања, ја прилагоди програмата на Трамп и кратко пред почетокот на самитот се обиде да ги смири загриженостите, особено меѓу европските земји-членки на НАТО. „Мојот совет до нашите европски колеги е: престанете да се грижите толку многу.“ Наместо тоа, државите ...
Владата ја одбележа годишнината од својата работа со голема помпа и нагласени „радосни" вести за граѓаните. Во својот говор премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата успеала во првата година да ја стабилизира и подигне економијата, ги зголемила платите и пензиите, изградила неколку патишта а на политички план како успех го истакна договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. На листата на успеси го додаде и податокот дека во три ...
Кремљ презентираше бројни причини за својата „специјална операција“ во Украина, како што Москва еуфемистички ја нарече својата агресивна војна против својот јужен сосед од самиот почеток. Проруските дезинформациски кампањи шират секакви неосновани и лажни тврдења.И, барем на почетокот на војната - водена воено и информативно - тие наидуваа на разбирање кај голем број луѓе. Меѓу најпознатите се наводното нацистичко владеење во Киев и недокажаното ...
Премиерот Христијан Мицкоски по усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент е задоволен што е помината „првата препрека“ и најавува жестока битка во наредните две недели, со оглед на тоа дека извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули. „Знаеме дека беше жестока борбата за да се помине оваа прва пречка, која што не би требала да постои, ако ги слушате ...
Северна Македонија треба да го одржи моментот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција. Потребно е брзо напредување на пристапните преговори, при што е важно да се усвојат уставните измени за коишто е постигната согласност. Европскиот совет и државите членки треба јавно и недвосмислено да ѝ изразат поддршка на Македонија, изразувајќи јасна намера да донесат позитивна одлука за преминување во следната фаза на пристапни преговори ...
Пратениците во Европскиот парламент во вторникот побараа забрана за наплатување на мал рачен багаж од страна на авиокомпаниите – предлог кој наиде на остро противење од воздухопловниот сектор. Транспортниот комитет на Европскиот парламент усвои предлог со кој на патниците би им било дозволено да понесат еден личен предмет во кабината – како чанта или ранец – и еден рачен багаж со тежина до седум килограми, без дополнителна наплата. Целта на ...
За Марк Руте, самитот е тест. Генералниот секретар на НАТО не сакаше ништо да остави на случајот; тој работеше кон исходот со месеци и преговараше за секој детаљ со 32-те членки на Алијансата. Кратко пред големиот состанок на Алијансата во Хаг, успехот изгледаше сигурен: договорот дека секоја земја во иднина ќе инвестира пет проценти од својата економска моќ во одбраната. Руте обврската ја нарекува „квантен скок“ - амбициозен, секако, но ...
Оваа година беше само почеток - почеток на стабилизација и консолидација после седум години на проблеми и уништувања, на разочарувања, изневерени очекувања и изгубена надеж. Чекор по чекор ги поставуваме темелите и времето на Македонија допрва доаѓа. Ова беше пораката на премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по првата година од мандатот на Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“. „Ги поставивме ...
Четири збора беа доволни за Трамп минатиот петок да ја демонстрира немоќта на неговите европски партнери: „Тоа не донесе ништо“, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на разговорите во Женева меѓу министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија и нивниот ирански колега. „Иран не сака да разговара со Европа. Тие сакаат да разговараат со нас. Европа нема никаква улога во ова“, коментираше тој на пат кон вечера за ...
Зголемувањето на издатоците за одбрана во Европа е главното барање на американскиот претседател Доналд Трамп уште од првиот ден. Оваа цел стана потенцијално прифатлива за речиси сите земји-членки на НАТО благодарение на моќта на убедување на генералниот секретар Марк Руте, особено откако Германија, најголемата европска економија, застана зад таквата цел. Функционери на НАТО за ДВ наведуваат дека Трамп треба да постигне победа, но и „да се ...
Северна Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените норми, а се провлекува и проблемот со недостиг на опрема и возила. „Во моментот во земјата имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800“, вели извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Душица Перишиќ. Според неа, законот е јасен - на 1.500 жители во ...
Дејството во еден дистописки роман, кој порано се нарекуваше и „антиутопија”, обично се одигрува во иднината и најчесто укажува на загрозеноста на човекот и на сето човештво од катастрофи, во морална или во материјална, технолошка смисла. Литературната дистопија како жанр е антипод на литературната утопија, која, исто така, се одигрува во иднината, но ги опишува можности за најидеалната замислива состојба на човекот и на човештвото. Накусо, ...
Најотворено до сега го изговори тоа Бенјамин Нетанјаху кој во интервју за американскиот радиодифузер Фокс Њуз рече дека „секако операцијата на Израел може да заврши и со смена на режимот“, бидејќи владата во Техеран е „многу слаба“. Американскиот претседател Доналд Трамп испрати контрадикторни сигнали. „Знаеме точно каде се крие т.н. ,врховен лидер’”, објави тој на својата социјална мрежа Социјална вистина. „Тој е лесна мета, но е безбеден таму ...
Под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“ во 20 часот ќе се одржи настан по повод една година од Владата, на којшто отчет за сработеното ќе даде премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на отчетот, премиерот најави дека е сработено многу, но дека „најдоброто допрва доаѓа“. Опозицискиот СДСМ, пак, за време на викендот организираше трибина наречена „Македонија понижена – една година Влада“, на којашто партиски ...
Една недела по започнувањето на нападите врз Иран, Израел има постигнато многу од своите цели: водечки офицери од војската и нуклеарни научници се убиени, а ракетни бази и атомски постројки се оштетени. Но, подземниот објект за збогатување на ураниум во Фордо беше надвор од дофат на израелските воздухопловни сили. „Трамп очигледно поаѓа од тоа дека Израел сам не може значително да ја ослабне иранската нуклеарна програма“, оценува во разговор со ...
Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ во пресрет на есенските локални избори во Северна Македонија. Ваква одлука донел Централниот одбор на партијата на седница којашто се одржала на 21 јуни. „Донесени се три важни одлуки коишто ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. Со чувство на обврска кон сите граѓани и граѓанки кои веруваат во зелена, ...
Македонија и регионот може да се соочат со економски последици ако се затвори Ормускиот теснец, кој е клучен за премин за глобалната трговија со нафта. Низ тој теснец помеѓу Иран и Оманскиот Залив, поминува околу 20% од светската поморска трговија со нафта и една петтина од трговијата со течен природен гас (LNG). И земји кои не увезуваат нафта од држави во Заливот би силно биле погодени, бидејќи падот на понудата ќе ја крене цената на глобалниот ...