Институциите во Македонија се мобилизираат за спроведување на првиот целосно електронски попис на населението, планиран за 2031 година. Деновиве надлежните институции ги соопштија првичните контури на тоа како ќе изгледа оваа обемна статистичка операција. Државниот завод за статистика (ДЗС) и Министерството за дигитална трансформација работат на создавање услови пописот да се спроведе без теренски попишувачи, односно со користење ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, по неговата тирада против НАТО за време на војната со Иран, вчера (8.04) во Белата куќа разговараше со генералниот секретар на алијансата, Марк Руте. Состанокот се одржа зад затворени врати, што е спротивно на вообичаената пракса. Околу два и пол часа подоцна Руте ја напушти Белата куќа. Според портпаролката на Трамп, Каролин Левит, американскиот претседател сакал да го отвори прашањето за можно ...

По објавувањето на двонеделното примирје меѓу Иран, САД и Израел, многу работи остануваат нејасни. Така, во пресрет на почетокот на директните преговори, кои треба да се одржат од петок, на покана на пакистанскиот премиер Мухамад Шехбаз Шариф, во пакистанскиот главен град Исламабад, може да се слушнат само контрадикторни изјави за одредени теми. Почетна точка за преговорите е планот од десет точки кој Иран, според американскиот претседател ...

Додека сме фиксирани на војната во Иран, чекајќи секој ден дали ќе дојде крајот на светот, или сѐ ќе продолжи „како досега“, во нашето непосредно опкружување се случува можеби најважниот политички настан за регионот во последните две децении – изборите во Унгарија. Во пресрет на тие избори, политичката сцена влегува во најнеизвесна фаза – по години доминација на автократот Виктор Орбан и неговата Фидес, за првпат на анкетите води опозицијата. ...

Грција во иднина сака да им забрани пристап до социјалните мрежи на голем број малолетници. Премиерот Киријакос Мицотакис најави дека од 1 јануари 2027 година ќе им биде забранет пристапот до платформи како Инстаграм, Фејсбук или ТикТок на лицата помлади од 15 години. Тогаш треба да стапи во сила соодветен закон. „Одлучивме да придвижиме нешто тешко, но неопходно“, изјави Мицотакис. Целта на мерката е подобро да се заштитат децата и младите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пред примирјето, константно ги засилуваше заканите за уништување на Иран, но паралелно го отвори прашањето дали САД би можеле да го напуштат НАТО. Дали Северноатлантската алијанса може да стане колатерална штета на растечките трансатлантски тензии? Поранешниот американски амбасадор во НАТО, Иво Далдер, предупредува дека Алијансата „не е мртва, но е сериозно оштетена“. Според него, токму несогласувањата ...

По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, највисоките државни институции, меѓународните партнери и Народниот правобранител упатија пораки против дискриминацијата и најавија мерки за подобрување на правата, образованието и социјалната инклузија на ромската заедница. Образование без поделби Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот „Од невидливост кон еднаквост – одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“, што се одржа во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, според сопствените изјави, е подготвен две недели да ги прекине бомбардирањата и нападите врз Иран, доколку Техеран го отвори Ормускиот Теснец. Станува збор за обострано примирје, соопшти Трамп на својата платформа Трут Соушл. Трамп напиша дека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го замолил да се воздржи од најавените напади врз иранските електроцентрали и друга инфраструктура. Американскиот претседател ...

Состојбата со изворот Рашче засега е стабилна, но се испитуваат три нови локации кои би можеле да претставуваат алтернатива за снабдување на Скопје со вода. Во меѓувреме, Владата во соработка со Општина Јегуновце и Град Скопје работи на решавање на проблемот со дивата депонија што се наоѓа над самиот извор. „Почнавме испитувања на три нови позиции во Градот Скопје што би значеле алтернатива за изворот Рашче. Станува збор за пообемни и ...

Граѓаните треба да бидат сигурни дека пензискиот систем не може да колабира, затоа што исплатата на пензиите ја гарантира државата, односно Владата преку буџетот. Ова е пораката на директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, кој во гостување на телевизијата Телма рече дека сите евентуални недостатоци на средства во Фондот се покриваат со директна прераспределба на средства од државниот буџет, во согласност ...

Посетата на Доналд Трамп Помладиот на Бања Лука не е обичен протоколарен настан, туку внимателно режиран политичко-маркетиншки сигнал со кој власта во Република Српска се обидува да капитализира нови политички амбиции и укинување на американските санкции. Прашањето што се наметнува е дали станува збор за скапа претстава или за настан од јавен интерес. Доаѓањето на синот на поранешниот американски претседател се претставува како доказ дека ...

Зајакнување на економската соработка со САД,унапредувањето на безбедносната и одбранбената соработка, дигитализацијата и енергетската стабилност беа во фокусот на средбите што македонската владина делегација ги оствари во Вашингтон. Во рамките на втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД е потврдена определбата за продлабочување на стратешкото партнерство и реализација на конкретни проекти. Во таа насока, министерката за енергетика, ...

Затворање на просторот за нејаснотии, импровизации и злоупотреби кои во минатото создаваа и злоупотреби и недoверба. Ова се очекува од Законот за правична и соодветна застапеност кoj вчера (7.04) доби зелено светло од Владата, со печат на Венецијанската комисија. Овој закон треба да го замени поранешниот „балансер" - алатка со која беше одредуван процентот на соодветна застапеност на вработените во јавниот сектор од секоја етничка заедница. ...

Непосредно пред парламентарните избори во Унгарија, закажани за в недела (12.04.2026), американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во Будимпешта за да му даде поддршка на својот, како што го нарече, „пријател“, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Венс слета на аеродромот во Будимпешта во утринските часови и во текот на денот на повеќе наврати се појави јавно заедно со Орбан. Посетата доаѓа во момент кога унгарскиот премиер, според ...

Со вселенската мисија на „Артемис 2“ светот гледа две Америки: едната на Трамп, другата на НАСА. Едната Америка, со која завладеа некое мрачно и непредвидливо лидерство, и другата, вистинската, големата Америка која го предводи светот во технолошките достигнувања. Америка која работи за доброто на човештвото, која неуморно истражува и го води светот напред. Екипажот на „Артемис 2“ го урна рекордот за најдалечно растојание што екипажот го ...

Традиционалната трка со велигденски јајца во градината на Белата куќа, како и целиот Велигден, беа засенети од војната на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп секојдневно се огласуваше на својата платформа Трут Соушл - со делумно навредливи и воинствени зборови, за кои во САД доби критики. Во понеделникот (6.04), тој повторно се надоврза на тоа на специјално закажана прес-конференција. До денеска до 20 часот ...

Цената на волфрамот нагло расте - и тоа е многу повеќе од секојдневните вести од пазарот на суровини. Иако многу луѓе денес го знаат само од старите светилки со жичка, овој метал е незаменлив за голем број клучни индустрии: волфрамот се користи во алати, машини, електроника, муниција и во високотехнолошки примени. Критична и стратешка суровина Ова претставува проблем за Германија и за ЕУ: волфрамот во Брисел официјално се смета за критична и ...

Новинарот Михаел Мартенс пишува од Виена за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) дека, по објавата на спрскиот претседател Александар Вучиќ дека во близина на гасоводот со кој Унгарија се снабдува со гас преку Србија е пронајден експлозивен материјал, унгарскиот премиер Виктор Орбан свикал вонреден состанок на Советот за национална безбедност и ѝ наредил на армијата да го чува унгарскиот дел од гасоводот Балкански тек. ...

Владата по велигденските празници ќе објави нов пакет мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски,се разгледува комбинација од намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи. „Следните мерки ќе бидат повеќе таргетирани кон одредени групи граѓани и кон основните прехранбени производи. Ќе вклучуваат намалување на данокот на додадена вредност, ...

По пауза од четири години, Македонија го обновува стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави (САД), со очекувања за засилена соработка, нови инвестиции и конкретни проекти. „Ние сме првата земја од Европа што има ваков стратешки дијалог со САД со актуелната администрација“, изјави премиерот Христијан Мицкоски,одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје. На средбите во Вашингтон учествува висока владина делегација, ...

Војната со Иран привремено ги исфрли земјите од Персискиот Залив од понудата за пакет-аранжмани, но нејзините ефекти врз туризмот се чувствуваат и во многу подалечни региони. Голем дел од туристичките дестинации стануваат поскапи – освен за оние што навреме ги резервирале своите патувања. Германските туристи што под влијание на инфлуенсери на Инстаграм и агресивната промоција од арапските туристички бироа планирале одмор во земјите од ...

Протестите на студентите во Скопје, кои бараат полагање направосудниот испит на албански јазик, предизвикаа бројни реакции и наметнаа дилема – дали станува збор за легитимно барање за правда или за политички инструментализирана тема. Ова прашање е актуелно веќе извесен период на македонската политичка сцена. Уште на почетокот на годината, група студенти поднесоа петиција со која побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански ...

Подигнување на квалитетот на високото образование и науката - тоа е целта на пакетот закони што ги нормираат високото образование, научноистражувачката дејност и обезбедувањето на нивниот квалитет, кој денеска (6.04) ќе биде затворен и даден во владина постапка. Како што најави министерката за образование и наука на Северна Македонија, Весна Јаневска, сѐ што до денеска е стигнато како сериозен приговор, ќе се разгледа сериозно. „Доколку до ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати сигнали дека сака брз крај на војната со Иран, иако американските сили се концентрираат околу Персискиот Залив, а Техеран продолжува да блокира значаен дел од светското снабдување со енергенси преку Ормускиот Теснец. Во своето неодамнешно обраќање, Трамп изјави дека „дошло до промена на режимот“ во Иран и дека САД се „на добар пат за многу брзо да ги исполнат сите свои цели“. Тој оцени дека ...

Унгарската влада со премиерот Виктор Орбан со години влегува во спорови со Европската Унија. Кратко пред пред унгарските парламентарни избори, споровите кулминираа со блокирање на кредит во висина од повеќе милијарди евра за Украина. Преглед на најспорните прашања. Спорови меѓу Унгарија и ЕУ: тема владеење на правото Со двотретинско мнозинство во парламентот на неговата деснонационалистичка партија Фидес, Орбан од 2010 почна со реструктуирање ...

Поимот „flâneur" за „шетачот“ кој, без посебна цел, долго и бавно шета, се воведува во првата половина на дваесеттиот век. Фланерот фланира од чисто задоволство во шетањето низ градот, затоа што овој вид љубопитност за околината е секогаш урбан феномен. И не се работи за талкање од непознавање на градот, како што се случува кога сме во непознат град. Се работи за задоволството во безгрижното препуштање на шетањето низ својот, и низ секој од ...

Само 7 до 11 минути ќе бидат потребни граѓаните од Драчево да стигнат до центарот на Скопје со најавениот брз градски воз – проект кој треба значително да го олесни секојдневното патување и да го растовари сообраќајниот метеж. Доколку најавените рокови се испочитуваат, градскиот воз ќе стартува од септември годинава. „Првата линија ќе минува низ Драчево и ќе овозможи исклучително брза врска со центарот на Скопје. Ова е историски чекор кој ќе ...

Поимот „flâneur" за „шетачот“ кој, без посебна цел, долго и бавно шета, се воведува во првата половина на дваесеттиот век. Фланерот фланира од чисто задоволство во шетањето низ градот, затоа што овој вид љубопитност за околината е секогаш урбан феномен. И не се работи за талкање од непознавање на градот, како што се случува кога сме во непознат град. Се работи за задоволството во безгрижното препуштање на шетањето низ својот, и низ секој од ...

Смртта на мајка и ќерка во Скопје, кои животот го загубија на 2 март годинава по пад од балкон, а за кои институциите посочија дека биле жртви на долготрајно семејно насилство, предизвика бран пријави во Министерството за внатрешни работи (МВР). По апелите на надлежните институции да не се молчи за насилството и случаите да се пријавуваат навреме, сè поголем број жртви се охрабруваат да се обратат во полиција. Податоци од билтените на МВР ...

Што се случи? Во петокот (3.04) американски авион од типот Ф-15 со двочлен екипаж беше соборен над Иран. Двајцата војници се катапултирале од авионот. Пилотот беше спасен кратко потоа, додека потрагата по вториот војник продолжи. Како беше спасен вториот војник? Спасувањето уследило по „трка на време за живот или смрт“ меѓу американските и иранските сили, наведува весникот „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на американски функционери. ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
2.26
21%
1017
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
3.37
43%
1019
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.66
33%
1019
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.26
44%
1020
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
3.85
35%
1019
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
41%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.81
29%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.51
29%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.57
27%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
4.47
38%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
2.24
25%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 28ᴼ
7.41
65%
1018
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.17

Сребро

1907.42

Платина

52341.42

Калај

50.34

Рутениум

49029.89

Бакар

12.34

Паладиум

38420.14

Кобалт

56.29

Злато

131629.35

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Цинк

0.00