Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Иако Македонија е географски далеку од конфликтната зона на Блискиот Исток, домашната економија е исклучително чувствителна на глобални енергетски и трговски шокови. Кризата може да предизвика поскапена нафта, зголемени трошоци за енергенси, нарушувања во снабдувањето и нови пазарни притисоци. Енергетски шокови и поскапувања Професорот Ванчо Узунов за ДВ вели дека во динамичниот, глобализиран свет ниту една држава не може да се смета за ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет најави дека минималната плата ќе се зголеми и ќе почне да се исплаќа со мартовската плата, односно во април. Тој истакна дека Владата не презема обврски за периоди надвор од тековниот мандат, кој завршува во 2028 година, туку се фокусира на реализација на политики во рамките на актуелниот мандат. „Откако сме избрани како Влада, до сега ги имаме регулирано ...
Иако Иран има само три до четири проценти удел во глобалното производство на нафта, неговата близина до Ормускиот теснец, кој се смета за најкритична точка за транспорт на нафта во светот, ги поттикнува аналитичарите да прогнозираат скок на цената. Долготрајно затворање или прекин на сообраќајот низ теснецот, преку кој се транспортира една петтина од светските потреби за нафта, би можело да доведе до тоа цената на овој енергенс да го надмине ...
Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Според најновите информации, се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. План за евакуација од Иран и состојбата во ОАЕ и Катар Министерството за надворешни ...
Атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хаменеи, ја турна Исламската Република во најопасната криза од Исламската револуција во 1979 година — соочена со војна на сопствена територија, нерешено прашање на наследник и растечки внатрешни тензии. И покрај шокот од убиството на Хаменеи, пет регионални официјални лица и аналитичари предупредуваат дека не треба да се очекува брз колапс. Според нив, политичкиот систем на Иран е намерно ...
Често во македонскиот печат, но, и во коментарите и прилозите на различните социјални мрежи, Македонците се дополнително гневни на ЕУ што се обидувала „на брза лента“ за прием во ЕУ да ја стави токму Украина. Независно од геостратешките фактори, кои секогаш се дел и од политиката на ЕУ, имам чувство дека во македонската јавност, која како пак да пропадна во ставот на „жртва на историјата“, лесно се забораваат некои значајни факти. Во Украина ...
Со оглед на воената ескалација на Блискиот и Средниот Исток, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупредува на ризик од нуклеарен инцидент. „Не можеме да исклучиме можно испуштање на зрачење со сериозни последици - вклучително и евакуација на области од големи размери, големи како или поголеми од големите градови“, предупреди тој на вонредна седница на организацијата во Виена. По последните напади ...
Смртта на Али Хаменеи означува историска пресвртница - не само за Иран, туку за целиот регион. 86-годишниот духовен и политички водач беше убиен во израелско-американски воздушен напад. Според Уставот, совет од 88 шиитски верски лица треба да одлучува кој ќе го наследи. Можни кандидати се поранешниот претседател Хасан Рохани, синот на Хаменеи, Моџтаба, кој важи за близок до Револуционерната гарда, како и Хасан Хомеини, внук на основачот на ...
Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да се шири по атентатот врз шефот на иранската држава, ајатолахот Али Хамeнеи. Либанската милиција Хезболах испука неколку ракети кон Израел во текот на ноќта и со тоа, на страната на Техеран, се приклучи во борбата против заколнатиот непријател. Израел одговори со бомбардирање на јужните предградија на Бејрут и други делови на северната соседна земја. Истовремено, израелските воздухопловни сили, според ...
Состојбата во моментов е стабилна и безбедна - тоа е генералната оценка од синоќешната седница на Советот за безбедност, кој расправаше за безбедносната состојба во Македонија по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските напади кон земјите во Персискиот залив, во кои има американски бази. „Состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни работи и ...
Висок функционер од Белата куќа изјави во неделата дека „новото потенцијално раководство“ на Иран наводно покажало подготвеност за разговори со Соединетите Американски Држави, откако американските и израелските сили спроведоа масовен напад врз Техеран, во кој беа убиени врховниот лидер на земјата и други високи функционери. Функционерот наведе дека претседателот Доналд Трамп е „на крај“ подготвен да разговара, но засега воената операција ...
Тројца припадници на американските вооружени сили се убиени, а петмина сериозно повредени за време на нападите на САД врз Иран, соопшти американската армија во неделата. Тоа се првите американски жртви во големата офанзива која предизвика ирански ракетни одмазднички напади. Централната команда на САД (CENTCOM), која го надгледува Блискиот Исток, ја објави веста на платформата X, но не прецизираше кога и каде се случиле нападите. Во ...
Ајатолахот Али Хаменеи, врховен лидер на Иран од 1989 година и заколнат непријател на Западот, беше убиен во почетната фаза од масовниот напад на САД и Израел, што во неделата предизвика нов бран ракетни одмазднички удари од Техеран. Иранската државна телевизија ја потврди смртта на Хаменеи рано во неделата, неколку часа откако претседателот Доналд Трамп соопшти дека 86-годишниот ајатолах бил убиен. Трамп го опиша како „еден од најзлите луѓе ...
Ајатолахот Али Хаменеи повеќе од три децении ја обликуваше современата политичка реалност на Иран. Израел и САД беа негови главни противници. Со неговата смрт, земјата влегува во период на длабока неизвесност и потенцијални промени. Неговата препознатлива појава — црн турбан како симбол на потекло од Пророкот Мухамед, бела брада и тенки очила — беше присутна во сите државни институции. Неговата фотографија стоеше рамо до рамо со ликот на ...
Кога започна нападот? Првата вест за нападот врз Иран пристигна утрово во 7:15 часот (средноевропско време). Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека армијата извршила „превентивен удар“ врз Иран за да „елиминира закани“. Истовремено, израелската армија даде тревога за сите граѓани, а апликациите за предупредување ги алармираа корисниците. Набргу потоа се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп и соопшти дека ...
Од почетокот на годинава, Словаците повторно гледаат повисоки цени на храната. Веќе втора година по ред државата го зголемува даночниот товар на „нездрави“ производи со висок процент шеќер, а од оваа година и на оние со многу сол, како чипсот. Ова го чувствува и 40-годишната Луција од Братислава. „Мојот сопруг и двете ќерки не можат да замислат ден без слатки. Сега купуваме помалку и бараме попусти“, вели таа за ДВ. Новиот „данок на шеќер“ ...
Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците од петто одделение. „Децата повторно разговараат меѓу себе и си играат“, вели Андреас Темпел, директор на училиштето „Александер Копел“. Ова и уште единаесет други средни училишта во градот учествуваат во проект што предвидува целосно откажување од социјалните мрежи — ...
Инспектори во училиште во провинцијата Измир, наводно, им поставувале необични прашања на ученици — од четврто одделение до крајот на средното образование: „Дали навистина се предава веронаука?“; „Дали се предава друг предмет наместо веронаука?“; „Дали има навреди кон претседателот на часови?“ Овие наводи, изнесени во турскиот парламент и официјално недемантирани, повторно го актуелизираа прашањето за секуларизмот и улогата на религијата во ...
Иранската Револуционерна гарда, според информации на иранската државна новинска агенција Фарс, нападнала неколку американски воени бази во Перскиот Залив. Според Фарс, целите се наоѓаат во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар и Бахреин. Иран потгврди и контраудар врз Израел. Прв бран ракети и дронови се насочени кон Израел, јави иранската агенција Тасним, повикувајќи се на информации од Револуционерната гарда. Иран ги напаѓа ...
Додека Европа, а и Македонија, го чекаат резултатот од исклучително неизвесните избори во Унгарија на 12 април, се знае речиси сѐ за Виктор Орбан, кој го бара петтиот последователен мандат како премиер. Се знае и за неговата сегашна битка да ја претстави Украина како најголем „непријател“ на Унгарија, која ќе ја уништи нејзината енергетска иднина, па дури и да ја вовлече во војна, па ја блокираше помошта на ЕУ од 90 милијарди евра за Киев. ...
Израел, според сопствени наводи, започнал превентивен напад врз Иран. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека целта е да се отстранат заканите за државата Израел. Како што јавува израелскиот радиодифузен сервис, воените сили таргетираат објекти на исламското раководство и на армијата. Според иранските државни медиуми, во центарот на Техеран биле слушнати неколку експлозии и се гледале два столба густ чад. Иранската новинска ...
Израел, според сопствени наводи, започна превентивен напад врз Иран. „Државата Израел започна превентивен напад за да ги отстрани заканите за државата Израел“, соопшти изутринава (28.02) израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Според „Њујорк тајмс“ во нападот учествуваат и САД. Весникот се повикува на неименуван претставник на американската влада. Според израелски одбранбени извори, акцијата била координирана со сојузникот и се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави започнале „големи борбени операции“ во Иран. „Нашата цел е да го одбраниме американскиот народ со елиминирање на непосредните закани од иранскиот режим“, рече Трамп во видео споделено на неговата платформа Truth Social. Претседателот на САД вели дека до земја ќе бидат уништени „нивните ракети“ и „нивната ракетна индустрија“. Освен тоа, САД ќе осигураат „Иран да ...
Дури да произведеме најквалитетен образован кадар, клучно прашање е дали и како ќе успееме да го задржиме во земјата. Во екот на јавната дебата за нацрт-законот за високо образование овој аспект останува најголемиот предизвик за сегашноста. Проблемот е повеќедецениски. Од земјата не заминуваат само високообразовани кадри. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година од Македонија се иселиле 12 доктори на науки, 31 ...
Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата - Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, веќе три месеци не работи. Причина за тоа е што по завршувањето на мандатот на директорката во декември 2025 година, не е избран нов директор. Иако претходната директорка Пламенка Бојчева пред заминувањето на 25 декември дала овластувања на службите во Агенцијата таа непречено ...
Иницијативата „Стоп за Усје“ започна осумчасовна блокада пред цементарницата „Усје“ во Скопје. Под името „Блокадафест“, активистите го блокираат главниот влез на фабриката до 23 часот, испраќајќи порака против аерозагадувањето и, како што велат, долгогодишната негрижа на институциите. „Ова не е само блокада. Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова,на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој е во посета на земјата, изјави дека билатерализацијата на евроинтеграцијата не смее да стане правило и дека земјите членки на ЕУ треба навремено да ја превенираат. Нема поголема инвестиција во стабилноста од членството во ЕУ Сиљановска-Давкова повтори дека земјата останува цврсто определена за членство во ЕУ, ...
Затвореник тепан од затворски полицаец во Идризово ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ова претставува прва одлука за повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во затворски предмет од Македонија. Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет информираа дека Судот на 26 февруари донел одлука по пат на унилатерална декларација во предметот „Фитим Муслиу против ...
Кравите кои со години лутаат низ Крива Паланка и предизвикуваат штети на земјоделските поседи и во околните села, станаа ударна тема во Македонија. Проблемот, за кој со децении не се наоѓа решение, предизвика протести на локалното население и отвори жестока расправа меѓу Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои си ја префрлаат одговорноста. Протести и реакции од жителите Во четвртокот (26.02), жителите на селата Трново, ...
Уставните измени остануваат клучен услов за продолжување на преговорите на Македонија со Европската Унија, но одговорноста за застојот не е само во Скопје, туку и во Брисел. Ова беше истакнато на расправата пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), каде европратеникот Томас Вајц го презентираше годишниот нацрт-извештајза напредокот на земјата. Во документот тој нотира дека евроинтегративниот процес е во застој и повикува на забрзани ...