Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Дали наскоро ќе има средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп? И ако двајцата навистина може да се договорат како прво да се дојде до прекин на огнот, а потоа и до мир во Украина, каква ќе биде улогата на Германија во тоа? Во моментов нема одговори на овие прашања, а тие сепак веќе предизвикаа дебата во политичките кругови во Берлин. Уште ...
Во Европа билансот на европските шефови на држави и влади за состанокот во Вашингтон е прилично избалансиран. Од една страна на стариот континент има олеснување – Не се случи конфронтација меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп, како минатиот февруари - или дури и прекин на трансатлантските релации. Од друга страна, Доналд Трамп не ги исполни клучните барања на Европа - особено тоа да побара прекин на огнот во пресрет на мировните преговори за ...
За цврстите противници на комунизмот во Чешка, ова го означува крајот на еден многу долг пат: Повеќе од триесет години по демократската „Кадифена револуција“ во ноември 1989 година, тие побараа комунистите да бидат третирани еднакво со националсоцијалистите и сличните авторитарни идеологии, соодветно на тоа, да бидат забранети. Тоа сега и се случи: Во втората половина на јули, претседателот Петр Павел потпиша амандман на Кривичниот законик со ...
„Тешко ми е да го објаснам чувството на некој што не поминал низ тоа – срам, страв, бес. Сакав само да исчезнам, да не постојам, да ме нема повеќе…“ Така своите чувства за ДВ ги опишува една девојка од Србија која била жртва на т.н. одмаздничка порнографија и која сакаше да остане анонимна. Проблемот со одмаздничката порнографија, односно неовластеното споделување експлицитни фотографии без согласност, во Србија повторно се најде во фокусот на ...
Најавите за можно поставување на владини повереници место градоначалници во општините, доколку не успеат локалните избори во Македонија, предизвика низа реакции во јавноста. Според опозициската СДСМ, изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја. СДСМ: „Напад врз уставниот поредок“ „Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува ...
Што е следно за Хезболах? Барањето за разоружување на паравојската во Либан постои со децении, дури и во резолуции на ОН. Разоружувањето е конкретно договорено со посредство на САД и Франција меѓу Израел и либанската влада минатиот ноември, за да се стави крај на воениот конфликт меѓу Хезболах и Израел. Кон почетокот на месецов, либанската влада всушност усвои план за спроведување на државен монопол врз оружје до крајот на годината. Но, ...
На посебна седница на Народното собрание на Република Српска (НСРС) ќе се дискутира за распишување референдум за пресудата на Милорад Додик (СНСД), чиј мандат беше одземен од Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина. Со оглед на тоа што мандатот на членовите на Републичката изборна комисија е истечен, денеска (22 август) пратениците прво ќе разговараат за измените на законот за референдумот, што би овозможило формирање на ад хок ...
ДВ: Додека Западот бара мирно решение за Украина, германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул е на прва официјална турнеја во Азија. По Јапонија, сега е во Џакарта, во Индонезија, каде што разговараме со него. Господине министре, дали Украина, дали Европа, стана побезбедно место во последните неколку дена? Јохан Вадефул: Постои голема шанса ова да биде чекор кон безбедноста и мирот. На крајот на краиштата, американскиот претседател ...
Набавка на 100 нови, модерно опремени амбулантни возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата, најави вчера премиерот Христијан Мицкоски. Одлуката била донесена на последната владина седница. „Наш главен приоритет е токму обновата на овој тип возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата. Луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како ...
Сè уште станува збор само за непотврдени наводи во медиумите, но тие веќе предизвикуваат жестоки дебати воСАДи Европа. Рускиот претседателВладимир Путини американскиот претседателДоналд ТрампнасамитотвоАлјасканаводно се договориле декаУкраинаќе ги предадеДоњецкИЛуганскнаРусија.Но, дали воопшто може да ѝ се наметне на Украина таков чекор? Барањето на Путин е украинските вооружени сили целосно да се повлечат од подрачјето Донбас. За возврат, ...
Според сопствените тврдења, Гејмском е најголемиот саем за компјутерски и видео-игри во светот. Оваа година се пријавиле повеќе од 1.500 изложувачи, повеќе од кога било досега. Минатата година биле забележани 335.000 посетители, па се очекува дека оваа година ќе има уште повеќе. Саемот во Келн беше отворен во вторникот (19.8.), најпрво само за стручната публика, а од четврток до недела е отворен за сите посетители. Но, првиот ден на Гејмском ...
Во писмена изјава, ЕУ и САД се согласија за деталите во решавање на нивниот трговски спор. Во изјавата се наведува дека САД ќе ги намалат своите царини за автомобили ретроактивно до почетокот на овој месец, штом ЕУ, од своја страна, ќе го започне законодавниот процес за увозни концесии за одредени американски производи. На пример, царините за американски индустриски стоки треба целосно да се укинат, а бариерите за увоз на одредени прехранбени ...
Во писмена изјава, ЕУ и САД се согласија за деталите во решавање на нивниот трговски спор. Во изјавата се наведува дека САД ќе ги намалат своите царини за автомобили ретроактивно до почетокот на овој месец, штом ЕУ, од своја страна, ќе го започне законодавниот процес за увозни концесии за одредени американски производи. На пример, царините за американски индустриски стоки треба целосно да се укинат, а бариерите за увоз на одредени прехранбени ...
Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создадат проблем во изборниот процес, по одлуката да им се дозволи на независните кандидати за советници и градоначалници со само два граѓански потписи да можат да учествуваат на локалните избори во октомври. Тоа ги наметна стравувањата дека може да се зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко. Но, според премиерот, ако тоа се случи и изборите ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во изминатите четири години нема добиено претставки од пациенти за непотребни медицински интервенции. Ова го покажале контролите кои редовно се вршат за проверка на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи. Ваквата информација следи откако Министерството за здравство најави дека ќе се прават проверки, како и итни и вонредни надзори. Проверките следат откако ...
Среде новите посреднички напори за постигнување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, Израел ја спроведува најавената офанзива врз градот Газа. Министерот за одбрана Израел Кац даде светло зелена за мобилизација на 60.000 резервисти и го одобри планот на израелската армија за освојување на градот Газа, објави портпаролот на Министерството за одбрана. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, побара итен ...
Расте бројот на жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство, но системот за заштита во Македонија е недоволно развиен. Недостигаат центри, стручен кадар и пари за згрижување и ефективна заштита на жртвите, се наведува во ревизорскиот извештај за имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција). Ревизијата ...
Европските лидери делуваат задоволни бидејќи им успеа да му обезбедат на украинскиот претседател Володимир Зеленски место на преговарачката маса, на која што се одлучува за иднината на неговата земја. Но, најтешкиот дел од дипломатијата допрва претстои. Едно од практичните прашања од следната фаза гласи каде всушност би можеле да се одржат разговорите меѓу Зеленски и неговиот руски колега Путин? Берлин: „Добри места во Европа“ Германскиот ...
По самитот во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп разговарал телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан за напорите за завршување на војната за Украина. Според информациите од Белата куќа, разговорот се фокусирал на две централни точки. Прва точка: можното приклучување на Украина кон ЕУ. На крајот на јуни минатата година, ЕУ започна преговори за пристапување со Украина. Речиси сите членки на ЕУ претходно едногласно се ...
Германските Зелени се сеќаваат и на подобри времиња од овие денешни. До 6 мај тие беа дел од владејачката коалиција заедно со социјалдемократите и либералите, а сега се во опозиција – и тоа сè уште ја нагризува нивната самодоверба. Една од причините што предизвикува немир кај Зелените е тоа што партијата на истокот на Германија е мета на бројни напади. Тоа го потврдува и неодамнешниот повик за помош, кој дојде од покраината Тирингија. Кон крајот ...
Србија влезе во исклучително неизвесна и нестабилна фаза од почетокот на протестите. Често повторуваниот манир на Александар Вучиќ, каде со драмска пауза и траорен глас на прес конференција ги поместува наочарите, и изговара „со ноќи немам спиено, а ќе биде уште потешко“, сега навистина му се случува: Србија со ноќи не спие, а ситуацијата најверојатно за него навистина ќе биде уште потешка. Се поставува прашањето, кои се веројатните сценарија за ...
Весникот Рајнише пост објави текст на новинарот Томас Розер со наслов „Еден претседател го покажува своето вистинско лице“: „Сликите и вестите од Србија се вознемирувачки. Во канцелариите на владејачката партија беснеат пламени, полицијата тепа граѓани кои мирно протестираат против корупцијата, а кои власта ги прогласува за насилници. Во меѓувреме, шефот на државата Александар Вучиќ, кој секогаш делува нервозно, очигледно најмените силеџии од ...
Рудникот Казандол нема да се отвори, порача премиерот Христијан Мицкоски, по обелоденувањето на веста дека Македонија во арбитражна постапка го доби случајот каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени, со што се заштедени 115 милиони евра. „Ова е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој што ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го одобри планот на армијата за освојување на градот Газа, јавуваат медиумите. Тајмс оф Израел објави дека за ова треба да бидат повикани околу 60.000 резервисти. Одобрувањето следеше иако исламистичкиот Хамас претходниот ден предаде, како што рече, „позитивен одговор“ до меѓународните посредници за нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа. Официјалната реакција на Израел се очекува до крајот на ...
Неколку претходни препораки на ОДИХР остануваат нерешени, вклучително и оние поврзани со ефикасните заштитни мерки против злоупотреба на државни ресурси, транспарентност на финансирањето на кампањата, подобрена регулатива и надзор врз медиумското однесување, е наведено во извештајот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права - ОДИХР, во пресрет на локалните избори на 19-ти октомври. Со цел да се процени предизборната ...
Расположението во Вашингтон беше непрепознатливо различно од дебаклот претходно оваа година, кога Володимир Зеленски беше укорен од потпретседателот Џеј Ди Венс пред камерите, а американскиот претседател Доналд Трамп го обвини дека „си игра со Трета светска војна“. Во понеделникот, украинскиот претседател влезе во Овалната канцеларија облечен во елегантен темносин костум, наместо неговата препознатлива маслинеста униформа, и му предаде на Трамп ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) не успеа да понуди ново лидерство додека седи во опозиција и на своите избирачи пред есенските локални избори им нуди ново лого и ново име на Европскиот фронт што го предводи. Освежувањето, особено пред избори, е секогаш позитивен чекор, но ако тоа е само козметичко, граѓаните го сфаќаат трикот и го игнорираат. Така отприлика помина и веста за ребрендирањето, без посериозно внимание во јавноста. ...
Норвешкиот фонд за богатство - најголемиот во светот - се повлекува од израелските фирми, приклучувајќи се на бранот земји што вршат притисок врз Бенјамин Нетанјаху поради Газа. Израелската влада остана забележително тивка по одлуката на Норвешка од 11 август делумно да ги повлече инвестициите во неколку израелски компании, наведувајќи ги етичките дилеми поврзани со војната во Газа. Норвешкиот државен фонд вреден 2 билиони долари (1,71 билиони ...
По девет месеци релативно мирни протести, улиците на Србија повеќе не се полни со поворки од демонстранти, туку со сцени што личат на воена состојба. Судири меѓу демонстрантите и полицијата, палки, солзавец, димни бомби, факели и оштетени канцеларии на владејачката Српска напредна партија (СНС) се повторуваат ноќ по ноќ низ целата земја. Неда Вребац од собирите на граѓаните на Нови Сад е на улиците со месеци. Вели дека луѓето се гневни и дека ...
Кандидатите за градоначалници на Чаир, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, и неговиот ривал од ДУИ и кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи нудат модерни визии за оваа скопска општина. Во пресрет на локалните избориво Македонија во октомври тие на гласачите им нудат две различни опции - Мастер план за Чаир по теркот на Истанбул и Бурса, или урбана визија за општината видена низ призмата на светски познат архитект, Мишел Ројкинд кој ќе го ...