Една недела по почетокот на американско-израелските напади врз Иран и контранападите на иранската војска, двете страни покажуваат непопустливост. Израелската страна објави дека нападите влегуваат во следната фаза. „Во оваа фаза, ќе продолжиме да го разбиваме режимот и неговите воени капацитети“, рече началникот на Генералштабот Ејал Замир. Ракетните капацитети значително намалени Очигледно е дека постојаното бомбардирање на Израел и на САД ...

Прво, една епизода за тотемот на македонските власти и периметарот во кој ние, наводно, вршиме. Се работи за анкетите и дали еден политичар секогаш треба да се води од нив. Тотемот, се разбира е Доналд Трамп, и еманирањето на неговите политики, меѓу кои е и најновата, која е на устите на целиот свет – војната против Иран. Анкетата на Ројтерс/Ипсос од минатата недела покажа дека само еден од четворица Американци ги поддржува ракетните напади ...

„Блумберг“, „Атлантик“, „Вашингтон пост“ – во САД веќе неколку дена се шпекулира колку муниција всушност им останала на САД и колку долго можат да го продолжат војувањето против Иран. „Волстрит журнал“ објави наслов: „САД брзаат да ја исполнат мисијата во Иран пред да им снема муниција“. Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека првичните проценки за времетраењето на војната биле четири до пет недели, „но ние сме во состојба да се ...

„Ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“ – ова е само една од десетиците заканувачки пораки што 31-годишната Росица Коцева ги добила само неколку дена пред нејзиниот поранешен партнер, Илија Стефановски да ја убие заедно со нејзиниот татко во близина на нивниот дом во Велес. Ова е последниот случај на фемицид во Северна Македонија, документиран и од полицијата. Росица повеќепати ги пријавувала насилството и постојаните закани од нејзиниот ...

Состојбата со нафтата во земјата е стабилна и внимателно се следи, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска‑Кочоска по стравувањата за можен недостиг поради воените дејствија на Блискиот Исток.Таа апелира дека нема потреба од создавање паника кај граѓаните. „Апсолутно, состојбата е во ред и ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од паника дека ќе недостига нафта“, изјави министерката. Нафтените компании: Нема недостиг на ...

Обвинителството оформи предмет за проверка на постапувањето на социјалните работници во случајот во кој, по континуирано семејно насилство, Ивана Јовановска и нејзината ќерка трагично ги загубија животите по пад од шестиот кат во Карпош. Ќе се утврдува дали констатираните неправилности содржат елементи на кривично дело што се гони по службена должност. Јавното обвинителство соопшти дека се постапува врз основа на информациите објавени во ...

Турција отсекогаш сакала да се позиционира како посредник меѓу Истокот и Западот, негувајќи дипломатски односи и со ЕУ и со државите од Блискиот Исток. И во спорот меѓу САД и Иран, Анкара повеќепати се обиде да преземе посредничка улога – безуспешно. Вашингтон не можеше да се одврати од напад, а и Техеран не се откажа од својата позиција. Во најновите изјави на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, по дипломатските напори од ...

Македонија започна организирана евакуација на своите државјани од кризните подрачја на Блискиот Исток. Според најавите, до понеделник се очекува да бидат извлечени сите граѓани кои побарале да се вратат во земјата. Дел од нив ќе се транспортираат со владиниот авион, додека останатите чекаат комерцијални летови. Во земјите од Заливот моментално престојуваат околу 600 македонски државјани – најмногу во Абу Даби и Дубаи, околу 140 во Катар, а ...

Дваесет и три години трпев психолошко насилство и никогаш не собрав храброст да го пријавам или да заминам“, споделува за ДВ жртва на психолошко насилство. Темата се актуелизира по трагедијата во која Ивана и нејзината ќерка Катја ги изгубија животите по пад од балкон, и по живот поминат во семејно насилство, со пријави и повлекувања, што отвори нужност од вонреден надзор врз постапувањето на институциите за овој случај. Нашата соговорничка ...

„Да му заблагодариме на Бог за фантастичната победа над непријателите на Израел!" Со овие зборови пасторот Џон Хејги им се обрати на верниците во неговата мегацрква во Сан Антонио, Тексас, само 36 часа по почетокот на војната против Иран. Осумдесет и петгодишниот свештеник и неговата заедница веќе славеа: „Да му заблагодариме на нашиот претседател Доналд Трамп, чија мудра храброст ги скрши непријателите на Сион!" Трамп го нарече нападот врз ...

САД и привремената влада на Венецуела се договорија да ги обноват дипломатските односи. Овој потег ќе ги олесни заедничките напори за поддршка на економското закрепнување и промовирање на стабилноста во Венецуела, соопшти американскиот Стејт департмент. „Нашиот ангажман е насочен кон тоа да му помогнеме на венецуелскиот народ преку постепен процес што ќе создаде услови за мирен премин кон демократски избрана влада.“ Привремената влада во ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц не сакаше јавно да го критикува Доналд Трамп за прекршување на меѓународното право. И не го стори тоа, барем не во јавниот дел од посетата на Белата куќа. Иако повеќето експерти се согласни дека американско-израелските напади врз Иран беа спротивни на меѓународното право, при што не беше убиено само духовното старешинство предводено од ајатолахот Али Хаменеи, туку и бројни цивили. Мерц уште пред патувањето во ...

Само неколку часа откако израелски и американски бомби почнаа да детонираат во Техеран во саботата, Русија се огласи со јасен став преку постојаниот претставник на земјата при ООН, Василиј Небензија, кој зборуваше за „неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена и независна земја-членка на ОН“. Москва е еден од ретките, но најцврсти сојузници на Техеран, а евентуалниот колапс на иранскиот режим би можел да биде удар за ...

Иако иранските закани го доведоа поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец во голема мерка до прекин, експерти се сомневаат дека Иран ќе ризикува долгорочна блокада на рутата како одмазда за израелско-американските напади. „Околу 70 проценти од трговијата на Иран што не е поврзана со нафта, минува низ пристаништа кои зависат од проодноста на Ормускиот теснец“, вели аналитичарката за гас и економија, Далга Хатиноглу од „Иран Интернешнл“, ...

Грција во 1992 година му нудела на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров финансиска помош од 100 милиони долари за земјата во замена за промена на името на државата, но тој го одбил предлогот, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА. „(...) и покрај големата економска потреба на Македонија, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери од 100 милиони долари финансиска помош под услов ...

Станува збор за уште една тирада на Доналд Трамп, на која во вторникот вечерта во живо посведочија камерите во Белата куќа. Тој веќе не сака „да има никаква врска со Шпанија“, најави американскиот претседател. Тоа е „ужасна“ земја и од сега натаму тој ќе „ја сопре сета трговија со Шпанија“, рече Трамп. Шпанскиот премиер дециден Уште на самиот почеток на војната со Иран, Шпанците појасно од сите други европски држави се дистанцираа од САД. ...

Во конфликт околу тоа кој има право да одлучува како да се постапува во војната против Иран, Сенатот застана на страната на претседателот Доналд Трамп. Таканаречената Резолуција за воени овластувања беше отфрлена во овој дом на американскиот Конгрес со мнозинство гласови од републиканците. Против резолуцијата гласаа 53 сенатори, а 47 беа за. Едно „пребегнување“ од двете партии Со резолуцијата требаше да му се забрани на Трамп да ги продолжи ...

Дали нападот врз Иран беше дозволен според меѓународното право? Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди тековната офанзива против Иран започната од Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари. Тој се повика на забраната во Повелбата на ОН за употреба на сила против друга држава и изјави дека нападите претставуваат „сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“. „Мислам дека повеќето меѓународни правници би се ...

Со децении наназад, различни американски претседатели користеа воена сила или тајни операции за отстранување неподобни влади во странство. Резултатите на овие интервенции се мешани – и зависат од тоа што се смета за „успех“. Во актуелниот конфликт со Иран, САД и Израел од самиот почеток јасно наведоа дека нивната цел е елиминирање на секоја иднa нуклеарна или конвенционална закана од Техеран и соборување на ослабениот режим на мулите. ...

Емануел Макрон пристигна во тајната база на нуклеарни подморници каде што требаше да го одржи својот говор - со перфектна кореографија за тежината на пораките што ќе ги испорача: придружуван од ескадрила нуклеарно-способни авиони „Рафал“. „За да бидеш слободен, мора да ти се плашат“, рече Макрон, „а за да ти се плашат, мора да бидеш моќен.“ Претседателот на Франција процени дека неговата земја, една од двете нуклеарно способни за напад ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија синоќа соопшти дека македонската амбасада во Абу Даби во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани. Повикани се сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а кои досега не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на телефонскиот број +971 56 ...

Фридрих Мерц веќе трет пат беше гостин кај американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа – и уживал во заедничка работна вечера „во добра атмосфера“, рече канцеларот во интервју за информативната емисија „Тагестемен“ на првиот канал на германската телевизија. За нападот врз Иран тој изјави дека и американската влада и Израел имале добри причини за тоа: „Иран беше на чекор до поседување нуклеарно оружје. И носечките ракети и ...

Како и обично крикот поради згаснатите два животи во Скопје се излеа на социјалните мрежи при што гневот за трагедијата на младата мајка и нејзината малолетна ќерка се истури врз сопругот и таткото, и врз полицијата и социјалните служби. По барање или под влијание на полицијата, медиумите брзо по веста за трагичниот настан престанаа да го користат зборот самоубиство и го заменија со зборот „пад“. Што е сосема неточен збор за опис на настанот. ...

САД се во војна. Зошто – за тоа претседателот Доналд Трамп и членовите на неговата администрација во меѓувреме изнесоа повеќе причини. Се чини како на секои неколку часа да се појавуваат нови, додека други одеднаш паѓаат во заборав. „Прво, ги уништуваме способностите на Иран да користи и да произведува ракети“, изјави Трамп во понеделникот. „Второ, ја уништуваме нивната морнарица и веќе потопивме десет бродови. Трето, осигуруваме дека ...

Трагичниот настан во скопската населба Карпош, во кој живототго загубија мајка и шестгодишно дете по пад од балкон, бил претходен од низа случаи на семејно насилство, расправии и пријави од соседи. Полицијата повеќепати интервенирала, но и покрај тоа трагедијата не била спречена. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на вонредна прес-конференција соопшти дека полициските службеници интервенирале по пријава за расправија меѓу ...

НАТО нема да дозволи да се создаде безбедносен вакуум во регионот, особено во услови на ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и продолжувањето на војната во Украина. Алијансата останува посветена на заштитата на секоја своја членка, беше порачано на заедничката прес‑конференција на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте,кој престојува во официјална посета на земјава. Руте: Северна ...

Европските улици овој викенд беа исполнети со Иранци од дијаспората кои ликуваа по американско-израелските напади во кои беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. „Диктаторот е мртов. Ова е најдобриот ден во мојот живот“, изјави еден човек за ДВ додека танцуваше по улиците на Брисел. На другата страна на градот, претставниците на ЕУ не се ништо помалку критични кон иранскиот режим. Тие воведоа низа санкции против Техеран ...

Кина остро ги осуди нападите врз Иран и убиството на шефот на државата и верски водач Али Хаменеи, кое Пекинг го опиша како „еклатантно и сериозно кршење на суверенитетот на Иран“. Принципите од Повелбата на Обединетите нации се брутално погазени, соопштуваат од кинеското Министерство за надворешни работи. За Кина, Иран покрај Русија, е најважниот снабдувач со гас и нафта. Според проценките, 90 проценти од иранската нафта биле извезувани во ...

Трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка по пад од балкон, предизвика лавина реакции во јавноста. Се бара лоцирање на одговорноста и одговори од институциите - кој се има потфрлено и во овој трагичен настан. „Сите имаме потфрлено во овој случај. За три месеци има четири жртви во земјата. Ова мора итно да го вклучи алармот кај институциите. Со пропустите, неизрекувањето на адекватни мерки ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) последните недели вложуваше напор да го коригира впечатокот дека е пред сè „надворешнополитички канцелар“. Забележливо повеќе се фокусираше на внатрешната политика, што беше значајно и во контекст на неговиот реизбор како претседател на конзервативната партија – што успешно се случи минатиот викенд. Но веднаш потоа, Мерц повторно се врати во улогата на активен светски дипломат. Со посетата на Кина, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1006
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
88%
1012
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
11.38
86%
1006
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
96%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
56%
1007
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1009
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
82%
1008
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
82%
1001
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
8.23
57%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
89%
1004
Currency

61.645

Currency

52.3385

Currency

71.202

Currency

37.8865

Currency

38.2623

Currency

67.1996

Currency

7.71061

Currency

0.71184

Currency

0.33255

Currency

0.52519

Currency

1.15428

Currency

0.54881

Злато

150267.72

Паладиум

46843.64

Бакар

12.70

Рутениум

51376.89

Сребро

2585.69

Платина

65233.86

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.50

Калај

54.16

Цинк

0.00