Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ ...

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до четири степени, а максималната ќе достигне и до 20. Во Скопје претежно сончево и тивко. Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од ...

Повреден планинар во 15:00 часот се јавил во Регионалниот ЦУК Тетово да се заблагодари на сите што така брзо реагирале за да му помогнат и при тоа информирал дека тимот спасители го презел со „ратрак“,специјално големо возило со гасеници за движење по длабок снег по висок терен, на „Ескимо Фрирајд“ во 14:30 часот, триесеттина минути откако се повредил, и безбедно бил спуштен надолу по Шар Планина за да добие посоодветен медицински третман, по ...

„Секторот за внатрешни работи Велес ги известува жителите на oпштина Чашка и околните села дека поради најавен протест од група на граѓани, во понеделник, на 5 февруари 2024 година , во времето од 7:00 часот до 10:00 часот ќе бидат целосно затворени за сообраќај регионалните патните правци Р 1312 Велес – Извор – Прилеп, кај место викано „Витанска крстосница“ и Р 2344 Чашка – Лисиче – Дреново, кај место викано „Раковска крстосница“, соопшти ...

Во ОВР Кавадарци, вчера, во 14: 40 часот било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Кавадарци настанал пожар на плац при што била опожарена сува трева. Пожарот се проширил во соседниот плац за градежни материјали, сопственост на Б.П. од Кавадарци. Во пожарот изгореле делови од товарни возила – влекачи, работни машини и градежен материјал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Увид на местото ...

Пред многубројна публика во Медијатеката на велешката библиотека, денеска, се одбележаа 117 години од раѓањето на велешанецот Георги Шоптрајанов кој е еден од личности со кои Велес се гордее. Тој е пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина, иако школуван во Франција тој целиот свој живот го посветувал на унапредување на литературата, лингвистиката и јазикот во својата родна земја. Директорката на ...

Дваесет средношколци, денеска во велешкиот Младински центар, беа дел од првата едукативна работилница на теми за аерозагадување, кои се причинителите, кои се загадувачките супстанци но и кои се мерките за да се справиме со аерозагадувањето. За време на едукативната работлница младите велешани имаа прилика да се запознаат со правните механизми во државата коишто функционираат со цел да влијаат врз локалната самоуправа за што подобро спроведување ...

На најголемиот германски аеродром во Франкфурт и на 10 други аеродроми во четвртокот рано наутро започна предупредувачкиот штрајк што го свика синдикатот Верди. Работниците за безбедност на воздушниот сообраќај штрајкуваат, а во петок се очекува нормализирање на распоредот на летови. Според проценката на здружението на германските аеродроми АДВ, околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени низ целата земја. Ќе влијае на околу 200.000 ...

Во полициската станица на ОВР Неготино, вчера вечер, во 22.35 часот Е.Б.(44) од село Криволак, неготинско, пријавил дека во двор на негов пријател во селото, патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, во кое имало неколку лица, се обидело да го удри него и останатите присутни. -Пријавителот Е.Б исто така соопштил дека претходно едно лице му се јавило телефонски и му упатило закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, ...

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски со седум нови крлевизми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана! -Денес, виновниците најмалку молчат. Вината ја кријат со зборови. -Просечна брачна слога: Јас работам сѐ, а таа ништо. -Најлесно се даваат празни ветувања. Без пари се! -Јазикот на молчење е половично светски. Го знаат само мажите. -Секаде сум позитивен. Освен на тековната сметка. -Имам млада сопруга. Ако ја прашаш! ...

Полицијата вчера казни 244 возачи за брзо возење, на територија на цела држава. Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место – соопшти Министерството за внатрешни работи. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните ...

Пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација со ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, изгаснале пожар на депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми. -При интервенциите биле користени конбинирано против пожарни средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа ...

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 27,88%, а 72,12% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 50,99%, кон Итната медицинска помош 36,76%, а кон пожарникарите 6,72% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, ...

Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, во пустината меѓу Јерусалим и Јерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено попладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи . Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени. По денешното преодно наоблачување, следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ...

Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата се уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа во изјава за „Блумберг Адрија“ нагласува дека идната поставеност на монетарната политика ...

Две велешанки, вчера, во Полициска станица Велес пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Педесет и девет годишната Д.П, во 12:00 часот, пријавила дека на улица „Невена Ѓеорѓиева Дуња“ во Велес била касната од бездомно куче. Истиот ден, четири часа подоцна, во полициска станица Велес, четириесет и четири годишната А.П пријавила дека на улица „Андон Шурков“ исто така била касната од бездомно ...

Од денеска македонските компании кои увезуваат, извезуваат или транзитираат низ Србија, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, што за македонското стопанство ќе значи заштеда на време и пари, соопштија од Царинската управа. Директорот на Царинска управа на РС Македонија, Стефан Богоев и директорот на Царинска управа на Србија, Бранко Радујко, се вели во соопштението, минатиот месец потпишаа Меморандум за признавање на белешките од мерење на ...

Во изминатите години, големи групи на ученици од основните и средните училишта од Велес трационално го посетувале Народниот Музеј, Спомен Костурницата како и Спомен куќите во градот. Преку посетите, тие дополнително се запознавале со културната историја на градот, бидејќи во склоп на музејот делуваат и функционираат археолошко одделение, етнолошко одделение, историја на уметност и историско одделение со поставки распределени на три спрата. ...

„Ги овластуваме градоначалникот Марко Колев и општинската администрација да поведат постапка со превземање на сите правни дејствија против фирмата „Кепс моунт груп“ ДООЕЛ Скопје за непочитување на издадената Б – интегрирана еколошка дозвола издадена во 2019 година и не превземените обврски пропишани во дозволата за ископ, сеење, утовар и транспорт на троската од топилничарската депонија“, гласи предлогот на советничката група на СДСМ со ...

„Ги овластуваме градоначалникот Марко Колев и општинската администрација да поведат постапка со превземање на сите правни дејствија против фирмата „Кепс моунт груп“ ДООЕЛ Скопје за непочитување на издадената Б – интегрирана еколошка дозвола издадена во 2019 година и не превземените обврски пропишани во дозволата за ископ, сеење, утовар и транспорт на троската од топилничарската депонија“, гласи предлогот на советничката група на СДСМ со ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавено на „Дома.еду.мк“. Се работи за новинарски продукт составен од пет прилози во ...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 190 возачи. -Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 90 возила ја ...

Најстудено утрово е во Берово -11 Берово, во Демир Капија е -9, Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија – 8, во Штип и Кавадарци -7, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка -6, во Дебар Куманово, Охрид, Виница и Дојран се зимерени -4, во Крушево – 2 и на Попова Шапка -1 степен. УХМР информира дека снежната покривка во маврово е 11, а на Попова Шапка четири сантиметри. Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е ...

Турски државјанин вчера се заглавил во предел меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија. Откако се јавил на бројот за итни случаи – 112, Регионалниот центар за управување со кризи-Струмица веднаш контактирал со СВР Струмица, а граничната полиција излегла на терен и го пронашла лицето, коешто безбедно е извлечено од теренот. Центарот за управување со кризи информира дека сè уште има пожари на шуми и вегетација на отворено. Во ...

Утрото студено, а по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2 степени, а максималната ќе достигне и до 14 степени. Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време ...

Египќанец, еден од помладите современици на Антониј Велики. Татко му беше свештеник. Од послушност кон родителите се ожени, но жена му набрзо умре, а тој се оддалечи во пустина, каде што помина полни шеесет години во труд и борба, внатрешна и надворешна, за Царството Небесно. Кога го прашаа зошто е толку сув и кога јаде и кога не јаде, одговори: „Од страв Божји“. Толку успеа да си го очисти умот од злите помисли и срцето од зли желби, што Бог го ...

Во резервоарите на четирите основни и четирите средни училишта во Велес има нафта за моменталните потреби од греење. Според директорите на општинските основни училишта „Васил Главинов“, „Панко Брашнаров“ и „Кирил и Методиј“ како и на четирите средни училишта „Гимназија Кочо Рацин“, „Коле Неделковски“, „Јовче Тесличков“ и „Димитрија Чуповски“ јавните набавки се направени со финансиски средства коишто ги обезбедиле во 2023 година според доставени ...

Цените во блоковите се многу транспарентно објавени од РКЕ. Не верувам дека има зголемување на цените, повеќе од тоа што е утврдено од РКЕ, рече министерот за економија, Крешник Бектеши откако дел од граѓаните се пожалиле на повисоки сметки за струја, повеќе од предвиденото. Според него, граѓаните секогаш имаат право на жалба во РКЕ и ги повика доколку мислат дека има грешка и злоупотреба, тоа да го пријават и ќе се среди веднаш. -До 1 јули нема ...

Преку Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Александар Николовски, сите студенти кои приложат индекс со заверен семестар, добиваат 50 отсто намалување на влезниците во културните установи во државата. Овој Меморандум ги опфаќа сите културни установи во државата. Целта е ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
46%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
7.72
49%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.42
42%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
51%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
53%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1012
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
43%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.69
86%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52