Општина Лозово започна со реализација на значаен инфраструктурен проект кој ќе внесе нов лик и енергија во централниот дел на населеното место Лозово. Станува збор за изградба на мал плоштад во близина на кружниот тек над пругата, како и детско игралиште со вештачка трева и безбедносна ограда, наменето за најмладите жители на општината. Како што соопшти градоначалникот на Општина Лозово овој проект претходно три години по ред бил одбиван од ...

Територијалната Противпожарна Единица Велес вчера вечер, во 21:15 часот, добила дојава за пожар во гаража во село Бузалково. На местото на настанот итно се упатени две противпожарни возила и четворица пожарникари-спасители. По пристигнување, пожарот бил затекнат во развиена фаза, поради што било побарано дополнително засилување – дотур на вода и уште двајца пожарникари. Интервенцијата била брза и ефикасна, со што бил спречен поголем ризик и ...

Во тек е целосна реконструкција на подрачното основно училиште во Башино Село, кое функционира како дел од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес. Училиштето, каде настава посетуваат ученици од прво до петто одделение, ќе добивјат нов, современ изглед преку инвестиција вредна над 3,5 милиони денари. Оваа реконструкција доаѓа паралелно со уредувањето на влезот во Башино Село, на потегот од фирмата „ЕНМОН“ до чешмата во центарот на селото за што се ...

Вторник е пазарен ден во Велес што вообичаено е причина за зголемен број на граѓаните на улиците на градот. Но овој вторник, во периодот од 10:00 и 12:00 часот, не беше така. Додека во истиот период температурата изнесуваше помеѓу 36 до 38 степени намален беше бројот на граѓани на отворено. Најголемиот дел од нив се движеа под сенките на дрворедите, повозрасните граѓани имаа капи на главите а со дел од нив, со кои можевме да поразговараме од ...

Досега Општина Велес немала практика да ги објавува музичките ѕвезди, учесници на „Велешка Питијада“ пред 10 септември, рече градоначалникот Марко Колев пред советниците на вчерашната седница на Советот откако опозициските советници Игор Смилев и Пандорка Лазаровска Прличкова инсистираа да знаат зошто ќе се трошат дополнителни близу 35 илјади евра откако минатата година манифестацијата чинела 5 милиони денари. Додека Смилев ја нарече ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 29-годишниот кавадарчанец Р.С. откако вчера, околу 21:15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на улицата „7 Септември“ во градот. -Во незгодата учествувале две патнички возила – „фолксваген“, управуван од Р.С., и „пежо“ со кое управувал 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци. По интервенција на полицијата и извршени проверки, било утврдено дека Р.С. возел под дејство на алкохол, со ...

Главоболки, покачен крвен притисок, гадења, повраќања и колапси се најчестите причини за побарана лекарска помош од страна на граѓаните во изминатото деноноќие и денешниот ден до пладне. -Во овој период , вчера 21 и денеска 22 јули, до пладне, издадени се вкупно 94 амбулантски прегледи и 25 на терен, поточно во домашна посета. Поголем е бројот на пациенти кои побарале помош од прегледи и аплицирана терапија во текот на ноќта во споредба со ...

Современиот спортски простор кој го носи името на фудбалската гордост на Велешани, Панче Ќумбев, е донација на „Mozzart“ како дел од позната хуманитарна иницијатива на компанијата насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“. Спортот може да биде повеќе од само игра, тој спојува генерации, инспирира млади таленти и ја зајакнува локалната заедница смета и Ќумбев со кого Дума.мк денеска разговараше и го прашаше: Што лично претставува за една ...

Селото Мелница, во Општина Чашка, и оваа година ќе биде домаќин на културниот настан „Мелнички средби 2025“, кој ќе се одржи во петок, на 25 јули, со почеток во попладневните часови. Настанот ќе се реализира кај спортскиот терен на ООУ „Тодор Јанев“, и претставува уште една можност за поврзување на иселените Мелничани од родниот крај и прослава на заедништвото, традицијата и културата. Организатор на средбата е Здружението на граѓани за ...

Брзата интервенција на Територијалната Противпожарна Единица Велес вечерва спречи поголема штета од пожар кој избувна меѓу селата Оризари и Клуковец. Дојава за запалено стрниште била примена во 21:37 часот, по што на терен веднаш излегле четворица пожарникари спасители со едно противпожарно возило. Благодарение на нивната навремена интервенција, пожарот бил локализиран и изгаснат пред да се прошири. -Пожарот зафати површина од околу 2 декари ...

Во рамки на засилените сообраќајни контроли што се спроведуваат на територијата на целата држава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи за време на првите два работни дена од оваа недела регистрираа вкупно 1.293 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Најголем дел од прекршоците, 305, се однесуваат на возење со неприлагодена брзина, што останува една од водечките причини за ...

Најмладите кавадарчани вечерва со почеток во 20:00 часот ќе имаат можност да уживаат во волшебната театарска претстава за деца “Доживувањата на Пинокио”, која ќе се одигра под отворено небо, како дел од манифестацијата “Кавадаречко културно лето 2025”. Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе” Кавадарци ја носи оваа нова, преадаптирана верзија на безвременската приказна на Карло Колоди, во адаптација и режија на Микица Илова. ...

Територијата на Македонија во текот на оваа работна недела ќе биде под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец, гласи временската прогноза на метео прогнозерот Славчо Поповски. „И во Скопскиот регион во текот на оваа работна недела времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала ...

Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од денеска до сабота, 23 до 26 јули, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување на работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е тоа изводливо. Предходно Министерството за здравство препорача граѓаните да се заштитат од високите температури, по најавите од Управата за ...

Основното општинско училиште „Даме Груев“ во Градско наскоро ќе добие нов, проширен образовен објект. Согласно договорот потпишан во Владата на Република Македонија, предвидена е доградба и проширување на постојниот капацитет со цел да се создадат подобри услови за настава и воспитно-образовен процес. Проектот вклучува изградба на шест нови училници, просторија за наставници, санитарни јазли, како и дополнителен простор за техничкиот персонал. ...

Дејановски има 25 годишно работно искуство во одделот за безбедност по дипломирање на Универзитетот Св Климент Охридски во Битола за областа Кривично право и дооусовршување на Меѓународен Славјански Универзитет. Кариерата на сега веќе избраниот Командир на Полициска станица Велес започнува како подофицер во АРМ со двогодишна работа, од 2000 до 2002 година, во Гарнизонот во Велес. Дејановски учествувал во воените дејствија во 2001 како дел од ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули, годинава, изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). „Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за ...

Изградба на прва фаза од објектот Дом на култура во населба Чашка и комплетно детска градинка во село Мелница се двата капитални објекти за коишто Општина Чашка обезбеди финансиските средства преку Влада од Унгарски кредит. Тоа се два проекти кои општината ги имала целосно подготвени, со обезбедена техничка документација. Во вкупна финансиска поддршка што и е одобрена во висина од 66 милиони денари се наоѓаат уште реконструкции на дел од патот ...

Синдикалната кошница во јули изнесува 65.328 денари – пресмета Сојузот на синдикати. Во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. Делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари. -Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јули изнесува 80.703,00 денари, додаваат од ССМ. -Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека, откако завршија активните ...

Советот на Општина Велес денеска ја одржува 66 седница на чиј дневен ред се најдоа измените и дополнувањата на годишните програми за 2025 со цел да се вклопат и добиените поправки и реконструкции на улици во Велес со финансиската помош на Владата преку обезбедениот Унгарски кредит. Во расправата на 25 точка, измени и дополнувања на Програма за активности на општината во областа на градеѓно уредување на инсистирање на советникот Марјанчо Николов, ...

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возач на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес. -На пациентите им е укажана медицинска помош по прием на Хирушко одделение. Тие се снимени на Компјутерски томограф, направена е лабораторија. Поради сериозноста на здобиените повреди, брачниот пар веднаш е транспортиран во Клинички центар „Мајка ...

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата. За 0,50 денари се намалува цената на бензините, додека цената на дизелот останува иста. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75,00 (денари/литар), а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 77,00 (денари/литар). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 71,50 (денари/литар), а на ...

Во неготинското село Вешје синоќа се одржа настан посветен на истражување на можностите за трансформација на локалните ресурси во иновативни производи со додадена вредност. Настанот беше организиран од регионалното еколошко друштво „Ековита“, во нивната рурална канцеларија, а обедини рурални жени, млади иноватори и гости од Мировниот корпус на САД. Централниот дел на настанот го сочинуваше презентацијата на проектот INNOHUB и новиот модел за ...

За читателите на Дума.мк, Коки споделува седум нови афоризми – кратки, но прецизни мисли што ќе ве насмеат, ќе ве замислат, и можеби – ќе ве погодат директно во совеста. -Додека едни луѓе бараат МЕСТО ПОД СОНЦЕ, други се задоволуваат со ладовина. -На некои политички лидери им е мошне лесно, катадневно да држат предизборни, ветувачки говори, но ќе имаат сериозни потешкотии, кога по изборите ќе бидат присилени да го одржат зборот. -Кај нас ...

Територијата на Македонија од денес, понеделник, 21 jули се до петок, 25 јули ќе биде под влијание на екстремно топол воздушен бран од југ, односно од Африка и истиот ќе услови екстремно високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност, а повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец, гласи прогнозата на метео прогнозерот Славчо Поповски. „И во Скопскиот ...

Еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваа жителите од населените места во Општина Росоман беше немањето на редовен линиски превоз на патници од населените места од оваа општина до Кавадарци. Тоа беше сериозен проблем којшто им го отежнуваше секојдневното живеење бидејќи без редовен превоз неможеа да ги задоволат своите основни потреби. По година ипол откако Градоначалникот Стојан Николов и Советот на Општината пронајдоа решение, за околу ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот „Фокус“, за случајот од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија. Оваа судска пресуда, која следеше по одлуката на Уставниот суд од 2023 година, претставува значаен чекор напред во домашната судска пракса и потврда дека државата ...

Сообраќајната незгода се случила завчера вечер, околу 21:40 часот nа ул.„Раштански пат“ во правец од село Бузалково кон село Раштани, велешко. Тогаш патничкото возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Бузалково, излетало надвор од коловозот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од село Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен ...

Преполн со велешани, купувачи, беше денеска час пред пладне маркетот којшто го отвори тргоговскиот ланец „Рамстор“ во Велес. Тогаш се одржа симболично свеченото отворање од страна на сопствениците и менаџерите. Велешкиот е 29-ти маркет на овој трговски бренд во осмиот град во Македонија чие отворање се случува за време на одбележувањето на јубилејната 20-сетта година на “Рамстор“ . „Маркетот во Велес го отвораме со најголем асортиман на ...

Градоначалникот на Општина Велес распиша Втор Јавен Повик за ангажирање на невработени лица и корисници на гарантирана минимална помош за извршување јавни работи на територијата на општината. Повикот е резултат на зголемениот интерес на жителите и потребата од дополнителен број на ангажирани лица за активности од јавен интерес кои ќе се реализираат во текот на 2025 година. Сите заинтересирани лица кои се невработени и се евидентирани во ...

МВР Билтен

13 минути - МИА
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
63%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
0.0
83%
1009
weather icon

Софија

10ᴼ / 1ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.59
73%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
97%
1008
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
92%
1014
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1013
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
76%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
79%
1011
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1017
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3171

Currency

37.6529

Currency

66.6022

Currency

7.41233

Currency

0.64899

Currency

0.3504

Currency

0.52594

Currency

1.25912

Currency

0.60183