Министерството за внатрешни работи соопшти дека го лишило од слобода лицето коешто било дел од извршувањето на убиството во близина на Чашка и до Основното јавно обвинителство Велес поднело кривична пријава за кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за 43-годишниот Д.Ц., против кого е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека бил соизвршител во убиството на велешанецот Ѓ.Ѓ, извршено на 5 ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека започна е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат од 6 ноември да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, велат од ...

„Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па до вторник, 11 ноември, во Македонија ќе има нови повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец, до околу 60 км/час. И во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд наместа пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено ...

Работниот состанок се одржал на иницијатива на Основен суд Велес со цел да се разгледа сосотојбата со бројот на новопримени и на стари нерешени оставински предмети, коишто се доделени за работа на нотарите, како повереници на судот, особено по пензионирањето на нотар Елена Мартинова. „На состанокот се истакна потребата од продолжување на тенденцијата на решавање на предметите и совладување на приливот на оставинските предмети по кои ...

Во просториите ја Јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска, се одржа обука по прва помош наменета за педесетина вработени во секторот „Комунална хигиена“. Целта на обуката била учесниците да ги обноват и надградат своите знаења за основните постапки при укажување прва помош во различни секојдневни и работни ситуации. -Вработените од комуналната хигиена беа избрани како целна група поради природата на нивната работа, која често ...

Во Полициското одделение Чашка, вчера, во 13:55 часот било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, општина Чашка, било пронајдено тело на починато машко лице. -По преземени мерки било утврдено дека се работи за Ѓ.Ѓ.(58) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти ...

Првата конститутивна седница на новоизрабниот состав на Советот на Општина Велес, на која беа верификувани мандатите на советниците се одржа денеска во електронската сала на општината. Седницата ја отвори претседателот на претходниот состав на Советот, Даниел Јаневски, кој согласно Статут и Деловник за работа го покани највозрасниот член на новиот состав, Слободан Ников, да продолжи со претседавање. Советниците прво го усвоија ...

Првата конститутивна седница на новоизрабниот состав на Советот на Општина Велес, на која беа верификувани мандатите на советниците се одржа денеска во електронската сала на општината. Седницата ја отвори претседателот на претходниот состав на Советот, Даниел Јаневски, кој согласно Статут и Деловник за работа го покани највозрасниот член на новиот состав, Слободан Ников, да продолжи со претседавање. Во рамките на првата точка од дневниот ред, ...

Првата конститутивна седница на новоизрабниот состав на Советот на Општина Велес, на која беа верификувани мандатите на советниците и беше формирана Верификационата комисија, се одржа денеска во електронската сала на општината. Седницата, на која присуствуваа сите 23 нови советници, ја отвори претседателот на претходниот состав на Советот, Даниел Јаневски, кој согласно Статутот и Деловникот за работа го покани највозрасниот член на новиот ...

Претставата „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски и во продукција на Драмскиот театар од Скопје ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационален Фестивал на антички театар „Стоби“. Режисерот на оваа претстава, Филип Петковски ја доби наградата за најдобра режија додека актерката Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра е добитничка на наградата за најдобра женска улога. Наградата за најдобра машка улога му припадна на ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Свети Николе, вчера, во 12:05 часот ги лишиле од слобода Д.Т.(30) од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско. „При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја, “ соопшти МВР. Оттаму додаваат дека ...

„Денешното утро во Македонија донесе позначителна облачност и релативно ладно време. Дува и слаб до умерен ветер од северен правец. И покрај облачноста времето е претежно суво и без врнежи. На табелата можете да ги видите температурите измерени до 7 часот утринава по градови како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, на мерните станици на УХМР,“ соопшти метеопрогнозерот ...

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против четириесет и четири годишниот С.Н. од селото Црвени Брегови, општина Неготино, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите дневниот билтен на СВР Велес, инцидентот се случил на 17 септември, годинава, на место викано „Подвозник“ во Неготино. Во тој момент, пријавениот физички нападнал полициски службеник ...

Во склоп на велешката библиотека „Гоце Делчев“ се отвори ново катче насловено „Слободна библиотека“, каде што сите посетители можат слободно да позајмат книга, да ја прочитаат и да уживаат во магијата на пишаниот збор. Просторот е уреден со цел да поттикне љубов кон читањето и да им овозможи на граѓаните пријатно место за одмор, инспирација и дружење со книгите. Како што информираат од велешката библиотека, катчето е дел од активностите со ...

Две лица го загубија животот, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера вечер се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман. Според информации од Јавното обвинителство, несреќата се случила при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока. Од ударот, животот го загубиле две лица, меѓу кои и возачот на едното возило, додека пет патници се здобиле со повреди и се пренесени во ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

„Македонија е под преодно стабилизирање на времето. Од петок, 7 ноември до понеделник, 10 ноември, државата ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот со услови на нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни како и проследени со појава на грмежи со засилен јужен ветер. И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни ...

Во успешна крводарителска акција, денеска, во ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, беа дарувани вкупно 20 крвни единици. Од нив, 11 лица го направија својот прв хуман чекор и станаа дел од најхуманото семејство во државата. -Вчера имавме мотивациска работилница за крводарители во ова училиште, каде што учениците од завршните години имаа можност да се запознаат со процесот на дарување крв, критериумите што треба да се исполнат и придобивките од ...

Против 46 годишна Велешанка и 34 годишен затвореник од Струга, Сектор за внатрешни работи Штип, поднесе пријава за измама и злоупотреба на лични податоци, откако со лажни документи подигнале повеќе кредити и пари од банкомати на туѓо име. Осуденикот П.С. кој е на издржување казна во Затворот „Идризово“, заедно со Т.К. од Велес, во текот на април и мај, година, довеле во заблуда жена од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични ...

Тимот средношколци составен од Стефан Поповски, Ивана Милошева, Ангела Здравковска, Димитри Кочов, Лука Панов и Марија Михајлова преку проект развиваaт интерактивна мобилна апликација и веб-платформа која го трансформира учењето зa личните финансии во игра. Овие млади и талентирани ученици на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ изработуваат и веб-страна со квизови и предизвици, буџет-симулатори, рангирања и натпревари, форум и бесплатни онлајн ...

Народен Музеј Велес беше домаќин на претставници од Армијата на РСМ, кои во рамки на својата посета имаа можност да ги разгледаат Спомен-куќата на Кочо Рацин и Спомен-куќата на Васил Главинов. Како што споделија од музејот, посетата поминала во пријатна и едукативна атмосфера, а низ богатата историја и делото на овие две значајни личности од македонската култура и историја гостите ги водеше Лидија Ѓоргиевска од велешкиот Музеј. Присутните се ...

Српскиот афористичар и сатиричар Марко Пајич од Врњачка Бања беше еден од гостите на Вториот по ред меѓународен фестивал на сатира „Џинот“ што се одржа во Велес. Пајич, кој за првпат гостуваше не само во Велес, туку и во Македонија, вели дека од земјата носи најубави импресии и инспирација за нови творечки предизвици. -Првпат сум во Македонија и навистина сум воодушевен – и од луѓето, и од гостопримството, и од убавината на градовите. Велес е ...

Секојдневно на трпезата за семејството подготвувате традиционални специјалитети и Вие сте умешни во подготовката тогаш можете учествувате и да заработите во натпревар што го организира Википедија. Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД по трет пат го организираат фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“, повик за фотографирање традиционални јадења и специјалитети од Македонија, но и различни видови храна, ...

Со големо задоволство, стрип промотерот од Велес, Томе Трајков, ја најави објавата на ПДФ каталогот кој претставува завршна активност на неговиот индивидуален проект „Стрип креатива – стрипот може“, поддржан од Одделението за креативни индустрии. Проектот има за цел да ја афирмира домашната стрип-култура и да ја истакне улогата на македонските жени автори во неа. Во рамките на проектот беа објавени три стрипа од македонски жени автори во ...

„Утрово во најголем дел во Македонија имаме ладно и врнежливо време а повремено дува и засилен ветер од северен правец кој е најизразен во Повардарието. Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу дожд наврна во Крушево и тоа 24 литри на метар квадратен, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски. На табелата можете да ги видите минималните температури како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот утрово ...

Во рамките на кампањата „Розов октомври“, месец посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка, Организација на жени од Општина Велес реализираше два значајни настани насочени кон едукација и превенција. Едукацијата се одржа во просториите на Локална библиотека „Гоце Делчев“, каде присутните имаа можност да присуствуваат на предавање од проф. Тања Петровска и проф. Д-р Јасмина Чабуковска – Радуловска. -Темата на предавањето беше раното ...

Во акција за доброволно дарување на крв, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“, вчера во просториите на велешкиот театар беа собрани 200 крвни единици, што претставува нов рекорд за оваа традиционална хуманитарна иницијатива. Акцијата, реализирана по повод Денот на Општина Велес – 9-ти Ноември, годинава се одржува по осумнаесетти пат и уште еднаш ја потврдува солидарноста и хуманоста на велешките граѓани. -Голема благодарност до сите ...

Ансамбл „Керамичар“ и КУД „Коле Неделковски“ од Велес, викендов, беа дел од Регионалните смотри на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – Јужен регион коишто се одржаа во Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија“. Играорците на Ансамбл „Керамичар“ се претставија со кореографијата „Жетварки“ додека КУД „Коле Неделковски“ со женската кореографија „Тресеница“. Инаку, на манифестацијата настапија десет ансамбли од јужниот дел на ...

Кандидатот за градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, на Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, кој што е актуелен градоначалник, во вториот круг на „Локални избори 2025“ доби 735 гласови или 68 повеќе од кандидатот Ацо Велковски на Коалиција предводена од СДСМ за кого гласаа 667 избирачи. Според првичните резултати објавени на сајтот на Државна изборна комисија во Општина Росоман кандидатот на Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ Ѓорги ...

Поезијата и човечноста ќе се спојат во едно срце на 7 ноември, петок, во Велес, кога во медијатеката на велешката библиотеката „Гоце Делчев“ ќе се одржи хуманитарен поетски и музички настан „Стих по стих“, за поддршка на семејството Јовевски, кое во пожар ја изгуби својата куќа. Настанот има за цел преку зборот и уметноста да соберат средства за помош на ова семејство, а организаторите ги повикуваат сите поети, автори и пријатели на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
5.66
72%
1032
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
74%
1031
weather icon

Софија

-7ᴼ / -7ᴼ
0.0
93%
1034
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
4.7
83%
1037
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1030
weather icon

Атина

8ᴼ / 5ᴼ
6.26
73%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
81%
1024
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
93%
1026
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
4.63
75%
1037
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
1.54
93%
1034
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
100%
1029
Currency

61.55

Currency

53.0367

Currency

71.0288

Currency

35.4631

Currency

38.0908

Currency

66.089

Currency

7.61094

Currency

0.68229

Currency

0.33542

Currency

0.52456

Currency

1.22615

Currency

0.58472

Кобалт

62.83

Злато

147774.68

Алуминиум

3.13

Иридиум

198077.91

Паладиум

57453.38

Калај

49.66

Бакар

11.75

Платина

74080.83

Рутениум

45750.51

Цинк

3.20

Родиум

324722.54

Сребро

2897.61