Овој понеделник, велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки повторно удира со својот остар ум и препознатлив хумор. Со неколку нови афоризми, Коки ни покажува дека смеата понекогаш е најострото оружје против заблудите и слабостите на општеството. -На изборите народот избира, а потем се прашува: што всушност, избрал ? -Од секои нови локални и парламентарни избори, најмногу очекуваат да се офајдат многуте полтрони, голтари, лигуши и…мноштвото ...

Фестивалот, организиран втора година, од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во соработка со Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, заврши со доделување на наградите на распишан конкурс на афоризми на кои темата беше „Среќа“. Наградата за најдобар афоризам на фестивалот ја доби сатиричарот Екрем Мациќ од градот Коњиц, во Босна и Херцеговина. Добитничка на првата награда е сатиричарката Љупка Цветанова од Штип, на ...

„Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на Македонија доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој што од денеска, понеделник, 3 ноември, во попладневните часови до вторник, 4 ноември, ќе услови повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд. Особено утре, вторник ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Со овој бран на врнежи, ...

Во рамки на делегациска посета, составена од Управен одбор на Стопанската комора на регионот Фулда од Германија со македонски преставници од АХК, денеска, беа гости на државното средно стручно училиште „Коле Неделковски“ во Велес. Германските стопанственици допатуваа во Македонија со цел разгледување на земјата како потенцијална локација за бизнис и инвестирање. Во нивната Агенда посетата на велешкото државно стручно училиште е поради фактот ...

Единаесеттата книга со афоризми „На кркуш“ на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски е наменета за читатели кои барем еднаш во животот се запрашале дали секоја борба за вистината е залудна, ако општествената стварност се темели цврсто врз лагите, измамите, лицемерието, глупавоста? Оваа е всушност книга за бунтовниците, оние кои можат да видат, не само да гледаат, оние кои ја согледуваат и догледуваат вистината и свртуваат поглед од лагата. ...

Со врачување на Уверението за избор од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Велес, Пепи Димков на Градоначалникот Марко Колев официјално, потврден му е неговиот втор мандат. Исто така Уверенија за избор, согласно резултатите од Локалните избори, одржани на 19 октомври, годинава, добија и 23 членови на новиот состав на Совет на Општина Велес. Димков им упати честитки и посака успех во работата во наредниот четиригодишен ...

Во рамките на одбележувањето на „Розов октомври“ – месецот на борбата против ракот на дојка, во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на оваа болест. Настанот го организираше Општина Градско, со цел да ја зголеми свеста кај населението за важноста од редовни контроли и здрави животни навики. Едукатор на трибината беше Др. Родна Јорданова, волонтер со ...

Просторијата на Јуроп Хаус Велес се претвори во вистинска Halloween уметничка лабораторија. Просторот оживеа во духот на празникот – исполнет со насмевки, боички и безгранична имагинација. Ученици на возраст од 11 и 12 години беа дел од работилница каде создаваа свои „страшно убави“ маски. Со хартија, боја, ножички и многу смеа, тие успеаја да претворат обични материјали во уникатни дела кои зрачеа со оригиналност и креативен дух. Додека низ ...

Велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски одржа едукативно предавање на тема „Спорт и младите“ со посебен акцент на атлетиката во Јуроп Хаус Велес. Тој е член на Атлетскиот клуб „Велес“ и е многу успешен македонски атлетичар кој трча на многу домашни и меѓународни трки на 5 и 10, 15 километри како и на полумаратон на 21 километар. Како што истакна Димитриевски за Дума.мк, целта на настанот е да се поттикнат младите да се насочат кон спорт и ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. „Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, обвинетиот на 2 септември упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на оштетениот ...

Во само еден миг, оган ја уништи куќата на семејството Јовевски. Домот во кој се растени генерации, домот што носел топлина, љубов и спомени – повеќе речиси да не постои. Семејство со три малолетни деца остана без покрив над глава, без облека, без свој агол под небото. -Додека сите се подготвуваме за студените денови, тие ја започнуваат зимата без дом. Без сигурност, без мир, со надеж дека некој таму ќе им подаде рака. Сега е моментот кога ...

„Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла ...

Во велешкиот театарот „Ј.Х.К Џинот“ денес свечено беше отворен вториот фестивал на сатирата „Џинот“, во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, Градската библиотека „Гоце Делчев“ и со поддршка од Општина Велес. Фестивалот е посветен на големиот просветител, книжевник и сатиричар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, зачетник на македонското просветителство и духовен симбол на градот. Фестивалот го отвори претседателката на Клубот ...

Полициски службеници вчера, во 11:50 часот го лишија од слобода А.Р.(34) од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“. -Тој се сомничи дека од продажен објект во Велес, со употреба на сила и подесен алат, одзел производи. При преглед кај него биле пронајдени дел од производите и биле вратени на сопственикот. А.Р. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе ...

Во Медиотеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, во знакот на розовата боја, утре со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи едукативен настан посветен на подигнување на свеста за ракот на дојката кој доколку се дијагностицира навремено може успешно да се лекува. Настанот ќе обедини жени, здравствени работници и граѓани околу една заедничка порака и преку предавањата од Проф. д-р Тања Петровска и Проф. д-р Јасмина Чабуковска – ...

„Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) и на стабилна и сува воздушна маса до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Утрата и понатаму ќе бидат релативно ладни и со услови за појава на магла или на ниска облачност по котлините и по речните долини. Минималните утрински температури ќе се спуштаат во ...

Двете приведувања се случиле во вчерашниот ден, во попладневните часови. Првото, во 15:10 часот кога полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино го привеле Е.Ј.(18) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители. -При преземање мерки од страна на полициските службеници , кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во ...

Зголемен е интересот за вакцинација против сезонски грип во Велес. Од почетокот на имунизацијата, поточно од 16 октомври годинава, па сѐ до денес, 29 октомври, во Центарот за јавно здравје Велес се аплицирани вкупно 1.400 вакцини. Според податоците од Центарот, дневно се аплицираат околу 240 вакцини и термините за вакцинација се веќе пополнети до 6 ноември. Граѓаните се пријавуваат преку vakcinacija.mk, а потоа доаѓаат на закажаните термини ...

Во знак на сеќавање и почит кон велешанецот Зоран Љутков, основач и сопственик на семејната компанија „Пододекор“, денеска во Велес свечено беше отворено новото детско игралиште „Зоки Поки“. Игралиштето се наоѓа кај Железничката станица и претставува целосно уреден простор опремен со современи реквизити за најмладите. Целата донација е овозможена од компанијата „Пододекор“, како потсетник на човекот чија добрина и насмевка оставија длабока ...

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.З.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. -На 9 февруари годинава, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, ловечки карабин, два пиштола, 146 куршума, 21 ловечки ...

Со реализирани 27 крводарителски акции и остварени 3.839 крводарувања, во кои се внесени и самоиницијативните дарувања на крводарителите во Одделение за Трансфузиологија во Општа болница Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес добитник е на јубилејно Признание за исполнет план за крводарување за 2024 година. Како и во изминатите така и минатата година Годишниот план не само што е остварен туку е и двојно повеќе остварен или ...

Под влијание на Антициклон,поле со висок воздушен притисок, распространет над поголем дел од Европскиот Континент и над Македонија се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во државава времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за ...

Со пет театарски претстави кои ќе ја оживеат античката драма на сцената на Народниот театар „Јордан Х.К. Џинот“, оваа година ќе се одржи 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот, кој претставува една од најзначајните културни манифестации во Велес и пошироко, ќе трае од 29 октомври до 5 ноември. Од Велешкиот театар известуваат дека свеченото отворање ќе се одржи на 29 октомври, среда, со претставата ...

Настанот по кој што постапиле полициските службеници се случил вчера, во 15:30 часот, во здравствена установа во Велес. „Полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал ѝ се заканил со остар предмет како и дека со средство за чистење ...

Полициски службеници, вчера, доцна попладне, во Сектор за внатрешни работи Велес постапиле по пријава на Основен суд Велес и извршиле службен разговор со Д.О.(52) од Велес поради упатени закани кон судијка од претходно донесена пресуда, во нејзино отсуство. „Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, “ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес. Убавка Јаневска ...

Млади дипломирани архитекти, од кои една докторант и останатите магистри, преку 3Д модели, макети, фотографии, технички цртежи и податоци поврзани со 13 од вкупно 21 градежни објекти за домување или кули, десеттина стари велешки куќи и Градската саат кула ја претставија архитектонската приказна на градот Велес. Тимот на свеченото отворање на изложбата „Вертикални форми на населување“ во Ликовен салон, вчера вечер, презентира резултати на ...

„Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните и во раните попладневни часови во Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...

Донацијата во „Книги за непознато другарче“ од Клуб на писатели „Кочо Рацин“, Градска библиотека „Гоце Делчев“ во која учествуваа ученици и нивни родители од Велес стигна во Викториското училиште за јазици (VSL Keilor Downs) во Мелбурн, Австралија. Пред три дена пакетот тежок 10 килограми со книги од македонски автори, писатели и поети, разделен е на ученици од 1 во до 4 то одделение којшто се Македонци и го учат македонскиот јазик во ова ...

Со поделбата на големата пита на овогодинешната „Велешка питијада 2025“ биле собрани вкупно 12.053 денари. Од Велешкиот Црвен крст информираат дека со овие средства се набавиле 12 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи кои викендов биле поделени на семејства и лица кои живеат во социјален ризик. – Хуманитарната помош е „Од граѓаните за граѓаните“. Велешани донираа и повторно покажаа хуманост и солидарност, што ни овозможува да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

-2ᴼ / -4ᴼ
5.66
72%
1032
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
74%
1031
weather icon

Софија

0ᴼ / -8ᴼ
1.03
62%
1034
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
4.27
86%
1037
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1030
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
4.92
62%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Букурешт

-8ᴼ / -9ᴼ
5.14
75%
1037
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -6ᴼ
1.34
88%
1034
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1028
Currency

61.55

Currency

53.0367

Currency

71.0288

Currency

35.4631

Currency

38.0908

Currency

66.089

Currency

7.61094

Currency

0.68229

Currency

0.33498

Currency

0.52464

Currency

1.22615

Currency

0.58472

Калај

49.66

Бакар

11.75

Кобалт

62.83

Родиум

324722.54

Платина

74080.83

Паладиум

57453.38

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.13

Злато

147774.68

Сребро

2897.61

Цинк

3.20

Иридиум

198077.91