
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Ако се симнете во Младински парк од влезот, од страната на зградата на велешки Театар „Џинот“ и стигнете пред поставената бина таму ве пречекува прегратка од домаќинот на годинешната манифестација „Винтерфест“. Гушкањето и фотографирањето со Мечето Теди е бесплатно. А тоа попладнево во 16:30 часот ги изгушка првите најмлади велешани кои со своите родители всушност беа и први гости на манифестацијата. Се направија и првите фотографии. Во дрвените ...
Учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“ вчера а денеска деца од социјално ранливи семејства во Велес и од населените места во општината беа гости на предновогодишни дружења во ресторан „Сангриа“. Меѓу нив имаше и деца без родители. Сите добија покана да дојдат, да уживаат во тоа што тетка Јасмина ќе им подготви, да се дружат со Дедо Мраз и со Спајдермен. И пред заминување дома да добијат подароци. Предновогодишните средби се убави дружби полни со ...
„Благодарен сум што сум директор на училиште кое што е многу повеќе од воспитно образовна институција,“ рече Иле Попов директор на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ во Велес на почетокот на своето обраќање, вчера вечер, на големата сцена на Театар Џинот, по повод одбележувањето на патрониот празник. Помеѓу другото, Попов додаде дека велешката Гимназија е симбол на извонредност, истрајност и визија којашто повеќе од еден век инспирира безброј генерации ...
Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници. „Исплатата на стипендиите, отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати,“ соопштија од МОН. Од министерството ...
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера утро, во 09:00 часот по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на 23-годишната М.Н. од Неготино, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. – Со М.Н. бил извршен службен разговор и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Стефани Манева Сподели: ...
Дипломираниот правник Далибор Таневски именуван е за нов в.д. Директор на Специјалната болница „Јасеново“ во Општина Чашка. Таневски е дипломец на Правен факултет при Универзитет „Кирил и Методиј“ во генерација 2005/2006 година. Во портфолиото на новиот в.д директор на оваа Јавна здравствена установа пишува дека досега работел како правник во јавна администрација, поточно во Општина Чашка, откако бил дел на Нотарска канцеларија, за потоа 2,5 ...
Во Свети Николе на езерото Мавровица во организација на македонската риболовна федерација се одржа првото коло од државното првенство во крапски риболов. Учество земаа 15 екипи од државата. Како најдобра се покажа екипата (Дуо Јован Начаров и Борче Тодоровски) членови на здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес. Тие уловија 30 риби со вкупна тежина од 98 килограми 620 грама. Второ место освои ,,Фишинг индустри ” од Крива Паланка со ...
Заврши лигата во крапски риболов во организација на македонската риболовна федерација. Учествуваа 15 екипи а велешка „Бабуна“ постигна инзвиреден успех. Двојката Тодоровски-Начаров ја прегази конкуренцијата и со 55 бода станаа државни прваци. На второто место се пласираа преставниците на кумановски „Мак дам“ со 43 бода. Ист број на бодови освоија и членовите на „Бабуна 2“ кои се трети но со помал улов на риба. Небојша Илиќ и Ордан Петровски само ...
Заслужено, на крајот на минатата година,спортскиот ветеран Ангел Мицев Скакар го доби посебното Признание за „60 години учество во борење“. Овој велешанец, е роден и живее на „Којник“, еден од најпознатите делови на Велес. Таму, горе, на ридот во градот познат како „Којник“ ги мине младешките денови кога кај него започнува да тлее љубовта кон овој вид на спорт. Младото момче го покажа својот талент во Железничарскиот боречки клуб „Борец“ и ...
Небојша Илиќ, Марко Пислевски и Марјан Ѓеоргиевски е шампионскиот тим на велешките спортски риболовци на „Бабуна“ кој се пласираше за учество на најпрестижното првенство во светот. Овој велешки спортски тим го освои првото место на натпреварите во три кола на макекедонската Лига кои се одржа на езеро „Мавровица“ кај Свети Николе. Нивниот улов на риба како во килограми така и во големина на крапови беше најголем. Втората екипа на велешки ...
Четворица Велешани искачија два врва, во еден ден, на Италијански Алпи. На планинскиот масив „Monte Rosa“ на Италијанско-Швајцарската граница, во регионот „Аоста“, велешките планинари Зоран Јаневски, Марјан Малинов, Никола Ангелов и Никола Василев поминаа со автомобил вкупно преку 4000 км и ги искачија врвовите „Signalkuppe / Punta Gnifetti“ висок 4,554 метри и „Ludwigshöhe“ на надморска висина од 4,341 метри. Двата врва се меѓу највисоките ...
Највисокиот врв во Република Турција, Арарат, којшто се наоѓа на надморска висина од 5137 метри повторно освоен е од Планинарска експедиција од Македонија. Неа ја организираше Клубот за планинарски спортови „Азот“ од Велес. Покрај организаторот и водич Тодорче Ѓоргиев во планинарскиот подвиг учествуваа и велешаните Зоран Дуков како и тринаесет годишниот Матео Ѓоргиев заедно со Томислав Илиев од Струмица, Миодраг Микиќ и Тања Вељановска од ...
Поранешниот кајакар на KK „Бабуна“, сега судија во кајак на диви води, Бошко Нацев од 6 до 11 јули судеше на Светското првенство во кајак слалом на диви води во категориите у-18 и у-23. Првенството се одржа во Словенија на патеката Тацен на Сава. Добро сработеното и високиот квалитет кој го поседува Нацев беше препорака за нова покана со која тој ќе биде дел од судискиот тим на престојното Европско првенство коешто во месец август ке се одржи во ...
Во спортско рекреативниот центар „Матка“ на патеката на реката Треска во близина на Скопје заврши годинешниов Илинденски кајак слалом 2022. Во К-1 победник е натпреварувачот од КК „Приштина“ Лоранд Ѓоши, соседно Косово. На второ место е кајакарот Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ од Велес, додека на третото место се пласираше Милош Јефтиќ,член на Гусар од Ниш-Србија. Одличен пласман забележаа и Борче Мирчевски од КК „Бабуна“ Велес кој беше 4 – ти и ...
Девет први , две втори и две трети места освоија кајакарите на Кајак Кану Клуб “Гемиџии 903” од Велес на Меѓународен натпревар во дисциплина слалом во Горажде, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржа минатиот викенд додека кајакарите и кајакарките на велешкиот клуб со освоените медали доцна вчера вечер се вратија во Велес. Вкупно 13 освоени награди во Велес ги донесоа следниве кајакари: Во категорија К1 мажи – пионери прво место освои ...
Стојче Златаров, Ангел Јовановиќ, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров се четворицата велешани кои ја сочинуваат репрезентацијата на Македонија на Европско првенство во кајак рафтинг на дива вода за 2024 година. Овие млади момци кои се членови на Кајак Кану Клуб Арка – Борец Велес се наоѓаат во Конјиц, Босна и Херцеговина кадешто се натпреваруваат со учесници од 12 други држави. -Во Конјиц пристигнавме доцна во неделата а веќе од понеделникот, 10 ...
Шестмина кајакари на клубот „Paddle UK“ од Обединето Кралство ќе се натпреваруваат викендов на Светски куп во Кајак спуст на река Вардар на патеката во Велес. Нив ги предводи Џејми Кристи менаџер на клубот од градот Лестер во Обединето Кралство. Кристи е втор пат во Македонија. Веќе го предводел клубот на натпревар на Матка и неговите впечатоци како за нашата држава така и за спортските натпревари се позитивни. Кајакарот Хенри Ленгли е еден од ...
Светскиот Куп во Кајак спуст свечено беше отворен вчеравечер во Амфитеатарот на Младински парк во Велес. За време на настанот, младите велешани имаа можност да влезат во кајак или чамец додека нивните родители и повозрасните велешани уживаа во подготвената програма со музика и игра. Настанот започна околу 19:30 часот со концерт на девојките од групата „D Chicks“, потоа настапија играорките од Ансамбл Керамичар со две кореографии, додека ...
Повеќе од 300 велосипедисти, 100 планинари, двајца планински тркачи и уште 100-тина љубопитни посетители беа дел од десетиот јубилеен outdoor festival „АЗОТ мтб Предизвик 2024“ кој традиционално го организира „Велес Бајкинг“. Во прекрасен природен амбиент учесниците престојувале во кампот во доворот на училиштето „Петар Поп Арсов“ во село Богомила. Како што вели претседателот на здружението „Велес Бајкинг“, Зоран Јаневски, според реакциите на ...
Повеќе од 100 велешани беа дел од вчерашниот настан организиран од „Велес Бајкинг“ на полигонот за велосипеди во Градски парк Велес. Пола од посетителите биле млади велосипедисти но присутни биле и повозрасни граѓани кои имале потреба да го сервисираат својот велосипед и биле дирекни учесници на кратка едукација за менување и сервисирање на делови на велосипед од страна на челнови на здружението „Велес Бајкинг“. Но покрај обуката, во ...
Здружението на граѓани „Велес бајкинг“ под мотото 11 години рекреативен велосипедизам во Велес и исто толку години од првиот организиран велосипедски настан во градот, викендов, поточно на 13 октомври, ја организира рекреативна велосипедска тура „Велес мтб тоур 2024“. Овој настан е еден од најстарите и најголемите велосипедски настани во Македонија. -Се очекуваат преку 250 велосипедисти и 20-на планинари кои ќе бидат директни учесници на овој ...
Афирмација на спорт на планина, поврзување на луѓето со планините, освен уживање во природните убавини и нивна заштита како и заштита на животната средина се мисија којашто ја застапуваат голем број на граѓани кои членуваат во планинарските и велосипедските здруженија во Македонија. Меѓу нив е и „Велес бајкинг“. Според Зоран Јаневски, претседател на ЗГ„Велес бајкинг“ и учесник во четиричлената експедиција на планинскиот масив „Монте Роса“ на ...
Неодамнешното протерување на петтемина руски дипломати не е прво протерување на руски дипломати од Македонија. Првпат, Македонија протера руски дипломат во 2018 година, кога беше забележително не само засилено руско пропагандно влијание, туку и обид за руско политичко влијание преку поддршка на македонскиот клон на „Единствена Русија“ Пишува: Жарко Трајаноски, медиумски аналитичар Руското влијание во Македонија не е само преку „руската салата“ ...
Папки врзале скроените гранки на праските во Росоман. Дел од овошните насади на семејството Петреви и годинава ќе расцутат до крајот на февруари. Сонцето и над просечната температура од 12 Целзиусови степени, во зима без снег и дожд, воопшто не ја радуваат овоштарката Елена Петрева. Таа со ножици за кроење ги проверува изрежените места и скроените гранки на дрвцата во овоштарникот, големината на папките и пресметува колку од нив ќе ги издржат ...
Автор: Убавка Јаневска Велешанката А.Т., која штотуку наполнила 18 години, ги служи со кафиња и пијалаци велешани, во една од десеттината кафетерии на главната улица Благој Ѓорев во Велес. Таа е келнерка во позната велешка кафетерија веќе трета летна сезона. Девојката е препознатлива по насмеаното лице и по љубезноста при услугата на гостите. Нејзината дланка е неколкупати помала од големината на послужавникот на кој ги носи пијалаците, кафињата ...
Неколку недели пред изборите во САД, Велес прашаме што се случува со „фабриките“ за лажни вести што во 2016 година се сметаше дека сериозно вплеткаа прсти во изборната кампања преку океанот. Македонија ја ставија на листата земји „производители на лажни вести по нарачка“ со „тинејџери-фармери со кликови“, како што ги нарекоа младите велешани кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи. Но, овој пат се чини, локалните компјутерџии, користејќи се ...
По напишаната и објавена вест на Дума.мк, во петокот, на 13 декември, годинава, со наслов „Неготинец тепал малолетничка, приведен е во полиција“ свој став соопшти и лицето М.Б кое во веста, чиј извор е Сектор за внатрешни работи Велес, е момчето кое го извршило физичкиот напад. М.Б го откри својот идентитет и на Фан пејџот на Дума.мк, на Фејзбук, ја напиша сопствената вистина за „физичкиот напад“ над малолетничката за што бил приведен во ...
Во Росоман, температурата ноќеска и во раните утрински часови се симна под нула степени Целзиусови. Утрово се појави и мраз на насадите со праски, кајсии и сливи. Овоштарите денеска објавија дека на поголем дел од овоштарниците кои цутат ги забележале првите знаци за измрзнување. -Потемне внатрешноста на цветот а тоа е првиот воочлив знак дека ќе падне од гранките наместо да врзе плод на праска, кајсија и слива. За ден до два ќе биде појасно ...
Зголемени се контролите и надзорите на државните инспектори за храна во летните месеци. Во споредба со зимските, сега, во лето, на врвот на листата на контролирана храна се наоѓаат сладоледите, слатките, преработките од месо, скарата, сендвичите, млекото, млечните производи, јајцата и другите видови на лесно расипливи производи. Граѓаните немаат причина да се сомневаат во квалитетот на храната што ја конзумираат, соопштија од Агенцијата за храна ...
Првата од поставките во реновираната спомен куќа на Петар Поп Арсов, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, е музејска додека втората е етнолошка. Општина Чашка денеска го одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба со свечено отворање на реновираната внатрешност на спомен куќата во село Богомила. За животот и делото на македонскиот национален херој, филолог, револуционер, сновоположник на ...