
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Изложбата е составена од 14 дела акрил на платно во поголеми и помали формати кои што авторката иако е дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот вајарство –конзервација и реставрација, создала ликовно творештво и тоа во 2024 година. Изложбата на „Интервалите во мене“, Александра Богоеска Гиноска, првпат ја презентира на јавноста во Ликовен салон Велес иако таа е од Прилеп. Оваа изложба говори за борбата на внатрешните ...
Формирање на Женска лоби група во која ќе членуваат претставнички на Организација на жени, 10-те советнички на актуелниот состав на Совет на Општина Велес, претставнички на останати граѓански организации, новинарки, лекарки, правнички, психолози, социолози како и граѓанки со цел да мотивираат што поголем број на сограѓанки за јакнење на свеста против насилството над жените и девојките, да и пристапат на бизнис заедницата и ја побараат нејзината ...
Единаесет средношколци и најголем дел членови на клубовите на новинарство во средните училишта во Велес, денеска, присуствуваа на обука за „Основи на новинарство “ во Младински центар Велес. Младите, граѓански новинари, ги обучуваше новинарката Убавка Јаневска. Таа освен 40 минутна презентација посветена на основните правила на пишување на новинарски текст во интерактивен дел посвети особено внимание на создавањето на веста исто како и на жанрот ...
Патничкото моторно возило марка „форд фокус“ се запалило, вчера, околу 13:00 часот на улица „АСНОМ“ бр.13 во Велес. Веднаш побарана била интервенција за гаснење од страна на Територијалната против пожарна единица Велес, која на лице место излегла со едно против пожарно возило и тројца пожарникари спасители. -По пристигнување на лице место возилото е изгаснато, соопштија од ТППЕ Велес. Од таму апелираат на внимателност на граѓаните кои доколку ...
По извршениот увид на местото на случката во училницата и ходникот на ООУ„Блаже Конески“ во 8:30 часот, изминатиот четврток, на 21 ноември и извршениот увид на лице место на Увидна екипа , полициските службеници на Сектор за внатрешни работи работат на комплетирање на доказите и изјавите на сведоците, на вд директорката на училиштето, на наставниците, на родителите на учениците и други лица како и институции кои се надлежни при вакви случаи. ...
Светскиот ден на хипертензија се одбележува на 17 мај и денешниот разговор со др Весна Николовска Неделкова, кардиолог на ЈЗУ Општа болница Велес, има за цел да влијае на подигање на свесноста на граѓаните како на општина Велес така и во државата за значењето на повисокиот крвен притисок како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето. Според податоците на Светската здравствена организација, високиот крвен притисок е причина ...
Образованието се наоѓа во период на значителни трансформации, што се должат на брзиот технолошки развој, енормната моќ на интернетот, новите вредности на генерацијата „зет“, променливите општествени потреби и новите научни сознанија за учењето. Овие промени влијаат на сите аспекти на образовниот процес, од методика до структурите на образовните институции. Интеграцијата на технологијата во образованието е една од најзабележливите промени. Онлајн ...
Состојбата, со белата пенеста пифтиеста маса од која се шири мирис на амоњак на крајбрежниот појас на велешко „Младост“, што се појави завчера, ја констатираа инспекторката на Државен инспекторат за заштита на животна средина Билјана Шуркова Манаскова и вработените во Лабораторија на Јавно Претпријатие „Лисиче“. Според изјавата на Блинков, од Државен еколошки инспекторат, направен е увид над состојбата за што било известено и државното јавно ...
Камерите за надгледување на јавните површини и урбана опрема од страна на полицијата вгодина ќе бидат поставени прво во Скопје, Куманово и Тетово додека Велес и другите градови во земјава ќе чекаат наредна фаза. Проектот „Safe city“ или „Безбеден град“, е долго најавуван од МВР пред се како конторлен систем за потребите на сообраќајот и сообраќајниците. Министерот Панче Тошковски при вчерашната посета на Велес информираше дека по ова прашање ...
Многу доцна, во Македонија, се дијагностицира заостанувањето во растот на децата. Праксата покажува дека родителите тоа го откриваат во 11 или 12 година кај децата. За ендокринолозите и ЗГ„Раст“ тоа е доцна фаза. Земајќи ги во предвид последните години и бројот на откриени случаи на деца кои имаат проблеми со овој вид на хормон ,од Велес, граѓанската организација „Раст“ и лекарите ендокринолози ја реобновија кампањата за јакнење на свеста за ...
Комедијата „Гимнастика за бремени жени“ од Здрава Каменова ја раскажува приказната за четири бремени жени, сите со име Марија. Тие се среќаваат на час по гимнастика за трудници, а ова познанство ги води до непромислено бегство и најлуда ноќ во нивниот живот. Претстава говори за најекстремното, најтрансформативното искуство во бременоста, во исто време, и за тоа како жените така и мажите поминуваат низ овој дел од животот. Посебен акцент е ставен ...
Со презентација на трудови на македонски историчари и долгогодишни новинари на теми од историјата и содржините на македонскиот новинарски печатен првенец, како и на неговите директори меѓу кои и долгогодиниот новинар и уредник на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски, во спомен куќата на Президиумот на АСНОМ, во историското село Горно Врановци, се одржа научен собир на тема „80 години од излегувањето на првиот број на весникот „Нова Македонија“. ...
Ваков вид на вежби во годишните програми за работа на Општинската организација на Црвен Крст се планирани во просек од три до пет. Но се организираат многу повеќе затоа што за нив постои интерес како од страна на училиштата така и од учениците. За Црвен Крст Велес ваквиот вид на вежби и интерес за нив се од особен интерес бидејќи обучените ученици и наставници стекнуваат знаења кои се од непроценливо значење. -Сите училишта, на територијата на ...
За прв пат во Неготино, како дел од Вардарски плански регион, но во државата лица со попречености, граѓанските организации кои работат на оваа област и здравствените работници од примарното здравство во Македонија заедно дебатираа и отворија табу теми како и неколку значајни приоритети. Како дел од проектот “Да се соочиме со предизвиците и стигмацијата, темите кои особено привлекоа внимание беа посветени на прифатот и третманот на лицата со ...
Дванаесетгодишното дете паднало на рамна површина и се повредило, раскажал придружник којшто бил присутен при укажувањето на здравствената помош во Општа болница Велес. Повреденото дете било транспортирано од страна на Итна медицинска помош. При приемот во Хирушките амбуланти на болницата детето било во видно поспана состојба и со крварење од уво. -Конзилијум составен од лекари специјалисти Хирург, Педијатар, Невролог и Анестезиолог, извршиле ...
Општинската просветна инспекторка Македонка Виларова од вчера врши увид во документите и преку разговори со в.д директорката, класниот раководител, наставниците и педагошко психолошката служба, дојавија вработени во училиштето. Тие на Дума.мк и соопштија дека Виларова скоро пет часови била присутна во зградата на основното училиште. Од тоа што можеле да слушнат, овие извори на информацијата, инспекторката барала детално да и се пренесе што точно ...
Територијалната противпожарна единица Велес, попладнево, во 15:22 примила дојава за запален трактор во блоковите над село Уланци. Четири пожарникари со две протипожарни возила се упатиле кон локацијата на пожарот и интервенирале во гаснењето. Пожарот бил изгаснат. Но, противпожарните возила едвај успеале да се пробијат низ сообраќајниот метеж на велешките улици. На возилата не им била дадена предност од голем број на возачи во Велес. Затоа од ...
Декемвриско утро во кавадаречко Возарци. Чадот од оџаците на куќите единствено навестува дека во селото има живот. Гласови од луѓе слушнавме дури кога се приближивме до селската продавница. Таму затекнавме неколкумина жители кои дошле да пазаруваат. Ги прашавме како живеат во близина на „Еуроникел индустри“ и загаден ли е воздухот што го дишат? Дел од нив не сакаа да одговорат. Двајца без проблем застанаа пред камерата. „Најчесто загадување е ...
Автор: Убавка Јаневска Според д-р Бошко Ников, експерт за заштита на животната средина, топилничарската депонија со троска е трета на листата на 14 жешки еколошки точки во Македонија, според големината и составот на остатоците од тешки метали што ги содржи во себе. За првпат јавно, д-р Ников соопшти дека не смеело да се третира како депонија на техногена суровина, туку на опасен отпад. Неколку поголеми ископани дупки на јужната страна на ...
На годинешниот Open Balkan Wine Trophy Competition, кој се одржа во рамките на саемот Wine Vision by Open Balkan во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот. Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National Trophy за најдобро вино од земјава. Ова признание е само продолжение на долгогодишниот успех на ова ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата на 23 ноември, околу 20 часот, на улица „8-ми Септември“ во Велес, го привеле Џ.У.(20) од Штип поради утврдување на идентитет. -По извршените проверки и кординација со Казнено поправна установа „Затвор-Куманово“ било утврдено дека Џ.У. издржувал казна затвор и бил пуштен на викенд, но истиот не се вратил во предвиденото време, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за ...
Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година, испечатена е стихозбирката „Бели Мугри“ на македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност Кочо Солев Рацин. Првиот примерок на стихозбирката испечатен е во хрватскиот град Самобор, во печатницата на Драгутин Шпулер заедно со уште 3999 примероци. „Бели Мугри“ е стихозбирка со извонредно творештво на Рацин кој преку зборови говори ...
Петнаесеттото издание на овој најмасовен регионален стрип настан се одржи во саботата, на 23 ноември, годинава со учество на 123 претежно млади стрип автори на поранешните Ју простори од кои 14 беа од Македонија. Сите твореа на годинешната тема „Сон-Сонување“. Организаторот, точно на пладне, ја зададе темата додека авторите покажаа дека умеат од дома да создадат респектабилно творештво. Од Македонија, од дома, на настанот се вклучија и цртаа ...
Понеделничниот афористички поздрав на Никола Бошковски Коки до читателите на Дума.мк гласи: „За да си ја сочува својата, понекогаш човекот е присилен да мисли со туѓа глава.“ „Штом на собраниската седница ќе се отвори некоја РАСПРАВА, политичките опоненти започнуваат да се препукуваат, недолично да се однесуваат, беспоштедно и бесрамно…да се РАСПРАВААТ.“ „Паметна жена никогаш не го прашува својот маж каде оди, туку кога се враќа.“ „Многуте ...
Дали некогаш сте се запрашале навистина колку сте во право за работите за кои сте убедени? Дали вредностите по кои живеете се правилни? Дали стилот на живот ви е „во граници на нормала“? А што воопшто е нормaлно денес? Во светот во кој живееме, преполн со секакви предизвици насекаде, ,,фејк,, содржини и површни личности, големи апетити за лесна заработка, желби за престиж, внимание и доминација често си поставуваме вакви прашања. Исто, знаеме ...
Јакиот ветер којшто попладнево дуваше во Велес е причина од покривот на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ да открне дел од лимениот покрив што преставувал опасност за учениците. Од училиштето во 16:45 часот се јавиле во Територијална противпожарна единица Велес и побарале помош. Тројца пожарникари и едно возило веднаш заминале на лице место. Пожарникарите се качиле на покривот на училиштето и го откачиле од конструкцијата а потоа и го симнале на ...
Во Одделението за внатрешни работи Неготино, вчера, во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, бил извршен службен разговор со двајца малолетници од село Долни Дисан, неготинско, откако претходно била пријавена тепачка во која тие тепале други двајца малолетници. Тепачката се случила во селото Долни Дисан. -ОВР Неготино постапило по претходна пријава дека околу 15.30 часот во село Долни Дисан физички нападнале ...
Деветоодделениците на ООУ “Васил Главинов” денеска се едуцираа за борбата против болести на зависност. Нив ги едуцираа сертифицирани врскички едукатори на Општинска организација на Црвен Крст Велес. Целта на едукацијата беше учениците да стекнат знаења за сите последици и негативни влијанија од употребата на цигарите, алкохолот и дрогата. Тоа се пороци кои особено се интересни за оваа возраст на деца и тие доста често се изложени на овој вид на ...
Со настан „До вас, за вас“ како дел од Концептот за “Полицијата – поблиску до граѓаните Министерството за внатрешни работи денеска во Младински парк во Велес ја зајакнува довербата кај граѓаните за да постигне побезбедна држава што е во интерес како на граѓаните така и на државната институција надлежна за обезбедување на јавниот мир и ред, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На настанот во Велес присуствуваше и директорот на ...
Одржани вкупно 27 велосипедски настани на територијата на Македонија со учество на над 5000 велосипедисти преку којшто се промовираа алтернативниот велосипедизам, туризам и природните убавини на сите плански региони. Овие се само дел од постигнатите резултати, годинава, што можеа да се слушнат на последната седница на Македонската Асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови во која членува и ЗГ„Велес бајкинг“, чиј претседател е ...