
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



„Се поставија 18 столбови во висина од 10 метри за осветлување, на кои се поставени по 2 лед рефлектори од по 200W на ски патеката и 1 столб со 4 лед рефлектори од 200W за осветлување на теренот. Во моментот се поставува ски лифтот како и останатата опрема, со што проектот е во завршна фаза и се очекува да биде отворен до крајот на овој месец, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на сопствениот профил на Фејсбук . Станува збор за ...
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино (ОВР), вчера, по превземени мерки и активности го пронашле Д.С.(55) од неготинско село Пепелиште. Со него бил извршен службен разговор во Полициска станица. Д.С се сомничи дека пред два дена, околу 17:30 часот, на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – ...
Изваден, оставен и спремен за кражба е граничникот кој ја обезбедуваше пристапноста за качување и за симнување на пешаците на Мало Мовче на источниот брег на река Вардар. Сопственици на автомобили си најдоа доволно голем простор за да се паркираат пред и до поставената скулптура со тоашто го затвораат просторот за движење на граѓаните, особено тие што во пазарните денови со торби или ранци на тркала, го преминуваат мостот кон и од Градски пазар. ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) внимателно ја следи судската постапка во која колешката, новинарката Анета Блажевска од Битола, е тужена за клевета од страна на директорката и пензиониран правник на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола. Изразуваме загриженост поради првостепената пресуда, во која проблематично е што од страна на Основниот Суд во Битола не се доволно земени во предвид дејствијата преземени од СВР Битола и ...
Времето денеска ке биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната ...
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 12:40 часот, ја лишиле од слобода Н.И.(47) од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, за обид со туѓа лична карта да подигне парични средства. Четириесет и седум годишната жена била приведена во полициска станица каде и била одземена туѓата лична карта ѝ по документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава. Еден час ...
Дваесет песни од творештвото на македонскиот поет Љупчо Михајловски од 3 декември, годинава, се објавени на платформата „Европска поезија“. Рецензентот Фајај Ислам Фахим за поезијата со научно фантастичка тематика на Михајловски пишува: „Творештвото на Љубомир Михајловски продолжува да ги инспирира новите генерации на поети и писатели во Македонија покажувајки го неговото творечко наследство како стожерна фигура во литературната историја на ...
Целовечерен концерт насловен како „Приказна за виенскиот валцер“, во изведба на Национален музички театар од Софија, Бугарија ќе се одржи утревечер, 5 декември 2024 година во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“. Љубителите на оперската музика, ќе имаат можност да ги чујат најпознатите оперски нумери од Јохан Штраус, Франц Лехар и Имре Калман во изведба на најголемите ѕвезди на музичкиот театар од Софија. На сцената ќе блеснат и балетските ...
Бидејќи Марија (Богородица) била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив па се одлучиле тој чин да го направат кога ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот. Во свечената поворка што три дена патувала ...
Од портрети на жени е составена самостојната на Мартина Спасовска, ликовна уметница отворена во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Велес. Таа е девојка од Скопје која низ уметничкиот, ликовен израз, дава придонес во охрабрувањето на жените и девојките кои молкум трпат насилство и има за цел да ги охрабри и мотивира во настојувањето да се извлечат од оваа животна ситуација. Изложбата можат да ја погледнат ...
Постапувајки по пријава од 47-годишната кавадарчанка, дека во заеднички двор на семејните домови, Д.В (43) од Кавадарци, физички ја нападнал, вчера вечер, во 21:20 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода. Насилникот Д.В бил задржан во полициска станица. Известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот, СВР соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата превзема мерки за расчистување ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. „Сите капацитети на министерството ...
Во денешно време, насилството меѓу учениците е во постојан пораст, претставувајќи сериозен предизвик за воспитно-образовниот процес и општеството во целина. Насилството се јавува во различни форми какви што се физичко, вербално, психолошко, а се почесто и дигитално – сајбер насилство. Секој вид насилство остава трајни емоционални последици врз учениците, влијаејќи на нивната самодоверба, успех во училиштето и општиот развој. Физичко насилство е ...
На автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, вчера попладне, во16:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево. -При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“. Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес вчера вечер, во 19:15 часот ја лишиле од слобода З.Н.(29) од Велес, постапувајки по претходна пријава од нејзината 56-годишна мајка дека во семејниот дом физички била нападната. Исто така, и З.Н. пријавила дека по претходна расправија била физички нападната од нејзината мајка. Од СВР Велес соопштија дека за настаните бил известен Јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по ...
Регионалниот Центар за управување со кризи Велес известува дека сите регионални и магистрални патни правци во Вардарскиот регион се проодни, во зимски услови со влажни коловози. На високите делови во Општина Кавадарци, вчера, имаше врнежи од снег. Таму зимската служба на ЈП „Комуналец Кавадарци“ интензивно работи на чистење на патните правци, на високите места, од наноси на снег. На патниот правец Неготино – Штип, кај Серта, имало неколку одрони ...
Најниска температура измерена утрово во Македонија е измерена на Попова Шапка од -3 Целзиусови степени додека -2 во Маврови Анови, -1 во Крушево, 0 во Берово, 1 во Претор и во Дебар, 2 во Охрид и Крива Паланка, 3 во Куманово, Тетово, Битола и Прилеп, 4 во Скопје на Зајчев Рид,во Кавадарци, во Скопје-Петровец, во Штип и во Виница, 5 во Струмица, Велес, Демир Капија и 7 во Гевгелија. Најголем наврнат воден талог, за изминатите 24 часа, до 07 часот ...
Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски одлучи годинешни добитници на престижната награда за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права да ја добијат Здружение на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК) и Лила Милиќ. Наградата на годинешните добитници ќе им биде врачена на 10 декември 2024 година (вторник), во 10 часот, во Собранието на ...
На традиционалната крводарителска акција, што вчера, од 9:00 до 14:00 часот се одржа во фоаје на Театар „Џинот“ во Велес собрани се вкупно 60 крвни единици. Двајца велешани за прв пат даруваа крв, останатите хумани граѓани се наоѓаат на списокот на Општинската организација на велешки Црвен Крст поточно како повеќекратни крводарители. Организаторите на крводарителската акција се задоволни од одзивот на граѓаните. Велешки Црвен Крст и ЗГ„Велес ...
Добар ден имајте убава работна недела со следниве седум афоризми, напишани за Вас, читателите на Дума.мк. „За да не им биде тешко во бракот, некои луѓе се определуваат за „ЛЕСНИ“ жени. „Во минатото дедовците ни дигаа востанија, татковците-стандард, а ние…денес дигаме само кредити и штрајкови.“ „На шинтерите на некои национални ТВ медиуми, им се позлатија рацете: Конечно им успеа да ги заловат неколкуте забегани кучиња-лајачи, и да ги приберат во ...
Четириесет и девет годишната Д.П од Кавадарци, вчера вечер, во 21.10 час во Одделението за внатрешни работи Кавадарци пријавила што доживеала на улица во градот. -ДП (49) од Кавадарци пријавила дека на 29.11.2024 година, во 21:10 часот, на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци била нападната од неколку кучиња, при што била соборена на земја и касната, а од случајни минаувачи кучињата биле избркани“ пишува во информација во Полицискиот билтен на ...
Полициски службеници на СВР Велес при контрола на угостителски објект во Велес, ноќеска 20 минути по полноќ, затекнале две малолетни лица послужени со алкохол. -Угостителскиот објект ги прекршил законите и сторил кривични дела „точење алкохол на малолетни лица“ предвидено по член 204 од Казнен Законик и прекршок по член 21 од Закон за прекршоци против јавен ред и мир. Малолетните лица се предадени на нивните родители а по документирање на ...
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектов за внатрешни работи Велес, вчера доцна попладне, во 18:45 часот ги лишиле од слобода Д.С.(43) и 33- годишната Р.С., двајцата од Велес. -При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и Отсек за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес и во ...
Од АМСМ соопштија дека поради обилни врнежи од снег, од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово – Дебар. „Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози,“ велат од АСМ. Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – ...
Итната медицинска помош утринава во околу 05:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавила дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат А.А.(43) од Велес. Станот се наоѓа во комплексот спроти Гарнизон на АРМ во градот. -Лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска ...
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски денеска за читателите на Дума.мк објавува дел од своето творештво. Прочитајте ги. „Во љубовта 2=1!“ „Кога ќе се замрсат конците, марионетите се во љубовна прегратка.“ „И од одливот на мозоци нешто добиваме – памeтна дијаспора.“ „Има тежок занает. Каменорезец е… на камена на сопнување.“ „Патот до современата жена е поплочен со кредитни картички.“ „На мое селфи и позадината се смее.“ „Умот е единствено ...
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода К.Ј.(18) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна сестра и ѝ се заканувал. Лишувањето од слобода се случило вчера попладне во 16:20 часот. Лицето К.Ј било задржано во Полициска станица, известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот против него ...
Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. „Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот,“ соопштуваат од ЈОРМ. Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема, реагираат од СДСМ. „СДСМ бара Мицкоски и Тошковски веднаш да излезат ...
Првата проба за претставата „Мајка“ на текст од Флоријан Зелери и во режија на Јордан Витанов се одржа вчера во театарот. Во претставата играат глумците Зорица П. Панчиќ, Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Драматург на претставата е Сашо Димовски и дизајнот е на Филип Коруновски, костимограф Раде Василев, а автор на музиката е композиторот Сашко Костов. Премиерата на претставата е планирана за крајот на месец јануари 2025 година. ...
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. „Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач ...