Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во организација на здружението Еко Росалес во сабота во градскиот парк во Богданци ќе се одржи првиот Фестивал на Југоисточниот регион кој има за цел да ги промовира малите производителите на храна и нивна промоција во Југоистокот. Станува збор за фестивал на кој присутните ќе имаат можност да се запознаат директно со производителите, да воспостават соработка но и да вкусат дел од производите кои ќе бидат изложени. ,,Се очекува на Фестивалот да ...
Струмичките одбојкари заминаа за Бургас во Бугарија каде престојниот викенд ќе бидат дел од квалификацискиот турнир од ЦЕВ Лига на шампионите каде за противници ќе ги имаат тимовите на Невтохимик од Бугарија, Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора. Ќе се игра три дена секој со секого а само двете најдобри екипи од турнирот во Бугарија ќе останат во натпреварите од Лигата на Шампионите додека трето и четвртопласираниот се преселуваат во Купот ...
Во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса денеска беше промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“. Станува збор за капитално дело кое што во себе содржи три најважни прилози кои најсоодветно ги прикажуваат, карактерот и вредноста на Вељушкиот манастир, а тоа се хрисовулите на царот Алексеј I Комнин, Инвентарот (Вревиј) на манастирот со сите негови драгоцености, како и Типикот на ...
Во просториите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска почна вакцинацијата против сезонски грип. За бесплатна вакцинација се обезбедени се 2 илјади дози четиритипни вакцини , а за комерцијална вакцинација 200 вакцини. „Веќе петта година по ред вакцината за ризичните групи граѓани е бесплатна, а пријавувањето оди преку страницата vakcinacija.mk, или преку матичните лекари. . Што се однесува до комерцијалните вакцини, кои се примаат ...
Градоначалникот на Василево Славе Андонов објави дека годинашнава „Празијада“ ќе биде на 5 ти ноември во кругот на дворот на црквата „Св. Никола“ во Градашорци а за забавниот дел ќе се погрижи Адријана Јаневска. Токму ова пејачка ќе биде задолжена да ги расположи сите посетители кои ќе бидат дел од манифестацијата која има за цел да го промовира производството на праз но и бенефитите кои ги нуди оваа култура. „Задоволство е заедно со Андријана ...
На 24.10.2023 во 22.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.С. (26) и С.В. (26), двајцата од Радовиш. При преглед на патничкото возило „алфа ромео“ со радовишки регистерски ознаки, управувано од С.С., во кое сопатник бил С.В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С.С. Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш С.С. изјавил дека ...
Брера Струмица ќе го дочека Гостивар во една од прволигашките пресметки во осминафиналето на Купот на Македонија. Екипата од Струмица важи за благ фаворит пред дуелот, меѓутоа формата не ѝ оди од рака. Во пресрет на натпреварот, своите очекувања ги изнесе тренерот Џовани Валенти. Италијанецот очекува тежок дуел, повика на претпазливост, но и ја повика публиката да го поддржи тимот. „Знаеме дека Гостивар е одличен тим, го респектираме. Имаат ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за ...
Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет – 56 проценти, од кои 90,3 проценти до информациите доаѓаат преку социјалните мрежи, а 28,2 отсто директно од онлајн портал – медиумите, покажуваат резултатите од анкетата Еврометар 2023. Само 13,8 отсто од граѓаните велат дека се информираат од онлајн платформите на постоечките радио станици или тв канали.На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 ...
Општина Гевгелија парично ги награди пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија со по 30.000 денари за нивното учество и пожртвуваност во спасувачката мисија за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. Имено, Советот на Општина Гевгелија, на последната 32. седница, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, одлучи едногласно од Буџетот на Општина Гевгелија да се издвојат 120.000 денари за ...
Колумна на м-р Митко Лиговски дипл. инг. геолог, главен геолог во Еуромакс Ресоурсес ДОО (Комерцијална ПР Објава) Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа. Со својата ...
Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа денеска изјави дека во областа на заштитата од дискриминација, Народниот правобранител наоѓа повреда или незадоволство на граѓаните и чувство на нееднаквост во сите сфери. -Важно е да се напоменат и генералните појави кои уште се присутни во општеството, како што е сегрегација во некои училишта кон учениците Роми, односно постоењето на чисто ромски училишта или чисто ромски ...
Улицата „Ѓорге Велков“ во населеното место Негорци е целосно реконструирана преку годинашната акција на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура. Жителите на Негорци добија асфалтирана улица по завршувањето на изведбените работи за нејзината изградба. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во градежните активности, а притоа оствари и средба со негорчани, на којашто го изразија задоволството што и ...
На 23.10.2023 на подрачје на oпштина Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш презеле засилени мерки за откривање на бесправно исечени огревни дрва. Притоа, кај Р.Ј. и Е.М. од село Аликоч и Ф.Џ. од село Коџалија, радовишко биле пронајдени бесправно исечени дабови огревни дрва, соопшти СВР Струмица. Од страна на вработени во Шумска полиција дрвата биле одземени ...
Каратистот Спасе Стојанов член на КК „Шихан“ од Струмица деновиве на меѓународен турнир во Копер Словенија се закити со две злата и една бронза. Тој настапуваше во дисциплините џиу кумите – слободна борба како и во ко-го кумите во кои беше неприкосновен. Во сите борби забележа победи додека во третата дисциплина освои бронза. На турнирот учествува каратисти од Словенија и Италија. Со ова Стојанов ја покажа својата подготвеност пред Европското ...
Со стартот на грејната сезона 72 годишнниот Јосе Црнгаров од Струмица речиси да нема слободен ден. Со својот велосипед и потребната опрема за чистење оџаци постојано е ангажиран од сопственици на куќи, како и од станари од стамбени згради. Тој е еден од ретките во струмичко кој се занимава со овој занает кој го научил како парноложач во некогашна Треска. Сам ги чисти оџаците без асистенти или помошници, бидејки ретко кој од младите сака да се ...
Викендов стартувашe одбојкарското првенство во женска конкуренција во која Струмица ќе партиципира со две екипи кои за оваа сезона најавуваат повторно висок пласман и борба за титули. Наковски Волеј и Струмица Жени се екипите кои ќе играат со намера да не бидат само обични креатори во прволигашката конкуренција. Наковски Волеј во гости кај Вардар Жени славеше со 3:0 во сетови (25:10, 25:09, 25:11) а со идентичен резултат дома Струмица Жени ги ...
Во отсуство на прволигашка кошарка, Струмица оваа сезона ќе има два преставника во Третата кошаркарска лига Исток која брои 11 екипи. Мечевите од ова натпреварување стартуваа минатата недела а викендов се одиграа натпреварите од второто првенствено коло. Кошаркарите на Струмица кои во првото со 80:58 го надиграа тимот на Овче поле на свој терен, во второто славеа над еден од фаворитите за висок пласман во оваа натпреварување тимот на Водњански ...
Струмичките фудбалери одиграа нерешено кај Тетовска Шкендија 1:1 во рамките на 11 тото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Брера го отвори резултатот во 75 минута кога Леонардо Антонио постигна евро гол на мрежата на тетовчани. Радоста на струмичани кратко траеше бидејки четири минута подоцна Шкендија израмни откако Шала искористи отпадок и ја смести топката во мрежата на младиот Филип Купанов кој во текот на целиот натпревар беше ...
Здружението „Проагро фармери“ кои го организираше Агро саемот во Струмица 2023 ги прогласи најдобрите градинари за оваа година кои на распишан Јавен повик се пријавија со годинашниве произведени количини. Признанија им беа доделени на тројца земјоделци и тоа Борче Ристов од Куклиш, Мите Манев од Робово и Сашко Пандев од Банско. 40 годишниот Борче Ристов гдоинава има 15 декари под домати при што има произведено околу 120 тони домари. Првите ...
52 годишниот српски актер Микица Петронијевиќ кој се бори за подобар статус на лицата со аутизам се одлучи да испешачи околу 800 килоемтри од Аранѓеловац соседна Србија до Хиландер Света Гора во соседна Грција. Тој во понеделникот влезе во Македонија а синоќа преноќи кај струмичкиtе пожарникари и се упати кон Валандово и Дојран. ,,Ова е 26 ти ден како пешачам. Знам која ми е мисијата. Уште два дена ќе сум во оваа убава Македонија и се надевам ...
Околу 200 изложувачи од земјава и странство ќе бидат дел од третиот „АГРО САЕМ Струмица “ на струмичкиот плоштад што го организира здружението „Проагро фармери“. На посетителите ќе бидат понудени разновидни земјоделски производи, нивни преработки, мед и пчеларски производи како и голема палета на земјоделска опрема, механизација, ѓубрива и заштитни средства На Агросаемот кој ќе започне во 11 часот, се планира да има и богата културно уметничка ...
68 ученици од струмичките основни и средни училишта ги добија стипендиите од Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“. Стипендиите се во износ од 2500 денари за средношколците и 2000 денари за основците кои ќе ги добиваат 9 месеци од оваа учебна година. Општината додели 45 стипендии. Струмичкиот градоначалник истакна дека Општината втора година по ред доделува стипендии преку Јавен повик. ,, Овие стипендии се валоризација на ...
На 19.10.2023 во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари, соопшти МВР Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Белград, 19 октомври 2023 година – Фармацевтската компанија Галеника, една од најголемите производители на фармацевтски производи во Србија и регионот, го проширува своето работење со преземањето на компанијата Lifemedic d.o.o. од Белград. Со оваа трансакција, Галеника станува сопственик на 100% од српско-словенечката компанија Lifemedic и ја презема ексклузивната дистрибуција на програмата за производи на реномираната италијанска фармацевтска ...
Вчера вечер во 19.50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода 23-годишниот Д.С. од Гевгелија, извести МВР. ,,При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал,, соопшти МВР. По целосно документирање на ...
Струмичкиот фудбалски прволигаш ја започна кампањата ,,Ние сме Брера Струмица“ со која сакаат да направат симбиоза на фудбалот со убавините на градот но и струмичани кои се препознатливи како верни навивачи но и подржувачи на спортот. За таа цел капитенот Марио Врдољак, Папе Оумар Сице како и младите – голманот Марко Алчевски но и Ване Крстевски и Мартин Ѓоргиевски со фотографии ги промовираат убавините на Струмица кој преставува расадник на ...
Пензионери од Струмица излегоа на протест и го блокираа излезот на градот кон Радовиш за да го изразат незадоволството од процентуалното зголемување на пензиите. Тие побараа оставка од министерката за труд и социјална политика како и од премиерот бидејки според нив пензионерите со ниски примања неможат да го издржат ценовниот шок и да преживеат од први до први секој месец. „ Веке трети месец протестираме а досега надлежните немаат слух за ...
На 17.10.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот, соопшти МВР Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила ...
На платото пред Смоларскиот водопад во сабота на 21 октомври ќе се одржи традиционалната Костенијада што ја организира Општина Ново Село а на која се очекуваат голем број на гости да вкусат печени костени но и специјалитети од костен. Како што информираа од општина Ново Село, повеќе жители од подбеласичкиот регион во контуинитет ќе печат костени за сите присутни посетители а целата манифестација ќе биде збогатена и со настап на Миле Кузмановски ...