Откриен споменик во чест на радовишките борачи. Бистата е поставена на кружниот тек на булеварот Александар Македонски која ќе сведочи за пожртвуваноста, упорноста и љубовта на борачите кон БК ,,Бучим“ и Радовиш. Во присуство на голем број граѓани, сегашни и поранешни борачи беше откриена бистата која го симболизира зафатот на двајца борачи. „ Нека овaa Биста на борачи биде место на сеќавање, но и место на инспирација. Нека ги потсетува младите ...

Радовиш доби ново значајно спортско обележје, откако беше свечено откриена Бистата на борачите, посветена на една од најуспешните генерации во македонската спортска историја – шампионската екипа на борачкиот клуб Бучим Јака. Спомен-обележјето е поставено во чест на историскиот успех од пред 30 години, кога радовишките борачи се искачија на европскиот спортски врв, носејќи му голема гордост на својот град и на македонскиот спорт во целина. ...