
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. Во рамките на овој проект вреден 23 милиони денари поставени се фотоволтации на две локции на подрачје на Радовиш од кои ќесе произведвуа електрична енергија која ќе ај користат Општините Радовиш, Василево и Конче. ...
Ученици од осмо и деветто одделение при ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село под менторство на професорите Владо Ефтимов и Надица М. Ангелова добија награда на „Детските РАЦИНОВИ Средби“ кои по 57 пат се одржаа во Велес. Нивното видео на темата ,, Мене и душата ми е црвена“ ја доби наградата за најдобра режија во кое младите основци преку црната, црвената и жолтата боја го отсликуваат македонскиот непокор. ,,Станува збор за мултимедијален проект ...
На 25.11.2024 во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка с.Прдејци до клучка с.Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот. ,,Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно ...
„Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“. Под ова мото граѓани од Општина Гевгелија, заедно со општинската админситрација, гевгелиското комунално, шумско но и од Црвен крст садеа багрем и чемперс во непосредна близина на месноста ,,Топлик“. И покрај ветрот што дуваше и ниските температури успешно се спроведе акцијата за при што беа засадени над 5.000 дрвца – багрем и чепмпрес. ,,Гевгеличани масовно сплотени покажаа дека градот се сака со ...
Општина Струмица аплицираше со вкупно 12 проекти до Владата за добивање средства од унгарскиот заем. Како што инфомираа од општината, тие заклучно со 15 ноември, продолжениот рок, ги доставиле предлог проектите за финансирање откако беше одбиена со првот проект Изградба на градски пазар. На листата доминираат проекти поврзани со изградба на улици во урбан блок 41 или поконкретно станува збор за новата стамбена населба која никнува после Свети ...
Педесет и четиригодишен маж од струмичкото село Сачево е тешко повреден откако возејќи велосипед бил удрен од „сеат кордоба“ управуван од 33-годишниот Д.Г. од село Радичево. Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера во 13.10 часот на бул.„Ленинова“ во Струмица. Струмичката полиција извршила увид на местото на несреќата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено ...
Околу 5000 парчиња багрем иаризонски чемперс се очекува да бидат засадени на локалитетот „Топлик“ кај Гевгелија во еко акцијата што општина Гевгелија ќе ја спроведе во соработка со Комуналец, шумското Кожуц и Црвен крст Гевгелија. Акцијата ќе се реализира под мотото ,, Да пуштиме корени во Гевгелија“ на која се очекува да се вклучат граѓани, ученици, преставници од НВО секторот како и од споменатите институции. ,,Изминатите години како резултат ...
Во недела, 24 ноември од 18:00 часот во Домот на културата во Босилово ќе биде прикажан македонскиот документарен игран филм „Последниот Македонец – патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски. Станува збор за филм за Македонија, пред и после Букурешкиот договор. Филм кој го дава одговорот на прашањето – Зошто Македонците не успееја да формираат своја држава заедно со останатите балкански народи? Според многумина, станува збор за филм ...
Перо Христов човекот кој зад себе има голем број хитови кои ги пеат сите, со концерт во понеделник на 25 ти ноември во Центарот за култура ,,Антон Панов“ во Струмица ќе одбележи 55 години на музичката сцена. На сцената во придружба на момците од групата ,,Класико Бенд“ планира да направи ретро односно музички рецитал на неговото богато творештво и да ги отпее познатите песни ,, Во црно вино утеха немам’’ ,, Нема живот Ангелино’’,, Една звезда ...
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица со писмена реакција на вчерашната објава на градоначалникот Костадин Костадинов во врска со наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“. Писмената реакција ја пренесуваме во целост: „Костадинов претера со пиарот, а во денови кога Струмица има најзагаден воздух, и цел месец немаше вода за пиење, тој се шета на скапо патување во Париз. Костадинов на социјалните мрежи се пофали дека е, цитараме: ...
Во петок на 22 ноември во ресторанот „Мона Лиза“ во Радово, Општина Босилово го отпочнува форумскиот процес на кој граѓаните ќе имаат можност да дискутираат, дават предлози но и одлучат за што ќе се троши грантот што општината го доби. Станува збор за грант од проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза2“ кој е финансиран од страна на Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за ...
Во организација на Здружението за поддршка и помош на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица на 14 ти идниот месец во Центарот за култура Антон Панов во Струмица ќе се одржи модната ревија ,, Убави сме, свои сме“. Вкупно 23 деца со попречености од повеќе градови од земјава ќе бидат дел од овој традиционален настан на кој ќе продефилираат како манекени во придружба на познати личности. За што ќе биде направена специјална модна писта. ...
Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица на 29 ти ноември организира Донаторски кружок на кој фирмите и граѓаните ќе можат да донираат средства за една од трите иницијативи предложени од граѓанските организации кои ќе го подобрат квалитетот на животот во заедницата. Фирмите и граѓаните може да донираат за иницијативата на здружението ,,Мобилност“ од Струмица. Истата се однесува за поправка на комбето со кое се превезуваат лицата со ...
Пејачот на „Легато бенд“ Ристе Гавровски му стави крај на егенескиот живот. Среде концерт на Дино Мерлин во Женева – Швајцарија, тој клекна и ја запроси за жена својата девојка Оле Соларова со кого се познаваат повеќе години. Чинот се случи на омилената песна на двајцата ,,Да шутиш“ која пренесува емоции на заљубена двојка во која се познаваат одлично двата партнери. Тие овој среќен момент го споделија на социјалните мрежи каде се гледа како Оле ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска го означи почетокот на изградбата на новата атлетска патека во Гевгелија, еден од капиталните проекти на Министерството за спорт за унапредување на спортската инфраструктура низ Македонија. Во своето обраќање, министерот Ристовски истакна дека изградбата на современи спортски објекти е од клучно значење за развојот на спортот и за ...
Првиот човек на Струмица Костадин Костадинов ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години. Н аградата ја доби за особена заслуга во трансформацијата на градови во интерес на заедницата и добро менаџирање. ,,Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна ...
Министерството за спорт потпиша Договор со скопската фирма „Битем“ за изградба на атлетска патека во вредност од околу 7 милиони и 750 илјади денари или за околу 126 илјади евра. Скопската фирма, го доби тендерот во конкуренција на „МСА Компани“ доставувајки најниска цена по распишаната јавна набавка на Министерството со што и официјално може да отпочне изградбата на ова спортска инфраструктура. Според информациите од Општина Гевгелија, ...
По повод традиционалната ,,Недела на грижа на старите лица,, која се одбележува од 21 до 28 ноември под мотото: ,,Сите сме нивни деца“, секоја година ЦКРСМ ОО Струмица ја одбележува неделата со цел да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и потребната грижа и помош на старите лица. По тој повод учениците од 3-4 одд од ОУ,,Никола Вапцаров” Струмица заедно со учителката Билјана Ставрова го посетија Центарот за дневен ...
Секторот за внатрешни работи Струмица ги информира возачите дека од 15.11.2024 година започнува периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата, кој ќе трае до 15 март следната година. Под зимска опрема се подразбира: – За возила до 3500 кг: зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4мм и синџири за снег за погонските тркала. – За возила над ...
Спортската сала во Радовиш ќе добие нов лик за што ќе се реконстурираат подот и трибините. Скопската фирма Битем го доби тендерот на Министерството за спорт за што ќе бидат потрошени 314 илјади евра. Тие понудија пониска цена на тендерот на кој се јави и фирмата Ленди груп од Скопје. Согласно склучениот договор се планира да се реконстурираат трибините при што ќе се демонтираат постоечките и ќе бидат монтирани нови 2 100 пластични столчиња на ...
Рената Атанасова од Струмица која по потекло е од населеното место Моноспитово, студира Општа медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја издаде втората книга. Станува збор за роман насловен како ,, Апартман 313“. Младата авторка вели дека станува збор за криминалистички роман за кој морала директно да посети и неколку психијатриски установи и директно разговарала со психијатри за да изворно се запознае за состојбата, карактерите на ...
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода 54-годишниот Т.К. од село Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од ...
Дефектот на цевковдот на Хидросистемот Ѓавато кај месноста ,,Крај река“ во атарот на место Црничани – Богданско е саниран по што повторно се активирани пумпите на бунарите за Спас на Дојранското езеро. Веста ја потврдија и вработени од системот кои информираа дека утрово околу осум часот пуштени се да работат трите пумпи кои имаат капацитет од 200 литри во секунда. Пратеникот на ЗНАМ од Струмица Миле Цеков кој викендов беше со министерот Меџите ...
Пратеникот на ЗНАМ од Струмица Миле Цеков објави дека системот за Спас на Дојранското езеро ќе функционира иако има злонамерни лица кои сакаат да го спречат да биде успешен. Тој ова го објави откако стасаа реакции дека не тече вода од системот Ѓавато во Дојранското езеро иако викендов беа ставени во функција три потопни помпи. Во својот пост соопштува дека непознати лица направиле насипи за пренасочување на водата од Ѓавато за што изрази ...
Средствата кои Општина Василево ќе ги добие од Швајцарската влада, УНДП и Министерството за Локална самоуправа од околу 50 илјади евра во кои ќе партиципира и општината, да се насочат кон заштита на животната средина. Вака одлучија пристуните граѓани од Општина Василево на првата форумска сесија во рамките на проектот„Зајакнување на општинските совети-фаза 2“. Од страна на општината им беа понудени три програми но присутните одлучија како ...
Трите пумпи од хидросистемот „Ѓавато“ кој во саботата беа пуштени да работат за да се полни Дојранското езеро, денеска се исклучени. Изминативе денови вода до каналот за Дојранското езеро од системот не стаса но за разлика од тоа поплавени се засеани ниви вдолж цевководот од Ѓавато Богданско до Дорјанското езеро. Таква е и површината од декар и половина на Никола Стојанов од Фурка на местото викано „Крај река“ во богданско Црничани кој есенва ја ...
На 12.11.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со бугарски национални ознаки, управуван од бугарскиот државјанин Н.П.К.(63) и велосипед управуван од И.Е.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската ...
Министерството за енергетика ги објави фирмите кај кои можат граѓаните да го искористат ваучерот за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди. На списокот од 42 компании се најдоа и шест фирми од Југоистокот. Станува збор за три фирми од Струмица Милт, Крисмел и Електромеханика како и фирмите Озис-С.О од Радовиш, Џиви од Гевгелија и Тентов од Дојран. Ваучерите ќе мора да бидат искористени до 30 ти ноември. Освен во овие шест фирми како што ...
,,Ќе се формира комисија од повеќе научни институции за следење на фактичка состојба на браната Турија и причините за неодамнешното појавување на манган во водата а долгот кој што го има општина Струмица кон АД ,,Водостопанство” ќе биде сервисиран согласно утврдена динамика.“ Вака објави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски кој на заедничка маса ,,ги седна“ градоначалникот на Струмица кој најави излегување од ЗЕЛС и министерот за земјоделство ...
Струмичкото основно јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица. ,,Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои ...