По учеството на БНТ, синоќа приведен е кандидатот за претседател на Бугарија Бојан Расате. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Расате е приведен во првата регионална управа на МВР во Софија. Претходно во текот на денот, обвинителството во Софија објасни дека претседателскиот кандидат не бил пронајден на ниту една од адресите познати на истражителите. Во понеделникот, главниот бугарски обвинител, Иван Гешев, побара да му се укине ...

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години. Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола ...

Состојбата со коронавирусот во Бугарија им задава вистинска главоболка на властите. Вчера, медиумите објавија дека само две области во целата држава не биле класифицирани како „темно-црвена зона“, со стапка на инфекција над 500 инфекции на 100.000 луѓе. Монтана има највисока стапка од 1.425 случаи на 100.000 луѓе, а главниот град Софија е на второ место. Воедно, денеска оваа држава го собори рекордот по бројот на починати од ...

Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема. -Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа ...

Цената на струјата за домаќинствата по Нова Година ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто. Освен цената, проблем е и недостигот на струја и доколку итно не почнат со производство ТЕЦ „Неготино“ и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. И покрај предупредувањата на експертите, власта со смирувачки пораки до граѓаните дека нема потреба за прогласување на енергетска ...

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа и рече дека победата е огромна. „Голема благодарност што ми ја дадовте довербата. Не можам да ја изразам мојата радост и колку ми значи што сите вие скопјани ги поддржавте мојата ивизија и моите проекти и што ми ја дадовте вашата дoверба да го водам Град Скопје во наредните четири години“, изјави Арсовска вечерва по ...

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа. Актуелниот градоначалник Димитривески на својот фејсбук-профил објави видео од штабот во кој веќе се слави. Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ прогласи победа во Карпош, против неговиот противкандидат Душко Весковски од редовите на СДСМ. Тој на прес-конференцијата на која прогласи победа истакна дека и покрај целата црна кампања, која се водела против ...

Едно лице загина денеска при пад на кабината на жичарницата на северот на Чешка, соопштија властите. Една од двете кабини на жичарницата попладнево паднала, ,а внатре имало само едно лице кое е дел од персоналот и кое за жал не ја преживеало несреќата. Причината за несреќата во кабината не е позната. Во другата кабина имало 15 лица и нема повредени. Денешниот инцидент е прва несреќа на најстарата чешка жичарница, отворена во 1933 година. ...

Верувам дека успеавме да го оствариме своето лично право да го дадеме својот глас за каква сакаме да биде иднината на Скопје, во првиот круг водев со 8.000 гласови, а во вториот ќе биде поголема бројката на оние лица, кои ќе ја поддржат визијата за модерно Скопје, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, откако го оствари своето право на глас во избирачкото место во општина Ѓорче Петров. Арсовска ...

Ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што промената на времето случуva во предвечерието на вториот круг од локалните избори. Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање на ...

Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите во земјата, соопштуваат дека два од делта случаите се однесуваат на варијантата ΑΥ.4.2 и се ...

Голем број на познати хотели во популарниот ски центар Банско, соседна Бугарија, отворија сопствени мобилни лаборатории, каде гостите можат да направат Ковид – 19 тест. Со цел да им се удоволи на туристите и да бидат поштедени од барање на лаборатории и закажување на тестирање, повеќето хотели се решиле самите да ја обезбедат оваа услуга, за која се наплаќа по 15 лева, односно околу 500 денари. -За ваше задоволство е осигурана мобилна ...

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека не е прогласена кризна состојба во делот на енергетиката во државава. Министерот уверува дека струја ќе има до Нова година, и дека до тогаш нема да се покачи ниту цената за граѓаните. Но, не гарантира за од 1 јануари. Вели – тоа никој не знае. Само се надева дека нема да има вонредно покачување на цената на струјата за домаќинствата. “Зборуваме за светска криза. И нашиот ...

Ноќните клубови, баровите и угостителските објекти за свадби и други прослави ќе можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектите, одлучи Владата на синоќешната седница. Дополнително, од Владата соопштија дека од 15 ноември за влез во угостителски објекти, хотели, трговски центри, бензински станици, казина и обложувалници, или за посетување настани ќе биде задолжително да се покаже сертификат за две примени дози од вакцината против ...

Во меѓународна полициска операција во повеќе земји од светот уапсени се 150 осомничени лица за купување или продажба на нелегална стока преку Интернет, како дел од една од најголемите операции насочени кон темната мрежа, соопшти Европол, цитиран од француските медиуми. -Оваа операција, позната како Dark HunTOR, се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, ...

Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени. Командантот на скопската Пожарна бригада Владимир Симоновски вели дека во моментов, на терен интервенираат пет возила и во секој момент се чека да стигне дополнителна помош за да се стави ...

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи. Потсетуваме дека не е ...

За првпат во историјата во медицината дрон бил користен за да се испратат бели дробови од една болница во друга, за трансплантација на пациент. Дронот со белите дробови на крајот на септември биле испратени од кровот на болницата Торонто Вестерн, до Општата болница. Канадскиот хирург доктор Шаф Кешавџи, рече дека тој успеал да направи нешто, што никој пред него го немал направено. На дронот му биле потребни само десетина минути за да стигне ...

Силна бура пустоши во јужна Италија втор ден по ред и однесе најмалку еден живот, поплавувајќи патишта, полиња и предизвикувајќи лизгање на земјиштето, соопшти полицијата. Телото на 67-годишно лице е пронајдено во грмушка, далеку од местото каде што последен пат бил виден откако неговиот автомобил се заглавил во вода и кал југозападно од градот Катанија на Сицилија. По неговата сопруга сè уште се трага, соопштија итните служби. ...

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година јасно потенцира дека Северна Македонија треба да ги зголеми финансиите што се одвојуваат на национално и локално ниво за намалување на загадувањето на воздухот. -Ограниченото спроведување и ресурсите, слабата меѓусекторска соработка и координацијата помеѓу централните и локалните власти го ограничуваат влијанието на мерките за намалување на ...

Екуменскиот патријарх Вартоломеј му ветил на претседателот Џо Бајден дека заедно со папата и други верски лидери ќе помогнат во повикување на граѓаните да се вакцинираат против ковид-19. Ваквата иницијатива Вартоломеј ја најави денес по средбата со Бајден во Белата куќа, нагласувајќи дека претседателот е „верник и човек со визија и ние знамеме дека ќе им понуди на оваа прекрасна држава и на светот најдобро лидерство и насока во негова ...

АД Електрани на Северна Македонија распиша нов тендер за набавка на јаглен за надминување на енергетската криза што од Европа се прошири и во Македонија. Понудите ќе се отвораат на 2 ноември. Овој пат, вториот тендер што го распиша националниот произведувач е за 900 илјади тони и важи само за потребите на РЕК Битола, односно не се споменува ТЕЦ Осломеј, чие рестартирање беше планирано во претходниот повик, кога се бараа 1,2 милиони тони. ...

Џејмс Мајк Тајлер, актерот најпознат по улогата на Гантер, почина на 60-годишна возраст. „Тајлер почина мирно во својот дом во Лос Анџелес во неделата наутро. Светот го препознаваше како Гантер, седмиот пријател од серијата „Пријатели“, но најмилите Мајкл го препознаваа како актер, музичар и човек кој се залагаше за подигнување на свеста за опасноста од канцер“, објавил неговиот менаџер Тони Бенсон. Да ве потсетиме, ...

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со дрога. Весникот „Семана“ наведува дека Отониел, за да формира мрежа за илегална трговија, воспоставил врски во Панама, Мексико, Доминиканската Република и Белгија. „Семана“, исто така, наведува дека досието до кое имала пристап, содржи извештај за преговори со емисари на мексиканските ...

Хидроакумулациите немаат вода ниту да покријат еден едниствен ден од потребите за електрична енергија во државата, а вкупната количина на вода се проценува на околу 10 отсто од максималниот капацитет. Слично е и со РЕК Битола каде работи само еден блок и тоа со намалена моќност пшоради квалитетот на јагленот кој се користи. Вториот блок и третиот блок не се вклучени, иако тоа беше најавено пред петанесетина дена од директорот на ЕСМ Васко ...

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил детално и долго планиран, а требало да биде извршен на 27 јануари годинава, на откривање на споменикот на Стефан Немања во Белград. „Планиран е долго и детално. Формирани се паралелни структури во МВР и водени се кампањи во тајкунските медиуми кои ги пренесуваа медиумите во регионот за ...

Денеска почина филологот Атанас Вангелов. Пред десетина дена по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание доделена му беше наградата “11 Октомври” за државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието. Беше поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по ...

Најбараниот тровец со дроги во Колумбија, водачот на Заливскиот картел Диаро Антониот Усуга Давид, познат како Отониел, е заробенм во саботата во тек на операција којашто ја спровеле колумбиските вооружени сили, потврдија ноќта кон неделата воени и полициски извори Според изворите на дневниот весник El Tiempo, операцијата била изедена во општината Некокли во северозападна Колумбија. Во текот на ноќта Усуга наводно бил пренсен во Меделин. ...

Според податоците од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освои 18 советнички места во Советот на Град Скопје, СДСМ има 12, ДУИ 5, Левица четири советнички места. Советот брои вкупно 45 советници, а за мнозинство се потребни 23 советнички места, што значи дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ нема да имаат мнозинство во Советот Денеска ДИК ги објави конечните податоци, според кои по две советнички места во Град Скопје имаат АА/А, Група избирачи Драгана Велковска и ...

Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител, соопшти Министерството за внатрешни работи во врска со случајот во ОУ Панајот Гиновски во Бутел. „Денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
59%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
7.72
44%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
41%
1011
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
49%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
4.59
48%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
49%
1011
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
64%
1019
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
31%
1010
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1011
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
43%
1020
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
41%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
40%
1021
Currency

61.6417

Currency

52.6991

Currency

70.8375

Currency

37.072

Currency

38.0627

Currency

66.6248

Currency

7.71808

Currency

0.6815

Currency

0.33014

Currency

0.52523

Currency

1.17646

Currency

0.56447

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Бакар

11.78

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Калај

48.18

Злато

151733.54

Платина

65394.62

Родиум

324722.54

Паладиум

48708.38