
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Случајот со наводното киднапирање во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци – Штипско е целосно расчистен, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР), додавајќи дека во случајот не се утврдени елементи на кривично дело. „Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со јавен обвинител од Штипското обвинителство, ...
Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори. Бајден беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда. Хантер Бајден е обвинет за вкупно девет точки – три даночни престапи и шест ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски го повика претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги достави доказите што, рече дека ги има за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, а кој синоќа во телевизиско интервју говореше за овој случај. -Што се однесува на коментарите на лидерот на опозицијата, тој во многу случаи се има поставено како истражител и како обвинител ...
Српска „Република“, портал на српскиот весник „Српски телеграф“ денеска објави, како што тврди, изјава од мајката на убиената тинејџерка Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, дадена ексклузивно за нив, првпат по смртта на девојчето. Зорица, како што пренесува српска „Република“, изјавила дека не знае зошто се случило ова и дека сè уште го чекала епилогот. „Не сум во состојба да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот ...
Министерството за правда од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката. „Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање“, информираат од министерството. Изутринава (6.12) е добиено официјално известување од Интерпол, дека Палевски, кој се бара со меѓународна потерница е уапсен во Турција.Министерството за правда веднаш ја отпочнало постапката ...
МВР за вечерва закажа вонредна прес конференција поврзана со убиствата на Вања и Панче, откако се дозна дека на граничен поремин е фатен Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на малата Вања и на велешанецо Панче, по кого беше распишана меѓународна потерница. Засега е познат неговиот пат на движење, а тоа е Скопје-Белград-Турција преку Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во 22.30 часот ќе се обрати пред ...
Притворено е уште едно лице во случајот со убиството на 14-годишната Вања. Се работи за 46-годишен скопјанец, кој му помогнал на Љупчо Палевски да избега од земјава. Според информациите, тој го возел Палчо да излезе од државата и да помине граница во Бугарија. „Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека ...
Денеска во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско, се случил обид за киднапирање на две деца. Според првичните информации, киднаперите дошле со возило „голф“ со скопски регистарски таблички и се обиделе насилно да внесат две деца во возилото. Биле спречени од други деца и од персоналот. Настанот во телефонски разговор за тв Стар го потврди директорката на училиштето, Наталија Костова. Таа кратко кажа дека едно од децата кои биле ...
Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. СУДИЈА НА ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА ПРИ ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, ПОСТАПУВАЈЌИ ПО ПРЕДЛОГ НА ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ, ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ СО КОЕ ГО ПРИФАТИ ...
Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата. Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите ...
Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, на фејсбук објави слика од Александар, татко на Вања, кого тројцата осомничени и притворени за убиството на малолетничката го посочиче дека му дал информации на првоосомничениот во бегство за неговата ќерка, со цел да ја киднапираат и да изнудат пари од мајка и. „ТАТКО! Си створил живот, си створил дете, требаше да ја сакаш највеќе, ЖИВОТОТ СВОЈ ДА ГО ДАДЕШ, да ја заштитиш од се и секој, да ја чуваш, раниш, ...
Мотивот е користољубие да се изнудат пари од мајката на Вања. Со возилото од фризерот од Велес е киднапирана Вања која нема никакаква врска со него. Таа е убиена со пиштол од како што кажа министерот за внатрешни работи монтрумот кој ја убил се бара. Извршени биле многу претреси и биле пронајдени возило компјутери и телефони , извршени се бројни разговори со многу лица. Двајца од осомничените наведуваат дека кога и како излегува дознале од ...
Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања. Едно од осомничените лица кое не е достапно на органите на истрагата е познато за јавноста. По него се трага, по што, ќе биде приведен. Мотивот за убиството се пари. Станува збор за група од пет лица кои се ...
„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор ...
Два земјотреси утрово се случија во Србија во рок од еден час, а најсилниот беше во областа Свилајнец, во Марковац во осум часот и 47 минути. Неговата сила беше 3,8 степени според Рихтеровата скала. По еден час, земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на градот Петровац на Млава, на 12 километри југоисточно, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод. Земјотресите со ваков интензитет можат да ...
Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Исто така Зеќири треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет. Во оваа пресуда, која не е правосилна, се пресметува и времето што Зекири го помина во куќен и во ефективен притвор Како што кажа судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за време на пресудата, Зеќири склучил договор во четири ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се чини дека ѝ се закани на Молдавија среде војната во Украина, за која Кремљ продолжува да тврди дека е испровоцирана од Западот. Лавров вчера изјави дека Молдавија, која е источноевропска земја и поранешна советска република, се става во опасност во својата желба да се приклучи на Европската унија. Тој го изјави ова за време на министерската конференција одржана од Организацијата за ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата вечерта со авион пристигна во Скопје за да учествува на самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) преку Грција, а не како што претходно беше најавено преку Бугарија. Бугарија дозволи авионот со Лавров да лета над нејзина територија, но побара портпаролката на МНР, Марија Захарова, која исто како и шефицата на дипломатијата е на списокот на санкционирани ...
Ревизорката Татјана Димитровска во следните пет години e предложена да биде претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а членови ревизорите Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во Антикорупциската комисија Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ. Ова се седуммина лица кои по тридневно јавно интервјуирање ги ...
Повеќе од 24 часа е исчезната 14-годишната Вања Ѓорчевска, на која ѝ се губи траг вчера околу 7.20 часот, кога последен пат била видена на пат кон ОУ „Песталоци“ во Дебар маало, Скопје. Министерството за внатрешни работи вчеравечер потенцираше дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето уште од моментот на пријавување за нејзиното исчезнување од страна на нејзината мајка, која случајот во полиција го пријави вчера во 08:35 ...
Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Онкологија Рашела Мизрахи на денешната седница ги претстави заклучоците од работата на комисија, со кои се утврдува политичка одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Букова и кај поранешните ...
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во интервју за бугарската телевизија Нова вели дека не постои никаква правна пречка за внесување на Бугарите во Уставот бидејќи, како што рече, не постои закон што би им забранил нешто на граѓаните кои се чувствуваат како Бугари, а би го овозможил на граѓаните кои се дел од албанскиот, турскиот, српскиот и другите народи во земјава. Посочи дека С Македонија е мултиетничко општество и дека, ...
Руската делегација ќе учествува на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, доколку Бугарија, како што и вети на Северна Македонија, го отвори воздушниот простор за Руската Федерација. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на форумот Примаковски читања, пренесува Тасс. „Сега се чини дека Македонија не покани на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. Бугарија се ...
Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14, во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри, информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи. Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка – 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија. -Врнежи од дожд имаше во ...
Метеоролозите издадоа црвено предупредување за делови од Хрватска поради силно невреме со ветер и над 130 километри на час. Времето е многу опасно и подразбира високо ниво на опасност по здравјето,а постои и значителен ризик од оштетување на крајбрежната инфраструктура, велат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи. „Бидете свесни за опасностите и внимавајте и следете ги најновите временски извештаи. Ја советуваме јавноста да избегнува ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А.. „Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко ...
74-годишна жена е пронајдена почината во нејзиниот дом во кочанското село Бели, каде живеела заедно со својо син. Според информаиците, синот М.Р. (53) е приведен, а кај починатата В.Р. биле пронајдени траги од насилство. На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била ...
Владата ја тргна забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава. Тоа било решено на денешната седница, пренесе „360 степени“ повикувајќи се владини извори. Според ова, нема формална пречка за авион, во сопственост на Русија да слета на некој од аеродромите во земјава. Измените на актуелните рестриктивни мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, ...
Пожар зафати фабрика за бои и лакови во тетовското село Фалише. Се претпоставува дека во фабриката имало околу 100 тони бои, лакови и хемикалии, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. ЦУК препорача населението да не излегува од домовите и да ги затворат прозорците. Пожарот го гаснат пожарникари од Тетово, на кои им се приклучиле и колеги од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Директорот Ангелов, побарал и ...
Вилма Русковска повеќе не е обвинител, членовите на Советот на јавни обивнители ја разрешија. Тие ја потврдија одлуката по отворената дисциплинска постапка против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Одлуката беше донесена едногласно од сите членови. Предлогот за разрешување дојде откако ексдиректорот на Управата за финансиска полиција поднесе претставката до дисциплинската комисија при ...