
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Основното јавно обвинителство информира дека во обвинителството пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес. Станува збор за наодите што се дел од истрагата која Основното јавно обвинителство Скопје ја води против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Ѓорчевска и Панче, кој е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција, и уште ...
Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје. Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, ...
Во масовно пукање кое се случи вчера во центарот на Прага загинаа повеќе од 14 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а најмалку 25 се повредени. Напаѓачот за кој се верува дека е мртов отворил оган во зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во главниот град, пренесува Евроњуз. Како што пренесува порталот „Експатс“, меѓу повредените има и тројца странци, односно две лица од Обединетите Арапски Емирати и едно лице од Холандија. ...
Дејвид Козак (24) уби најмалку 15 лица, а рани над 30 во крвавото дивеење што се случи во четвртокот во Прага. Имено, младиот човек прво го убил својот татко, а потоа отишол на универзитетот каде продолжил да убива, пишува порталот Sveznampravy. Козак студирал на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага. Годинава доби награда за завршна теза на додипломската студија историја – европски студии. Беше тивко момче, интроверт. Не се ...
Обвинителката Соња Симовска ќе биде в.д. државен јавен обвинител, која ќе го наследи Љубомир Јовески по неговото пензионирање, дознава „Скопје1“. Одлуката за именувањето на вршител на должност ќе биде донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Според извори во ова обвинителско тело, има консензус за Симовска да биде назначена на оваа позиција, а со оглед дека Собранието не избра нов државен јавен обвинител, а е познато дека ...
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија по повод пристигнувањето на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза. Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост: „Се сеќавам пред неколку месеци на кризата која се создаде поради бирократските процедури кои создадоа паника кај пациентите со цистична фиброза, оправдан беше нивниот револт, на нивните ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Нино Васев, и двајца доктори Основниот кривичен суд во Скопје денеска ги ослободи од обвинението за несовесно работење во службата во врска со предметот што се водеше против нив од 2021 година, а по кривична пријава на семејство на починат пациент три години претходно, односно во 2018 година. На изрекувањето на пресудата во Кривичниот суд, судијката Славица Наумовска рече дека обвинетите ...
Соединетите Американски Држави (САД) велат дека се водат многу сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа и ослободување на повеќе израелски заложници, пишува Ројтерс. Сепак, според агенцијата изгледите за договор остануваат неизвесни бидејќи Хамас инсистира дека нема да прифати ништо помалку од целосен прекин на изралекста офанзива во палестинската енклава. Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије вчера го посети Египет, за прв пат по повеќе од ...
Судот во Колорадо му забрани на Доналд Трамп да се кандидира за претседател на државата. Одлуката не се однесува на други држави, но може да биде проследена со други слични пресуди. Судиите на Врховниот суд во Колорадо гласаа четири спрема три дека Трамп не ги исполнува условите за да биде претседателски кандидат. Причината е нападот на неговите поддржувачи врз Конгресот пред три години, во обид да го спречат Џо Бајден да ја преземе функцијата. ...
„Одржување стабилни меѓуетничи односи и продолжување на европската интеграција“ – овие два елемента шефот на државата ги истакна како клучни за земјата во наредната година која е и изборна. Во своето последно обраќање како претседател во овој мандат, Стево Пендаровски освен што ги истакна моментите кои ги одбележаа изминатите пет години од неговиот избор, ги нотираше и слабите точки кои со години го мачат општеството. Меѓу нив се и поделбите. Во ...
Ќе се набавуваат нови амбулантни возила од причини што најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани информираат од Министерството за здравство. – За таа цел, Министерството изготви и до Владата достави Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на ...
На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РМ. Предлозите се доставени до Владата, информираат за МИА од Собранието. Владата на седница треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители. Собранието огласот го објави на 29 ...
Во шпанскиот град Аликанте е уапсен Љуљзим Б.(52), водач на албанска криминална организација, кој е во бегство речиси 20 години, пренесува Euro Weekly News. За двојно убиство се бараше Љуљзим Б. Озлогласениот бос на голема криминална организација е уапсен од шпанската национална полиција, објавија локалните медиуми. Албанскиот криминалец „падна“ по длабинска истрага на шпанската полиција и соработка на ENFASTA – Европската мрежа на тимови за ...
Јавното обвинителство сè уште ги прибира доказите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Од Обвинителството велат дека официјалниот извештај од oбдукцијата се’ уште не им е доставен. Вања и Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември беа најдени убиени. Засега за случајот осомничени се шест лица. Од нив пет се наоѓаат во притвор, а за осомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадицијата ...
Во организација на граѓанските организации и со поддршка на мнистерството за внатрешни работи денеска се одржа завршната конференција на проектот „Пилот-проект за систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која се промовираше веб-страницата на систем за рано предупредување за исчезнати деца ,најдиме.ком.мк веб-страницата ќе биде на три јазици – македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на МВР. Министерот за образование ...
Грчката полиција трага по двајца државјани на Албанија од кои еден, по вербална расправија пред ноќен клуб во Атина, ладнокрвно застрела три момчиња, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот е снимен од безбедносни камери во близина на локалот, а снимките се споделуваат по социјалните мрежи. Според грчките медиуми, едно од момчињата е во критична состојба. На видеото се гледа како излегуваат од возило, се доближуваат до група на момчиња пред ...
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари соопшти дека во близина на границата со Израел e откриен тунел со должина од над 4 километри и истиот го опиша како „подземен град на теророт“. Откривањето на тунелот во близина на преминот Ерез покренува повеќе прашања за тоа како израелскиот надзор можел да ги пропушти таквите очигледни подготовки на Хамас за смртоносниот напад на 7 октомври што предизвика војна која беснее повеќе од 10 недели. ...
Листата на „Србија не смее да застане“ освои убедливо најголем број гласови на изборите во Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа од партиското седиште на СНС објави дека според прелиминарните резултати и на ниво на Белград и на ниво на Србија, нивните листи извојувале максимална победа. За Покраниското собрание на Војводина, кое брои 120 пратеници, партијата на Вучиќ, според него, освоила апсолутно мнозинство, односно од 67 до 69 ...
Во последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Реални повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,9 отсто, а останатите биле окарактеризирани како неитни. Како што информираат од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 40 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени 0,44 проценти. „Повици за итни случаи ...
Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од вечар поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеа на отстранување на паднатите дрвја. На останатите патишта низ државата, според ...
Амбасадорка на САД Ангела Агелер, во интервју за емисијата „Стадион“ на Канал 77 зборува за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за трагичниот крај на животот на 14-годишната Вања Ѓорчевска и при тоа очекува луѓето од институциите, кои ги оставија криминалците што го убија детето слободно да шетаат, да се погледнат во огледало и да се прашаат, што можеа да сторат за да ја спасат оваа млада девојка и сите други деца во земјава. „Дозволете да ви ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Осомничениот, во периодот од летото 2022 година до 30.11.2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во ...
Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на ...
Тече истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кои ја потресоа јавноста. Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека во моментов се испитуваат материјални докази. „Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое ви кажав и минатиот пат, а се испитуваат нормално материјалните докази. Можам само да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик со којшто ...
Системот „Безбеден град“ ќе се надградува, а тоа ќе значи вклучување на поголемите градови и на автопатите низ државата. Ова денеска од Штип го порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надградба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три града и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на ...
Сите информации кои МВР ги поседува за грозоморните убиства на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои ќе бидат опфатени и активностите и мерките кои ги презеле полицијата и другите безбедносни служби поврзани со овој случај да се достават во Собранието, побара пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на собраниската седница на Комисијата за одбрана и безбедност.. Овој предлог комиисјата го прифати и го задолжи ...
Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена. ...
Истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не може да ја водиме во медиумите, таа мора да се води во Јавното обвинителство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во кои се бараа дополнителни информации за овие две убиства. „Со поднесувањето на кривичните пријави целата истрага оди во Основното јавно обвинителство (ОЈО). Сите овие детали се разгледуваат во ОЈО на основа на ...
Портпаролот на Хамас соопшти дека Израел нема да ги добие живи заложниците без размена, преговори и исполнување на нивните барања. Според Израел во Газа се уште има 137 заложници, додека активистите велат дека околу 7.000 Палестинци се во израелските затвори. Катар продолжува да посредува во обид да се ослободат повеќе заложници, но премиерот, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, рече дека „за жал, тој не гледа иста подготвеност за преговори како што ...
Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, потврдуваат од Обвинителството. Оттаму додаваат дека се во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Повеќе детали за анализите и проверките кои се прават не се соопштуваат во интерес на истрагата. -Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и ...