Ливерпул по крајот на сезонава останува без неколку важни играчи меѓу кои и Мохамед Салах, човекот без кој не можеше да се замисли составоот на „црвените“ во изминативе девет години. Меѓутоа се има почеток и крај, па и така оваа приказна на напаѓачот со великанот од „Енфилд Роуд“. Маркус Бабел кој дел од кариерата мина во Ливерпул смета дека ова е вистински потег, одлука затоа што смета дека Салах има пад во формата и едноставно не може да ги ...

Вардар го освои Купот на Македонија, сигурно гази во Суперлигата, но има можност да направи и значаен резултат на меѓунардоната сцена, поточно го дели само една пречка до пласман на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ. Следи двомеч со францускиот прволигаш, првото „полувреме“ е закажано за 28 април од 20:45 часот, а второто во Скопје за 5 мај од вечериот термин 20:45 часот. Токму за реваншот можат да се набават набават билети и тоа ...

Фудбалот важи за најважната споредна работа на светот, но и за најпопуларен спорт и тоа од повеќе причини. Меѓутоа фудбалот понекогаш знае да ни донесе и навистина комични моменти, ситуации, а токму една таква ни дојде од Турција. Се работи за натпреварот од плејофот од третата лига во која силите ги одмерија Баликесирспор и Ескишехирспор, а гостинскиот голман им подари гол на домаќините со една несфатлива реакција. Balıkesirspor sahalarda ...

Тимот на Фулам издвојува победа над Астон Вила од 1-0 во првиот натпревар од денешната програма во англиската Премиер лига. Клубот од Лондон забележа триумф со кој најави дека ќе се бори за место во Европа во наредната година. Од шестото до дванаесеттото место на табелата разликата е само четири бода, а Фулам во моментов со 48. е на десеттата позиција. Клучниот момент на „Крејвен Котиџ“ се случи со финишот на првото полувреме кога Сесењон во ...

Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја пронајде нов ангажман и во иднина ќе го води турскиот клуб Бешикташ. Ова е информацијата која ја сподели специјализираниот ракометен портал „Балкан Хендбол“ кој информираше дека Шпанецот одлучил да каже да за амбициозниот проект на Бешикташ, тим кој ќе има европски амбиции во наредниов период. Инаку Гарабаја со Пелистер го освои само Суперкупот на Македонија, а во досегашната кариера ...

Продолжуваат битките во плејофот во НБА лигата, а најновите победи ги однесоа Филаделфија, Лејкерс и Сан Антонио со тоа што сега „севентисиксерс“ имаат само минус еден против Бостон Селтикс (2-1), „езерџиите“ се на чекор од тоа да го „изметат“ Хјустон Рокетс, додека Спарс одново води со Портланд Трејл Блејзерс (2-1). Десет моменти беа извлечени како најдобри од овие соочувања, а на врвот е Фили со одличната реакција во одбрана и напад. Бона ...

Мајкл Карик не одлучува за својата иднина на „Олд Трафорд“, но ако се гледа реално и објективно, поранешниот играч за врска навистина заслужува да добие шанса на долгорочен план со оглед на позитивниот пресврт кој го предизвика во тимот. Манчестер Јунајтед сериозно напредуваше со Карик како менаџер на тимот и во само четири месеци успеа да направи нешто што изгледаше незамисливо под водство на Аморим, па токму поради тоа, медиумите се почесто ...

Манчестер Сити изби на чело на табелата во Премиер лигата со победата која ја оставри над Барнли, но три дена подоцна, Пеп Гвардиола и неговите фудбалери имаат нова реалност и нов предизвик, овојпат во ФА Купот. „Граѓаните“ го освоија трофејот во Карабао Купот и се во игра за уште два, бидејќи покрај жестоката битка во Премиер лигата, Сити е жив и во ФА Купот. Сити денеска игра полуфинале против Саутемптон на „Вембли“, а во пресрет на ...

Џанлука Ѕамброта е угледно име во италијанскиот фудбал поради партиите кои ги прикажа во Серија А и оние за репрезентацијата, а како човек кој носеше дресови на фудбалски великани како Јувентус и Милан добро е запознаен со притисокот кои го носат таквите клубови. Славниот дефанзивец одигра четири сезони во Милан и беше дел од тимот кој го освои Скудетото во 2011-та година, па како човек кој во поодминати години направи разлика на „Сан Сиро“, ...

Ливерпул се очекува да претрпи нова промена во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок, а какошто стојат работите во овој момент, се чини дека проектот и во иднина ќе го води Арне Слот. Иако беше под сериозен притисок, фактот што најверојатно ќе обезбеди Лига на шампиони ќе му донесе нова шанса на холандскиот стручњак, кој иако се обидува да биде изолиран од сите важни одлуки кои ги носи клубот, сепак даде одговор на тема која се ...

Мирван Суварсо е еден од најзаслужните за огромниот подем кој го бележи Комот како клуб, но како прв човек на италијанската сензација, Индонезиецот исто така е свесен дека не може никој со сила да држи во тимот. Поради добрите партии, постои голем ризик фудбалерите да завршат во попрестижни клубови, меѓутоа во овој момент, главна фаца во Комо дефинитивно е Сеск Фабрегас. Фантастичната работа на тренерот наидува на големи пофалби во Италија, а ...

Алваро Арбелоа распали по судиите и нагласи дека тие одново биле главни виновници за последниот кикс на Реал Мадрид, односно за двата загубени бода во финишот од мечот во Севилја. Ектор Белјерин погоди во самата завршница од продолжението и израмни на 1:1, но пред да дојде до тоа, спорен беше еден дуел меѓу Менди и Антони. „Кралевите“ бараа фаул во напад од Бразилецот и не дочекаа такво нешто, а претходно во првото полувреме се жалеа и за ...

Легендарниот Веселин Вујовиќ е пред кам-бек на најголемата ракометна сцена, и тоа повторно во улога на селектор на репрезентацијата која последно ја водеше. Славниот тренер на Вардар веќе отпатува за Доха за да стави потпис на договорот, според кој Вујо ќе го води Катар најмалку до 2027-ма година, заклучно со Светското првенство кое се игра во Германија. Вујовиќ беше предводник на Катар во периодот од 2024-та до 2025-та година, го водеше ...

По трите напорни натпреварувачки денови, македонските репрезентации во машка и женска конкуренција денеска имаат ден одмор на Светското првенство во училишен спорт, нешто што беше предвиено уште при самото објавување на распоредот. Воведните три победи на кадетките и кадетите ги ставија во поволна ситуација пред најважното разигрување, а турнирот во женска конкуренција утре стартува со четвртфиналните возбудувања. Кадетките на Даниела Новеска ...

Светското првенство во САД, Мексико и Канада е логистички тешко остварило за фановите од Европа, но работата станува речиси невозоможна за обичните фудбалски фанови поради високите билети кои достигнуваат и илјадници долари за само еден натпревар на турнирот. Овие суми се окарактеризирани како директна навреда за просечниот фудбалски фан кој сака да ужива на најголемиот настан во светот, па во период кога ФИФА се обиде да даде и бизарни ...

Реал Мадрид сигурно ќе назначи нов тренер по крајот на оваа сезона и веќе се споменуваат неколку имиња кои можат да го наследат Алваро Арбелоа, а изненадувачки меѓу кандидатите повторно е Жозе Мурињо. Прославениот португалски стручњак наводно сам се понудил на Реал Мадрид за втората етапа во „кралскиот клуб“, па иако оваа опција засега никој не ја демантира од клубот, со спротивставен став во јавноста се јави Јосе Марија Гути. Легендарниот ...

Карлос Алкарас заедно со својот табор мораше да донесе тешка одлука уште пред да дојде до било каква подготовка на Ролан Гарос, без оглед на тоа што има околу еден месец до почетокот на возбудувањата во Париз. Поради повредата на зглобот, Алкарас реши да не ризикува на долгорочен план и да го прескокне грен слемот во Франција, што воедно значи дека за жал нема да може да ја брани титулата која ја освои во Париз. Алкарас неодамна го загуби ...

Карлос Алкарас заедно со својот табор мораше да донесе тешка одлука уште пред да дојде до било каква подготовка на Ролан Гарос, без оглед на тоа што има околу еден месец до почетокот на возбудувањата во Париз. Поради повредата на зглобот, Алкарас реши да не ризикува на долгорочен план и да го прескокне грен слемот во Франција, што воедно значи дека за жал нема да може да ја брани титулата која ја освои во Париз. Алкарас неодамна го загуби ...

ЛеБрон поместува нова граници во НБА историјата со своите изданија на 41-годишна возраст, а тоа го потврди и со блескавото издание кое го имаше рано утрово против Хјустон. Рокетси беа на чекор од победа и имаа напад за плус 5 или 6 разлика на 15-тина секунди пред крајот, па иако се чинеше дека победата е речиси осигурана, тогаш на сцена стапи најдобриот играч на Лејкерси. ЛеБрон целосно ја презема одговорноста во отсуство на Лука Дончиќ и ...

Клаудио Раниери беше главниот човек кој му даде поддршка на Џан Пјеро Гасперини и искусниот стручњак беше токму негов избор минатото лето, но неполна година подоцна, легендарниот тренер на Рома си заминува од клубот токму поради актуелниот предводник на тимот. Караницата меѓу Гасперини и Раниери ескалираше во изминатите десетина дена, па различните ставови на двајцата ги натераа водечките луѓе на клубот да прават тежок избор. Семејството ...

Реал Мадрид полека се простува од битката за трофејот во Ла Лига, а ако ситуацијата изгледаше навистина тешка уште пред гостувањето во Севилја, по крајот на истото, Барселона има шанса да отиде на двоцифрена предност на пет кола пред крајот. Бетис со гол во 93-та минута на Белјерин ги шокираше гостите од Мадрид и дерби пресметката во Севилја заврши 1:1, а како многуброј пати досега оваа сезона, Алваро Арбелоа по натпреварот директно го впери ...

Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул по крајот на тековнава сезона и со тоа ќе се заврши една успешна приказна која траеше скоро една деценија. Салах испиша историја во таборот на премиерлигашот, клуб во кој постави рекорди, беше клучен играч во сите успеси, титули во сите натпреаврувања и неговото име уште долго време ќе се памети на „Енфилд Роуд“. Останува дилема кој ќе биде неговиот следен чекор, дали можеби ќе прифати некој нов предизвик ...

Екипата на Волвс следната сезона ќе игра во Чемпионшип, па раководството ќе се обиде добро да профитира од неколку трансфери на фудбалери кои го привлекоа вниманието на повеќе ривалски клубови. Најсериозен кандидат за трансфер е Жоао Гомеш, 25-годишниот бразилски играч од средниот ред, кој според англиските медиуми е блиску до заминување во редовите на Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб ќе доведе неколку нови играчи и ќе треба да ја пополни ...

Реал Мадрид водеше од 17. минута на гостувањето кај Бетис, но прими гол на истекот на последната минута од судиското надополнување и прокоцка два бода на овој натпревар. Винисиус донесе предност за гостите и најави дека Реал е дојден во Севилја за да ги освои трите бода, двете екипи во продолжение имаа по неколку добри обиди, но немаше промени до последните секунди. Бетис го искористи буквално својот последен напад за да израмни и тоа откако ...

Наполи не дозволи изненадување и ја потврди фаворитската улога на дуелот со Кремонезе, остварувајќи убедлива победа со резултат 4:0 во првиот натпревар од новото коло во Серија А. Актуелниот италијански шампион стартуваше одлично и поведе со голот на МекТоминеј во 3. минута, а Хојлунд и Де Брујне до крајот на полувремето зголемија на 3:0 и фактички го решија исходот на средбата. По серијата голови од премиерлигашките засилувања, во вториот ...

Баерн Минхен направи важен исчекор во Лигата на шампионите откако излезе како победник во двомечот со Реал Мадрид, но во полуфиналето ќе има уште еден многу сериозен противник. Се работи за актуелниот европски шампион ПСЖ, екипата која според поранешен германски репрезентативец ќе биде тврд орев за германскиот состав. Штефан Фројнд го предупреди бундеслигашот во пресрет на полуфиналните пресметки, истакнувајќи ги квалитетите на францускиот ...

Арсенал ја загуби предноста на табелата во однос на Манчестер Сити, но фановите се уште се надеваат дека нивниот тим ќе биде поуспешен во последните пет рунди и ќе ја освои толку посакуваната премиерлигашка титула. Избраниците на Микел Артета барем номинално викендов можат повторно да стигнат до предност со бодови освоени на дуелот со Њукасл, а дефанзивецот Вилијам Салиба смета дека ништо не е загубено и неговиот тим останува со големи шанси ...

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона (79:70) во последниот натпревар од плеј ин фазата во Евролигата и на тој начин го обезбедија последното место кое води во плејoфот на најелитното европско кошаркарско натпреварување. Францускиот прволигаш водеше постојано на денешното соочување со шпанскиот ривал и заслужи да стигне до триумфот, додека Барселона не најде начин како целосно да ја стопи двоцифрената предност. Во неколку ситуации, ...

Бруно Фернандеш имаше сериозна финансиска понуда од Саудиска Арабија, но реши да остане во Манчестер Јунајтед, за во финишот на сезоната да ги предводи соиграчите до позиција која води во Лигата на шампионите. Јунајтед направи сериозна серија по доаѓањето на Мајкл Карик, а капитенот Фернандеш вели дека епилогот на сезоната е уште една потврда дека не погрешил што останал на „Олд Трафорд“, истакнувајќи ја улогата и на својата сопруга. – ...

Одбојкарите на Штип УГД го победија Борец и во третиот натпревар од финалето во плејофот во македонското првенство и со максимален ефект ја обезбедија првата шампионска титула во клупската историја. Штипскиот состав издоминира во серијата со Борец, односно и на денешниот натпревар не загуби сет и со максимални 3:0 ја завери заслужената титула. За Штип УГД ова значи и официјализирање на двојната круна, бидејќи претходно триумфираше и на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
73%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Софија

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
48%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.34
64%
1014
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
94%
1011
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
54%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
58%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
67%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1018
Currency

61.635

Currency

52.7687

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

63401.27

Бакар

11.87

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Злато

146150.13

Иридиум

253540.09

Калај

49.41

Сребро

2352.10

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.52

Рутениум

51376.89

Паладиум

47518.80