Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Иран и Оман се блиску до постигнување договор за повторно воспоставување на комерцијалниот поморски сообраќај низ Ормуската Теснина, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и американски претставници. Според весникот, доколку биде постигнат договорот, бродовите што влегуваат во Персискиот Залив ќе пловат низ поморски коридор под контрола на Иран и во близина на неговиот брег, додека оние што излегуваат ќе користат коридор поблиску до ...
Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден Божествен пророче удостоен со дар пророчки, богоблажен и боговдахновен, ангел на земјата и небесен човеку Илија, изобличителе на неправедниот цар, активен сузбивачу на неправдата, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и на душите наши милост голема! А како може да се нарече завојувањето со соседите, освен големо ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето ...
Во периодот од 1 до 31 јули годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. -Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за ...
Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија, истакна на прес-конференција Елена Радеска од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни ...
Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...
Товарен брод бил погоден од „непознат проектил“ во Ормуската Теснина, во близина на брегот на Оман, соопшти синоќа Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според UKMTO, инцидентот се случил на околу 20 наутички милји (37 километри) североисточно од оманскиот град Хасаб. Засега не се објавени информации за евентуална материјална штета или повредени, а надлежните служби спроведуваат истрага. Иран претходно побара ...
Министрите за внатрешни работи и правосудство на земјите членки на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок преку видеоконференција за да разговараат за масовниот влез на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, а со состанокот ќе претседава ирскиот министер за правда, внатрешни работи и ...
За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави денеска на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Македонија помина низ ...
СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината. Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е ...
Властите во Гватемала издадоа предупредување за целата земја по ерупцијата на вулканот Фуего, најактивниот во Средна Америка. Националната агенција за координација при катастрофи објави дека поради ерупцијата е прогласен портокалов аларм за целата држава. Веднаш е иницирана евакуација на населението од две села во близина на вулканот, кој се наоѓа на 35 километри од главниот град Гватемала Сити. Владата исто така ја прекина наставата во ...
Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...
Данската принцеза Изабела, која од неодамна е полнолетна, почна со служењето воен рок, станувајќи една од првите девојки кои се дел од новата продолжена задолжителна воена служба во земјата, објавува „Шпигел“. Данска воведе задолжителна воена служба за жени минатата година, а околу 1.600 млади луѓе, меѓу кои и принцезата Изабела, ја започнаа својата воена служба. Поради зголемената загриженост за безбедносната состојба во Европа, периодот на ...
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, соопштија денеска извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...
Поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека не гледа перспектива земјата да стане членка на НАТО – цел што е запишана во украинскиот Устав. Според украинскиот портал „Европска правда“, Залужни на средба со украински амбасадори изјавил дека Украина во моментов не ги исполнува воените стандарди потребни за приклучување кон Алијансата. „Многу добро го ...
Анализа на минимални плати во Европа, споредувајќи ја куповната моќ наспроти платите во 2026 година, објави Еуроњуз. Кога се споредуваат рангирањата во номинални услови и PPS (стандард на куповна моќ) низ 27-те земји, најголеми победници се Романија и Македонија. Романија се искачи од 20-то на 12-то место, додека Македонија се искачи од 24-то на 16-то место, при што двете напредуваат за осум места. Србија (покачување за пет места), Хрватска и ...
Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно ...
Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...
Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запалил додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Според информациите, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен. Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови. Причините за пожарот засега се непознати. Повеќе ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека иранското раководство е „неверојатно лицемерно“. Неговата објава на „Трут соушл“ уследи откако Техеран демантираше дека денеска ќе се одржи нов круг разговори со ирански претставници за завршување на војната. Трамп наведе дека поради планираната средба ги откажал нападите врз Иран. – Иранското раководство е неверојатно лицемерно. Тие бараат средба, некои дури би рекле и дека молат за неа. ...
-Американскиот министер за здравство и социјални услуги (HHS), Роберт Ф. Кенеди Јуниор, влезе во остар вербален конфликт со водителката на Си-Ен-Ен, Дана Беш, со цел да ги покаже апсурдностите што на САД и на светот му се случуваа за време на ковид-кризата, но и да одговори на обвинувањата за неоснован скептицизам кон вакцините, за кој често е критикуван од медиумите. Американската јавност деновиве е сведок на јавни дебати за можни ...
Џеј Клејтон денеска положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции. Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот претседател Доналд Трамп и шири ...
Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 16 часот на улицата „Железничка“, каде патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во четиригодишното дете. По укажаната лекарска помош, детето било пренесено во ...
За само неколку моменти плажата се претворила во хаос, а луѓето масовно втрчувале во морето обидувајќи се да ги дофатат банкнотите што се движеле кон брегот. Италијанските власти брзо интервенирале, а истрагата отворила бројни прашања за потеклото на речиси 700.000 евра пронајдени во морето. Необичниот настан се случил на 28 јули во местото Казуце (Casuzze), западно од Марина ди Рагуза на Сицилија. Според информациите на италијанската ...