Со спектакуларен музичко-сценски перформанс на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела (9 август) ќе започне музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија, соопшти „Авалон продукција“. Според најавата, преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на државата, при што ќе бидат претставени најзначајните историски моменти, предизвици и ...

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува ...

Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска повторно ги повика Русија и Украина да ги почитуваат обврските од меѓународното хуманитарно право, особено во однос на „заштитата на децата и цивилната инфраструктура“. – Игралиште. Плажа. Семеен дом. Децата имаат право да бидат безбедни таму каде што живеат и играат, каде и да се, соопшти УНИЦЕФ. УНИЦЕФ наведе дека вчера при украински воздушен напад врз едно игралиште загина едно девојче, а ...

По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, објави вечерва градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на својот фејсбук профил. Во овие исклучително тешки моменти, вели во објавата, уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно ...

На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски ...

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови. Ова го истакна во вечерашното гостување во “Вести Плус” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната ...

Македонија се рангира пред седум земји членки на Европската Унија според куповната моќ на минималната плата, покажува најновата анализа на Euronews за минималните примања во Европа. Иако номиналниот износ на минималната плата во земјава е понизок од оној во поголемиот дел од ЕУ, анализата покажува дека поради пониските трошоци за живот нејзината реална вредност е значително повисока. Според пресметките направени во стандарди на куповна моќ ...

Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Во однос на квалитетот на здравствените услуги, јавното здравство, вклучително и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во ниту еден сегмент од доменот на своето работење, не заостанува зад приватното здравство, како по квалитетот на услугите кои ги нуди на пациентите, така и во однос на современата апаратура со која располага, особено по последните вложувања од страна на Фондот за здравствено осигурување, ...

Група млади неонацисти на 2 август се обидела насилно да влезе во хотел во Софија во кој биле сместени италијански ученици со еврејско потекло од Рим и Милано и нивните наставници, јавија повеќе италијански медиуми, меѓу кои АНСА, „Кориере дела сера“, „Скај ТГ24“, „Соле 24 оре“, „Џорнале“, РАИ Њуз и „Ла Пресе“. Според нивните информации, кои ги пренесува бугарската агенција БТА, групата неонацисти се собрала пред хотелот, се обидела насилно ...

Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десет километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, додека рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат е мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, нагласувајќи дека најголем дел од капацитетите на Министерството се насочени ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно ...

Со генерации се прават обиди да се стават „заштитни огради“ Gain of function (лабараториски истражувања на вируси и живи организми), но тоа не функционира. И очигледно пандемијата на Ковид-19 и многу други глобални пандемии што ги имаме, произлегоа од„Gain of function” истражување. Епидемијата на респираторниот синцицијален вирус (RSV) што ја имаме, која е најголемиот убиец на деца во оваа земја денес, произлезе од ваков вид експерименти. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е постигнат напредок во разговорите со Иран и со Оман за низ Ормуска Теснина да поминуваат повеќе бродови. – Постигнат е напредок во тие преговори, но сè уште нема конечно решение. Се надеваме дека тоа ќе се случи многу брзо, изјави Рубио. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека преговорите со Оман се за замена на одделните северни и ...

Дел од шпанските аналитичари сметаат дека масовниот прилив на мигранти во Сеута има бројни обележја на хибридна операција и не може да се објасни исклучиво со активностите на криумчарските мрежи, јави Хина. Според официјалната верзија на шпанската и мароканската влада, меѓу 40.000 и 60.000 Мароканци, претежно млади луѓе, но и семејства со мали деца, препливале или пеш ја преминале границата кон Сеута, поттикнати од криумчарски мрежи. Сепак, ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата се смирија откако ...

Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и ...

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) од четврток до 15 август ќе биде организатор на кадетското Европско првенство од Б дивизијата. Во изминатите години КФСМ беше домаќин на повеќе младински европски првенства, а со организацијата на претстојниот У16 Евробаскет, како што е соопштено, уште еднаш ја потврдува својата позиција на сигурен и доверлив партнер на европската кошаркарска федерација. Домаќини на шампионатот ќе бидат Скопје и ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид. На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период. Во рамки на разговорите било најавено отворање на Почесен ...

Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5. Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на ...

Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина – соопштија денеска властите на двете земји. Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија напади врз рафинерии, големи ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции. ...

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека најновите податоци на Евростат укажуваат на раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија, мерено според паритетот на куповната моќ (ППС). Според партијата, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година изнесува 1.142 ППС, со што државата се наоѓа на 16-то место на листата што ја објавил Евростат. Во соопштението се наведува дека Македонија е пред Србија (1.094 ППС), ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди. Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“. – Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние ...

Бенџамин Луис (48), убивал животни поради верување дека со пиење крв ќе го продолжи својот живот. По убиствата, нивните тела, со превртени крстови и тарот карти покрај нив, ги оставал пред и во црквите во националниот парк Њу Форест во Англија. По направениот претрес, во неговиот дом биле пронајдени цртежи со вампири, белешки со ритуали и записи за пиење крв. Анализата покажала присуство на неговата ДНК врз остатоците на едно јагне, по што ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Системот беше досега таков, затоа што со децении лица ...

Силен поларен бран денеска донесе снежни врнежи на ниски надморски височини низ Нов Зеланд, што предизвика затворање патишта и училишта, како и нарушување на траектниот сообраќај, додека властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања. Како што објави „Њу Зиланд хералд“, снегот наврна во делови од Јужниот Остров додека студениот временски систем се движеше низ земјата. Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данидин да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75