Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека секој нов руски напад врз Украина е дополнителна причина Европа да го зголеми притисокот врз Москва. Калас на Икс напиша дека Европската Унија, како одговор на неодамнешната серија руски воздушни напади, усвои нови санкции против пет лица поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс. „Со армија заглавена на бојното поле, Москва ...
Галеријата на икони во Охрид од денеска е збогатена со уште едно непроценливо историско, уметничко и духовно дело – иконата „Исус Христос на престол“, изработена во ретка мозаична техника, односно од ситни обоени камчиња или стаклени коцкички (тесери), карактеристична за византиската уметност. Како што беше посочено на денешната презентација организирана по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на организираната музејска дејност во ...
Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешнешните прес-конференција на СДСМ и СДММ, што МИА ја пренесува интегрално. ...
Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите ...
Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки. -Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 4.4 %, Рекреација, спорт и култура за 2.6 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.9 %, Ресторани и услуги за сместување ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи – трговци и со производителите на пиперка од Струмичко. Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон ...
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според најновите податоци на Државниот ...
Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција. Според Попов, покрај намалувањето на јавниот долг во вториот квартал од годинава, забележано е и намалување на државниот долг за 0,2 процентни поени од БДП на месечно ниво. „Ова ниво ...
Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој рече дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран. – „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се ...
Политико Дали Франција е подготвена за криза што би ја потопила во мрак? Француската влада планира да го дознае тоа. Владата разгледува можност за организација на симулациска вежба за ненадеен, општонационален прекин на снабдувањето со електрична енергија во втората половина на 2027 година, според четири лица кои имале директни сознанија за вежбата, на кои им беше загарантирана анонимност за да разговараат за плановите што сè уште не се ...
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, преку објава на Фејсбук упати критики кон, како што наведува, „самопрогласени политичари“ кои, според неа, повеќе се потпираат на политички настап отколку на резултати. „Токму затоа денес не е најважен костумот – најважно е дали има човек во него“, пишува Петкоска, додавајќи дека „костумот може да остави впечаток, но само човекот во него – остава трага“. Во објавата таа посочува дека за сериозни ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека денеска ја потпишал одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. -Денес, во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, ја потпишав одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Очекувам од Државната изборна комисија, ...
Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција. Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, говори за својот личен и професионален пат, предизвиците со кои се соочуваат младите, поддршката за родителите, развојот на детските градинки и потребата од долгорочна демографска политика. Во интервју за КУРИР тој ја претставува својата визија за Министерство кое не управува само со постојните проблеми, туку создава услови за развој, сигурност и подобар живот на сите ...
Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија. Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски падна на шестото место на листата на доверба во водечките личности во земјата, покажа истражувањето на институтот „Социс“ објавено по протестите предизвикани од смената на министерот за одбрана Михајло Федоров. Само 18 проценти од испитаниците навеле дека имаат целосна доверба во Зеленски, додека дополнителни 24,5 проценти занемарливо или донекаде му веруваат. Малку доверба му искажале 17 проценти од ...
Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што во неколку земји се соборени температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. – Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за производите изработени ...
САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Денеска е 25 јули (по стар стил) и се слави Света Ана. Мајка на Пресвета Богородица. Денеска се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Денеска е 25 јули (по стар стил) и се слави Света Ана. Мајка на Пресвета Богородица. Денеска се празнува ...
Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на долгорочна основа, со својот нов договор до 30 јуни 2032 година, објавија шпанските гиганти. Во своите осум сезони со белиот дрес, Бразилецот одигра 375 натпревари, постигнувајќи 128 голови. Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот. Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, ...
Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ја одобри новата вакцина против сезонски грип на компанијата „Модерна“, базирана на мРНК технологија, наменета за лица постари од 50 години. Вакцината, наречена „емФлусива“ (mFlusiva), е првата против грип што ја користи истата мРНК технологија која одигра клучна улога во развојот на вакцините против Ковид-19. Компанијата соопшти дека очекува вакцината наскоро да биде достапна кај избрани ...
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното ...