Врз основа на финализираните ранг-листи за првото пријавување на учениците за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое беше спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни 2026, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале 13 397 ученици. Како што објави денеска МОН, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ...

Утре 20.06.2026 година (сабота) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка „Пролет“ во населено место Козле, Општина Карпош. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Утре 20.06.2026 година (сабота) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на ...

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 75 здравствени работници се заразени со ебола за време на епидемијата во Демократска Република Конго и во Уганда. – Седумнаесет од нив починаа, изјави претставничката на СЗО во Бунија, Мари-Розелин Белизер, додавајќи оти е непознато дали тие биле заразени на работа или во приватниот живот. Таа посочи дека СЗО работи за да ги снабди дури и малите клиники со опрема како што се ракавици и ...

Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот, а примирјето стапи во сила во 16 часот по локално време (15 часот по средноевропско време). Примирјето го договорија преговарачите на САД и Катар, со помош од Иран. Договорот за прекин на огнот уследи по новиот бран насилства во јужниот дел на Либан. Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. ...

Во Народната банка се одржа 58. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години. На оваа сесија беше претставен научниот труд, којшто е во фаза на изработка, на тема „Поширок поглед врз стабилноста на банките: Дали нефункционалните кредити се значајни за земјите во развој?“, од ...

Читатели на Нетпрес, кои престојуваат во туристички во местото Миражио Паљури на Халкидики во соседна Грција, до редакцијата на порталот испратија фотографии на кои се гледа поранешниот македонски премиер и некогашен лидер на СДСМ, Зоран Заев, на неговата лускузна јахта. Информациите, кои стигнаат до Нетпрес велат дека јахтата наводно чини околу 800.000 евра, и дека најверојатно е произведена 2024 година. Целата галерија на погледнете ја на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен – се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. ...

Секој петти граѓанин на Европска Унија страда од ментална болест, а дури 60 проценти од нив не добиваат соодветна помош. Околу 28.000 предвремени смртни случаи од ментални болести се регистрирани на годишно ниво, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). – Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментална болест, при што приближно три четвртини од нив се поврзани со депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања ...

Официјалните податоци за првиот квартал од годинава покажуваат спектакуларен раст на приходите од туризмот од околу 65 отсто. Ова се надоврзува на една исклучително успешна година, каква што беше 2025 година, кога беше забележан значителен пораст на туризмот и беа постигнати рекордни резултати, посочи министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката ...

Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција истакна дека официјалните податоци за пазарот на трудот покажуваат позитивни резултати од економските политики на Владата. Според него, во првото тримесечје од 2026 година во Македонија имало 707.385 вработени лица, наспроти 691.736 вработени во второто тримесечје од 2024 година. „Тоа значи дека денеска во Македонија има близу 17.000 повеќе вработени лица“, изјави ...

Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го пренесува интегрално. Додека СДС беше на власт, Венко Филипче и Зоран Заев, жедни и лакоми за ден повеќе на власт, прифатија и потпишаа бланко бел лист хартија со Бугарија. СДС, Филипче ...

Во Србија во моментот се проценува дека легално работат до 100.000 странци, а само околу 160 бегалци се во прифатни центри. Тоа за агенцијата Бета го изјави претседателот на УО на Центарот за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ. По повод Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, изјави дека меѓу бегалците во Србија има најмногу луѓе од Авганистан, Египет, Русија, Гана, Турција и Сирија. Оваа година досега азил побарале 161 ...

Почина Љупчо Грнчиштанов (54) – главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Toj беше еден од обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“. Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ. Тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци ...

Во текот на викендот времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала локална облачност во претпладневните часови. Попладне се очекуваат услови за краткотрајна локална нестабилност, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурите ќе бидат летни, со вредности кои ќе се движат во висок интервал, при што максималните дневни температури во делови од земјата ќе достигнуваат од околу 29 до 38 степени Целзиусови. Од почетокот на ...

Во однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ. Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде ...

Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно искусила, рече претседателот на Владата ,Христијан Мицкоски на денешниот петти состанок на Националната развојна стратегија. – Економските текови се менуваат, технолошките револуции ги трансформираат пазарите на трудот, геополитичките предизвици стануваат сè посложени, а државите кои немаат јасна стратегија и визија ризикуваат да останат на маргините на ...

Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение што ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик – порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев, во гостувањето во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“, се вели во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во ...

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, врвните вина на „Тиквеш“ освоија вкупно 18 медали, ...

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи. „Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната ...

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителство донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение, ...

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“. Го привеле Б.С.(30) од Република Србија бидејќи со возило „Порше“ возел . – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека ...

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при ...

Во изминатата година Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини реализираше една од најобемните реформски и инвестициски агенди во областа на енергетиката, рударството и управувањето со природните ресурси, поставувајќи цврсти темели за поголема енергетска сигурност, економски развој и подобар животен стандард на граѓаните. Во периодот јуни 2025 – јуни 2026 година Министерството работеше на повеќе од 700 домашни и меѓународни ...

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, не ја гледа Европската Унија како соодветен партнер за преговори за завршување на војната во Украина, јавуваат светските агенции. Во текст објавен од руското Министерство за надворешни работи, Лавров навел дека вистинската цел на европските лидери не е преговарање со Русија, туку поддршка на украинското раководство. „Целта е да се поддржи режимот (на украинскиот претседател Володимир ...

Градоначалникот на Манчестер, Енди Бурнам, се враќа во британскиот Парламент откако вчера победи на дополнителните избори во северна Англија, со што е отстранета клучната пречка за евентуална негова кандидатура за лидер на Лабуристичката партија. Бурнам, кого многумина го сметаат за најверојатен претендент да го наследи Кир Стармер на чело на партијата, го освои пратеничкиот мандат во Мејкерфилд. Тој доби 24.927 гласови, додека кандидатот на ...

Обидот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да отвори дипломатски канали со Русија во контекст на можни мировни преговори наиде на поделени реакции кај лидерите на Европската Унија на самитот во Брисел. Германски владини извори таквиот потег го оценија како навреда сметајќи дека е неусогласен и непрофесионален, а некои европски лидери предупредија дека сè уште не е дојдено време за разговори со Москва. Други, пак, ја ...

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија синоќа на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што е првпат од март минатата година таков документ да биде поддржан од сите членки. Од март 2025 година, тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше усвојувањето заеднички заклучоци, поради што останатите земји-членки беа принудени да усвојуваат одделни текстови со поддршка од 26 или 25 држави. Во некои ...

Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет ...

Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште – соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението следува откога портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.71
43%
1021
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
60%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.69
62%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 22ᴼ
2.67
31%
1023
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1022
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
0.31
72%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.26
47%
1016
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.4
40%
1018
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.84
40%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
47%
1022
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
1.79
44%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.82
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68