Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека содржат нови информации за врските помеѓу истражувањата финансирани од САД, Институтот за вирусологија во Вухан и постапките на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и советник на претседателот, Ентони Фаучи. – Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни тешкотии и ...
Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос. Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот. Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија цел беше унапредување на рамковниот договор, беше откажана во последен момент. Цитирајќи ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Фудбалерите на САД ја победија Австралија со резултат од 2:0 во првиот натпревар од 2. коло од Групата Д на Светското првенство. Стрелци за Американците беа Бургес, кој си постигна автогол во 11. минута и Фримен во 43. минута. САД имаат максимални шест бода по второто коло и обезбедија место во нокаут фазата. Австралија остана на три бода. Фудбалерите на САД ја победија Австралија со резултат од 2:0 во првиот натпревар од 2. коло од Групата ...
Следната рунда либанско-израелски преговори ќе се одржи од 23 до 25 јуни во Вашингтон, соопшти денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, Томи Пигот. Според него, договорот за одржување на разговорите бил постигнат по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и либанскиот претседател Жозеф Аун. Рубио, исто така, повеќепати ја повторил неопходноста од разоружување на Хезболах и ја потврдил американската ...
Британската транспортна полиција вечерва соопшти дека реагира на пријави за судир меѓу два воза северно од Лондон. Службите за итна помош соопштија дека нивни екипи се на местото на несреќата, а според медиумските извештаи има и повредени лица. „Реагираме на пријави за судир во кој учествувале два воза во областа на Бедфорд“, објави транспортната полиција на платформата Икс. Бедфорд е трговски град на околу 90 километри северно од британската ...
Украина и Европа сакаат мир, а единствениот постојан извор на насилство е Русија, додека целиот европски континент е под закана – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на дводневниот самит на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел. Европската Унија треба да биде меѓу архитектите на постигнувањето ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Б.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад над службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против П.Н.(28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 30.05.2026, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Кожув“ – Гевгелија и ФК „Борец 1919“ од ...
На почетокот на јули ќе има јавна расправа во врска со постапката за продолжување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“. Барањето е уредно поднесено, а дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Хоџа посочи дека барањето за обнова на дозволата е поднесено и објавено на 22 ...
Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија. Иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има ...
Традицијата на симболично веслање стана еден од највиралните начини на прослава на ова Светско првенство, а сега ѝ се приклучи и норвешкиот парламент. Норвешка живее во знакот на фудбалската еуфорија. По враќањето на Мундијалот по речиси три децении и убедливата победа од 4:1 над Ирак на стартот од турнирот, националниот тим доби необична поддршка од едно од најважните места во земјата – Парламентот. За време на седница во Осло, голем дел од ...
Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од ...
Катар по ремито со Швајцарија веруваше дека може да ѝ пружи сериозен отпор и на Канада, но наместо тоа доживеа вистински дебакл на Светското првенство. Канаѓаните славеа со убедливи 6:0, додека катарската репрезентација натпреварот го заврши со само девет играчи поради два директни црвени картони. Но, драмата не заврши со последниот судиски свиреж. Веднаш по крајот на натпреварот, селекторот на Катар, Хулен Лопетеги, му пријде на својот ...
Кевин-Принс Боатенг го повика Кристијано Роналдо да се повлече од стартниот состав на португалската репрезентација и да им отстапи место на помладите играчи. Оваа изјава доаѓа по ремито на Португалија против ДР Конго (1:1) на отворањето на Светското првенство. Роналдо настапи како стартер на натпреварот во Хјустон и постави рекорд како највозрасен фудбалер во поле кој започнал натпревар на Светско првенство. Сепак, неговиот настап беше оценет ...
Израелски напад е изведен врз местото Суџуд во јужен Либан по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, јавува либанската Национална новинска агенција (ННА). Агенцијата исто така извести за летови на беспилотни летала над населени места во околината на големиот јужен град Тир. Според Франс прес, нивни дописник слушнал и продолжено артилериско гранатирање во подрачјето на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените сили на својата земја како практично „втора најсилна армија во НАТО“, пренесува ДПА. Тој изјави пред новинарите дека „на НАТО му требаме ние“, објави украинскиот портал „Хромадске“. Тој додаде дека тоа е веќе факт што го признаваат сите шефови на држави членки на Алијансата. Според Зеленски, во текот на одбраната од руската инвазија, украинската армија се покажала како повеќе од ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изрази целосна солидарност со италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако американскиот претседател изјави дека таа го молела да се фотографира со него за време на самитот на Г-7. Мелони овие тврдења ги нарече невистинити, пренесува АНСА. – За време на состанокот на Европскиот совет ѝ ја изразив мојата солидарност против овој напад, кој не е ниту политички, ниту личен – изјави Санчез. – Дури и не знам ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени. Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно ...
Кевин-Принс Боатенг го повика Кристијано Роналдо да се повлече од стартниот состав на португалската репрезентација и да им отстапи место на помладите играчи. Оваа изјава доаѓа по ремито на Португалија против ДР Конго (1:1) на отворањето на Светското првенство. Роналдо настапи како стартер на натпреварот во Хјустон и постави рекорд како највозрасен фудбалер во поле кој започнал натпревар на Светско првенство. Сепак, неговиот настап беше оценет ...
Мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими ќе мора да се појави пред суд во Франција, откако француските правосудни органи потврдија дека против него ќе се води судска постапка по обвиненијата за силување. Фудбалерот на ПСЖ и капитен на мароканската репрезентација ги отфрла сите обвинувања и тврди дека судењето конечно ќе му овозможи јавно да ја изнесе својата страна од приказната. Хакими преку социјалната мрежа „Икс“ порача дека со нетрпение ...
Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека измислил приказна според која таа „молела“ да се фотографира со него на недамнешниот самит на Г7. Мелони изјави дека е „вџашена“ од неговите коментари и ги оцени како „целосно измислени“, додавајќи дека американскиот лидер покажува поголемо почитување кон непријателите на Западот отколку кон традиционалните сојузници. ...
На 18.06.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул„Прилепски Бранители“ и ул„Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.У.(33) од Прилеп и велосипед управуван од 80-годишниот А.К. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп. На 18.06.2026 ...
Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски и следната сезона ќе биде лидер на Пелистер. По кратки преговори после завршување на сезоната, раководството на клубот и капитенот се договорија, Фитиљ останува лидер во составот на битолчани, кои ќе бидат предводени од Лино Червар. Можноста за трансфер во Фуксе Берлин, кој имаше сериозни намери да го ангажира Кумановски останува затворен случај, Пелистер е изборот на македонскиот ...
На 18.06.2026 околу 16:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Неготино-Штип, патничко возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.Р. од Радовиш, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. По извршени проверки, било констатирано дека С.Р. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле ...
Реномираниот ракометен портал Балкан хендбол, објави неофицијална информација дека Вардар 1961 ќе биде еден од трите клубови кои ќе добијат вајлд-карта за настап во ракометната Лига на шампиони следната сезона. ЕХФ најави дека одлуката официјално ќе биде соопштена на 22-ри јуни. Но, на три дена пред официјалното соопштување на одлуката, се одржал состанок на кој наводно било одлучено трите вајлд-карти да ги добијат Вардар, белградски Партизан ...
На својот прв состанок на Европскиот совет како премиер на Бугарија, Румен Радев зазеде конфронтациски став и веднаш сигнализираше дека Софија е подготвена да го искористи ветото против предложениот 21. пакет санкции на ЕУ против Русија, доколку на списокот остане рускиот православен патријарх Кирил, јавува бриселскиот портал „ЕУалајв“ (EUalive). Пред новинарите во Брисел, Радев изјави дека ќе стави вето доколку патријархот Кирил не биде ...
Во контекст на новиот импулс во процесот на проширување и потсетувајќи на Декларацијата од Гранада, Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето и реформите на својот состанок во октомври 2026 година“, соопшти Европскиот совет по состанокот што се одржа на 18 и 19 јуни во Брисел. Во однос на Западниот Балкан, Советот го поздравува одржаниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни 2026 година, кој ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретнал со заменик-амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Северна Македонија и Косово, Маркус Делфс. Како што соопшти МЖСП, на средбата Хоџа се заблагодарил за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на ...
Поради дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, утре од 09 до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје. Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, ...