Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Додека жртвата била на работно место во продажен објект, пријавениот повеќе од еден месец секој ден кога била сама влегувал внатре и ѝ зборувал недолични работи. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Пред РК Е.Пелистее се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде тренерот на Битолчани Лино Червар. „Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите. Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Веќе в недела ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да се спротивставиме. Задоволен сум што на тестот против Еурофарм Пелистер 2 дојдоа доста навивачи, беа наша ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) започнала почетни преговори со колегите од Конкакаф за формирање на заедничка Лига на нации, која би почнала со прво издание во 2028 година. УЕФА и Конкакаф веќе му направија сериозен притисок на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од кого бараат повлекување од позицијата по контроверзниот проект за продажба на правата на светските првенства на приватни инвеститори, а сега можат да ја прошират ...
Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Оваа информација ја пренесоа најрелевантните медиуми што ги следат настаните на фудбалскиот пазар. Каталонскиот „Спорт“ беше убедливо најпрецизен во презентирањето на деталите за трансферот, откривајќи дека Барселона сега бара клуб каде Ливаковиќ ќе ја помине сезоната што е можно подобро за да се врати на Камп Ноу следното лето. Овој потег одразува јасна стратегија на Барселона. Следното лето, ...
Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот Сиљановска-Давкова, претседателката им рече да ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али се наоѓа на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. Директорот Али од терен ја ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на Гренд слем турнирот УС опен поради проблемот со десното колено. Тој веста ја објави социјалните мрежи. Синер се подготвуваше во Монте Карло последните денови, но со својот тим процениле дека сè уште не е подготвен за настап. „Иако работев напорно со својот тим и со медицинскиот тим, моравме да донесе тешка одлука, дека оваа година нема да се натпреварувам на УС опен“, напиша Синер. ...
Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење. – По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe – ...
ФИФА ја донесе конечната одлука по големиот хаос што следеше по завршувањето на финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина, а најстрого казнет е аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес. Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше аргентинскиот играч од средниот ред за дури десет натпревари во репрезентацијата поради инцидентите што се случија по последниот свиреж во Њујорк, каде што Шпанија славеше ...
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци во текот на денешниот ден го опремува ЕМГ – кабинетот, со цел да овозможи уште една современа дијагностичка услуга за пациентите, соопштија попладнево од јавната здравствена установа. – ЕМГ (електромиографија) е дијагностичка метода со што се испитува функцијата на периферните нерви и мускули и има значајна улога во дијагностицирањето на различни невролошки состојби – појаснија од ...
Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија. Ќе учествуваат вкупно 16 пливачи (11 кај мажите и 5 кај жените) од 8 држави. Вкупниот награден фонд на овогодишната манифестација изнесува 15.000 долари. – Ја користам приликата да ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека е време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција. – Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила – изјави Пезешкијан за време на средбата со ...
На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село ...
Неколку лица се повредени во напад со меч што се случи во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата, соопштија локалните власти, додека медиумите јавија дека полицијата го застрелала и го привела напаѓачот. „Добивме дојава за сериозен насилен инцидент во училиште во Фагерста. Полициските екипи веднаш излегоа на терен“, се наведува во соопштението на шведската полиција. Според информациите од општината Фагерста, ...
Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија, се наведува во соопштението од изјавата на Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар. -Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го ...
На територијата на државата до овој момент активни се повеќе од 15 пожари на отворен простор. Од нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, четири се големи пожари коишто ни задаваат сериозни главоболки. Најголем пожар, и понатаму останува пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола. -Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е ...
Турција започна постапка за поднесување барање до Интерпол за издавање црвена потерница за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште неколку лица, одговорни за пресретнувањето на хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“ – соопшти турскиот министер за правда Акин Ѓурлек. Како што објави провладиниот весник „Јени Шафак“, барањето за меѓународно апсење веќе е доставено до турското Министерство за надворешни работи, кое треба да ја ...
Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на ...
Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...
Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како ...
Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање. – Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се ...
Претседателот Володимир Зеленски потпиша четири декрети, со кои се спроведуваат одлуките на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Меѓу санкционираните се претпријатија од рускиот воено-индустриски комплекс, компании поврзани со „Русал“, како и анимираната серија „Маша и Медо“. Ограничувања се воведени за студиото „Анимакорд“, кое ја создаде серијата, и за пет руски државјани. На листата се наоѓаат основачот и извршниот ...
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд. Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15 проценти попуст, а составот и крајната цена на кошничката, ...
Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 снимања ...
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за споредба на просечната старосна пензија во време на претходната и актуелната влада посочи дека на месечно ниво таа се зголемува за 325 проценти повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ, потенцирајќи дека е подготвен аргументирано да зборува за тие податоци. – Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде ...
Утре, во земјата ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 Целзиусови степени – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Фото: архива ...
Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови. – Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се ...
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со две нови партиски ...
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. -На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седница и тоа ќе ...