Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист откако се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки и мопед со скопски регистарски ознаки од с.Визбегово, скопско. На 20.06.2026 околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(48) од Куманово и мопед со ...
Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале три возила што се случи попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР за МИА. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента. -Денеска (21.06.2026) од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата правци на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, поради случена ...
Американски пилот побарал присуство на полиција и екипи за итни случаи откако авионот слетал во Филаделфија по инцидент што се случил за време на летот, објави CBS News. Според комуникацијата на пилотот со контролата на летање, еден патник каснал друго лице за време на летот и се обидел физички да се соочи со неколку лица во авионот. „Човек во авионот касна патник и се обидува да се тепа со сите“, им рекол пилотот на контролорите на летање, ...
Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим. Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одбила заедничко фотографирање со американската делегација. Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој ја преводи американската ...
Шпанија повторно го пронајде својот препознатлив фудбал и се врати на победничките патеки. По разочарувањето против Зеленортските Острови, избраниците на Луис де ла Фуенте одиграа натпревар за паметење и ја совладаа Саудиска Арабија со убедлива игра која беше решена уште во првото полувреме. Од самиот почеток беше јасно дека ова е поинаква Шпанија. Тимот играше со високо темпо, агресивен пресинг и постојана желба за гол повеќе. Саудиска ...
Димитрие Дурацовски ретко доаѓа во Скопје. Доаѓа кога има нова книга. И секој пат, публиката е таму. Не од учтивост, туку со љубопитност и восхит што не попушта низ годините. Овој пат поводот е „Понекогаш се враќаат”, неговиот нов роман во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”. Втор роман во последните две години, по „Околу три по полноќ”, кој пак, се појави по цела деценија молчење. Образецот е познат: Дурацовски се ...
Ламин Јамал имаше потреба од само десет минути за да се запише меѓу стрелците на својот прв настап на светско првенство. Фудбалерот на Барселона не настапи на првиот натпревар на Шпанија, но веќе во вториот покажа колку е опасен пред противничкиот гол. Освен што ѝ донесе водство на „црвената фурија“ и го постигна својот прв гол на Мундијалите, Јамал се искачи високо и на листата на најмлади стрелци во историјата на светските првенства. Со 18 ...
Нафтената дамка е формирана поради излевање на нафта во Каспиското Море поради оштетен цевковод, соопшти денес прес-службата на државната компанија за нафта и гас на Азербејџан „СОКАР“. „На 19 јуни, централната канцеларија на нафтената компанија доби информација за откривање на траги од загадување во областа на плажата Дубенди. За време на првичниот преглед, откриена е нафтена дамка“, се вели во соопштението, кое го објави РИА Новости. ...
На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку социјална мрежа Truth Social, објави дека британскиот премиер Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата, обвинувајќи го за неуспех со неговата политика за имиграција и енергија. „Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, напиша рече Трамп, додавајќи дека Стармер доживеал катастрофален неуспех по две многу важни прашања – имиграцијата и енергијата. Во ...
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување на присуство во текот ...
Аргентина ја откри највисоката статуа во светот посветена на својата фудбалска икона Лионел Меси. Монументалниот споменик е поставен во Патагонија, во покраината Неукен, на една од главните улици во градот Кутрал Ко, а неговите димензии се навистина импресивни – висок е 26 метри и тежок околу 70 тони. Автор на проектот е аргентинскиот скулптор Алдо Бероиса, кој со своето дело му оддаде почит на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ и ...
Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ рофилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк) Тулси Габард, на последнито ден од својот мандат публикуваше некои документи за Ентони Фаучи. „Драма!“. Ама не знам зошто. Ништо од тоа што таа објави и потоа замина од функцијата, за да се посвети на својот сопруг кој боледува од канцер, не е ново. Всушност, се е далеку од тоа што навистина е сторено, само што овој пат тоа го публикува ...
За неполни две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард велат од ВМРО -ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ и Венко Филипче. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3 проценти во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од ...
Кога сме подолг период изложени на стрес, доаѓа до промени во лачењето на кортизолот и другите стресни хормони. Тоа може да доведе до нарушување на имунолошката рамнотежа и до несоодветен одговор на имунолошкиот систем. Токму поради тоа, кај одредени лица може да се активираат или влошат автоимуни заболувања, нагласува во интервју за МИА проф. д-р Емилија Секулоска, директор на Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје. – Покрај ...
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема намера да произведе атомска бомба, но предупреди дека нема да се откаже од збогатувањето ураниум за цивилни цели. Изјавата доаѓа непосредно пред почетокот на преговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија, што денеска треба да се одржат со посредство на Катар и Пакистан. „Можеме и писмено да потврдиме дека немаме намера да произведеме атомска бомба“, изјави Пезешкијан, ...
Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како што соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Фото: архива Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно ...
Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Додека СДС беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес Филипче ...
Просечната нето-плата во Македонија за две години е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти, соопшти денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој, повикувајќи се на официјалните статистички податоци, посочи дека во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. – Во истиот период растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе ...
По две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту, пак, пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција на која презентираше анализа од програмата „Платформа #1198“ која, според него, „ги потврдува неисполнетите ветувања и покажува дека граѓаните не ...
Репрезентацијата на Курасао го освои првиот бод на Светско првенство откако ноќеска со Еквадор одигра нерешено без голови 0:0, а јунак на дуелот е голманот на Курасао Елој Рум, кој имаше дури 15 одбрани. На овој начин Рум стана рекордер по бројот на одбрани на еден натпревар (за 90 минути) и го спречи фаворитот во дуелот Еквадор да дојде до победата. Еквадор постојано напаѓаше,за разлика од Курасао, кој ретко се закануваше. Репрезентацијата ...
На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустријан ерлајнс“, со што официјално почна да функционира новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. Новата линија ќе сообраќа двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридскиот регион добиваат директна воздушна врска со австриската престолнина. Според Николоски, воведувањето на линијата е ...
Во Тирана синоќа одржан е 21. протест против проектот “Зврнец”, кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората – западноевропските земји и САД. Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан, поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во ...
Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во ...
Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...
На Охридскиот аеродром „Апостол Павле“ денеска ќе се реализира првиот лет од Виена до Охрид на авиокомпанијата „Austrian Airlines“ со што и овој меѓународен аеродром во земјава се поврзува со уште една европска престолнина. По тој повод најавена е прес-конференција на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик -шефот на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје, Матијас Хуменбергер и Штефан Линхарт, виш директор за продажба ...
Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно упати критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја продолжува политиката на поранешниот партиски лидер и премиер Зоран Заев и дека е подготвен на нови национални отстапки за да дојде на власт. Според партиското соопштение, залагањето на Филипче за внесување на Бугарите во Уставот претставува продолжение на, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „траекторијата на национални отстапки“ што ја ...
Индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6 проценти во однос на претходната година, додека вкупната економска активност останува во позитивна зона со раст од 0,2 проценти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Од владејачката партија оценуваат дека ваквите резултати се последица на економските политики на Владата и на мерките за финансиска и институционална поддршка на ...
Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец – во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето и/или ...