Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од Дневниот центар за стари лица Даре Џамбаз, упати благодарност до волонтерите на Црвениот крст на град Скопје по повод Светскиот ден на хуманоста. Таа посочи дека хуманоста е тесно поврзана со политиката и дека секогаш треба да се има предвид дека зад секоја политичка одлука стои човек, како што вели таа, врз чиј живот таа одлука треба да има вистинско влијание. Митева истакна ...

Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Македонија да бидат отстранети. Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава. -Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу С. Македонија и Бугарија, туку, врз основа на ...

Охриѓанец кој чека трансплантација на срце со владиниот авион се транспортира од Берлин, Германија. Од СОЗР потврдија дека пациентот е со тешка срцева болест и подолго време бил хоспитализиран на Клиниката за кардиохирургија, а бил квалификуван за трансплантација на срце. Бидејќи неговата здравствена состојба се влошува и бара побрз третман, а во земјава нема соодветен донор за да се изврши трансплантацијата, одобрен е авионскиот превоз на ...

Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. Поради ...

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека членството на ...

НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа. „Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“, додаде ...

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија, се наведува во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува ...

Белгија е подготвена да разгледа можност Украина да ги користи замрзнатите руски средства, но бара ризикот од таквата одлука да го преземат заеднички сите земји членки на ЕУ. „Белгија не може сама да го преземе ризикот да мора по 10 или 15 години да ги враќа тие средства на Русија“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево при посетата на Киев. Во ЕУ се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот, а најголемиот дел од ...

Иран разгледува можност за напад врз американски воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп повторно го ескалира конфликтот, објави Фајненшал тајмс повикувајќи се на извори блиски до иранскиот режим. Два извора изјавија дека иранските сили ги проценуваат можните напади врз американските средства во Југоисточна Европа, вклучувајќи американски објекти во Бугарија, и дека Кипар е споменат како потенцијална цел. Иранските ...

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири, информира денеска во видео изјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери” на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата коишто се поддршка на ...

Исак Њутн е познат по тоа што во 17 век ги формулирал физичките закони за движење и универзална гравитација. Стивен Снобелен, директор на канадскиот „Проект Њутн“, говори за верските убедувања на англискиот научник и неговото предвидување за крајот на светот каков што го знаеме. „Њутн верувал во Бог, и дека Библијата е Божјо откровение… Тој верувал и дека Бог не е ограничен од времето како што се луѓето, што му овозможувало да го види ‘крајот ...

Поранешниот министер за одбрана на Украина, Михаило Федоров (35), истакнат реформист чие разрешување во јули предизвика масовни демонстрации, синоќа повика на одржување избори и покрај руската инвазија и „враќање на целосниот демократски процес“. „Демократијата не може да биде заложник на Русија… Затоа, мора да најдеме легален, безбеден и реалистичен механизам што ќе и овозможи на Украина да го врати целосниот демократски процес дури и сред ...

Министерството за одбрана на САД им наложи на 30 американски универзитети да ги преразгледаат партнерствата со претежно кинески универзитети и институции за воена обука. Универзитетите ќе го изгубат своето финансирање во следните две недели ако не ја завршат таа ревизија и не ги прекинат сите аранжмани што се сметаат за проблематични. Пентагон соопшти изјави дека целта на истражувањето финансирано од буџетот е да се заштити од кражба и ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп. Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба и му посака добредојде на новото одбранбено аташе на САД, потполковник Андру Шели. -Нашите две земји се стратешки партнери и сојузници во Алијансата. Долгогодишната плодна соработка со САД ни овозможи да ги зајакнеме капацитетите на македонската Армија, да ја зацврстиме сигурноста дома и да придонесеме кон јакнењето на колективната безбедност на НАТО. Нашата заедничка цел е ...

Наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за скратување на заедничките воени вежби со Јужна Кореја делумно претставува притисок врз Сеул да ги поддржи американските напори во војната со Иран, изјави јужнокорејскиот министер за надворешни работи, Чо Хјун. Чо изјави дека пораката на Трамп, освен што претставува притисок врз јужнокорејската влада во врска со неколку нерешени прашања, вклучително и на јужнокорејските инвестиции во САД, ...

Американските федерални обвинители објавија обвинение од 14 точки против 17 членови на иранскиот институт Мабна за 10-годишна кампања на кибер шпионажа. Групата е обвинета за напади врз стотици институции низ целиот свет, а според Министерството за правда, тие дејствувале првенствено по налог на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Овие обвиненија разоткриваат поширока мрежа за која се верува дека стои зад обемна кампања спонзорирана од ...

Некогаш мостовите меѓу два града не ги градат институциите, туку луѓето. Ги градат оние што заминале од својот роден крај, но со себе ги понеле јазикот, традицијата, спомените и љубовта кон местото од кое потекнуваат. Токму таква приказна деновиве се испишува во Делчево преку соработка со неколку италијански општини од регионот Пиемонте, каде живеат речиси 40.000 Македонци, и од пријателски контакти и човечки врски односите прераснуваат во ...

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, се наведува во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон ...

Словенија ќе набави три илјади ракети „воздух-земја“ за потребите на своите вооружени сили, а испораката е планирана во 2028 и 2029 година, соопшти словенечкото Министерство за одбрана. Првите 1.500 ракети треба да бидат испорачани во 2028 година, а останатите една година подоцна. Ракетите со дострел до три илјади метри ќе се користат за непосредна огнена поддршка на копнените сили на словенечката армија и на сојузничките сили, како и за ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства. По билатералната и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Украинските антикорупциски служби денеска соопштија дека спроведуваат операција за откривање „криминална организација“ предводена од актуелен и поранешен пратеник, во која се вклучени и високи функционери од Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) не соопштија детали за истрагата, но најавија дека наскоро ќе објават повеќе ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, кое ви го пренесуваме во целост. „И покрај тврдењата на опозицијата дека електричната енергија ќе поскапи за 5%, реалното зголемување изнесува 2,28%, ...

Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај ...

На 17.08.2026 во 18:40 часот на локалниот пат во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Е.И. (19) од село Требиште. При контрола на четирицикл со германски национални ознаки, било утврдено дека го управувало без возачка дозвола, односно пред да се стекне со право на управување. Четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува ...

Темното чоколадо е лек и точка. Еден од најдобрите лекови што постојат е од 50 до 100 грама дневно темно чоколадо со 75 проценти или повеќе какао – вели д-р Симон Милс, британскиот експерт за фитотерапија (билна медицина), медицински билкар и автор во областа на природната медицина. Симон Милс (Simon Mills) е познат британски хербалист и пионер во современата фитотерапија. Дипломирал медицински науки на Универзитетот во Кембриџ и работи како ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска објави дека непоколебливо и цврсто стои зад својот персонал, откако САД воведоа санкции врз претседателката на тој суд, Томоко Акане. „Рестриктивните мерки од страна на државите насочени кон судиите, обвинителите и персоналот што работи на исполнување на мандатот на МКС го поткопуваат владеењето на правото“, се вели во соопштението на МКС. САД воведоа санкции врз јапонската судијка Томоко Акане, која е ...

Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес или ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Кобалт

33.53