За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово каде изгореа 14 луѓе секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело кое би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со жалење повтори дека шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ...

Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница. Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата, истакна членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. – Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа ...

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, информираше денеска министерот за здравство. Од нив 40 се дефинитивно потврдени додека кај три случаи потврда има со еден тест. -Бележиме први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Започна контролата и на птици. Имаме мртва птица со потврдена западнонилска треска во Скопје, гавран, истакна Клековски. Министерот додаде дека во скопскиот регион има 34 ризични ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум насочен кон драстично зголемување на бројот на комерцијални вселенски лансирања од САД, а нареди низа мерки што треба да ги спроведат владините агенции. Белата куќа сака да овозможи најмалку 1.000 лансирања и враќања од вселената годишно до 2030 година во споредба со 178 лансирања минатата година, бројка што е веќе десетпати поголема отколку во 2013 година. Меморандумот, насочен кон ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. – Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести – изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на ...

Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на договори и подобра заштита на ранливите и енергетски сиромашни ...

Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се ...

Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска – соопшти американската војска. Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, речиси 725 километри западно од Енкориџ. Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и по должината на нејзините ...

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...

Со недели СДСМ бара а Владата одбива да објави официјален и целосен извештај за квалитетот и безбедноста на водата во Гостивар. Каде е целиот извештај за водата во Гостивар? Клековски објави само четвртина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Делче само. За останатото, граѓаните ги упати кај ЦУК, кај АХВ и кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што сте пиеле – шетајте од институција до институција и соберете си го ...

Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од ВРЕДИ сè уште ниту збор.Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, ...

Украинскиот државјанин Владимир Ж. (46), кој беше уапсен во Пула во средата откога германските власти издадоа европска потерница за негово учество во нападот на балтичкиот „Северен тек“, од синоќа е во притвор по одлука на судија во Окружниот суд во Пула. Украинецот беше донесен во Окружниот суд на сослушување откога беше испрашуван од страна на Окружното обвинителство, кое предложи екстрадициски притвор, а одлуката на судијата им ја потврди ...

Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари – покажуваат податоците на Пентагон. Од нив, повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци. Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само празни информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во ...

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. -Кога со парите на граѓаните се раководи како ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и во ...

Русија е подготвена да разгледа нови предлози за решавање на конфликтот во Украина, но тие мора да ја одразуваат реалноста на теренот, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков. Во интервју за руски портал Рјабков оцени дека САД покажале подготвеност за „конструктивен дијалог и разбирање на руската позиција“. „Во оваа фаза поважно е до кој степен Вашингтон е во состојба да влијае врз одлуките на режимот во ...

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната ...

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори. Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот. Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година. Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор ...

На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ш.Б.(62), С.Х.(41) и Р.Ѓ.(44), сите од Тетово. Полициски службеници забележале како Ш.Б. се обидува да предаде бела прашкаста материја на С.Х. и Р.Ѓ., кои биле со патничко возило „сеат ибица“ и при обид да биде спречен, нападнал полициски службеник и се обидел да им го одземе службеното оружје. Исто така и неговиот син С.Х. физички ги нападнал полициските ...

Во ФФМ беа одредени двојките за првите натпревари сезонава во Купот на Македонија. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим Лум Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 Могила 2023 – Арсими 1973 БВК Коњари – Башкими 1947 ...

Загрижувачки размери достигнуваат пoжарите во областа Горјан, кај албанскиот град Пук, поради што властите наредија итна евакуација, најпрво, на жителите од селото Голем Гојан. Наредена е итна евакуација на жителите на селото Голем Гојан, во административната единица Ѓеѓан, поради критичната ситуација создадена од ширењето на масивен пожар и директната опасност по животите и имотот на жителите, објави Министерството за одбрана. Процесот на ...

Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во работењето на Државниот студентски дом „Пелагонија“ за 2024 година. Ревизорите констатирале слаби внатрешни контроли, набавки по цени повисоки од пазарните и исплати без соодветна документација. Особено е издвоена набавката на леб, каде што во 2025 година цената достигнала 126 денари за килограм. Утврдено е и дека биле набавени 250 душеци за 1,17 милиони денари, кои не одговарале на ...

Од 9 до 11 септември 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на Ohrid 2026 Regional Conference, регионална конференција посветена на актуелните предизвици во еврозоната и нивното влијание врз фискалните политики на земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија. Конференцијата, која ќе се одржи во хотелот Inex Olgica во Охрид, е во организација на Balkan Economic Forum (BEF), под покровителство на Министерството за финансии на ...

Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Како што напомена Томовски во гостување на Канал 5 телевизија, за само две години се ...

Утре (21.8.2026 година), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе биде во работна посета на општина Прилеп. Премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“, како и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“ во Општина Прилеп. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Утре (21.8.2026 година), во ...

Женската македонска одбојкарска репрезентација со пораз го почна настапот на Медитеранските игри во италијанскиот град Таранто. Поуспешни беа одбојкарките на Турција, кои се едни и од фаворитките за освојување медал. Турција победи со 3:0 во сетови (25:4; 25:16 и 25:15). Македонскиот тим до крајот на групните натпревари ќе одигра уште три дуели на 24.август против Косово, потоа на 26.август против Грција и 27.август против Алжир. Утре на ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87