Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот „8 Септември“ го прими нејзината сестра Павлина Проевска. - Античкиот свет е далечно минато. Неговите градови се урнати, неговите владетели преминаа во историските книги, а до него допираме само преку фрагменти: натписи ...

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена во кој било момент да ги продолжи преговорите со Киев, точно таму каде застанаа. – Москва повеќе пати зборуваше за својата подготвеност да најде решение за украинската криза преку преговори, врз основа на разбирањето постигнато помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот во Алјаска, вклучително и наоѓање решение ...

Земјоделската струка во Битола нема да згасне, туку ќе продолжи во Регионалниот училишен центар, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, таа појасни дека во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, во првиот уписен рок се запишале тројца ученици и оти согласно Законот, со три деца неможе да се формира паралелка, а тие ...

Претседателот на иранскиот Парламент и главен преговарач на Исламската Република, Мохамед Багер Галибаф, го поздрави првиот круг разговори со Соединетите Американски Држави што се одржаа вчера во Швајцарија. „Од моја перспектива, ова патување донесе некои значајни достигнувања, особено во однос на дискусиите за Ормуската теснина, оние за Либан, прашањето за ослободување од санкциите за нафта и одмрзнувањето на замрзнатите средства, што е еден ...

Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии, истакна на прес – конференција Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одор на СДСМ. Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите. Со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за ...

Владата останува цврсто посветена на модернизација на јавната администрација, дигитализација на услугите и намалување на бирократските процедури, со цел институциите да бидат поблиски до граѓаните, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот по повод Денот на јавната администрација. – Денес оддаваме признание на една служба која е столб на секоја современа и успешна држава. Затоа што државата не е само Владата, не е само ...

Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло. ...

Проблемот од минатото со набавка на учебници се решава и тие се доставуваат навреме за новата учебна година, како резултат на воспоставено системско решение, уверуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои денеска присуствуваа на промоција на нови учебници за прво, второ и трето одделение во ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. Жалам, рече Мицкоски, што во време на вештачка интелигенција и ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска, на маргините на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ која се одржува во Софија, Бугарија, остварил билатерална средба со неговата колешка, претседателката на Народното Собрание на Република Бугарија, Михаела Доцова. Како што информираат од собраниската служба, Гаши ја реафирмирал честитката за изборот на Доцова за претседателката на 52. Народно собрание на Република Бугарија и ја потенцирал ...

Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди на денешната прес-конференција. – Универзитетската клиника за детски болести бележи значително намалување на стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти во овие две години, до 300 проценти во споредба со претходните години. Според официјалните статистички податоци од информатичкиот систем ...

Холандскиот Кралски метеоролошки институт издаде портокалов метеоаларм поради екстремните високи температури на воздухот во сите покраини, со исклучок на Фризија, Дренте и Гронинген, каде во сила е жолт метеоаларм. Портокаловиот метеоаларм е воведен бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи најмалку до 34 степени Целзиусови во следните три дена. Додека во Велика Британија е прогласен црвен метеоаларм на подрачјата од Лондон до ...

За неколку дена ќе биде познат исходот од тековните преговори за реконструкција на Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска кој присуствуваше на промоција на учебници во ОУ „Љубен Лапе“. – Сега траат преговорите за реконструкција на Владата и ве молам за трпение, за неколку дена сè ќе биде познато – рече Мицкоски, на новинарско прашање кој бил најуспешен министер и дали имало неуспешни. Мицкоски, прашан дали има место за нови ...

Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, ...

Ким Џонг-ун изјави дека статусот на Северна Кореја како нуклеарна држава е единствениот начин земјата да се справи со непредвидливата и сложена глобална безбедносна ситуација. – Континуираното проширување и зајакнување на нуклеарните сили и целосното користење на статусот на држава со нуклеарно оружје се најправилниот и единствен начин за активно и самоуверено справување со непредвидливата меѓународна воена и политичка ситуација која станува ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп пред денешната посета на генералниот секретар на НАТО на Вашингтон, повторно ги обвини европските земји-членки на Алијансата дека не им помогнале на САД во војната со Иран. – Ние бевме одлична членка на НАТО, во многу погледи единствена вистинска членка, секако доминантна членка. Плативме трилиони долари, не милијарди, туку трилиони долари изминатите години, за да ја заштитиме Европа. Кога сакавме да знаеме ...

Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули годинава да биде под 3 проценти. Таа цел е дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите ланци на маркети, а во таа насока, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одржат средби и со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе прави споредбена анализа помеѓу цените ...

Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија е фашистичка, посочи во „За или против“ на Алфа поетот Ефтим Клетников. – Има аргументи за тоа, затоа што тие учествуваа во геноцидот на својот народ што се вика идентитетски геноцид. А, идентитетската смрт, јас го цитирам Луј Вансен Тома кој во „Антропологија на смртта“ децидно вели дека тоа е најстрашната ...

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го ...

Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од ...

Турските обвинители издадоа налози за апсења на 241 осомничен за поврзаност со екстремистички групи, меѓу кои и Исламска држава. Во рациите на полицијата и жандармеријата во Анкара приведени се 209 лица. Апсењата се спроведени пред Самитот на НАТО, што на 7 и 8 јули треба да се одржи во главниот град на Турција, Анкара. Помеѓу приведените, 56 лица се осомничени за поврзаност со ИД, а уапсени се и 35 членови на ултралевичарската Револуционерно ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува промена на временските услови поради влијание на циклонска активност. Ќе се развива нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, локално временските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силни налети на ...

Цените на нафтата продолжија да се намалуваат и денеска, откако инвеститорите видоа знаци за враќање на превозот низ Ормуската теснина и напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран, пренесуваат светските агенции. Фјучерсите за суровата нафта од типот Брент поевтинија за 94 центи, или 1,22 проценти, на 77,7 долари за барел. Американската лесна сурова нафта поевтини за 77 центи, или 1,04 проценти, на 73,09 долари за барел. Двата главни ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува по завршувањето на вториот уписен рок речиси целосно да се пополни бројот на ученици предвиден за запишување во средните училишта во државата. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици. Осврнувајќи се на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. Тој одговараше на новинарски прашања за тоа дали очекува позитивен развој во односите со Бугарија во контекст на евроинтегративниот процес, оценувајќи дека последните сигнали од Софија не даваат причина за оптимизам. Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи. Како што наведува во објавата, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите. – Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Тимотеј. Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција). Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на чудотворство за помош на сите што беа болни или се наоѓаа во некоја неволја. Епископот на Пруса беше затворен за време на повампирувањето на паганството во Рим за владеењето на император ...

Аргентина продолжува сигурно да чекори на Светското првенство 2026. По убедливата победа од 3:0 над Алжир на стартот, избраниците на Лионел Скалони вечерва ја совладаа Австрија со 2:0 во Далас и обезбедија пласман во шеснаесетфиналето уште пред последното коло во групата Ј. Иако не одиграа толку доминантно како на отворањето на турнирот, Аргентинците уште еднаш покажаа карактер и зрелост, стигнувајќи до втора победа во исто толку натпревари. ...

Австралискиот судија Шон Еванс повторно ќе биде дел од судискиот тим на Светското првенство 2026, откако ФИФА ја заврши истрагата поврзана со гестот што предизвика големо внимание во јавноста. Еванс ќе биде помошен ВАР-судија на натпреварот од групата Г меѓу Нов Зеланд и Египет во Ванкувер, што ќе биде негов прв ангажман по контроверзијата која се случи пред дуелот меѓу Германија и Курасао. Инцидентот се случи за време на претставувањето на ...

Иран за време на разговорите со Соединетите Американски Држави во Швајцарија не преговарал за својата нуклеарна програма, ниту, пак, прифатил какви било нови обврски – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, за иранската новинска агенција ИРНА. Тој истовремено наведе дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе продолжи во согласност со постоечките ...

Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.43
56%
1021
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
67%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.37
74%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
73%
1023
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
59%
1022
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.48
92%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
6.26
52%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.49
52%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.67
52%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.22
61%
1022
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
52%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.85
84%
1020
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33