Иако Нетанјаху јавно ја објави својата поддршка за планот, тој наскоро објави дека Израел ќе продолжи да го уништува Хамас, нагласувајќи дека остро се спротивставува на воспоставувањето палестинска држава. Белата куќа објави детали за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. Планот предвидува започнување на политички дијалог меѓу Израел и Палестинците, гаранции дека Израел нема да ја окупира или анектира ...

Организирана од Logate, во партнерство со MasterCard, конференцијата INFINTECH – централниот годишен собир за банкарската и финтек заедницата на Југоисточна Европа – се враќа оваа година во Порто Монтенегро на 9-10 октомври. Третото издание на регионалната конференција INFINTECH повторно ги собира лидерите од деловниот и финансискиот сектор во регионот. INFINTECH е создаден како централна платформа за дискусии за најважните теми што го ...

Веќе децении Општина Битола се соочува со предизвици околу реализацијата на проектите за решавање на проблемот со отпадните води. И денес, целата канализација се излева во реката Драгор, што претставува сериозен ризик по здравјето на жителите. Европската Унија обезбеди поддршка за изработка на проект за колекторски систем, реконструкција на мрежата и изградба на пречистителна станица, кој по долга стагнација конечно започна да се движи. ...

„Starbucks“ планира да затвори кафулиња и да намали 900 работни места како дел од напорите за реструктуирање од 1 милијарда долари. Овој потег доаѓа во време кога компанијата спроведува план за пресврт што го изложи извршниот директор Брајан Никол. Синџирот кафетерии, кој минатата година имаше околу 360.000 вработени низ целиот свет, изјави дека вкупниот број на продавници во САД и Канада ќе се намали за 1% на 18.300. Планира да го зголеми ...

Европските добавувачи на автоделови бараат од Европската Унија (ЕУ) да постави нови правила за да се осигура дека автомобилите произведени во регионот користат значителен дел од локалните компоненти, во обид да ја заштитат индустријата под зголемен притисок. Европските креатори на политики треба да ја зголемат побарувачката за возила произведени на Стариот континент и да постават минимални барања за содржината на европските делови, соопшти ...

Швајцарија се согласи со САД да не манипулира со својата валута, во ретка заедничка изјава што се смета за „зелено светло“ за понатамошна интервенција од страна на централната банка на земјата за ограничување на растот на франкот. Швајцарската национална банка и Министерството за финансии на САД во понеделник издадоа декларација со која формално ги усогласуваат своите позиции во врска со прашањата за девизи, при што двете земји се обврзаа да ...

Уште од мали нозе слушаме дека морковите се неопходни за добар вид. Но, иако морковите секако се корисни, постои уште подобар сојузник за здравјето на очите. Нутриционистката д-р Ема Дербишир истакна дека повеќето луѓе не јадат доволно храна што го штити видот, додека морковите сè уште се сметаат за најдобар избор. Наместо тоа, д-р Дербишир препорачува риба, особено масна риба. „Масната риба е полна со омега-3 масни киселини кои помагаат во ...

Извршниот директор на „McLaren“ не го потврди директно доаѓањето на теренец, но откри дека компанијата работи на модел кој нема да биде класичен спортски автомобил со две врати. И покрај лансирањето модели како „Artura“ и хиперавтомобилот „W1“, иднината на „McLaren“ останува под знак прашалник. Компанијата неодамна беше купена од „CYVN Holdings“, саудиски фонд, кој ја спои со британскиот стартап за електрични возила „Forseven“. Во интервју за ...

Серијата 17 на телефони на „Xiaomi“ неодамна беше претставена, а посебно внимание беше посветено на именувањето на моделите, што укажува дека кинескиот гигант „фрла ракавица во лице“ на „Apple“. За почеток, едно брзо прашање: По серијата „Xiaomi 15“, што е следно? Ако рековте „Xiaomi 16“, грешевте – кинескиот бренд прескокна еден број и ги именуваше своите модели оваа година „Xiaomi 17“, „Xiaomi 17 Pro“ и „Xiaomi 17 Pro Max“. Оваа ...

Глобалниот долг достигна рекордни 337,7 трилиони долари на крајот од вториот квартал, поттикнат од олеснувањето на глобалните финансиски услови, послабиот американски долар и поблагите политики на водечките централни банки, според објавениот квартален извештај. Институтот за меѓународни финансии (IIF), здружение на индустријата за финансиски услуги, соопшти дека глобалниот долг се зголемил за повеќе од 21 трилион долари во првата половина од ...

Сè повеќе млади во Македонија решаваат дека нема да го чекаат денот кога ќе им стигне пензијата за конечно да „дишат“. Наместо тоа, вложуваат во себе – во своето знаење, здравје, мали бизниси или хобија што можат да им донесат слобода уште пред 30-тата година. Не чекаат на државата, не чекаат на „врските“, не чекаат ни на среќата. „Ако мислиш дека ќе дочекаш нормален живот на 65 години – ќе те дочека само хроничен замор“, вели со насмевка ...

Вредноста на акциите во рацете на американските домаќинства достигна рекордно високо ниво, но зголемената зависност од берзата покренува прашања за ранливоста на личните финансии во случај на остар пад на пазарот. Според Федералните резерви, директните и индиректните инвестиции во акции – вклучувајќи ги взаемните фондови и пензиските планови – учествуваа со дури 45% од вкупните финансиски средства на американските домаќинства во вториот ...

На 28.09.2025 салоните на Порше Македонија блеснаа во светлина и емоции, претворајќи се во артистички простор за големата прослава на 20-годишниот јубилеј на компанијата. Настанот обедини партнери, клиенти, вработени и пријатели во атмосфера која го славеше минатото, но и храбро гледаше кон иднината. „Денес не славиме само 20 години постоење – денес славиме 20 години заедништво,“ истакна генералниот директор Златко Муцунски во своето ...

Медот годинава се продава по стара цена – 600 денари за тегла, иако за многумина би било логично да поскапи. Пчеларите, сепак, велат дека нема потреба од поскапување – сезоната, по неколку слаби години, конечно им донела солиден принос. Во просек, од една кошница извлекле над 10 килограми мед, што е повеќе од очекуваното. „Не можеме да се пожалиме. Иако беше сушно, спасот го најдовме во селидбеното пчеларење. Ги носевме пчелите на повисоки ...

Кери Едвардс од Мидлтијан, Вирџинија, освои огромна награда на Powerball, а добитните броеви и ги избра ChatGPT. Сепак, оваа приказна има уште подобар крај бидејќи пензионерката одлучи да ја донира целата освоена сума во добротворни цели, пишува Unilad. Г-ѓа Едвардс откри дека користела популарен четбот со вештачка интелигенција за да ги генерира броевите за да ги погоди четири од првите пет броеви и бројот на Powerball на 8 септември. Како ...

Скапоцените метали растат додека инвеститорите бараат безбедно засолниште, а неизвесноста околу американскиот буџет и монетарната политика на ФЕД го поттикнуваат купувањето. Цената на златото се искачи на рекордни 3.812 долари за унца, највисоко ниво досега забележано. Другите скапоцени метали, исто така, продолжија да растат, поттикнати од послабиот долар и загриженоста за евентуално затворање на американската влада. Златото скокна за дури ...

Проевропската Партија за акција и солидарност (ПАС) на претседателката Маја Санду освои повеќе од 50 проценти од гласовите на парламентарните избори во Молдавија и обезбеди апсолутно мнозинство во собранието. Резултатите беа поздравени како потврда за јасната посветеност на земјата на европскиот курс и силен пораз на проруските сили предводени од Игор Додон. Сепак, во самата Молдавија, симбол на овие промени не е само партијата, туку и ...

Тетовскиот грав денес се продава како деликатес. Цената му е околу 500 денари за килограм, а во некои продавници оди и до 600. Петпати е поскап од увозниот, кој на пазарите се нуди за 90 до 120 денари, во зависност од потеклото – Египет, Турција, Аргентина, Кина или Киргистан. Иако во минатото беше симбол на квалитет и домашна традиција, денес станува сè потешко да се најде на тезгите, па дури и на тетовскиот пазар. „Го бараат, ама кога ќе ...

Топ 3те теми што ја одбележаа 2025та година на една конференција во 2 дена. Со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува 3тото издание на WITCON-конференција за вештачка интелигенција, иновација и технологија! Трета година по ред WITCON прераснува во платформа на спој помеѓу знаењето, искуството и талентот со зголемен број на посетители како и говорници на сцена. Токму затоа, оваа година очекувајте над 450 посетители, 65+ ...

На почетокот на минатата година, Метју Принс почна да добива загрижени повици од раководителите на големите медиумски компании. Тие му кажаа дека се соочуваат со сериозна нова закана. Неговата компанија Cloudflare обезбедува безбедносна инфраструктура за околу една петтина од мрежата. „Јас реков: „Што, Севернокорејците?“ се сеќава Принс. „А тие рекоа: „Не. Тоа е вештачката интелигенција.“ Дури и тогаш, тие раководители ги забележаа првите ...

Почетокот на октомври носи промена на времето низ цела Европа. По период на потопол, западен тек, формирањето на блокирачки антициклон на северот од континентот го отвора патот за ладни воздушни маси од исток. Затоа поголемиот дел од Европа оваа недела се подготвува за првиот значаен студен бран оваа есен, пишува Severe Weather Europe. Од средината на неделата се развива невообичаено силен продор на студ, стимулиран од ширењето на мал студен ...

Домаќинствата во еврозоната денес трошат околу една третина повеќе пари за храна отколку пред пандемијата, додека цените на прехранбените производи пораснаа значително побрзо од цените на другите стоки. Според Европската централна банка (ЕЦБ), ова беше особено под влијание на зголемените трошоци за работна сила и зголемувањето на цените на суровините на глобално ниво. Од воведувањето на еврото на почетокот на овој век, цените на храната имаат ...

Стратешката соработка претставува значаен чекор во инвестициските планови на 4iG во Северна Македонија и ја потврдува посветеноста на компанијата во почитување на европските дигитални и безбедносни стандарди. Оне Македонија, подружница на групацијата 4iG, потпиша првичен договор со Ериксон Телекомуникации Македонија, каде се наведува стратешка соработка за планирање, дизајнирање, снабдување со опрема и распоредување на една од првите ...

Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата. После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководство на проф. Томас Лушер, доц. Д-р Тања Анѓушева ја донесе регионалната школа за срцева слабост и во нашата земја и како член на Македонското здружение по кардиологија ...

Со самото пристигнување на есента, во месарниците низ Ѓорче Петров повторно замириса на традиција. Мирисот на свежо пржени чварки, оној густ, препознатлив мирис што те враќа неколку децении наназад, во дворовите со казани и тави на оган, стана симбол дека летото завршило, а зимата полека тропа на врата. Иако оваа година чварките се појавија нешто порано од вообичаено, веднаш предизвикаа редици пред месарниците, а првите килограми се ...

Мигрената е една од најчестите и најтешки невролошки состојби, а според Светската здравствена организација, таа е една од водечките причини за инвалидитет во светот. Главоболките, вклучувајќи ги и мигрените, ги погодуваат речиси сите возрасни групи, од детството до староста, а жените се почесто погодени од мажите. Иако многумина кои страдаат од мигрена се соочуваат со потценување на нивната состојба, бидејќи мигрената честопати погрешно се ...

„Spotify Technology“ користи алатки за вештачка интелигенција (ВИ) за креирање содржина, но презема мерки против нелегално претставување на уметници и спамови, објавува „Bloomberg“. Шведскиот стриминг гигант воведува нови политики и ги зголемува инвестициите за да ги заштити уметниците и слушателите од „ѓубре“ генерирано од вештачка интелигенција што ја преплавува платформата, го деградира квалитетот на слушање и ги пренасочува исплатите на ...

Профитот на модниот гигант „Hennes & Maurit“z во третиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, потпомогнат од контролата на трошоците и знаците дека префокусирањето на компанијата на својот основен бренд „H&M“ почнува да се исплатува, објавува „Bloomberg“. Зголемените трошоци за рекламирање во текот на изминатата година помогнаа купувачите да се вратат во продавниците и онлајн, донекаде компензирајќи го негативното влијание ...

Европа го зацврстува својот статус како преферирана дестинација за богатите во светот, бидејќи променливите даночни режими, геополитичките тензии и променливите програми за визи го забрзуваат движењето на богатството, според извештајот на „Knight Frank“ – „European Lifestyle Report“. Анкета на домаќинства со високи приходи во голем број региони покажува дека политичката стабилност, квалитетот на живот и доброто управување насочуваат повеќе ...

„Volvo“ го претстави моделот „EX90“ од 2026-та година, што е значајно подобрување, бидејќи кросоверот сега доаѓа со сосема нов електричен систем од 800V. Дополнително, „Volvo“ изјави дека нивниот софтвер за управување со батериите користи паметен алгоритам кој работи заедно со системот од 800V за да го оптимизира полнењето, што го прави значително побрзо отколку што беше претходно можно. Благодарение на овие промени, брзиот полнач од 350 kW ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
69%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.06
85%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.76
77%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.36
70%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Калај

43.91

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Злато

144593.23