Ако мислиш дека најнарачуваната пица во Скопје е Пеперони, правиш сосема логична претпоставка. Само што таа не е победникот. Во пресрет на Светскиот ден на пицата, на 9 февруари (датум што онлајн заедницата на љубители на пица масовно го слави како „Pizza Day“), Wolt погледна што навистина нарачуваат скопјани откако беше лансирана платформата Wolt во април 2025 година досега и резултатите звучат како неофицијален „карактерен тест“ за ...

Економските трошоци за Германија од тековните кризи во последните години изнесуваат вкупно 940 милијарди евра, покажува студијата на Германскиот економски институт (IW), објави ДПА. Студијата го опфаќа шестгодишниот период од 2020-та година до сега и ги пресметува загубите како ценовно прилагоден бруто домашен производ (БДП). Според експертите, ова е еквивалентно на загуба на додадена вредност од повеќе од 20.000 евра по вработен поради ...

Европската унија (ЕУ) истражува опции за ново финансирање за одбраната откако ќе истече првичниот заем од 150 милијарди евра, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на инсајдери кои зборуваа под услов на анонимност. Дискусиите се во рана фаза бидејќи Европската комисија (ЕК) сè уште ги распределува средствата во рамките на тековната програма за заем. Покрај тоа, се очекува неколку милијарди евра да останат неискористени во рамките на фондот ...

Одредени намирници можат да ја поддржат функцијата на тироидната жлезда и хормоналната рамнотежа, иако правилната исхрана не може да ја замени медицинската терапија. Тироидната жлезда игра важна улога во телото бидејќи влијае на метаболизмот, нивото на енергија и телесната температура. Кога нејзината работа не е избалансирана, може да се појават нарушувања како што се хипотироидизам, т.е. бавна работа на тироидната жлезда или хипертироидизам, ...

Американскиот претприемач Илон Маск објави дека „SpaceX“ планира да гради градови на Месечината и Марс во наредните децении, и дека прво ќе се фокусираат на сателитот на Земјата. „SpaceX веќе го префрли својот фокус на изградба на саморастечки град на Месечината, бидејќи потенцијално можеме да го постигнеме ова за помалку од 10 години, додека на Марс би биле потребни повеќе од 20 години“, напиша Маск на „X“. Тој изјави дека компанијата ...

Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година. ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто. Со оваа соработка, ЕДС ...

Во излозите сè блеска. Црвени бројки, прецртани цени, големи проценти што врескаат „акција“. Купувачот застанува, пресметува набрзина, си вели дека сега е моментот. А всушност, многу често, токму тогаш плаќа речиси исто како и вчера. Или повеќе. Лажните попусти одамна не се инцидент, туку модел на однесување што тивко се всели во македонската трговија. Механизмот е едноставен, но лукав. Цената најпрво се „крева“ неколку недели пред најавеното ...

Греењето на домовите во Македонија со години е тивок, но упорен проблем. Не е тема што се отвора само кога ќе дојдат сметките, туку нешто што луѓето го носат со себе од ноември до март, понекогаш и подолго. Студот не е секогаш драматичен, но зградите се. Стари, слабо изолирани, градени во време кога никој сериозно не размислувал за енергетска ефикасност. Во такви услови, прашањето дали топлотните пумпи навистина можат да помогнат не е прашање ...

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка, Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните ...

По договорот кој беше постигнат на релација синдикати на администрацијата и влада сега се поставува прашањето кој што доби и дали некој изгуби?! Математиките на властите се дека околку 11 илјади вработени во администрацијата ќе добијат раст на плафтите за 40 отсто, не утре, туку до 2028ма. Власта вели дека направила вин-вин ситуација. Практично, велат властите дека со своите колеги воспоставиле договор и тој договор е со рок на траење до 2028 ...

Овчарите повторно се кренаа на нозе. Бараат повисока откупна цена за јагнето и, како што велат, крај на долгогодишните манипулации што им го јадат трудот уште пред да стигне до пазарот. Сликата е иста како и претходните години, но разликата е што трпението е при крај. На терен, откупувачите нудат цена која едвај ја покрива основната сметка. Под 300 денари за килограм жива мера, понекогаш и значително пониско. Во исто време, на пазарите и во ...

Прашањето дали неделата треба да биде работен ден повторно се врати во јавниот простор, откако Црна Гора ја укина неделата како работен ден со образложение дека таквото решение било спротивно на уставните принципи. Одлуката таму не остана само правна формалност, туку отвори поширока расправа за границите меѓу економијата, трудот и елементарното човечко достоинство. И кај нас, неизбежно, се слуша истото прашање. Дали сме подготвени за ваков ...

Полицијата сè уште бара двајца, како што се претпоставува, странски државјани кои го киднапираа пејачот Даниел Кајмакоски во Бетон Хол, а по несреќата избегаа во правец на шумата на патот кон Рума. Пејачот Даниел Кајмакоски моментално е со своето семејство по изјавата што ја даде во полицијата. Полицијата го пронашла врзан на задното седиште од автомобилот, а киднаперите избегале од возилото пред да пристигне полицијата. Дирекција за ...

Кога некој ќе започне да планира да купи стан или да изгради куќа, прво ги разгледува условите на кредитот. Перспективите за каматните стапки се обесхрабрувачки, па и покрај огромната побарувачка, градежната индустрија сè уште нема закрепнување на повидок, пишува германската новинска агенција DPA. Потрошувачите почнаа да земаат повеќе станбени кредити на почетокот на 2025 година, но трендот оттогаш исчезна, соопшти Barkov Consulting во ...

Министерката за надворешни работи Ананд инсистира дека Нук е дел од долгорочната арктичка стратегија. Следен на ред е Анкориџ (главниот град на Алјаска). Канада отвори конзулат во Нук во петокот, испраќајќи сигнал за поддршка на жителите на Гренланд кои се вознемирени од заканите за суверенитетот на претседателот Доналд Трамп, додека се обидуваат да избегнат конфронтација со Вашингтон. Таа мисија беше започната долго пред „ѕвечкањето со ...

Европскиот пазар на половни автомобили е под влијание не само на променетите закони, туку и на глобалните настани. Пазарните експерти предвидуваат дека во 2026 година, возачите посилно ќе ги почувствуваат ефектите од кризата со чиповите, како и намалената понуда на речиси нови автомобили. Построгите прописи за загадување ќе влијаат и на некои сопственици на возила низ цела Европа, вклучително и во Македонија. Според Матас Бузелис, експерт во ...

Сеќавањето на спектакуларните Зимски олимписки игри во Сараево, кои оставија неизбришлив белег, е сè уште силно во овој регион. Додека се одбележува уште една годишнина од Зимските олимписки игри одржани во Сараево во 1984 година, вниманието на спортската јавност повторно е насочено кон една од најпрепознатливите олимписки локации на поранешна Југославија, патеката за боб во Требевиќ. Додека светот ужива во почетокот на Зимските олимписки ...

Најбараните работни места вклучуваат инженери за вештачка интелегенција, консултанти и истражувачи во технолошките индустрии. Техничарите за центри за податоци обезбедуваат работа на инфраструктурни системи неопходни за глобална дигитална поврзаност. Експлозивниот раст на вештачката интелегенција ќе донесе можности за луѓе со специфични знаења и вештини, а побарувачката за нив е веќе видлива на пазари како што се Соединетите Американски ...

Производителите на софтвер се под притисок поради потенцијалните нарушувања што би можеле да бидат предизвикани од брзиот развој на вештачката интелегенција. Индексот Дау Џонс порасна за 2,5%, достигнувајќи рекордно високо ниво од 50.115 поени. Глобалните пазари беа обвиткани во нестабилност минатата недела, а технолошките акции претрпеа најголем удар. На Волстрит, индустрискиот просек Dow Jones порасна за 2,5 проценти на рекордни 50.115 ...

Јужнокорејска платформа за тргување со криптовалути погрешно им подари на клиентите биткоини во вредност од повеќе од 40 милијарди долари, правејќи ги накратко мултимилионери, објави BBC. Берзата планираше да им даде на клиентите мала парична награда од 2.000 вони (1,37 долари) на секој, но наместо тоа им даде 2.000 биткоини во петокот. Платформата Bithumb се извини за грешката, додавајќи дека брзо го сфатила пропустот и ги вратила речиси ...

Дали продавате стан и сакате да ја добиете максималната вредност од продажбата? Иако се чини дека е доволно само да се објави оглас и да се чека купувач, во пракса се губат сериозни пари, дури и илјадници евра, поради неколку чести грешки. Прочитајте подолу за советите што ги споделуваат агентите за недвижности. Точната проценка е основа за успешна продажба Една од најчестите и најскапите грешки е погрешната проценка на вредноста на станот. ...

Во време кога негативните вести доминираат, понекогаш се случуваат и приказни што потсетуваат зошто човечноста и професионалноста секогаш одат рака под рака. За време на неодамнешен лет кон Париз, на еден од патниците ненадејно му се слошило и ја изгубил свеста. Во тие моменти на неизвесност, млада докторка од Македонија без двоумење се ставила на располагање и, заедно со екипажот на авионот, помогнала во згрижувањето на патникот. Според ...

Многу е напишано и дополнително ќе биде напишано за развојот на вештачката интелигенција. Сепак, една компанија што се занимава со неа извршила еден вид криминал, и поради ова, неодамна беше цел на тужби и напади. Дотичната компанија е Anthropic, основана во 2021 година во Сан Франциско. Едноставно кажано, тие ги развиваат безбедносните својства на вештачката интелегенција и врз основа на тоа истражување, пласираат на пазарот безбедни модели ...

Водата сочинува околу 60 проценти од нашите тела и е неопходна за регулирање на температурата, елиминирање на отпадот, транспорт на хранливи материи и безброј други витални процеси. Топлата вода може да биде пријатен и смирувачки начин за задоволување на вашите дневни потреби за хидратација, а исто така нуди и некои специфични придобивки, според „Health.com“. Ја подобрува хидратацијата Главната придобивка од пиењето вода, без оглед на ...

Бадемите се хранливо богата храна, полна со протеини, здрави масти, влакна, магнезиум и витамин Е. Може да се консумираат во секое време од денот, а како дел од балансирана исхрана, помагаат во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта, го продолжуваат чувството на ситост и придонесуваат за здравјето на срцето и регулирањето на холестеролот, пишува „Health.com“. Иако можете да ги јадете кога сакате, одредени периоди од денот може да ...

„Subaru“ започна со производство на целосно електрични возила во својата фабрика во Гунма Јаџима во Јапонија, што е прв пат производителот на автомобили да произведе глобален EV модел во сопствена фабрика. Производството започна во февруари 2026-та година, откако модификациите на линијата беа завршени како што беше планирано во јануари истата година. Работата на воспоставување нова линија на „мешани модели“ започна во август 2025-та година, ...

„BMW“ верува дека системот на претплати и последователно отклучување на одредени функции кај автомобилите е оправдан, иако претходно се откажа од најкритикуваниот модел на плаќање, како што е претплатата за греење на седиштата. Сепак, нема намера целосно да се откаже од идејата за плаќање за одредени опции дури и по купувањето на возилото. Логиката на производителот е дека при нарачка на автомобил, купувачите можат да ја намалат почетната ...

Иако претходно се шпекулираше дека „iPhone 17e“ ќе биде претставен напролет, новите неофицијални информации сугерираат дека тоа би можело да се случи веќе овој месец. Според германскиот портал „Macwelt“, „Apple“ ќе го претстави „iPhone 17e“ на 19-ти февруари, без да одржи посебен настан, туку преку соопштение за медиумите. Бидејќи „Apple“ го претстави и претходниот „iPhone 16e“ на ист начин, толку скромен тип на презентација не би бил толку ...

„WhatsApp“ е една од најпопуларните апликации за комуникација, но многу корисници не се свесни колку од нивните лични податоци се достапни за другите. Информации како што се фотографија на профил, опис на профил, статус, време на последна активност или потврда за прочитани пораки често се видливи за скоро сите, според стандардните поставки на апликацијата. Сепак, со неколку едноставни промени во поставките, можно е значително да се подобри ...

„BNP Paribas“ објави неочекувано силна добивка за четвртиот квартал и зголеми некои среднорочни финансиски цели, бидејќи главниот извршен директор Жан-Лорен Бонафе се обидува да ги зајакне акциите на банката кои долго време заостануваат зад оние на конкурентите, објави „Bloomberg“. Француската банка објави нето добивка од 2,97 милијарди евра во последниот квартал од 2025-та година, над 2,86 милијарди евра што ги очекуваа аналитичарите. ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
28%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
6.0
35%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
28%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
32%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.59
30%
1019
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
32%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
9.26
41%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
30%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
25%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
40%
1020
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
26%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
12.35
34%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Бакар

13.28

Алуминиум

3.25

Злато

140678.81

Калај

56.34

Паладиум

41731.67

Рутениум

53852.50

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Платина

56103.05

Иридиум

252383.36

Кобалт

45.39

Сребро

2080.30