Стихозбирката „Спомени“ од македонскиот поет Ристо Маџунков е објавена во издание на „Современост“. Збирката содржи околу 70 песни, од кои најголемиот дел претставуваат поетски минијатури – искри на мудроста со три до четири стихови. Ристо Маџунков е роден 1948 година во Струмица. Од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада. Покрај „Спомени“, автор е и на поетските книги: „Семки“ (Современост, 2019), „Вечен збор“, второ преработено издание ...


 
            