Екипата на Струга ТЛ дополнително се засили во пресрет на третото коло и големото дерби со шампионот Вардар откако стружани попладнево се засили со Кендрим Исмајли. Станува збор за 27-годишен албански фудбалер кој доаѓа од редовите на Теута во Албанија, а претходно има настапувано и за Тирана и за Фљамуртари. Исмајли настапува како лев бек, но по потреба добро се снаоѓа и во средината на теренот, па интересно ќе биде да се види каде стружани ...

Кендрим Исмајли е најновото име во редовите на Струга Трим Лум. Македонскиот прволигаш се пофали со потписот со косовскиот лев бек кој е седми новајлија ова лето. Откако беше промовиран, Исмајли ги сподели своите очекувања. 27-годишниот фудбалер веќе има искуство со тренерот Бледи Шкемби, со кого соработуваше во Тирана. „Дојдов во Струга Трим Лум поради добрата организација на клубот. Со директорот имав контакти и во минатото, па ја користам ...