На последниот конкурс аплицираа 51 проекти, од кои 33 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 18 краткометражни (играни, документарни и анимирани). Поддршка за реализација на мнозински долгометражни филмови добија режисерот Ѓорги Унковски за проектот „ДЈ Ахмет“ во продукција на „Футура синема“ и Марко Ѓоковиќ за „Потстанар“ во продукција на „Сектор филм. Ќе се снимаат и девет краткометражни играни филмови и три документарни филмови со ...

„Сокол ми лета високо“ е изворна македонска песна каде се опејува смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во негова чест и како продолжување на неговата мисија за слободна Македонија, ансамблот на Стефче Стојковски револверот и пушките ги заменија со автентичните македонски инструменти и во ново руво ја создадоа „Сокол ми лета високо“ .  Тонското музичко студио Подрумот се погрижи за снимање на аудио записот, а за видео ...

Денес (понеделник, 05.07.2021г.) со почеток во 12:00 часот во сутеренот на Национална опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „75 ГОДИНИ – ПОВЕЌЕ ОД ИГРА И ПЕСНА” на Ансамблот на народни игри и песни „ОРЦЕ НИКОЛОВ”. Промотор на настанот е проф.д-р Мирјана Мирчевска. Промоцијата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, влезот е слободен. За монографијата „75-години повеќе од игра и песна” Народното творештво е ...

Утре, (09.07.2021 година, петок) ќе се одржи концерт насловен „Вечер со руски романси”, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба. Ќе се изведуваат соло песни од руски автори, а учествуваат: Македонка Петреска – сопран, Ивона Огненовска – мецо-сопран, Елена Васова – сопран, Сара Јанева – мецо – сопран, Марија Ѓеорѓиевска – сопран, Фјола Исеини – сопран, Мариана Бошковска – мецо-сопран, Билјана Камчева – сопран и Давид Миладинов – ...

Овој четврток (22. јули) во 20:30 часот во Кинотека на Македонија – на летната сцена „Мирно лето“, во рамките на серијалот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ ќе се емитува концертот на „world-music“-дивата Амира Медуњанин, одржан во пулската Арена на 3. август, 2018 година. Во импресивниот амбиент на Арената, со Амира на сцена беа и врвните музичари – Бошко Јовиќ (гитара), Анте Гело (гитара), Бојан Зулфикарпашиќ (клавир) и Звонимир Шестак ...

Националната галерија на Македонија и покрај сите предизвици со кои таа, исто како и цело општество се соочува, успева во континуитет да ги одржи програмските активности на високо ниво, па и оваа година ќе ви претстави и овозможи одлична програма исполнета со бројни активости и изложби за сечиј вкус. Ова се програмските содржини кои оваа национална институција ги предвиде за 2021 година. Изготвената програма за 2021 е планирана со следната ...

„По месец и половина од отворањето на излобата со наслов „Иван Велков, 90 години од раѓање“ во Чифте амам, на наше големо задоволство не опаѓа интересот за посета на истата од пошироката јавност“, велат од Националната галерија на Македонија. Поради големиот интерес, изложбата посветена на 90 години од раѓањето на Иван Велков во Чифте амам ќе биде отворена се до 26 април. Претставени се 90-ина дела од сите творечки фази на Велков, а се дел од ...

Од денес (вторник 20 април), во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ поместена во горниот простор од музејот. „Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години ...

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Уметничкиот центар Арт хаб во ГТЦ ја отвори изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“, која ќе може да се посети до крајот на месецов, од понеделник до петок од 9 -17 часот. Оваа традиционална изложба е во рамки на Годишната програма на ДЛУМ и се реализира под покровителство на Министерството за култура. – Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж ...

Во Центарот за култура во Крива Паланка во тек е изложбата на пејзажи насловена „МАРИНИ“ на Ацо Таневски од Скопје. По мартовското претставување во центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово која и покрај пандемијата наиде на одличен прием, делата на Таневски ја продолжуваат минатогодишната турнеја започната во велешкиот народен музеј. Освен овие галериски простори, пејзажите на Таневски се претставени и во Демир Капија и Неготино. Ацо ...

Изложбата Spaces of oblivion на уметницата Александра Петрушевска Ристовска денес ќе биде отворена во Националната Галерија, во Мултимедијалниот центар Мала станица, а истата ќе трае од 06.05.2021, па се до 01.06.2021. Изложбата насловена „ Spaces of oblivion“ е резултат на подолготраен истражувачки процес започнат во 2017 година и претставува прво самостојно претставување на Петрушевска од 2013 година. Овој циклус се состои од шеесетина слики ...

Почина Лазар Шуманов (10.03.1940, Скопје – 09.05.2021, Скопје) еден од најзначајните личности во сферата на заштита на културното наследство како архитект-конзерватор. По кратко боледување денеска почина претседателот на ИКОМОС-Македонија, д-р Лазар Шуманов, кој во 1994 година беше и еден од основачите на Националниот комитет на Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС). Шуманов го посвети целиот свој живот на заштитата на ...

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика. Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата ...

Националната галерија го најавува својот следен проект, изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик, која ќе се отвори на 22 јуни, во 20:00 часот, во мултимедијалниот центар „Мала станица“. Изложбата се организира во соработка со самиот автор и Музејот на современа уметност на Војводина, Нови Сад, Србија. Олег Кулик е еден од најконтроверзните уметници од Источниот блок чии акции и перформанси сѐ уште предизвикуваат непријатност, отпор, па дури и ...

Викендов Public Room (Јавна соба) заокружува тројка, трета среќа! По тој повод во сабота на 27 октомври со почеток во 21 часот ги отвораат вратите на трите ката, со цел секој да ја пронајде приказната за себе. Јавна соба е местото кое ги собира сите генерации, млади, стари. За некои од нив ова е местото кое се ушушкуваат како дома. Релаксирано, креативно ќоше кое го препознаваат дури и оние кои за прв пат стапнуваат на тлото на Скопје. Велат, ...

Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко Македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, самостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници. Роден е ...

Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер. Таа починала во средата, 20 јануари, но информацијата беше објавена денес (петок). Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно фантастична серија „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен. „Ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргна по ...

Владимир Величковиќ (1935, Белград, Србија), од 1966 година живее и работи во Париз. Во француската уметничка средина се наметна со сопствен идентитет, дополнувајќи ја француската уметничка сцена со нови вредности. Париз го прифати и го верификува и со тоа што Величковиќ од 1983 до 2000 година беше професор на Ecole Nationale Superieure des Beaux Arts во Париз, во 2005 година е избран за член на Француската академија на убавите уметности ...

На 30 ноември во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија, ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“. Станува збор за маестрален проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на ...

Веќе традиционално, четврта година по ред, Националната галерија организира изложба која носи свој препознатлив белег, посветен на Денот на жената, Осми март. Изложбата е исклучиво во нејзина чест, во чест на секоја жена (девојка, мајка) и на она што секоја од нив значи за светот, за општеството и за семејството, во чест на нејзината единствена улога што ѝ е доверена низ времето за да го направи овој свет поубав.  Во претходните години ...

Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор. Неговото крстено име беше Ричард Вејн Пениман. Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко. Се дознава дека причината за смртта е рак. Литл Ричард се смета за еден од основчите на рок енд ролот. Се здоби со светска слава по неколку синглови како „Tutti Frutti”, „Long Tall Sally”, „She’s Got It” издадени во 1950-те ...

Доколку ова го пиете го ова пред спиење, ќе почувствувате олеснување, а помага и при слабеење. Овој напиток е корисен и ќе ви помогне да направте детоксикација на организмот. Ќе го забрза метаболизмот, но ќе ја забрза и работата на цревата. Главна состојка е магдоносот, а ќе ви помогне и при слабеење. 1 лимон една рака магдонос 1 лажичка цимет 1 лажичка јаболков оцет 500 мл вода Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте ги, се додека не ...

Денес е знаечаен јубилеј, 70 години од одбележувањето на донесување на Конвенцијата за организирање на Светската метеоролошка организација (23 март 1950 година) и 60 години од обележување на Светскиот метеоролошки ден – 23 март 1961 година) Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидрометеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на ...

Да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност… Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него. Со преводот на „Улис“, Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста – вели Марија Гиревска -преведувач, теоретичар, есеистичар. Марија ...

Легендарниот македонски бенд „Last Expedition” се екипира за реализација на нов, онлајн видео спот за нивниот голем хит „Шефе”! Карантинот инспирираше многу уметници низ целиот свет, да покажат солидарност и емпатија преку својата уметност, па членовите на „Last Expedition” одлучија тоа да го направат со ново онлајн видео за песната која обележува еден период од македонската алтернативна музичка историја.  Бендот ги кани своите фанови да ...

Денес (11 јануари 2021 година) на 90 години почина академик Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата, поранешен претседател на МАНУ и еден од најактивните и еминентни академици во земјава. Веста ја соопшти Филозофскиот факултет каде бил професор (1966-1995) и негов декан (1975-1977). „Со голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик ...

Синди Крафорд има полни 54-ри години, а сè уште плени со убавината токму како и на почетокот на кариерата. Таа е препознатлива по својата бенка над усната, која стана нејзин заштитен знак. Иако од најраното детство имала проблеми поради неа, Синди ќе биде запаметена по бенката, што ја направи единствена. Имено, врсниците често се шегувале на нејзина сметка, така што во еден момент планирала да ја отстрани по хирушки пат, но мајка ѝ ја спречила ...

Серијата „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother) наскоро ќе добие продолжение под наслов „Како го запознав татко ти“ (How I Met Your Father). Проектот е во продукција на „Хулу“, пренесува „Варајети“. Улогата на мајката Софи ќе ја глуми Хилари Даф. Таа овојпат ќе му кажува на својот син во серијата – како го запознала неговиот татко. Даф се пофали со тоа на Инстаграм. Приказната на серијата почнува во 2021 година, со разговор околу ...

Со децении е хит во светот, овој сок го закрепнува целиот организам… Се работи за мешавина од цвекло и морков, а ако ви станува мака уште на самата помисла на оваа комбинација, не сте единствени. Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите оние кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лекување на карциномите. Иако сите велат дека има грозен вкус, никој сепак не престанал да го пие ...

Овој напиток се покажал како многу ефикасен за слабеење и го препорачуваат речиси секогаш кога постои проблем со празнење на цревата. Секако, потребно е повеќе да се движите и поздраво да се храните. Освен што е добар за слабеење, овој напиток многу позитивно делува и врз целокупното здравје. Состојките кои влегуваат во составот се многу здрави. Па така, чиа семето поволно влијае врз општото здравје бидејќи содржи доста омега 3 масни киселини, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
78%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
39%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.42
34%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
94%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
51%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
57%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
63%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
69%
1014
Currency

61.53

Currency

52.8054

Currency

70.9423

Currency

34.491

Currency

38.2639

Currency

65.716

Currency

7.3959

Currency

0.64969

Currency

0.35649

Currency

0.52657

Currency

1.28033

Currency

0.59816