Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија во ЕУ до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај. Во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел”. И истите тие во исто време велат: 1) 25 години стоиме во место во ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го потврди распоредот на натпреварите за Европското првенство 2028, според веб-страницата на организацијата. Домаќини на завршниот турнир ќе бидат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Вкупно се закажани 51 натпревар. Првиот натпревар од првенството, во кој ќе учествуваат екипи од Групата А, ќе се одржи на 9 јуни 2028 година, на Националниот стадион на Велс во Кардиф. Полуфиналињата (4 и 5 јули) и финалето (9 ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги разреши министерката за енергетика Свитлана Гринчук и министерот за правда Герман Галушченко од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Претходно, Гринчук и Галушченко поднесоа оставки од функциите поради истрагата на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) за злоупотреби во енергетскиот сектор. Советот за национална безбедност и одбрана на Украина е ...

Европскиот парламент денеска усвои предлог за продолжување на трговските олеснувања за одредени земјоделски производи од Западен Балкан до 2030 година. Извештајот на известувачот Крис ван Дајк, кој предлага измена на регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација, беше усвоен со 543 гласа „за“, 72 „против“ и 22 „воздржани“. Постојната ...

Со 78 загинати лица во сообраќајни несреќи на милион жители, Србија е на првото место во Европа, а само од почетокот на годината, 390 лица загинале во несреќи низ целата држава, предупреди денеска српското здружение на граѓани „Безбедни патеки“. Во соопштение по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, што се одбележува секоја трета недела од ноември, здружението наведува дека од почетокот на годината, повеќе од ...

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати. „Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи. Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот. „Од ...

Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје – обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции, информира попладнево градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. На денешната седница на Советот на Град Скопје, вели тој, беше изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој се кратат непродуктивни ...

Коментирајќи го Извештајот за напредокот на државата во делот судство и фундаментални права, министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА вели дека тој е само поттик за Министерството за правда да продолжи активно да работи на постигнување на европските стандарди во насока на спроведување на реформите .Се прават длабоки, структурни промени кои не можат да се измерат само со квантитативни индикатори или со перцепции. ,,Извештаите ...

Грција целосно го поддржува предлогот на Комисијата за укинување на минималниот износ од 150 евра, со што ќе се овозможи воведување царини за пратки со мала вредност кои потекнуваат од трети земји и влегуваат во границите на ЕУ, посочи министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина. По состаноците на Екофин и Еврогрупата во Брисел, Пиеракакис нагласи дека оваа политика е ...

Повеќето големи економии во развој, вклучувајќи ги Кина, Бразил и Индија, добро се справуваат со американските царини, според истражувањето на консултантската фирма „Verisk Maplecroft“. Фирмата ја анализирала отпорноста на 20 економии во развој на силни трговски осцилации и ненадејни геополитички промени врз основа на индикатори од јавен долг до зависност од приходите од извоз. „Повеќето производствени центри во светот се во подобра позиција, ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во едно обраќање пред европратениците пред летните одмори рече дека секогаш ќе биде подготвена да соработува и да изнаоѓа заеднички решенија со проевропските и продемократските сили во Европскиот парламент, изјави денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Изјавата на Пињо беше одговор на новинарско прашање за тоа каков е ставот на Европската комисија и пред се на Фон дер ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување на изборите не е ...

Почитувани граѓани, се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се утврдени најмалку 10 случаи на непотребни кардиоваскуларни операции во приватни клиники. Ова е скандал без преседан за кој мора да има целосна одговорност, но начинот на првичната презентација на извештајот е скандалозен. Имено, како е можно министерот Алиу да каже дека комисијата утврдила, ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да го пропушти првиот натпревар од Светското првенство 2026 доколку Португалија, како што се очекува, се квалификува за мундијалскиот турнир. Роналдо беше исклучен откако со лакт го удри ирскиот репрезентативец Дар О’Ши во 60 минута од квалификацискиот натпревар одигран во четвртокот вечер во Даблин, во кој Ирска победи со 2:0. Португалскиот напаѓач автоматски ќе ја отслужи суспензијата од ...

Американската Академија за филмски уметности и науки, од овогодишните членови, ќе бара официјално да потврдат дека ги погледнале сите филмови номинирани за „Оскар“ во онаа категорија каде што еден член гласа, пред да гласаат, пренесува „Ен-би-си њуз“ (NBC News), повикувајќи се на внатрешна службена е-пошта. Академијата ја промени својата политика во април оваа година, и сега, членовите на Академијата ќе треба задолжително да го изгледаат ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. -Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека ...

Најмалку четири лица загинаа во рускиот напад во кој стотици дронови и ракети беа лансирани преку ноќ врз главниот град Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Четири лица загинаа. Користени се приближно 430 дронови и 18 ракети“, рече Зеленски. Тој ја обвини Русија за „пресметан напад, дизајниран да нанесе максимална штета на цивилното население и да ја оштети цивилната инфраструктура“. Украинските власти претходно денеска ...

Четири членови на српскиот Совет на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), денеска поднесоа оставка бидејќи не се согласуваат да бидат избрани во процес што ја става политиката над законот. Во заедничка изјава, Родољуб Шабиќ, Дубравка Валиќ Недељковиќ, Милева Малишиќ и Ира Проданов Краишник наведуваат дека процесот на избор на членови на Советот на РЕМ е „фундаментално бесмислен“ по одлуката на мнозинството во Собранието на Србија ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено суспендирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“. „Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со него. Ова повеќе не се санкции, туку мерка на трговска политика. Ќе ...

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. На прашањето „Колку треба да изнесува минималната плата“, од вкупниот број испитаници 45,2 проценти одговориле дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, 42 проценти сметаат дека минималната плата ...

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На ...

Шон „Диди“ Комбс ќе остане зад решетки еден месец подолго од првично предвиденото. Имено, проблематичната некогашна музичка ѕвезда требаше да биде ослободен на 8 мај 2028 година, но новиот датум на ослободување од Федералниот затвор во комплексот Форт Дикс во Њу Џерси, сега е 4 јуни 2028 година, според „Пејџ сикс“ (Page Six). Причината за продолжувањето на казната официјално не е соопштена. Но, оваа одлука доаѓа откако Диди привлече внимание ...

Витаминот Ц е неопходен за здравјето и има бројни придобивки. Најчесто може да се најде во разни овошја и зеленчуци и е важен за одржувањето здрав имунолошки систем, а исто така, клучен е и за заздравување рани, одржување силни коски и подобрување на функцијата на мозокот. Но, прекумерниот внос може да предизвика несакани ефекти, пишува „Н-1“. Во благи случаи, тие вклучуваат проблеми со варењето, но претерувањето може да доведе и до ...

Мирисен, сочен и деликатен — овој печен лосос во меден сос е идеален избор за брз, здрав и елегантен оброк. Комбинацијата од мед, лимон и ароматични зачини создава совршен баланс на слатко и кисело, додека лососот останува мек и сочен. Состојки: Начин на подготовка: Во мала чинија измешајте мед, сок од лимон, слатка црвена пипер и мелен црн пипер. Во подлабок сад поставете ги филетите лосос и посипете ги со зачинал. Додадете маслиново масло и ...

Целата приказна за тоа што точно предизвика пад на генералниот директор на Би-Би-Си и на извршната директорка на Би-Би-Си на редакцијата за вести веројатно ќе излезе на виделина. Но, нешто од тоа, според мене, не се доведува во прашање: објаснувањето на Тим Дејви дека една од неговите главни причини за оставката била да го плати личниот данок на петгодишната работа, која, особено во претходната година, била предизвикувачка и полна со грешки. ...

Европското јавно обвинителство ја затвори истрагата за корупција против Европската народна партија (ЕПП) и нејзиниот претседател Манфред Вебер, што беше покрената врз основа на сомнежи за наводна злоупотреба на средства на ЕУ за време на изборите за Европарламентот во 2019 година. – По темелна истрага, која, меѓу другото, вклучуваше и сослушувања на сведоци, обемно собирање податоци и анализа на банкарски сметки, Европското јавно ...

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека од доставените 25 случаи, комисијата утврдила дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не ...

Вселенското летало „Шенжоу-20“ е прогласено за несоодветно за безбедно враќање на астронаутите, така што ќе остане во Вселената и ќе продолжи со научни експерименти, соопшти Кинеската вселенска агенција за летање со човечка посада (КМСА). Враќањето, првично закажано за 5 ноември, беше одложено поради сомневање за мал удар од остатоци врз вселенското летало „Шенжоу-20“. На прозорецот од капсулата, имено, се пронајдени мали пукнатини, ...

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал. Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Ова е апсолутно недозволиво. Објаснувањето дека нема да се откриваат имињата затоа ...

Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1009
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
69%
1012
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
54%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1009
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.96
56%
1009
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
2.24
40%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
54%
1007
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
41%
1004
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
36%
1006
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
85%
1008
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1009
Currency

61.6317

Currency

53.7916

Currency

70.9319

Currency

36.8772

Currency

38.6441

Currency

67.2372

Currency

7.78293

Currency

0.66168

Currency

0.33727

Currency

0.52497

Currency

1.20986

Currency

0.57012

Сребро

2840.84

Иридиум

256711.96

Рутениум

56199.51

Паладиум

44152.21

Платина

61632.98

Злато

166450.52

Алуминиум

3.44

Калај

45.04

Родиум

347228.06

Цинк

3.07

Бакар

11.05

Кобалт

964.52