Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на воздржаност за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа откако Иран соопшти дека неговиот нуклеарен објект во Натанз изутрината бил цел на напад. МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата. МААЕ ги ...

Европската Унија ги повика земјите-членки да ги намалат целите за складирање на природен гас и постепено да почнат да ги пополнуваат залихите за да ја ограничат побарувачката, бидејќи цените на енергенсите растат поради американско-израелската војна против Иран, пишува „Фајненшл тајмс“. Комесарот за енергетика, Ден Јоргенсен, побара од земјите-членки да ја намалат целната зафатеност на нивните капацитети за складирање гас на 80 проценти од ...

Од почетокот на нападите пред три недели, американската војска погодила повеќе од 8.000 цели во Иран, изјави Бред Купер, командант на американската Централната команда (ЦЕНТКОМ). Меѓу нив се и 130 ирански бродови, објасни Купер во видео објавено на платформата Икс. Тој го нарече тоа „најголемото уништување на поморски бродови во период од три недели од Втората светска војна“. Посочи дека војската останува фокусирана на „систематското ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе распореди федерални агенти за имиграција на аеродромите доколку демократите во Конгресот не се согласат веднаш да ја финансираат безбедноста на аеродромите. „Ќе ги распоредам нашите извонредни и патриотски агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE) на аеродромите, каде што ќе осигурат безбедност каква што немало никогаш досега“, напиша Трамп на социјалните медиуми. Во ...

Доаѓаат црни денови, граѓаните да се подготват, а Владата веднаш да донесе мерки за ублажување на ударот од цените на горивата и заштита на стандардот на населението – апелираше професорот на УКИМ, Ванчо Узунов во емисијата Бизнис 21. Според него, конфликтот на Блискиот исток ќе потрае, а ефектите од кризата и во европската економија ќе се прелеат и кај нас, а најголемиот удар ќе биде врз најсиромашните граѓани. Ја повика Владата веднаш да ...

Според поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи, кризата во Македонија допрва ќе се чувствува повеќе бидејќи во овој период на домашниот пазар сè уште се користат нафтени деривати кои се набавени пред конфликтот Целосно неадекватно е што утре власта ќе расправа само за една мерка, намалување на ДДВ на горивата од 18 на 10%. Не е доволно, граѓаните и стопанството нема да почувствуваат ефекти, рече денеска пратеникот од СДСМ и поранешен ...

Почина Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција тој ја извршуваше во два наврати – од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година. Гроздановски е и некогашен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието по осамостојувањето на Македонија. Тој е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет и бил претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено ...

Мртво женско тело е пронајдено денеска во општина Зрновци, соопшти Јавното обвинителство. -Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од Обвинителството. Во текот на денот се очекуваат повеќе детали и од МВР. Извор: 24инфо Мртво женско тело ...

Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“. Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека Израел и САД значително ќе ги интензивираат своите напади врз Иран во наредните денови, јави ДПА. Кац по консултациите со високи воени претставници во штабот на армијата во Тел Авив изјави дека нападите ќе бидат насочени кон иранското раководство. Израел е решен да ја продолжи својата кампања против структурата на моќ во Иран, со цел „обезглавување на неговите команданти и ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека светот е на почетокот на она што е веројатно најголема енергетска криза. Тој им рече на новинарите по посетата на реновираните локации по повод шестгодишнината од земјотресот во Загреб дека владата на земјата ќе ги искористи сите алатки што ѝ се на располагање за да ја ублажи таа состојба. Тој, исто така, оцени дека енергетската криза предизвикана од војната може да потрае, со оглед на ...

Производителите на ориз денеска излегоа на протест поради, како што велат неисплатени субвенции, ниска откупна цена на оризот, скапи репроматеријали и неизвесна сеидба, пренесува Радио Кочани. -Вака како што е сега состојбата ништо нема да сееме. Не бива да вложиш 10.000 евра и да работиш а да земеш 7.000. Ние сме во голема загуба. Два месеци се среќаваме со министерот кој само ни ветува но ништо не се превзема. Очекуваме од Владата во рок од ...

Златото доживеа најголем пад од 2011 година, што предизвика големо внимание кај инвеститорите ширум светот. Во последната недела цената на овој благороден метал се намали за околу 9–10%, што е најсилен пад во последните 14 години. Овој пад доаѓа во време на зголемена геополитичка нестабилност, кога логично се очекува златото да расте како „сигурно засолниште“. Главните причини за ова изненадување се комбинација на економски фактори. Прво, ...

Авиокомпаниите подготвуваат планови за непредвидени ситуации поради предупредувањата дека недостигот на гориво за авиони би можел да го наруши глобалното патување во рок од неколку недели, по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, јавува Анадолија. Лидерите во индустријата велат дека залихите во некои региони би можеле да бидат под притисок бидејќи конфликтот го загрозува протокот на гориво. Раководителите на авиокомпаниите велат дека ...

Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. -Цените на свтетските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен ...

Денеска не очекува променливо облачно време, но со повремени сончеви периоди кои ќе го одбележат денот. Според најавите на синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимални температури: -3 до 3 Максимални температури: 9 до 16 Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до -1, додека дневната ќе се искачи до 15 ...

Администрацијата на Доналд Трамп привремено ги укина санкциите за дел од иранската нафта, во обид да го ограничи влијанието на војната со Иран врз енергетските пазари. Американскиот министер за финансии Скот Бесент објави дека привременото укинување на санкциите ќе овозможи 140 милиони барели нафта, кои во моментов се заглавени во море, да влезат на глобалните пазари. „Во суштина, ние ќе ја користиме иранската нафта против Техеран за да ја ...

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС Станува збор за човек кој работи во српската ПР ...

Голем број македонски граѓани денеска тргнаа на продолжен викенд кон Грција, што предизвика сериозен метеж на граничните премини. Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте. Слична е состојбата и на ГП Дојран, кој често се користи како алтернативен ...

Пожарникари-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица утрово интервенирале во сложена спасувачка акција за извлекување на повредено женско лице од провалија под локалитетот Цареви Кули, на местото викано Црвен Дол. Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде шест пожарникари интервенирале со две теренски противпожарни возила. Во акцијата била употребена специјализирана алпинистичка опрема, како и носила за ...

СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, претставува сериозен показател за, како што велат, системска корупција во институциите под раководство на Владата. Од опозициската партија посочуваат дека Анакиев е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп од 50.000 евра, оценувајќи дека станува збор за „уште еден доказ“ за, како што наведуваат, организирано делување на ...

Несекојдневен и загрижувачки настан е регистриран во Зоолошката градина во Скопје, каде што дел од подароците наменети за мајмунот Мики – кој славел роденден – биле украдени од посетители. Информацијата ја објави зоо-негувателот Војо Иванов, кој посочи дека подароците биле донесени за роденденската прослава на животното, но дел од нив не завршиле кај Мики, туку биле одземени од луѓе кои биле присутни во зоолошката. Според неговите зборови, ...

Изведувачот „Бехтел и Енка“ продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени, истакна во гостување во емисијата „Стадион” на Канал 77, вицепреиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци. -Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои така наречено ...

По информацијата дека во кочанското село Зрновци, е пронајдено мртво тело на жена, со првични информации се огласија и од МВР. -Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, во место викано Ѓошевски орев, во близина на зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за ,,Фокус”. По информацијата дека во кочанското село Зрновци, е ...

Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, ја скрши раката во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, објави турскиот клуб. Галатасарај синоќа загуби со 4:0 на гостински терен од англискиот тим. Осимен се повреди во осмата минута од натпреварот по дуелот со дефанзивецот на „Црвените“, Ибрахима Конате. Дваесет и седумгодишниот напаѓач доби медицински третман и му беше преврзана раката, по што го продолжи натпреварот, ...

Интер Мајами ноќеска ремизираше 1:1 со Нешвил во реваншот од осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ. Натпреварот се одигра на стадионот Чејс во Форт Лодердејл. Во седмата минута, напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, го отвори резултатот, постигнувајќи го својот 900. гол во кариерата. Гостите возвратија во второто полувреме, а Кристијан Еспиноза постигна гол. Првиот натпревар заврши нерешено без голови, па Нешвил се пласираше во ...

Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокунбо нема намера да се пензионира од сезоната 2025/26, и покрај уште една повреда и намалените шанси на Милвоки за плејофот, објави „ESPN“. Тимот му понудил на својот лидер рано завршување на сезоната, но 31-годишниот грчки напаѓач ја одбил понудата. На 17 март, Бакс објави дека Адетокунбо е надвор од игра поради повреда на левото колено. Ова е најновиот здравствен проблем во сезоната веќе обележана со ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го нарече четвртфиналниот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите сериозен предизвик. Во осминафиналето, Атлетико го победи Тотенхем со вкупен резултат 7:5, додека Барселона го совлада Њукасл со 8:3. – Патот до четвртфиналето не беше лесен, како и во претходните натпревари. Ќе мора да се бориме посилно од кога било. Целта ни е да се натпреваруваме со Барселона. Не се сомневам дека тие се ...

Лидерот во Ла Лига, Барселона, е заинтересирана за услугите на фудбалерот на Интер, Алесандро Бастони, јавија дел од шпанските медиуми. Според Sport.es, раководството на каталонскиот гигант е уверено дека италијанскиот дефанзивец брзо би се вклопил во Барселона со своите силни дефанзивни и напаѓачки вештини. Изданието наведува дека Барселона би можела да плати околу 70 милиони евра за Бастони. Оваа сезона, Бастони одигра 35 натпревари во сите ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги покани водечките фудбалски лиги на состанок во лето, на кој главна тема ќе биде како унифицирано да се користи ВАР технологијата, објави Би-Би-Си. Според истиот извор, раководствата на судиските организации од Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслигата и Лига 1 ќе дискутираат на состанокот за начините за враќање на ВАР технологијата во неговата првобитна намена, интервенирајќи само во случаи на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
71%
1002
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1000
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1007
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.75
84%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
97%
1000
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
82%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
72%
1001
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
81%
1008
Currency

61.635

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Кобалт

45.39

Паладиум

47550.95

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Калај

55.99

Бакар

13.22

Платина

68577.54

Алуминиум

3.64

Сребро

2812.48

Рутениум

51376.89

Злато

151413.64