„Робинхуд маркетс“ (Robinhood Markets Inc.) во понеделникот, на 30 јуни, започна да нуди „токенизирани“ акции – верзија на акции на компанијата за криптовалути, надевајќи се дека во Европа ќе воведе нова, 24/7 ера на тргување со акции базирана на блокчејн технологија, којашто на крајот треба да мигрира во САД. Повратниот ефект беше брз. Два дена по дебито, кое беше придружено со споделување на токени на „Опен еј-ај“ во вредност од еден милион ...

Финансиските пазари, кои покажаа зголемена нечувствителност кон заканите за царини од САД, се соочуваат со тест при отворањето во понеделник откако претседателот Доналд Трамп објави стапка од 30 отсто за Европската Унија и Мексико, која стапува на сила од 1 август. Трамп ги засили трговските мерки, ветувајќи дека ќе следат уште царини за сите, од Канада до Бразил и Алжир, и ги покани трговските партнери на дополнителни преговори. И покрај ...

Среброто се тргува близу највисокото ниво во последниве 14 години, бидејќи инвеститорите го избираат како алтернатива на златото, кое е на прагот на рекордни цени, што доведе до затегнатост на физичките залихи во Лондон. Цената на среброто порасна за 1,8 отсто во азиското тргување, по минатонеделниот пораст од 4 отсто што го донесе на највисокото ниво од 2011 година. Имплицираниот трошок за позајмување на овој благороден метал за еден месец ...

По неколку недели во кои берзите беа обележани главно со конфликтите на Блискиот Исток, овогодинешната добро позната реторика за царини на Трамп се врати на глобалните пазари. Финансиските пазари, кои покажаа доста нечувствителност на американските закани за царини, денеска веќе се ставени на тест. Трамп објави царина од 30 проценти за Европската Унија и Мексико, која ќе стапи на сила на 1 август. Тој, исто така, најави проширување на ...

Викендот не е време за одмор кога станува збор за американскиот претседател Доналд Трамп и неговите закани за царини во повеќемесечната трговска војна што има тенденција да ги преобличи глобалните трговски односи. Овој пат, тој одлучи да воведе царини од 30 проценти за ЕУ и Мексико, посочувајќи дека ако земјите не успеат да преговорат подобри услови, новите царински стапки ќе сташат во сила на 1 август. Мексиканската претседателка Клаудија ...

„Комерцијална банка“ е компанија членка на индексот МБИ10 што има најголем пораст на својата пазарна капитализација на Македонската берза, всушност најголем пораст на акцијата за пет години, од речиси 330 отсто или 4,3 пати. Според статистиката на Македонската берза, банката има пазарна капитализација од над една милијарда евра на крајот од вториот квартал во 2025 година во споредба со 246 милиони евра на крајот од 2019 година, последната ...

Нето-вредноста на средствата на отворените инвестициски фондови во Македонија пораснала за 52,3 отсто за една година, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). На крајот од првиот квартал во 2025 година нето-вредноста изнесувала 23,5 милијарди денари или околу 382 милиони евра, за разлика од 15,4 милијарди денари лани (250,4 милиони евра). Во однос, пак, на претходниот квартал, односно последниот квартал од 2024 година, ...

Модниот милијардер Амансио Ортега го купи хотелот „Банке“ во Париз за 97 милиони евра (113 милиони долари), што е второ стекнување имот на основачот на брендот „Зара“ во француската престолнина во последната година. Семејната канцеларија на Ортега, „Понтегадеа“, ја купи зградата од „Дерби хотелс“ (Derby Hotels), изјави портпарол на шпанската фирма, потврдувајќи го извештајот во весникот „Експанзион“ (Expansion). Хотелот со пет ѕвезди се наоѓа ...

Мексико верува дека ќе се одбрани од новиот сет царини од 30 проценти што претседателот Доналд Трамп вчера се закани дека ќе ги воведе од следниот месец. При тоа, разговорите за да се избегне најлошото сценарио веќе се во тек. Откако Трамп јавно го објави својот план преку објавување на социјалните медиуми, мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум во говорите во близина на северната граница истакна дека секоја земја добива писмо од Трамп ...

Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека САД се обидуваат да ги обноват нуклеарните преговори со Техеран, нагласувајќи дека неговата земја не брза да продолжи со разговорите. „Американците инсистираат да се вратат на преговарачката маса“, рече Абас Арагчи во телевизиска изјава во саботата, додавајќи дека Иран добил „повеќе пораки“. Техеран ги разгледува своите можности во врска со времето, локацијата и структурата на потенцијалните ...

Финансиските пазари, кои покажаа прилично голема нечувствителност на заканите со царини од САД, ќе се соочат со нов тест на отворањето на тргувањето в понеделник откако претседателот Доналд Трамп прогласи царинска стапка од 30 проценти за Европската Унија и Мексико, која ќе стапи на сила на 1 август. Трамп ги засили трговските мерки, ветувајќи дека повеќе и поголеми царини ќе стапат на сила за сите, од Канада до Бразил и Алжир, и поканувајќи ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги објави своите најнови царински ултиматуми, прогласувајќи стапка од 30 проценти за Мексико и Европската Унија, со што неговата трговска агенда продолжува да ги држи сојузниците во нерамнотежа и да внесува неизвесност во глобалните финансиски пазари. Трамп го објави ова во две писма објавени денеска на социјалните медиуми, информирајќи ги на тој начин клучните трговски партнери за новите стапки што ќе ...

Иако хаотичната царинска стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци го нарушува пазарот на нафта, неговите обновени напади врз трговските партнери оваа недела го зацврстија консензусот за барем едно прашање: Перспективите за побарувачката на сурова нафта се очекува да се влошат. Инвеститорите во нафта во голема мера ги игнорираа вестите за трговијата и тоа со недели бидејќи конфликтот на Блискиот Исток наметна движење на ...

Царинските политики на претседателот Доналд Трамп, за кои се очекува да ги охрабрат компаниите да ги префрлат своите операции во САД и да ја намалат зависноста од глобалните синџири на снабдување, претставуваат убедлива можност за приватно кредитирање, смета Марк Пинто, глобален раководител на одделот за приватно кредитирање во рејтинг агенцијата „Мудис“ (Moody’s Ratings). „Владите се под притисок и имаат ограничени капацитети“, рече тој во ...

Авионот на „Ер Индија“ што се урна на 12 јуни беше осуден на пропаст речиси веднаш по полетувањето, откако прекина снабдувањето со гориво до двата мотора, а пилотите немаа време да ја вратат контролата и да избегнат катастрофа. Прелиминарен извештај од 15 страници поднесен вчера, 11 јули, го даде првиот детален опис на судбоносните 32 секунди помеѓу полетувањето во Ахмедабад и спуштањето во урбана област веднаш зад периметарот на аеродромот, ...

„Гугл“ на компанијата „Алфабет“ постигна договор да плати околу 2,4 милијарди долари за врвни таленти и лиценцирани права од стартапот за кодирање со вештачка интелигенција (ВИ) „Виндсурф“ (Windsurf), откако претходно пропадна договорот на „Виндсурф“ да биде купен од конкурентот на „Гугл“ – „Опен еј-ај“, информираат луѓе запознаени со ова прашање. „Гугл“ ги вработува извршниот директор на „Виндсурф“, Варун Мохан, коосновачот Даглас Чен, заедно ...

Почна сезоната на пожари во Македонија, а изминативе неколку дена покажаа дека немаме доволно капацитет за брзо справување со огнените стихии, што може да доведе до катастрофални последици во следниот период. Високите температури ќе бидат вистински тест и за енергетската стабилност бидејќи ја зголемуваат потрошувачката на струја, а системот е оптоварен. Сепак, надлежните не очекуваат проблеми и имаат план за сите сценарија. Почетокот на неделава ...

Откриваме колку компании во Македонија работат на производи и услуги со користење на вештачка интелигенција. Истражуваме колку во нашата земја се практикува „лајф коучинг“и како се развива овој бизнис. Македонија со години наназад највеќе тргува со истите пет или шест земји, а Германија е секогаш прва на листата и единствено со неа имаме трговски суфицит. Прашуваме што треба да се преземе за да се смени состојбата и за да се пробиеме на нови ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, била физички нападната додека извршувала работни задачи на улицата „Кумбара“ во Чаир. Инцидентот се случил напладне, околу 12:15 часот, кога група лица ѝ упатиле вербални закани, а едно од нив физички ја нападнало. Според соопштението од Министерството за внатрешни работи (МВР), градоначалничката не сакала да поднесе формална пријава за настанот, а по инцидентот се упатила во ГОБ „8 Септември“ ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четврток изјави дека разгледува можност за зголемување на универзалната царина на 15-20 отсто за сите трговски партнери, што е повисоко од сегашната стапка од 10 отсто и ги надмина очекувањата на аналитичарите. Иако пазарите реагираа со мали падови, индексот S&P 500 продолжи да бележи нови рекорди, што покажува дека инвеститорите се сè помалку чувствителни на економските опасности. Потегот на Трамп ...

Американскиот производител на чипови „Eнвидија“ достигна рекордна пазарна вредност од четири трилиони долари. Тоа е првата компанија во светот што ја достигна оваа пресвртница и ја зацврстува својата позиција на врвот на листата на највредни компании. За да ви помогнеме да разберете колку е голема компанијата, направивме неколку споредби. На пример, пазарната вредност на „Енвидија“ го надминува бруто домашниот производ (БДП) на практично сите ...

Забележителна промена го обликуваше пазарот на акции во САД во месец јули: Некои од најголемите заостанувачи од првата половина на годината сега ги надминуваат другите, додека раните победници почнуваат да губат на популарност. Инвеститорите прибираат добивки и се преместуваат во сектори што беа пониско оценети, што создаде обратен тренд, претворајќи ја енергијата — еден од најголемите губитници во индексот S&P 500 во првите шест месеци на ...

Неочекуваниот потег на претседателот Доналд Трамп да се закани со царина од 50 проценти за Бразил ризикува да ги потресе глобалните пазари на стоки, нарушувајќи ја трговијата со сè, од говедско месо до кафе. САД се втор по големина трговски партнер на Бразил, веднаш зад Кина. Но, додека двете земји се натпреваруваат директно на некои од пазарите за суровини како пченка и памук, Бразил - држава која важи за земјоделска сила - произведува и ...

Трговците со опции за биткоин веќе се насочени кон повисоки цени, бидејќи оригиналната криптовалута втор ден го продолжува својот рекорден раст. Со оглед на тоа што биткоинот за прв пат надмина 116.000 долари, отворениот интерес, или бројот на нерешени договори на берзата Deribit, се концентрираше околу опциите за повик на биткоин со цени за извршување од 115.000 и 120.000 долари. Долгорочните опции што истекуваат кон крајот на септември и ...

Британската економија се намали втор месец по ред бидејќи компаниите и потрошувачите се борат да закрепнат од ударот што го нанесоа американските царини и низата зголемувања на даноците. Бруто домашниот производ (бдп) во мај се намали за 0,1 отсто, откако претходниот месец се намали за 0,3 проценти, соопшти денеска Канцеларијата за национална статистика. Тоа е полошо од просечната прогноза меѓу економистите на „Блумберг“ дека бдп ќе се зголеми ...

Бугарија деновиве доби зелено светло од лидерите во Европската Унија да го воведе еврото како своја официјална валута, почнувајќи од 1 јануари 2026 година, со што земјата ќе стане 21-та членка на еврозоната. Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година, а претходно, во 2023 година и Хрватска го воведе еврото, по десет години формално членство во Унијата. Членството во еврозоната има свои предности и мани. Некои од придобивките се што престанува ...

Паника владее на пазарот на бакар, каде што трговците брзаат да ги завршат испораките кон САД пред новите царини на Доналд Трамп да стапат во сила на 1 август. Според новите навестувања од Трамп, САД планираат воведување на 50 отсто царина на увоз на бакар, потег што би можел да стави крај на многу профитабилната трговија што ја водат трговците со месеци. Само неколку часа по најавата, фјучерсите во Њујорк скокнаа и достигнаа премија од 25 отсто ...

Натпросечно големиот износ на улатени премии за имотно осигурување во март, на осигурителната компанија „Еуролинк“ ѝ ја донесе водечката позиција на пазарот за неживотни осигурувања на крајот од првиот квартал во 2025 година. Иако 2024 година како лидер според бруто-полисираната премија (БПП) ја заврши „Македонија осигурување“ со 17,6 отсто пазарен удел (поради присоединувањето на осигурителната компанија „Винер – Виена иншуренс груп“ кон ...

И покрај зголемените пазарни предизвици и растечките оптоварувања кај дел од клиентите, 29,2 проценти од должниците целосно ги отплатиле своите обврски во рок пократок од три години откако „EОС Матрикс“ го презел нивниот предмет од друга финансиска институција во земјава, соопшти од компанијата. Оттаму додаваат дека овој резултат покажува дека со професионално управување, персонализирани решенија и поддршка базирана на иновативни дигитални ...

Паника владее на пазарот на бакар, каде што трговците брзаат да ги завршат испораките кон САД пред новите царини на Доналд Трамп да стапат во сила на 1 август. Според новите навестувања од Трамп, САД планираат воведување на 50 отсто царина на увоз на бакар, потег што би можел да стави крај на многу профитабилната арбитражна трговија што ја водат трговците со месеци. Само неколку часа по најавата, фјучерсите во Њујорк скокнаа и достигнаа ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
91%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.74
91%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.09
96%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.45
91%
1028
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
100%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Цинк

3.04

Злато

139298.91

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.92

Кобалт

58.42

Бакар

10.93

Паладиум

53788.20

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Калај

43.15

Иридиум

145787.60

Платина

62683.26