Последиците од војната во Иран продолжуваат да се шират низ глобалната економија, комплицирајќи ги економските изгледи и поттикнувајќи стравувања од нов бран инфлација. Во САД внимателно следениот показател за потрошувачките цени порасна со најбрзо темпо од 2023 година, намалувајќи ги реалните приходи на граѓаните и зголемувајќи го притисокот врз потрошувачите. Високите цени на нафтата дополнително ги оптоваруваат долгорочните приноси на ...

„Алта груп“ објави дека во рамки на понудата на „Рајфајзен банка“ (Raiffeisen Bank International AG) за сите акции на „Адико банка“, која беше објавена во четврток, 14 мај, ќе ги понуди своите 1.878.167 акции во „Адико банка“, што претставува 9,63 проценти од основниот капитал на „Адико банка“. Како што е наведено во објавата на „Алта груп“, компанијата е исто така сопственик на четири финансиски инструменти кои покриваат вкупно 3.891.982 ...

Со доаѓањето на Кевин Варш на чело на американските Федерални резерви (Фед), инвеститорите влегуваат во период на висока неизвесност, а клучната порака за наредните месеци е јасна - нестабилноста допрва започнува. Пазарот ќе тестира дали реториката на Варш за пониски стапки беше само дел од процесот на потврда пред Сенатот или вистинска намера. Новиот гувернер го презема кормилото додека макроекономскиот пејзаж драстично се менува, а ...

Приказната која го поттикнуваше растот на европските акции почна да се распаѓа, а инвеститорите бараат посигурно засолниште од глобалниот енергетски шок и сè поагресивно вложуваат во компании поврзани со бумот на вештачката интелигенција (ВИ). Европските акции силно растеа пред војната на Блискиот Исток, бидејќи инвеститорите ја намалуваа изложеноста кон американскиот пазар и се насочуваа кон значително поевтините европски акции. Сепак, тој ...

Хеџ фондот „Першинг сквер“ на милијардерот Бил Акман изгради удел вреден 2,1 милијарда долари во „Мајкрософт“, искористувајќи го падот на цената на акциите за да инвестира во бизнис за кој смета дека е посилен и поотпорен отколку што инвеститорите моментално проценуваат. „Першинг сквер“ го направи „Мајкрософт“ една од своите клучни инвестиции, напиша Акман во објава на мрежата X, опишувајќи го пакетот Офис 365, вклучувајќи ги Ворд и Ексел, ...

Ебола е една од најсмртоносните болести на светот. Со стапка на смртност до 90 отсто, таа спаѓа меѓу мал број болести толку опасни што владите ги сметаат за закана за националната безбедност. Новото жариште во североисточниот дел на Демократска Република Конго предизвика стравувања дека вирусот може да се прошири преку порозните граници на земјата и да стане потешко да се контролира, бидејќи се работи за реткиот сој „бундибуѓо“, за кој нема ...

Сосема сигурно е дека имате два бубрега. Постои мал број луѓе на кои веројатно би им донирале еден свој бубрег доколку тоа би им го спасило животот. Исто така, постои мал број луѓе кои би ви донирале бубрег вам ако ви биде потребен. Проблемот е што постои голема веројатност ниту еден од тие потенцијални донори да не е компатибилен со вас. Со други зборови: вашиот „резервен“ бубрег може да спаси нечиј живот, но веројатно не директно животот на ...

Успешна средба на првите луѓе на двете најмоќни економии на светот и најава за нова во септември. По средбата со американскиот колега Доналд Трамп, кинескиот претседател рече дека постигнале голем напредок. Шји им вети поширока соработка на директорите на американските компании што во Пекинг отпатуваа заедно со Трамп. Илон Маск, Џенсен Хуанг и Тим Кук беа дел од американската делегација, а тоа беше причина акциите на нивните компании да ...

Роботиката стана една од најатрактивните теми на азиските пазари на акции, додека тргувањето засновано на вештачка интелигенција се шири надвор од регионалните производители на чипови. Иако бумот на вештачката интелигенција го насочи вниманието на глобалната јавност кон клучната улога на Азија во снабдувањето со полупроводници потребни за изградба и функционирање на големите јазични модели, инвеститорите сè повеќе се обложуваат дека ...

САД обвинија ирачки државјанин за учество во терористички напади врз американски цели, вклучително и планиран напад врз синагога во Њујорк и врз европските канцеларии на две американски банки. Мохамед Бакер Саад Давуд ал-Саади е обвинет во кривична пријава објавена во петокот во Менхетен за заговор за поддршка на „Катаиб Хезболах“, за која САД тврдат дека е тесно поврзана со Иранската револуционерна гарда, при што и двете организации се ...

Среброто потона далеку под 80 долари за унца на крајот од неделата обележана со екстремни ценовни осцилации, носејќи нов бран нестабилност на пазарот што годинава важи за еден од најтурбулентните. Белиот метал до средата скокна дури 11,3 отсто во текот на неделата, поттикнат од ентузијазмот на инвеститорите за акциите поврзани со вештачката интелигенција и индустриските метали што се користат во енергетските системи, каблите и ладењето на ...

Пазарот на обврзници, потресен од стравувањата за забрзување на инфлацијата, ќе биде првиот голем тест за новиот претседател на Федералните резерви Кевин Ворш, оценува шефицата на истражувања во „Сосиете Женерал Америкас“ (Societe Generale Americas). Ворш, кого американскиот претседател Доналд Трамп го избра за наследник на Џером Пауел, се соочува со сè повеќе знаци дека скокот на цените на енергенсите предизвикан од војната со Иран ги ...

Растот на приносите на обврзниците ја намали подготвеноста на инвеститорите за ризични вложувања рано во петокот, туркајќи ги акциите надолу по повеќенеделниот рекорден раст поттикнат од бранот инвестиции во сè што е поврзано со вештачката интелигенција. Фјучерсите на индексот S&P 500 паднаа 1,1 отсто до 8:24 часот во Њујорк, додека фјучерсите на Nasdaq 100 потонаа 1,6 отсто. Инвеститорите ширум светот продаваа државни обврзници, што ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му дал никаква гаранција на кинескиот претседател Шји Џјинпинг за Тајван и дека наскоро ќе донесе одлука за планираниот договор за продажба на оружје на островот вреден 14 милијарди долари. „За Тајван тој има многу цврст став, а јас не дадов никаква обврска во ниту една насока“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион во петокот. Американскиот претседател додаде дека во ...

„Алфабет“ (Alphabet) продаде обврзници во вредност од 576,5 милијарди јени (3,6 милијарди долари) во најголемиот договор досега склучен во јапонска валута од страна на компанија која не е од Јапонија. Дебитантската обврзница во јени на матичната компанија на „Гугл“ вклучува петгодишни обврзници во вредност од 200,5 милијарди јени со каматна стапка од 50 базични поени над средните свопови. Имаше и шест други транши. Најновата продажба на ...

Швајцарската компанија „Своч“ (Swatch Group AG) започна соработка со конкурентски производител на часовници, здружувајќи сили со ултралуксузниот бренд „Одемар Пиге“ (Audemars Piguet), додека обожавателите веќе со денови чекаат во редови пред почетокот на продажбата. Овој потег претставува неочекуван пресврт за швајцарскиот производител кој во своето портфолио има повеќе од десет брендови - од пристапниот „Своч“ до луксузната „Омега“ ...

Македонската Влада ќе се задолжи 260 милиони евра од неколку големи меѓународни банки за да најде пари за покривање на буџетските потреби. Во постапката за задолжување главен посредник/аранжер е „Мерил Линч“, компанија за инвестициски менаџмент која работи под капата на „Банка на Америка“. Во предлог-регулативата за реализација на овој заем се наведува дека со заклучок од 149-та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на ...

Додека европската економија што стагнира ја влечат напред само неколку најуспешни компании, тоа во првиот квартал не може да се каже за американската економија. Американските компании, кои го сочинуваат индексот S&P 500, зад себе оставаат уште еден одличен квартал во кој повторно ги надминаа своите европски конкуренти. Корпоративна Америка ја започна 2026 година со еден од најдобрите квартали во последните неколку години. Деловните ...

Кинескиот лидер Шји Џјинпинг ги пофали резултатите од неговите состаноци со американскиот претседател Доналд Трамп и го истакна договорот за нов однос меѓу нивните земји, покажувајќи оптимизам и покрај нерешените тензии и ограничениот број на спогодби објавени досега. „Оваа посета е историска пресвртница. Досега воспоставивме нов билатерален однос - конструктивен, стратешки и стабилен однос - што претставува настан од историско значење,“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека Кина е подготвена да ги поддржи преговорите со Иран, додека тој се залага за дипломатско решение за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец. Трамп, кој е во посета на кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Пекинг, рече дека неговиот колега понудил помош, нешто што Кина не го потврди експлицитно. Во отчитувањето на состанокот меѓу Трамп и Шји, официјален претставник на ...

Вкупно 10.465 македонски граѓани што е приближно еднакво на бројот на жители на Делчево или некој друг од помалите градови во земјава лани добиле црвен картон од Европската унија односно биле затекнати како нелегално престојуваат во ЕУ, им било наредено да се вратат или пак им бил одбиен влез на европските граници. Според Евростат, најбројни (5.080) биле македонските граѓани кои во 2025 година биле затекнати како нелегално престојуваат во ...

Над третина од работниците во Македонија работат за викенд. Според податоците на европската статистичка служба „Евростат“, во сабота и недела работат 31,7 отсто од вработените во земјава. Овој процент е значително повисок во споредба со европскиот. Во Европа за време на викенд работат 21,3 отсто од вработените. За разлика од јужниот дел од Европа, каде што работата во деновите од викендот е над просекот, северните земји имаат пониски ...

Двегодишното партнерство на „Епл“ (Apple Inc) со „Опен еј-ај“ (OpenAI) стана затегнато, бидејќи стартапот за вештачка интелигенција не ги виде очекуваните придобивки од договорот и сега подготвува евентуални правни мерки. Адвокатите на „Опен еј-ај“ активно работат со надворешна адвокатска фирма на низа опции што би можеле формално да се спроведат во блиска иднина, рекоа луѓето, кои побараа да не бидат именувани бидејќи разговорите се ...

Кина се согласи да купи 200 авиони од „Боинг Ко.“, изјави претседателот Доналд Трамп, во договор вреден повеќе милијарди долари што ќе го означи првото купување на комерцијални авиони произведени во САД во земјата за речиси една деценија. Акциите на „Боинг“ паднаа за 4,8 проценти на 229,13 долари до 12:11 часот по њујоршко време, подготвувајќи се за нивниот најголем пад за околу седум месеци, откако Трамп го објави ова во интервју за „Фокс ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека Кина е подготвена да ги поддржи преговорите со Иран, додека тој се залага за дипломатско решение за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, откако комерцијален брод очигледно беше запленет во близина на Обединетите Арапски Емирати. Трамп, кој е во посета на кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Пекинг, рече дека неговиот колега понудил помош, нешто што Кина не го ...

Русија добива дополнителен поттик од војната со Иран, бидејќи цената на нејзината водечка мешавина нафта за извоз „Уралс“ овој месец достигна највисоко ниво од октомври 2023 година за даночни цели. Министерството за финансии ќе ги пресметува даноците за производителите на нафта во мај врз основа на просечната цена на „Уралс“ од 94,87 долари за барел и девизен курс од 76,938 рубљи за американски долар, според даночната служба на земјата. Тоа ...

САД уништија повеќе од 90 проценти од иранскиот инвентар од околу 8.000 поморски мини, соопшти командантот на американските сили на Блискиот Исток пред пратениците во четврток, во писмена изјава во која не се осврна на континуираната контрола на Техеран врз виталниот Ормуски Теснец. Шефот на американската Централна команда, адмирал Бред Купер, изјави дека повеќе од 700 воздушни напади го елиминирале „некогаш огромниот инвентар“ на поморски ...

Клучните членки на OPEK+ имаат намера во наредните месеци да продолжат со серијата зголемувања на нафтените квоти и до крајот на септември, барем на хартија, да го завршат враќањето на еден дел од прекинатото производство, изјавија делегати. Групата веќе формално се согласи да обнови околу две третини од намалувањето на понудата од 1,65 милиони барели дневно, кое го спроведе уште во 2023 година. Планира дополнително да ги зголеми целите и ...

Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, се противи на обидите да се воведе такса за пловидба низ Ормускиот теснец и е заинтересиран за купување повеќе американска нафта за во иднина да ја намали зависноста од тој поморски пат, изјави службеник од Белата куќа. Шји ги изнел овие коментари за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг во четвртокот, според истиот службеник. Во официјалниот кинески извештај од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Шји Џјинпинг во официјална посета на Белата куќа на 24 септември, во момент кога Вашингтон и Пекинг се обидуваат да ги стабилизираат односите по долг период на трговски и геополитички тензии. „Доколку посетата се реализира, тоа ќе биде прва државна посета на Шји Џјинпинг на САД од 2015 година. Две години подоцна, односно во 2017 година, Шји ја посети Америка на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.08
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
2.68
50%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.29
54%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
0.67
28%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.61
37%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
2.24
60%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.92
39%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
4.82
25%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.68
31%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
48%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
63%
1019
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
5.68
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.755

Currency

72.7158

Currency

37.6318

Currency

38.3849

Currency

66.6833

Currency

7.96748

Currency

0.69095

Currency

0.33258

Currency

0.52536

Currency

1.14702

Currency

0.56035

Бакар

12.83

Цинк

0.00

Злато

130757.09

Платина

53338.09

Алуминиум

3.15

Калај

54.15

Иридиум

248364.52

Паладиум

41410.16

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Сребро

1866.62

Родиум

260421.05