Железната руда падна по четврта сесија во Сингапур, најдолгиот период на загуби во речиси три месеци, поради загриженоста за влошување на изгледите за побарувачката во Кина. Состојката за производство на челик се тргуваше близу 107 долари за тон и го достигна најниското ниво за повеќе од две недели. Падот следеше по податоците објавени во понеделникот кои покажаа дека кинеската економија забави низ целиот спектар во април, со продолжување ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го откажал нападот врз Иран, планиран за вторник, по апел од лидерите на сојузничките земји од Персискиот Залив, кои побарале повеќе време за дипломатско решение. „Го одложив на кратко, се надевам можеби и засекогаш, но можеби само на краток период, затоа што имавме многу долги разговори со Иран и ќе видиме што ќе произлезе од нив“, изјави Трамп на настан во Белата куќа во понеделникот ...

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи меѓународна здравствена вонредна состојба поради новото ширење на ебола во Демократска Република Конго и Уганда, предупредувајќи дека реткиот сој бундибуџио (Bundibugyo) на вирусот можеби се ширел со недели без да биде откриен и дека во моментов не постои одобрена вакцина или специфичен третман за оваа варијанта. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од дигиталната редакција на „Блумберг ...

Постојат ЕТФ-ови (од англиски: exchange-traded fund – фондови кои се тргуваат на берза) кои се лансираат, привлекуваат внимание и полека растат со текот на годините. Сепак, фондот ДРАМ (DRAM), кој има поврат од речиси 100 проценти од 2 април 2026 година, собра 9,7 милијарди долари средства за 36 трговски дена, што го прави еден од најбрзо растечките тематски ЕТФ-ови во историјата на финансиските пазари. За споредба, ова темпо на собирање ...

Поротата ги отфрли тврдењата на Илон Маск дека „Опен еј-ај“ (OpenAI) под водство на Сем Алтман ја издала својата мисија да и користи на јавноста со тоа што се претворила во профитен бизнис, утврдувајќи дека тој чекал предолго за да ја тужи компанијата. Пресудата донесена во понеделник во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија, следува по судењето за горчливата расправија меѓу претприемачите кои работеа заедно за да го лансираат стартапот ...

Иран воведе услуга за осигурување за бродски компании што сакаат да пловат низ Ормускиот теснец, а ќе се плаќа со биткоини, објави полуофицијалната агенција „Фарс“, повикувајќи се на документи од иранското Министерство за економија и финансии. Услугата, наречена „Хормуз сејф“, според иранската влада би можела да донесе повеќе од 10 милијарди долари приходи за Исламската Република, објави „Фарс“, без да наведе временска рамка или детали за ...

„Рајанер“ предупреди на растечки трошоци во 2026 година доколку незаштитените цени на авионското гориво останат на сегашното ниво, како и поради повисоките сметки за гориво, екипаж и одржување на авионите. Ирската авиокомпанија соопшти дека трошоците по единица за фискалната 2027 година би можеле да се зголемат за среден едноцифрен процент, додека цената за 20 проценти од нејзините незаштитени потреби за гориво нагло пораснала. „Рајанер“ за ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сè уште го немаше завршено раскошниот дводневен самит во Пекинг, кога од Москва пристигна за многумина неочекувана вест дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „многу наскоро“ оди во еднодневна посета кај кинескиот лидер Шји Џјинпинг. Набрзо потоа беше потврдено дека посетата ќе се одржи на 19 и 20 мај, а процените се дека таа најверојатно нема да вклучува помпезен пречек и придружна програма, туку ќе ...

Откако американските специјални сили на 3 јануари го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и започнаа напад врз Иран, Вашингтон предупредува дека Куба е следна. Под економската блокада наметната од САД, островот во 2026 година речиси воопшто не добил гориво. Кубанскиот министер за енергетика на 13 мај изјави дека земјата целосно останала без дизел и мазут потребни за работа на електраните. Американскиот претседател Доналд Трамп ...

„Комерцбанк“ (Commerzbank AG) ги повика своите инвеститори да ја одбијат понудата за преземање од „Уникредит“ (UniCredit SpA) бидејќи не нуди доволно добра цена, со што дополнително пораснаа тензиите во сагата за преземање што трае веќе 19 месеци. „'Уникредит' не им нуди на акционерите на 'Комерцбанк' соодветна премија и не претстави кохерентен и веродостоен стратешки план за спојување“, се наведува во соопштението на „Комерцбанк“ од ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сè уште не беше го завршил раскошниот дводневен самит во Пекинг, кога од Москва пристигна за многумина неочекувана вест дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „многу наскоро“ доаѓа во еднодневна посета кај кинескиот лидер Шји Џјинпинг. Набргу потоа беше потврдено дека посетата ќе се одржи на 19 и 20 мај, а процените се дека таа најверојатно нема да вклучува помпезен пречек и придружна програма, туку ...

Европскиот увоз на течен природен гас е на пат да забележи втор месец по ред пад, бидејќи војната со Иран ги нарушува испораките. Во првите две недели од месецов, испораките на ЛНГ кон регионот го продолжија падот што започна во април, покажуваат податоците за следење на бродовите. Според проценките на компанијата за анализа на податоци „Кплер“ (Kpler), увозот би можел да се намали за повеќе од 1 отсто на годишно ниво до крајот на мај, по ...

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше кон Иран и му порача дека „часовникот отчукува“, неколку часа откако дронови таргетираа нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати. Техеран „подобро е брзо да почне да дејствува, ИТНО, или ништо нема да остане од нив“, напиша Трамп на „Трут соушал“ (Truth Social) во неделата. Ова се неговите најостри изјави за војната со Иран, која и натаму е во кревок прекин на огнот, откако во ...

Компанијата „Спејс екс“ (SpaceX) сака веќе во среда јавно да поднесе барање за долго очекуваната иницијална јавна понуда (ИПО), тврдат лица запознаени со ситуацијата. Компанијата на Илон Маск, која се занимава со ракети, сателити и вештачка интелигенција, има цел да започне официјален маркетинг на 4 јуни, да ја одреди цената на своето ИПО на 11 јуни и да излезе на берза на 12 јуни, изјави еден од изворите, кој побара анонимност бидејќи ...

„Епл“ (Apple Inc.) подготвува нова генерација на својот гласовен асистент Сири во рамки на идниот оперативен систем иОС 27, кој ќе донесе значајни промени во начинот на функционирање на вештачката интелигенција, со силен фокус на приватноста и нови четбот можности. Според најавите, новата верзија на Сири ќе добие самостојна апликација која ќе функционира како класичен четбот со вештачка интелигенција (ВИ), со можност за зачувување и преглед ...

Централните банки ќе ја интензивираат купувачката на злато, што ќе придонесе за закрепнување на цените до крајот на годината, покажуваат прогнозите на банката „Голдман Сакс“. Се очекува купувањата да пораснат на просечно 60 тони месечно во текот на 2026 година, наведоа аналитичарите Лина Томас и Ден Струјвен во извештај од 15 мај. Според ревидираната методологија за процена на акумулацијата, 12-месечниот просек на купување изнесувал 50 тони ...

Скокот на цените на енергенсите предизвикан од војната меѓу Иран и Израел ги поттикнува инвеститорите повторно да се свртат кон добро позната стратегија — обврзници поврзани со инфлацијата. Овој специфичен сегмент на пазарот на долг ретко доаѓа во фокусот на јавноста поради релативно малиот обем и скромните приноси што овие хартии од вредност вообичаено ги носат во мирни времиња. Нивната главна предност е ветувањето дека ќе ја зачуваат ...

Биткоинот ослабе на најниско ниво во повеќе од две недели, бидејќи пошироките макроекономски ризици поврзани со војната меѓу САД и Иран ги натераа трговците да ги намалат позициите. Најголемата криптовалута падна за дури 2,2 отсто, на 76.551 долар во понеделникот, што е најниско ниво од 1 мај, пред делумно да ги ублажи загубите. Околу 7:15 часот по лондонско време се тргуваше околу 76.800 долари. Пад забележаа и други токени, вклучително и ...

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи меѓународна здравствена вонредна состојба поради новото ширење на ебола во Демократска Република Конго и Уганда, предупредувајќи дека реткиот бaндибугјо (Bundibugyo) сој на вирусот можеби се ширел со недели без да биде откриен и дека во моментов не постои одобрена вакцина или специфичен третман за оваа варијанта. Одлуката на СЗО следува по потврдените случаи во главниот град на Уганда, ...

Распродажбата на глобалните обврзници продолжи откако ќор-сокакот околу војната со Иран ја поттикна цената на нафтата, разгорувајќи стравувања од инфлација и зголемувајќи ги обложувањата дека централните банки ќе мора дополнително да ја заострат монетарната политика. Американските државни обврзници паднаа долж целата крива, при што приносот на 30-годишните обврзници се искачи на највисоко ниво во речиси три години поради стравувањата на ...

САД и Иран и натаму изгледаат далеку од постигнување договор за завршување на војната и повторно отворање на клучниот Ормуски Теснец откако напад со дрон предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати. Нападот со дрон доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати од дводневен самит во Пекинг со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, сојузник на Иран. Двајцата се согласија дека теснецот треба да ...

Во изминатата недела инвеститорите можеа да набљудуваат разидувања меѓу различните класи на средства - додека акциите, особено на технолошките компании, се засилуваа, политичките потреси, стравот од инфлација и економскиот пад поради геополитичката криза го погодија пазарот на обврзници. Глобалната макроекономија со тешкотија ги апсорбира и ублажува далекусежните последици од конфликтот на Блискиот Исток, а во исто време изгледа дека Волстрит ...

Аргументот што важеше повеќе години дека обновливите извори (ОИЕ) не се сигурни, веќе не важи. Според најновиот извештај на Меѓународна агенција за обновливи извори на енергија, ИРЕНА (International Renewable Energy Agency - IRENA), овие извори може да обезбедат сигурна енергија нонстоп. Освен тоа, обновливите извори обезбедуваат исплатлива енергија. Според процените на ИРЕНА, трошоците на компаниите што инвестираат во вакви извори ...

САД и Иран и натаму изгледаат далеку од постигнување договор за завршување на војната и повторно отворање на клучниот Ормуски Теснец откако напад со дрон предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, ставајќи го во фокус ризикот од кревкиот прекин на огнот. Полуофицијалната новинска агенција „Фарс“ од Иран објави дека САД поставиле пет главни услови за мировен договор, меѓу кои отстранување на ураниумот што го ...

Во Италија постојат повеќе од 1.000 езера, но најголемото во земјата, езерото Гарда, несомнено е едно од најдраматичните и најживописните. Сместено е помеѓу Алпите и Доломитите, и долго е 51 километар од својот северен врв до јужниот крај, а пространите води на езерото Гарда се опкружени со историски градови на брегот, недопрени плажи, замоци и планинарски патеки. Што и да изберете од ова, одморот на езерото Гарда нема да ве разочара. ...

Европските земји се соочуваат со повисоки цени за одбранбена опрема. Тие во некои случаи пораснале за повеќе од 50 отсто во последните две години во време кога НАТО сојузниците го зголемуваат военото трошење, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. „Цените растат,“ рече Певкур на безбедносната конференција Ленарт Мери во Талин во саботата. „Постојано имам разговори со мојот национален директор за вооружување.“ „Она што го гледаме ...

Администрацијата на Трамп дозволи да истече изземањето што охрабруваше поголема продажба на руска сурова нафта, иако војната со Иран предизвикува загриженост за глобалното снабдување со нафта и повисоки трошоци за гориво. Истекувањето ефективно го завршува, засега, краткиот период кога администрацијата ги олесни санкциите за дел од руската нафта, овозможувајќи купувања што инаку би биле забранети. Администрацијата издаде прво изземање во ...

Главниот град на Русија и пошироката московска област во текот на ноќта беа под досега незабележани напади со дронови, при што загинаа најмалку три лица, а повеќе од десет беа повредени. Станбени згради беа оштетени во неколку предградија, а цел на овој редок напад беше и московската рафинерија на нафта, според локалните власти. Работата на сите четири московски аеродроми повеќепати беше прекинувана од сабота доцна навечер. Нападите со ...

Иран објави дека транзитот низ критичниот Ормуски Теснец ќе се одвива нормално откако ќе заврши конфликтот со САД и Израел, но страните сè уште не се блиску до надминување на разликите. Претседателот Доналд Трамп се врати од дводневен самит со блискиот сојузник на Иран, кинескиот претседател Шји Џј инпинг, каде што двајцата се согласија дека теснецот треба да биде отворен, но не постигнаа очигледен напредок кон таа цел. Иран покажа мал ...

Во колективната свест малку нешта толку директно асоцираат на Италија и нејзиниот начин на живот како „веспата“. Во текот на осумте децении постоење, таа се разви од практично повоено решение во глобален бренд со повеќе од 20 милиони произведени примероци и присуство на сите клучни пазари. Но, за да се разбере таа еволуција, треба да се вратиме на нејзините почетоци. Приказната за најпознатиот скутер во светот започнува веднаш по Втората ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.08
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
2.68
50%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.29
54%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
0.67
28%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.61
37%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
2.24
60%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.92
39%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
4.82
25%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.68
31%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
48%
1017
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
63%
1019
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
5.68
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.755

Currency

72.7158

Currency

37.6318

Currency

38.3849

Currency

66.6833

Currency

7.96748

Currency

0.69095

Currency

0.33258

Currency

0.52536

Currency

1.14702

Currency

0.56035

Родиум

260421.05

Паладиум

41410.16

Злато

130757.09

Алуминиум

3.15

Бакар

12.83

Калај

54.15

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Сребро

1866.62

Платина

53338.09

Цинк

0.00

Иридиум

248364.52