Феникс – Пелистер 85:77 Кошаркарите на Пелистер од Битола не успеаја да најдат излез од резултатската криза откако „зелено-белите“ денеска го загубија и четвртиот меч во последните пет прволигашки рунди, на гостувањето против Феникс со резултат 85:77. Без помошта на Едвардс и на Костоски, „пелистерци“ повторно беа под посакуваното ниво, долго време парираа резултатски, но во финишот загубија сила и го претрпеа седмиот овосезонски пораз. Бојиќ ...

Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за аscites – асцит, за што вели: -Aсцитес или насобирање на течност во перитонеалната шуплина е најчеста ...

Денес, сабота, 8 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени. Утре, недела, 9 декември, во Битола времето ќе биде утрото студено со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура во ...

Денес на ски патеката “Копанки“ кај кли лифтот се одржа трката во велеслалом за млади скијачи, во рамките на Алпскиот куп во организација на Скијачката федерација на Македонија, а со техничка поддршка на скијачкиот клуб Пелистер од Битола.За овој Алпски куп кој се одржува во Битола по две години пауза поради немање на доволно снег на Пелистер, секретарот на Скијачката федерација Борче Јаневски рече:-По две години без снег, оваа година имаме ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска имаше средба со фудбалските великани од Битола како што се Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски, на која што беше потврдено дека со изградбата на новата трибини, како и со поставувањето на рефлекторите стадионот “Петар Милошевски“ во Битола доби нов лик, но и услови за одигрување на големи натпревари. На средбата се разговарало за ...

Денес, петок, 7 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 8 степени. Утре, сабота, 8 февруари, во Битола времето ќе биде утрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Вечерва во 19 часот во Центарот за култура во Битола се одржа свечената академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола. Претставата за свечената академија беше насловена „Експериментум Македоникум“.Преку драмска игра беше испратена пораката дека нашата литературна историја е дел од светската литературна историја, и дека преку поезијата нашиот литературен и национален идентитет најбрзо ...

Избравте ли подарок за вашите најмили во пресрет на 14-ти февруари? Месецот на виното и љубовта е најдобриот повод да се избере подарок кој зборува сам за себе. Љубовта е најдобриот подарок. Покажете грижа кон оние кои најмногу ви значат. Подарете љубов, подарете сигурност! Изберете осигурителна полиса со која на оние кои ви значат ќе им посакате: -сигурност и спокојство во домот со домаќинско осигурување -прекрасни патувања со патничко ...

Денес, директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Емилија Стефановска Давкова им подели енциклопедии и ваучери за бесплатно членство во нашата Библиотека на учениците Емрулах Емруловски, Давор Ванчовски и Марко Пердуловски, како признание за нивната хуманост.-Тројцата наши мали сограѓани покажаа вистинска добрина кога на улица му пружија помош на беспомошно лице. Овој чин на сочувство е потврда за вредностите кои се учат и ...

Вчера во Големата сала на Центарот за култура во Битола беа прикажана два документарно филмана Гимназијата – „Неговиот глас“ во рамките на прославата на 80 годишнината од започнувањето на настава на македонски јазик во Горната гимназија во Битола.Гимназијалецот Давид Козаров преку уметничко – документарен филм ја раскажа историјата – 80 години од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола и ...

Скијачкиот клуб Пелистер од Битола заедно со скијачката федерација на Македониа се подготвени за утрешниот Алпски куп на Македонија 2025, наменет за нашите најмлади скијачки надежи, на кој ќе настапат скијачи од сите клубови од државата. Алпскиот куп ќе се одржи на ски- патеката “Копанки“ кај ски-лифтот, а падините на прекрасниот Пелистер се целосно подготвени. Купот ќе се “вози“ на 7 и 8 февруари, а ќе има трки во слалом и велеслалом. Младите ...

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито” од Битола свечено беше отворена изложбата на фотографии насловена “Идни спомени” на ученичката Дамијана Ристевска од четврта година. Дамијана Ристевска низ нејзините фотографии со уметнички израз ги претставува ликовите низ социјалната средина во Гимназијата. Преку нејзините ...

Во денешно време, поради намалената физичка активност кај луѓето, доаѓа до задржување на отровите во телото и таложење на масти, кои едноставно го деформираат телото и прават деструкција на самата физичка форма на луѓето. Со правилна и балансирана исхрана можеме да постигнеме телесна форма, која дава олеснителни околности на нашето тело. Поради многу непроверени информации во пракса, многумина прават грешка и се придржуваат кон одредени диети ...

Денес, четврток, 6 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 8 степени. Утре, петок, 7 јануари, во Битола времето ќе биде утрото студено со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ...

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито” од Битола на 5 февруари, во фоајето на Центарот за култура во Битола, во 19 часот свечено ќе се отвори изложбата на фотографии насловена “Идни спомени” на ученичката Дамијана Ристевска од четврта година. Дамијана Ристевска низ нејзините фотографии со уметнички израз ги претставува ликовите низ социјалната средина во ...

На првото Европско поединечно првенство во куглање кое ќе се одржува во Апатин, Србија од 3 до 9 февруари, во организација на Светската кугларска федерација, Македонија има влупно 7 претставници од кои 4 во сениорска и 3 во јуниорска возрасна категорија.Свој настап за јуниорите ќе имаат Стефанија Алексовска од Пелистер Пин од Битола и дебитантите на големите првенства Емилија Илијовска од Пелистер Пин и Владимир Талевски од Пелистер 1982.За ...

Болницата “Плодност“ од Битола го одбележа Светскиот ден за борба против ракот – глобална иницијатива што ја нагласува важноста на раната дијагноза, пристапот до современа грижа и поддршката за сите кои се соочуваат со оваа битка. Оваа година, под мотото „Обединети во уникатноста“ #UnitedByUnique се истакнува значењето на индивидуалните приказни на пациентите и нашата заедничка борба за подобра грижа. Сведоштвото на нашата пациентка, која успеа ...

Општина Битола, активно спроведува мерки за подобрување на пристапноста, мобилноста и функционалноста на лицата со попреченост преку Програмата за социјална заштита. Во рамките на таа Програма, објавен е јавен повик во согласност со донесениот правилник за искористување на финансиска помош при адаптација на пристапност, мобилност и функционалност до и во домот на лицата со попреченост, каде се дефинирани условите за субвенционирање на трошоците ...

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола вечерва во “Магазата“ свечено отворена изложбата на дела на поранешни професори и ученици кои поминале низ Гимназијата насловена “Историски осврт на автори и уметници кои предавале или учеле во Гимназијата“. На изложбата се обрати директорката на Гимназијата Лидија Споа која што рече: – Секој треба да го знае ...

Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на ИФФК „Браќа Манаки“ од Битола . Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, ја прими наградата на церемонијата на доделување на годишните награди на Британското здружение на кинематографери, која традиционално се одржува на почетокот на февруари во Лондон. Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, ...

По повод 4 февруари, денот кога во 1872 година, во Кукуш е роден еден од најголемите македонски великани, Гоце Делчев, делегации положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење и со тоа одбележуваа 153 години од неговото раѓање.Денешниот ден е потсетување и одавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската ...

Започна новото првенство во “Амерички пул билјард“ кое што никогаш не било со повеќе играчи и така организирани. “А“ лигата како и досега со 16 играчи но сега засилена со неколку квалитетни играчи кои преку “Б“ лигата остварија пласман, на кој настапија и членовите на Лонгони од Битола. Се играше во клубот Предатор од Кичево на профи маси кои се тешки за игра, а битолскиот клуб го претставуваат четири играчи. Христо Василевски од Битола, ...

Подгответе го вашето возило за зимските услови! “Ling Long“ гуми се дизајнирани за максимална безбедност и перформанси на патот, без разлика дали возите нa снежни, ледени или мокри услови. Европско производство: -Секој комплет Ling Long гуми е произведен во Европа, со највисоки стандарди за квалитет. Најдостапни цени: -Квалитет не значи висока цена! Ling Long ги комбинира најдобрите технологии со достапност за секој возач. Совршен избор за ...

Денес, вторник, 4 февриари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 3 степени. Утре, среда, 5 февруари во Битола времето ќе биде ведро и студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната ...

По повод јубилејот – 80 години настава на современ македонски јазик 1945 – 2025, СОУ Гимназија “Јосип Броз –Тито“ од Битола ги започна празнувањата изложба на слики инспирирани од делата на македонската преродбеничка литература и од современата македонска литература која беше заедно со литературниот награден конкурс во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола .“Создавам значи постојам“ е изложба на слики инспирирани од делата на македонската ...

Националната атлетска надеж Дарија Ивановска од Битола ја започна новата сезона со одлични резултати на Националното првенство во атлетика на Бугарија за атлетичари под 18 години, кое се одржа во Софија на 1 и 2 февруари. Ивановска, која настапи вон конкуренција, постави личен рекорд на 1.500 метри со време 5:17.84, што ѝ донесе трето место. Покрај ова, таа учествуваше и во трката на 800 метри, каде со време 2:34.37 го освои петтото место. Со ...

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осум лица од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес. Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште ...

Себични, непристојни, неблагодарни или едноставно, нималку пријатни – ова се негативните особини кои се поврзуваат со оние кои на работното место често велат НЕ. Сепак, на овие колеги треба и да им се позавиди за нешто, зашто точно знаат што можат,а што не можат да направат и не се грижат што ќе помислат другите. Сепак, на повеќето луѓе им е тешко да го достигнат тоа ниво на самодоверба. Превземањето иницијатива на работното место е клучен ...

Најголемата издавачка куќа во регионов, “Кроација рекордс“, премиерно го објави на CMC TV најновиот видео запис за темата „Конкретно“ на група “CODE 369“ од Битола во соработка со младата и талентирана Мила Влаисављевиќ од Србија. Истиот беше сниман во Битола, во пилатес студиото на Бобан Масалкоски, ексклузивниот клуб, ресторан “Утопија“, ресторанот “Аурум“ во трговскиот центар “Блис“ и ноќниот клуб “Расчекор“. Текстот е на Мила, музиката на ...

-Во мојот живот сум видел на два-три пати поплади во Битола и Пелагонија, но поплавата во 2015 година можам да кажам дека беше најголема. Во зима, во јануари не знам дали имало некогаш вакви големи поплави, туку биле на пролет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроначар на Битола и доајен на битолското новинарство.–Слика на Пелагонија во 2015 година многумина ги потсетуваше на периодот од 1961 година, кога Пелагонија буквално беше под ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
78%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
84%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
0.88
37%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.77
69%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
98%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.87
72%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
62%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.8707

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.52539

Currency

1.26766

Currency

0.60104