На 19.10.2024 полициски службеници од СВР Битола, на подрачје на Битола, лишиле од слобода 21 годишник од Битола. При преглед кај истиот пронајдена била марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 18.10.2024 во 19,05 часот полициски службеници од СВР Битола, на подрачје на Битола, лишиле од слобода 31 годишник од Битола. При преглед кај истиот пронајдена била марихуана. По целосно документирање на случајот ...

Д-р Васил Чипуровски информира кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината, а дава и стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите. Овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на aкутниот панкреатитис-остро воспалување на панкреасот, за што вели: -Aкутниот панкреатитис е остро воспалување на панкреасот. Етиолошки ...

Денес, саботаа, 19 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Битола до ќе биде до 19 степени. Утре, недела, 20 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до ...

Денес во Општина Новаци, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, директорот на АПРЗ Пеце Стојковски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ од Битола Стојан Христовски денес ја отворија новата канцеларија која се наоѓа во општинската зграда на Општина Битола. Од денес, повеќе од 1.000 земјоделски стопанства од Општина Новаци и дел од Пелагонискиот регион од денес ќе имаат можност полесно и подостапно да ги користат советодавните ...

На 9 октомври 2024 година, претставници на КС Групација, вклучувајќи ја Елена Трајчевска – раководител на секторот за маркетинг и Марија Бошевска – специјалист за човечки ресурси и координатор на програмата за стипендирање на студенти и средношколци, ја презентираа програмата за стипендирање пред студентите на Правниот факултет во Битола. Додека пак во текот на оваа работна недела истата програма за стипендирање беше претставена пред студентите ...

Штедењето е секогаш добра идеја, а во месецот на штедење Стопанска банка а.д Битола ви носи уште поповолни услови за вашите депозити. Нашиот нов депозит на 60 месеци е совршен начин да го зголемите вашиот капитал и да уживате во сигурна финансиска иднина. Со новиот депозит од Стопанска банка а.д Битола, можете да искористите: Каматна стапка од 4,5 за денарски депозит – одлична можност за оние кои сакаат да штедат во домашната валута и да ...

Висла – Еурофарм Пелистер 26:18 Еурофарм Пелистер од Битола доживеа нов пораз во Лигата на шампионите на гостувањето кај Висла со резултат 26:18, полувреме 13:11. Натпреварот се отвори лошо за “пелистерци“ со технички грешки, што Висла тоа го искористи и дојде до 9:2. И по овој момент, домашниот тим како да се опушти, па Еурофарм Пелистер се врати во мечот. Со серија на голови, а пет и пол минути без постигнат гол за Висла, зелените од Битола ...

Денес, петок, 18 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени. Утре, сабота, 19 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Околу 80 студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, ја посетија општина Битола во рамките на нивниот предмет Урбанистичко обликување 2, а градот Битола е предмет на работа за оваа година. Предметот има за цел да им обезбеди на студентите пристап до знаењата неопходни за обликување на типични урбани простори, во кои со примена на различни морфотиполошки решенија, се ...

Еурофарм Пелистер од Битола денес гостува во Полска, каде во рамките на Лигата на Шампиони игра протов екипата на Висла Плок. За овој натревар Жарко Пешевски, кружниот напаѓач на “пелистерци, кажа дека бодот со Спортинг од претходната рунда со кој се скрши мразот во елитното друштво ќе биде мотив на овој дуел. -Конечно го скршивме „мразот“ во Лигата на шампионите и ни падна тој товар од грбот. Го освоивме тој бод по долго време и тој ќе ни ...

Денес, 17 октомври во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 24 степени. Утре, 18 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 20 степени. ...

-Мајсторот по боречки вештини Ѓуро Илиќ од Битола имаше и две презентации, кои наидоа на голем интерес кај мајстоите, тренерите и сите учесници. Кадетската екипа на Будо центарот Пелистер од Битола учествуваше на “Први Самурајски фестивал“ кој беше официјално отворен во културниот центар “Вук“ во Лозница, Србија.Самураската вечер беше можност за луѓето од Лозница и нивните гости да се запознаат со неколку боречки вештини како аикибудо, кобудо, ...

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во РС Македонија за 2024 година. Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%. На првата панел дискусија „Индекс ...

Членот на Еурофарм Пелистер, младинскиот репрезентативец, Самоил Ристевски, и во следните четири години останува во Битола и ќе го носи дресот на шампионот Еурофарм Пелистер. Ристевски ја продолжи соработката со шампионот и ќе остане во Битола најмалку до 2028 година, по прекомандувањето од од вториот тим на Еурофарм Пелистер и добивањето шанса во првата екипа и на натпреаври од Лигата на шампионите. -По само неколку натпревари во тимот на ...

Денес, среда, 16 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 24 степени. Утре, четврток, 17 октомври, во Битола времето ќе биде наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ...

-Ова е мојот куфер, мојот багаж на сеќавање и сегашност, мојата потреба да се сподели размисла, емоција, коментар на она што длабоко ме допира, животот, земјата, државата, промените, луѓето, иднината…, рече Соња Михајлова по премиерата во Битола. Синоќа во преполната сала на киното “Манаки“ во Битола, во соработка со Културно информативниот центар и Општина Битола се случи премиерата на монодрамата “Куфер.МК“ во изведба на актерката Соња ...

Подгорица – Пелистер 90:79 Пелистер од Битола е поразен во 2. коло од АБА 2 лигата на гостувањето во Црна Гора од екипата на Подгорица со 90:79. Поразот во финишот на натпреварот е неочекувам после водството кое го имаа “пелистерци“ во текот на најголемиот дел од натпреварот, но за жал се случи огромниот пад и периодот од над седум минути без постигнат кош. Домаќините подобро го отворија натпреварот, поведоа со 8:2, 14.7 и со 17.11. Центарот ...

Во рамките на програмата на Народниот театар од Битола за одбележување на јубилејот 80 години на оваа институција, премиерно ќе биде изведена претставата “КУФЕР.МК“ по идеја и концепт на актерката Соња Михајлова и Благој Мицевски кој беше задолжен и за режијата.На денешната прес конференција директорот Васко Мавровски пред многубројните новинари, истакна дека Битолскиот театар не може да биде без големите имиња кои допринеле во неговиот развој. ...

Денес во “Импријал Гарден“ во Битола се одржа панел-дискусија “Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“, што беше одржана по повод Меѓународниот ден на руралните жени која се зборуваше за подобрување на здравствената заштита и социјалната заштита на руралните жени, подобрување на инфраструктурата во руралните средини, вклучувајќи пристап до амбуланти, пензиско осигурување, боледување и породилно отсуство, како и ...

Со големо задоволство ве известуваме дека нашиот дијагностички центар започнува со специјалистички оториноларинголошки (уво, нос и грло ) прегледи , под водство на д-р. Димче Марковски – специјалист по оториноларингологија. Закажете бесплатен консултативен специјалистички ОРЛ преглед за 18.10.2024. и за специјалистички ОРЛ преглед од 21.10.2024. Сите заинтересирани може да го закажат својот преглед на: +389 70 408 075; +389 47 266 633; +389 47 ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола после три победи отпатуваа во Подгорица, Црна Гора, каде во рамките на во АБА2 лигата, им гостуваат на тимот на Подгорица. Пред гостувањето во Подгорица, тренерот на Пелисте, Александар Петровиќ ги изнесе своите очекувања- -Одиме во Црна Гора да се надигруваме. Противникот смени тренер, дојде селекторот на Црна Гора и очекувам поинакво издание во периодот кој следи. Ние имаме проблеми со повредата на Бојиќ на ...

Почувствувајте ја промената на вашата кожа со DS V-Line. Одржувајте ја свежината и виталноста на вашата кожа без разлика колку часовникот покажува. DS V-Line специјалните серуми, збогатени со активни состојки и хијалуронска киселина, продираат длабоко во вашата кожа, ја навлажнуваат и обезбедуваат мазен изглед. Без разлика дали ќе го додадете во вашата утринска или вечерна рутина, ќе забележите поцврста и посветла кожа со секоја употреба. “Боди ...

Денес, вторник, 15 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 23 степени. Утре, среда, 16 октомври во Битола врмето ќе биде утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

На Селечка Планина кај Прилеп се одржа 10. изданието на планинска трка “Momata rock trails“ во организација на здружението “Единак“ од Прилеп, а на неа трчаа 25 тркачи од Битола од тимовите “Tim PELXTR“ и “X-Fit Bitola“.Се одржаа две трки и тоа на 10 и 20 километри, а на стартот се појавија 150 тркачи.-Имавме тим од 16 натпреварувачи, а сите беа дел од организацијата на “Pelister Unique Trail Marathon“, а се натпреварувавме во тимот “Tim ...

По две години упорност, група ветерани од водечките битолски кошаркарски школи Младост, Пелистер и Јуниор – официјално формираа кошаркарски клуб Конзули, со една цел да започнат да се натпреваруваат во Трета лига. Играчите самофинансираа дел од операциите и започнаа подготовки за пријавување во лигата, но тоа не е доволно за основните уплати кон Кошаркарската федерација на Македонија, вклучувајќи ги натпреварите, делегатите и стручниот штаб, па ...

Формата на Еурофарм Пелистер оди во нагорна линија, и за неколку дена тимот во Битола освои важни бодови на два натпревари, од Лигата на Шампиони и од домашниот шампионат. По ремито против Спортинг, вчера на дербито, повторно во Битола против Охрид победија убедливо со 25:22. По натпреварот своите впечатоци ги кажа тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски кој рече: -Има огромен напредок во екиипа и тоа ме радува и мене и цел стручен ...

На 14.10.2024 во 02.15 часот во СВР Битола, П.Т. (49) од село Новаци пријавил дека во село Новаци, за време на фудбалски натпревар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соиграч. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 13.10.2024 во 16.10 часот на ул. „Пеце Матичевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 36 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично ...

Тагата е една од најсилните емоции. Одговор на конкретни ситуации или настани кои се вознемирувачки, повредливи или разочарувачки. Тагата е нормална и природна реакција на загуба од секаков вид. На пример тагување кога добиеш отказ, ти загини куќниот љубимец, сознаеш дека имаш хронична болест, изгубиш пари или се одселиш во друга држава… Според тоа, и чувствата што се јавуваат во состојба на тага се природни и нормални. Но, најчесто низ ...

Денес, понеделник, 14 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 23 степени. Утре, вторник, 15 октомври, во Битола времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 23 ...

-Пред 10 години на 11 октомври, денот на Востанието на македонскиот народ свечено беше отворен, тогаш, новиот вино бар “Буре” кој се наоѓа во зградата “Магнолија” на истоимениот плоштад во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Вино бар “Буре”, чии сопственик е Михаил – Мичо Симоновски, тогаш на свеченото отворање рече дека “Буре“ е само продолжение на содржините кои го нуди ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
35%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
1.54
45%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
44%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
6.66
32%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
55%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.92
43%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
31%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
27%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
78%
1015
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
7.2
40%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
65%
1011
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75