До крајот на оваа недела ќе бидат исплатени 30% авансни субвенции за 2023 година. Од страна на Платежната Агенција, веќе се прибираат податоците од кланичните капацитети и млекарници, со цел навремено да се подготви и исплатата на дополнителните 70% од субвецниите за 2023 година. По целосната обработка на овие податоци, до почетокот на месец март, ќе следува исплатата на дополнителните субвецнии, во еден ден со едно решение кон сите сточари, ...

Економските експерти се загрижени за ризикот од рецесија во европските земји до крајот на 2024 година, покажуваат резултатите од кварталното истражување на економските експерти (ЕЕС) објавено денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика. Во Европа очекувањата се доста хетерогени, при што експертите од Германија, Велика Британија и Холандија предвидуваат дека веројатноста за рецесија ...

До Сојузот на земјоделските здруженија стигнаа потпишаните анекси на договорите на откупните фирми во земјава со кои потврдија дека ја зголемија цената на тутунот на 365 денари. Сојузот ова го постави како услов до денеска да стигнат потпишаните анекси на компаниите, во спротивно нема да го дадат тутунот тасму каде што нема да се потпише и да се официјализира. Се чека потпишан анекс уште од „Сокотаб“. -Стигнаа потпишаните анекси на договорите ...

Даночните оптоварувања значително се разликуваат низ Европа, а тие оптоварувања за работниците се повисоки во западноевропските, поразвиени земји. Според американската „Даночна фондација“, европските работници со просечна плата во 2022 година издвојуваат една третина од својата плата за даноци. Како што објави „Еуроњуз“, земји со најголем данок на доход се Данска (55,9 отсто), Австрија (55 отсто), Португалија (53 отсто), Шведска (52,3 отсто) и ...

Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, како и останатите централни банки од регионот, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се работи на олеснување на прекуграничното тргување, зголемување на конкурентноста и намалување на трошоците за меѓународните плаќања, коишто во моментов се повисоки и до шестпати во однос ...

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја посети компанијата Лапласт М, фирма со 45-годишна традиција на унапредување на производството, употреба на современи материјали, ефикасна монтажа и сервисирање на производите. При посетата, во разговор со вработените и со менаџментот, претседателот Ковачевски посочи дека потенцијалот на мерката со која домашните компании добиваат финансиска поддршка преку Законот за финансиска поддршка на ...

Швајцарската банка „UBS“ соопшти дека ја завршила првата фаза од интеграцијата на банкротираниот конкурент „Credit Suisse“ и дека има корист од новите нето текови на средства. Покрај тоа, банката планира да ги рестартира своите програми за откуп на акции во втората половина на годината, со издвојување до 1 милијарда долари за 2024-та година. Банката, исто така, соопшти дека предлага дивиденда од 70 центи по акција за 2023-та година, што е за ...

Годинава за растителното производство се обезбедени субвенции од 2 милијарди денари. По 6.000 денари за хектар им следуваат на земјоделците за сите полјоделски култури. Дополнителна финансиска помош ќе добиваат оние што употребуваат сертифицирано семе или производството го предале во сопствени или други преработувачки капацитети. По 6.000 денари за хектар годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни, ...

Германската Влада се подготвува за евентуална национализација на имотот на руската компанија „Роснефт“ во Германија, во кој е вклучен и уделот во рафинеријата „Швед“, соопштија два неименувани владини извори. Според весникот „Ханделсблат“ германското Министерство за економија веќе ги прави потребните подготовки, а во разговорите пред три дена учествувале и претставници на руската групација. Весникот посочува дека сè уште не е донесена одлука ...

Кога семејството расте тука сме да споделиме радост и да помогнеме во создавањето на трајни сеќавања. Затоа, покрај подарок за новороденчето, на нашите вработени, штом станат татковци, им одобруваме платено отсуство во траење од 15 работни денови, дополнително на деновите што следуваат од колективниот договор. Стопанска банка АД – Скопје со оваа одлука станува една од првите компании во државата која во согласност со EU Work-Life Balance ...

Земјоделците уште неколку дена можат да поднесуваат барање за добивање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари. Во 34 региони во 878 катастарски општини распишани се четири јавни повици распоредени во речиси во сите села низ државата. Закупот е со важност од 15 до 70 години во зависност од намената и од земјоделските култури. Времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост за подигање на ...

Со новата методологија за усогласување на пензиите конечно е обезбедено системско решение за постојан раст на пензиите, два пати годишно. Во месец март оваа година се очекува повторно да се зголемат пензиите, а за колкав процент ќе биде зголемувањето ќе дознаеме откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата на Слободен печат побара ...

Нашата упорност даде резултат. За плус 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, и веќе на терен големите откупувачи склучуваат анекси на договорите со тутунарите, сподели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. – Уште од самиот почеток на бербата и откупот посветено ги менаџираме разговорите меѓу откупувачите и тутунарите. Ги користиме сите можности како да достигнеме фер цена која ја почитува маката на ...

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство министерот Николовски одржа работен состанок со сточарите од здруженијата Современ овчар и Знак за квалитет, на кој директно им ги презентираше новите мерки за поддршка на овој сектор со кои 2024 ја промовираме како година на сточарството. На состанокот, министерот Николовски ги информираше сточарите дека до крајот на оваа недела ќе бидат исплатени 30% авансни ...

Тутунарите пред откупниот пункт на „Сокотаб“ воприлеп беа во исчекување да видат дали реално ќе се зголемат цените на тутунот зашто, велат од тоа ќе зависи динамиката на откупот. Три помали и една поголема компанија за откуп на тутунот ги зголемуваат откупните цени за тутунарите да имаат исплатливост, им најави на тутунарите дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуноски кој денеска се сретна со производителите пред откупниот ...

Просечната месечна плата во Израел се зголеми во ноември 2023 година за 9,5 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, достигнувајќи рекордни 12.969 шекели (3.535 долари), според податоците на Националното биро за статистика. Просечната месечна плата во Израел се зголеми во ноември 2023 година за 9,5 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, достигнувајќи рекордни 12.969 шекели (3.535 долари), според податоците на Националното ...

Технолошките гиганти Google и Yahoo, едни од најголемите провајдери на услуги за електронска пошта во светот, воведуваат нови барања за компаниите кои испраќаат масовни рекламни е-пораки. Промените, кои стапуваат на сила од февруари, не се толку насочени кон помало преоптоварување на корисниците со рекламни пораки, туку целта е тие да бидат испратени на таков начин што поретко ќе завршуваат во „спам“ сандачето на корисниците и соодветно на тоа, ...

Возраста за пензионирање во Велика Британија ќе мора да се зголеми на 71 година до 2050 година за да се одржи рамнотежа во пензискиот систем на земјата, објави британскиот огранок на Меѓународниот центар за долговечност (ИЛЦУК). Возраста за пензионирање во Велика Британија ќе мора да се зголеми на 71 година до 2050 година за да се одржи рамнотежа во пензискиот систем на земјата, објави британскиот огранок на Меѓународниот центар за долговечност ...

Приходите на Суецкиот канал паднаа за речиси половина во јануари, изјави директорот на управувањето со поморските патишта, адмирал Осама Рабиех, цитиран од онлајн изданието „Ентерпрајз њуз“, пренесува БТА. Приходите од патарините за транзит паднаа на 428 милиони долари, што е пад од 47 отсто на годишно ниво. Бродовите што минуваат низ клучната трговска артерија се намалени за речиси 37 отсто поради нападите на јеменските бунтовници Хути. На ...

Донесена е програмата за субвенционирање на земјоделството за 2024 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство. Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Средствата се обезбедени од програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Право на државна помош ...

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ.Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ. Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на ...

Светот се соочува со растечка заплашеност од нова должничка криза, која би можела да ги потресе глобалните економии и да ги загрози стабилноста на валутите. Главните фактори за оваа ситуација се неодговорното трошење и задолжување на некои од најголемите светски сили, како и зголемувањето на каматните стапки, кои ја отежнуваат отплатата на долговите. Според податоците на Евростат, долгот на државите во еврозоната во 2022 година изнесувал 91,4 ...

Доларот се искачи на највисокото ниво во речиси три месеци во однос на девет други главни валути во понеделникот, бидејќи трговците ги намалија облозите дека Федералните резерви агресивно ќе ги намалат каматните стапки оваа година, откако новите економски податоци дополнително ги намалија тие шанси. Доларот се искачи на највисокото ниво во речиси три месеци во однос на девет други главни валути во понеделникот, бидејќи трговците ги намалија ...

Пред три дена беше објавено дека акциите на Мета пораснале за 20%. Цената на нивните акции е речиси тројно зголемена во текот на изминатата година, пренесува The Wall Street Journal. Пазарната вредност на Мета сега повторно надмина 1 трилион долари, ставајќи ја на исто ниво со гигантите како Apple, Microsoft, Amazon, Nvidia и Google. Инаку, компанијата на Закерберг го напушти тој клуб на хиперуспешни во 2021 година, кога Закерберг излезе во ...

Цените на становите рушат рекорди. Секој месец се вивнуваат нагоре. Најскапи станови се продаваат во главниот град. Иако квадратен метар надминува и 2.000 евра, сепак има побарувачка… Становите дефинитивно нема да поевтинат. Најскапо се движи квадратот во центарот на Скопје кој веќе надмина 2.000 евра, а не се исклучува да оди нагоре, пред сè во строгиот центар на градот, велат градежниците. Помалите станови достигнуваат цена и до 2.500 евра за ...

Европската унија би можела да постигне амбициозна цел за намалување на стакленички гасови од 90 отсто до 2040 година, во споредба со 1990 година, но блокот мора „доследно“ да го спроведува Зелениот договор, соопшти германското здружение за енергетска индустрија BDEW. „Целта од 90 отсто намалување на стакленички гасови во споредба со нивоата од 1990 година би била амбициозна и остварлива само доколку биде опкружена со соодветни политички мерки“, ...

– Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ тоа да се случи овој март, како што претходно очекуваше Вол Стрит, пренесува Си-Ен-Ен. Во средата, минатата недела, ФЕД соопшти дека ги задржува каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, а Пауел во таа прилика изјави дека намалувањето на каматните стапки во март е малку ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80,5 денари за ...

Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 6,7 отсто во однос на претходниот месец и достигна ниво од 64,86 отсто на годишна основа, покажуваат денеска објавените податоци на Турскиот статистички институт (Туркстат), пренесува државната телевизија ТРТ Хабер. Промената на просечната вредност на индексот на потрошувачките цени за дванаесетте месеци од претходната година изнесува 54,72 отсто на годишна основа, наведува Туркстат. Со најмал пораст ...

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 февруари 2024 година, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
73%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
82%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.35
70%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
1.03
83%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
50%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
69%
1017
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.12
70%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.6011

Currency

39.1925

Currency

65.5421

Currency

7.41462

Currency

0.66745

Currency

0.36954

Currency

0.52501

Currency

1.35252

Currency

0.61785

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

179240.41

Цинк

2.56