КОНЧАР д.д. достигна пазарна капитализација од една милијарда евра. Тоа значи дека вредноста на акциите на таа компанија кои моментално котираат на Загрепската берза надминува една милијарда евра. Се очекува дека цената на акцијата ќе продолжи да расте, така што компанијата би можела да оствари пазарна капитализација од 1,5 милијарди евра во следните неколку месеци со сегашната стапка на раст на цената на акциите. Во моментов цената на акцијата ...

Од идниот месец ќе се применува новиот безданочен режим за бакшиш што го добиваат вработените во Грција. Новата реалност и постојаното зголемување на употребата на ПОС во трансакциите го наведоа финансискиот персонал до одлука да го промени начинот на оданочување на бакшишот од страна на стотици илјади работници во ресторани и бизниси кои не се регулирани со колективни договори, пишува Нафтемборики. Измените кои ќе бидат содржани во ...

Според измените на Законот за акцизите, кои стапија на сила од почетокот на годинава, предвидено е усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ Одредени брендови на цигари од денес во трговијата се продаваат поскапо за 10 денари. Трговците велат дека до крајот на ...

Премиерот Андреј Пленковиќ во вторникот во Собранието најави дека од следната година минималната плата во Хрватска ќе изнесува 970 евра. „Бруто минималната плата од 1 јануари ќе биде 970 евра, што е за 130 евра повеќе од сега“, нагласи Пленковиќ. Тоа е околу 752 евра нето месечно, а сега е околу 677 евра нето. Тој вели дека Владата со тоа им помага на оние кои имаат најмалку, објави Даница.хр. Тој откри дека денеска во Хрватска има околу ...

Истиот ден кога Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе постапка против четири големи трговски синџири, на 10 октомври српското Собрание доби листа на кандидати за избор на претседател на оваа комисија и листа на кандидати за членови на Советот на таа институција. Небојша Периќ, актуелниот претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата е единствениот кандидат на листата на кандидати за нов претседател на оваа комисија, стои во ...

Врз основа на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, Министерството за економија и труд предводено од министерот Бесар Дурмиши го објави Јавниот повик за кофинансирање на иновативни, истражувачки и развојни проекти поврзани со паметна специјализација, зелена и дигитална трансформација во областа на домените дефинирани во согласност со Стратегијата за паметна специјализација. Оваа ...

Недостигот на работна сила значително ја коригира цената на трудот, но последните статистички податоци открија огромен парадокс: просечната нето-плата се намали за речиси 1.000 денари! Последните статистички податоци се однесуваат за јули, кога просечната исплатена нето-плата била 40.961 денари, за разлика од платата во јуни, која изнесувала 41.939 денари. Интересно е, пак, што јули е месец кога пазарот на труд уште повеќе се намали со оглед на ...

Дополнителен час во дневна евтина тарифа нема да има до крајот на оваа година и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите. Анализите кои ги направила Регулаторната комисија за енергетика со податоци од 2021 до септември 2024 година покажале дека услови во првите три години немало, а во периодот од јануари годинава до септември имало тренд од најниски цени во секој час од 12 до 16 на ...

Вкупниот глобален јавен долг за прв пат оваа година ќе достигне 100 трилиони долари и може да се зголеми побрзо од предвиденото, бидејќи политиката фаворизира повеќе трошења и слабиот економски раст ги зголемува потребите и трошоците за задолжување, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Најновиот извештај на ММФ покажа дека глобалниот јавен долг ќе достигне 93 отсто од глобалниот бруто домашен производ до крајот на 2024 година и ...

Војните, долговите, климатската криза и пандемијата го запреа напредокот во борбата против сиромаштијата, предупреди денеска Светска банка. Институцијата со седиште во Вашингтон соопшти дека според сегашните трендови ќе бидат потребни повеќе од 30 години за речиси 700 милиони луѓе кои живеат со помалку од 2,15 долари на ден да се издигнат над општоприфатената дефиниција за екстремна сиромаштија, објави Гардијан. Во својот Извештај за ...

Побарувачката за банкарски кредити во еврозоната е зголемена во третиот квартал, а се очекува да се зголеми и во последните три месеци од годинава, со поддршка на побарувачката на граѓаните за хипотекарни кредити, покажа објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Кредитирањето на компаниите и домаќинствата во еврозоната закрепна во летните месеци кога Европската централна банка почна да ги намалува клучните каматни стапки, ...

Најновиот тримесечен преглед на OIES покажува дека неколку денови студено време во септември потсетиле на тоа колку големо влијание може да има температурата врз побарувачката за гас во сите сектори, особено во станбениот и деловниот. Европскиот континент по две години би можел да се соочи со постудена зима, додека пазарот на гас останува ранлив, пренесува Анадолија. Блага зима 2024/2025 би можела да ја зголеми побарувачката за гас за најмалку ...

Повеќе од половина од работодавачите во Бугарија нема да вработуваат нови вработени во следните шест месеци, покажува студијата на Бугарската конфедерација за вработување (БКЗ), спроведена меѓу речиси 1.200 компании. Од нив 20 отсто најавиле дека планираат намалување на персоналот во наредните шест месеци, а 32 отсто не очекуваат промена на бројот на вработени, објави „Сега.бг.њус“. Други 24% не се сигурни дали ќе ги прошират или намалат своите ...

Вкупниот глобален јавен долг треба да надмине 100.000 милијарди долари за прв пат оваа година и може да расте побрзо од предвиденото, бидејќи политиката фаворизира поголема потрошувачка, а бавниот економски раст ги зголемува потребите и трошоците за задолжување, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Последниот извештај на ММФ покажа дека глобалниот јавен долг ќе достигне 93 отсто од глобалниот бруто домашен производ до крајот на 2024 ...

Замислете дека пет години „работите“ од дома без ниту една работна задача и за тоа време да заработите неверојатни 600.000 евра. Токму таков е случајот со еден државен службеник во Германија, кој стана пример за „фрлање“ државни пари во извештајот на Здружението на даночни обврзници, пишува „Блиц“. Овој случај не е само куриозитет, туку укажува на сериозен проблем во системот на јавната администрација. Ваквото трошење на државните пари може да ...

На 21-ви ноември стапуваат на сила новите правила на Европската управа за хартии од вредност и пазари (ESMA) за вложувањата на фондовите кои се дефинираат како „зелени“, „одржливи“ или „еколошки“. Од следниот месец нема да можат да инвестираат во проекти поврзани со гас, нафта или јаглен, пишува „Reuters“. Агенцијата ги наведе податоците од „Clarity AI“ според кои 55 отсто од инвестициските фондови кои спаѓаат во опсегот на новите правила имаат ...

Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава. Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите ...

Гледаме значително повисоки цени на основната храна како јајца, месо и млеко, со што создаваат проблеми за домаќинствата. Сепак, постојат начини кои ќе ви помогнат да трошите помалку на намирници, а сепак да ставите хранливи оброци на трпезата. Обидете се со некои од овие совети за да ги намалите трошоците во маркет кога инфлацијата ги зголемува цените. Планирањето ви помага да заштедите пари поради многу причини. Правењето листа на намирници ...

Синдикатот за образование наука и култура успеа да се договори со Владата за вработените во основното и средното образование да добијат одредено зголемување на платите. Од октомвриската плата, вработените во основното и средното образование ќе добијат покачување од 5 проценти или во просек по околу 1700 денари. Ова покачување е далку помало од она што беше предвидено за оваа година, кога платите на вработените во образованието требаше да се ...

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Во септември, приближно 32,9 отсто од анкетираните компании во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето заеми, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто. Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми од ...

До 5-ти ноември живинарите ќе можат да поднесат барања за субвенции за одгледани и продадени бројлери, за амортизирани несилки и за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња. Барањата и целосната документацијата се доставуваат до Платежната агенција … Почна пријавувањето за субвенциите во живинарството обезбедени од Програмата за директните плаќања за 2024 година. Живинарите можат да аплицираат по три основи. За финансиска поддршка ...

Индексот S&P 500 се искачи на нов рекорд во понеделникот додека инвеститорите чекаа да проценат дали следната рунда на клучните корпоративни заработки може да продолжи да го придвижува пазарот до нови високи. Индексот на широкиот пазар се искачи за 0,8%, додека Nasdaq Composite напредуваше за 0,9%. Dow Jones Industrial Average заостана и порасна за 0,5%. Доу од 30 акции беше притиснат од падот на Caterpillar од 2% по намалувањето на ...

Дури 26 од најсиромашните земји се најзадолжени од 2006 година, покажува најновиот извештај на Светска банка. Оваа институвжција истовремено укажа и на изложеноста на тие земји на природни и други непогоди. Земјите со годишен приход по жител помал од 1.145 долари денес се посиромашни отколку пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, иако поголемиот дел од светот претежно закрепна, се сумира во извештајот на банката на германската агенција ...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, 68. 004 пазарноориентирани деловни субјекти, активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1), оствариле вкупен промет од 2 078 605 милиони денари и додадена вредност од 445 041 милион денари. За ангажираните 433 008 вработени лица, издвоени биле 229 053 милиони денари. Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало ...

Не учат, не работат, а прашање е дали заработуваат на црно или само се надеваат на некакво вработување. Иако е неверојатно дека во подолг временски период не може да се дојде до работен ангажман, сепак Агенцијата за вработување евидентира 13.133 невработени лица коишто се пријавуваат осум или повеќе години, што ги прави стари и искусни чекачи. Чекачки има помалку, зашто повеќе од две третини се мажи. На тој пат се можеби и некои од оние што се ...

Во третиот квартал од 2024 година германската економија благо падна за 0,1 отсто, а на крајот на 2024 година нема да забележи раст, туку стагнација, се вели во прогнозата што денеска ја објавија аналитичарите на Блумберг. Доколку се остварат предвидувањата, тоа би значело дека Германија по два последователни квартали економски пад од 0,1 отсто, моментално е во техничка рецесија. Според прогнозата на експертите на Блумберг, Германија следната ...

„Луфтханза“ најверојатно дополнително ќе го намали бројот на летови во Германија, изјави извршниот директор на германската компанија Карстен Спор во интервју за „Билд ам Зонтаг“, по најавата на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ да престане со работа на три германски аеродроми. Луфтханза и Кондор на почетокот на септември се пожалија на високите даноци на воздушниот сообраќај, безбедносните такси и контролата на летање, тврдејќи дека ...

Голдман Сакс ја зголеми својата прогноза за кинескиот бруто-домашен производ (БДП) од 4,7 отсто на 4,9 отсто во 2024 година, се вели во извештајот на банката, објаснувајќи дека тоа е резултат на најновите стимулативни мерки на кинеската влада. Банката, исто така, ја подобри прогнозата за раст на Кина за 2025 година на 4,7 отсто од претходните 4,3 отсто. Оптимизмот доаѓа откако Пекинг претстави низа мерки за поттикнување на растот, вклучително и ...

Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи на природните катастрофи и економските шокови, покажува новиот извештај на Светската банка. Извештајот укажува дека овие земји денес, во просек, се посиромашни отколку пред пандемијата Ковид-19, иако остатокот од светот во голема мера се опорави. Објавен една недела пред годишните состаноци на Светската банка и ...

Или до среда (16 октомври) или кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа изјави дека буџетот е во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството. „Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
38%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
42%
1013
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
43%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.52
49%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
6.17
41%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
24%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
41%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
42%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
60%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63